Еве да го напишам нашето искуство со атопичноит дерматит(егзема) или кај народот познато како мајасил.
На 5-месечна возраст на лактовите ни се појавија црвено-кафеави кругови.
Ја однесовме керкичката кај др.Дохчев-приватен дерматолог на почетокот на јуни оваа година.Дијагностицираше атопичен дерматит,ни даде афлодерм да мачкаме двапати дневно-3 дена(бидејќи е кортикостероид)а потоа со линолна фет-медицинска крема,ни рече дека треба време да се излечи-најверојатно до 3 годинки,дека треба многу да внимаваме на исхраната-и тоа и бебето и јас бидејќи ја дојам.
На бебето ни рече до 1 година да НЕ и даваме кравјо млеко,млечни производи,чоколадо,потоа пилешко и свинско месо.јајце,риба,цитрусни овошја,капини,јагоди,малини, гриз,смоки никако а поготово покемони и др до 3 години.
Мене ми забрани да јадам свинско месо,сувомеснати производи,зачини поготово не вегета и оцет,ореви лешници,кикирики,чоколадо,смокви,јагоди,капини,малини,смоки.
За кратко време се изгубија круговите,се мачкавме со кремите,јадевме тоа што смееме.
Арно ама во септември повторно се појавија круговите и тоа не само на лактите,туку и на подлактиците како и на нозете-поизразено се црвени а мислам дека и ја чешаат иако уште се храниме со тоа што смееме.
Пак ја однесовме кај докторот пред месец и половина и пак истото ни го каза-треба време да се излечи,само што дозволи на бебето да му дадеме золчка и свеза пастрмка.
Иако се придрзуваме на исхраната ,мачкаме со линолна фет,црвените кругови и до денес не се губат,а ми се чини и дека се поцрвени и на поголема површина.(многу ме нервираат).
Од раѓање ја бањам со масло за туширање на Еуцерин ама нема ефект.
Минатата недела бевме и на козна клиника во дрзавна болница и таму ми препорачаа да пробам со Мустела стелотипиа масло за туширање.
Во саботата направивме 1 година и се јавив кај др.Дохчев за да прашам дали пак да ја донесеме-кога тој се пензионирал -не работи повеќе.
И сега незнам дали да почнам на керкичката да и давам млеко и млечни производи и се друго што ни забрани.
Се извинувам за долгиот пост
.
< Поракaта ја уредил Еца -- 28.12.2009 1:55:30 >