за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
miss sto rabotis? i koj ti dijagnosticira deka si alergicna na perlon materijal dali naprvija alergo test?egezemata treba da se izleci, ke mora najprvo so kortiko i vednas potoa so neutralni kremi koi ke srecaat suvost na kozata, no sepak treba da te vidam.
12.04.2010, 20:20
mamasane
140
мис, јас веќе неколку месеци мака мачев со егземата помеѓу прстите, за никаде бев со распукана кожа и пред една недела во Зегин земав Белогент маст, се мачка два пати дневно и за два дена ми помина како ништо да немало. Раните скроз исчезнаа. Само аптекарката ми рече колку што може помалку да бидам во допир со детергенти.
12.04.2010, 23:13
mis.
3845
ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly_13215
miss sto rabotis? i koj ti dijagnosticira deka si alergicna na perlon materijal dali naprvija alergo test?egezemata treba da se izleci, ke mora najprvo so kortiko i vednas potoa so neutralni kremi koi ke srecaat suvost na kozata, no sepak treba da te vidam.
Не работам ништо дома сум,немам направено алерго тест иако дерматологот ми го препорача.Алергијата на перлон не ми е докажана туку како дете ми се јавила и мајка ми приметила дека ми се јавува од перлон хулахопки.Откако ги тргнала м заминала егземата.Имам чуствителна кожа и мноху чести проблеми знаат да ми се јават.А оваа го имам уште пред да забременам со Стефан пред 3 год со тоа што лето ми се смируваше но последното лето не се смири туку го имам цело време.Некој ериод знае да биде многу изразена со ужасни рани и крв а некогаш се смирува.Не можам да приметам од што се смирува.Бев на приватен кожен лекар кај генерал штаб.
13.04.2010, 01:05
Maca25
7558
На нина пред неколку месеци и се појави благо црвенило на лицето, на обравчињата поточно. Мислев дека и е од премногу бакнување и гушкање. Но пред некој ден бевме на лекар и докторката ни рече дека е егзема. Ми текна на темава, дека сум читала овде колку тврдокорна може да биде егземата и се извадив од памет. Ми рече докторката да ја мачкам со јекодерм на секое излегување надвор и дека сега доаѓал летен период и дека најверојатно ќе се изгубела. Не сум приметила дека ја чеша, ниту пак дека често се допира таму. Не знам што да правам сега? Да ја носам кај специјалист? Сепак за лице се работи
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
18.04.2010, 19:35
Nikolina
226
и моето бебе има егзема усте од првиот месец ко се роди од јекодерм не му помогна ама ич,тука кај нас има еден педијатар кој прави некоја крема приватно на природна база и чини триста денари,на Андреј само од неа му помага многу е убава,а пробавме еден куп креми ама нисто сега Андреј има седум месеци и повторно му се појавува д-р реце дека до година секој месец ке му се јавува и да го мачкам со кремата така правам и му врви,ми рече омекнувач никако,сменуванје на прасак никако и многу е важно тој сто го дрези бебет во раце да носи чиста и памуцна облека,кај мене свекорот ности волнени блузи и кога тој го држи одма му јавува ама што да прајш тоа е ако некој о интересира повеке за кремата нека ми пиши
19.04.2010, 21:21
Еца
6692
Ме интересира дали некој слушнал и ја користел кремата за егзема од Цвета од Битола. Жената правела крема која навистина помагала, на два пати во еден ден ме пресретнаа мајки кои сами ми се приближија и ми дадоа совет да и се јавам на жената, па ме интересира и вашето искуство. Кремата се викала ЦВЕТ, а жената била медицинска сестра.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
19.04.2010, 21:55
mother 29
4405
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
оној пат кога бев на погача за бебенце,ми кажа една другарка дека имало некоја жена -докторка од Битола,која правела маст за дерматит.и на другарката и ја донеле,и ми кажа дека од еднаш ставање , лицето на бебенцето џам му станало..стакло многу е задоволна .е сега ништо друго не прашав ,ама ако сакате можам
Eцке ке ја прашам овие денови па ке пишам...ах што не ти текна порано да пишеш.до 7 саато бевме заедно на роденден
22.04.2010, 09:48
profesorica
5709
Ние користиме Линола Фет и задоволна сум, му се повлекува полека но сигурно.каков беше цел црвен во образите. сега сме добро иако има уште ама во ред е
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
22.04.2010, 18:04
Еличка
32
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца
Ме интересира дали некој слушнал и ја користел кремата за егзема од Цвета од Битола. Жената правела крема која навистина помагала, на два пати во еден ден ме пресретнаа мајки кои сами ми се приближија и ми дадоа совет да и се јавам на жената, па ме интересира и вашето искуство. Кремата се викала ЦВЕТ, а жената била медицинска сестра.
Кремот цвет (ние си го викаме цветче) е феноменален и од него поминува секакво црвенило или лишајче. Ние не можиме без него, иако го користиме се поретко, фала богу.
23.04.2010, 08:10
profesorica
5709
ај некоја од оние мамички која ја користи оваа крема ЦВЕТ нека ми пише пп со бројот на жената што ја прави?????
може ли??
однапред благодарам!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
23.04.2010, 10:24
Еца
6692
И јас ќе замолам ако го знае некој бројот од жената да ми го напише, јас вртам на еден број што ми го дадоа, но никој не ми се јавува, а 2 недели веќе сум упорна на телефон, ама ништо. ВЕ МОЛАМ кој го знае бројот нека ми го напише. Големо благодарам!
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
23.04.2010, 15:09
mis.
3845
ме интересира дали оваа крема Цвет е иста како онаа што на посочи Медо малку поназад во темава дека и двете се од битола или се работи за различни креми? И јас сум заинтересирана за бројче од кремата Цвет.
23.04.2010, 17:00
betavitevit
23
Mene me interesira sostavot na kremata-od kade da znam i koj mi garantira deka vo kremata nema staveno kortikosteroidi? A se znae kolku se stetni kortikosteroidite i deka moze da se koristat na kozata 3-4 dena vo mesecot kaj bebinja. Svekrva mi veke ja nabavila kremata od bitola za 500 den. ama jas ne sum ja mackala kerkata-na kutivceto od kremata nema nitu sostav,nitu rok na traenje,nisto-jas ne mackam so takva krema,sto ako ima na primer afloderm vo nea a da ja koristime sekoj den?
23.04.2010, 17:13
mis.
3845
која крема ја имате вие онаа Цвет или таа медо што ни ја препорача?
23.04.2010, 17:18
betavitevit
23
Ne znam koja e,ja naracala sveki i kupena e od nekoja apteka od Bitola,vi kazuvaam niti ima sostav,niti rok na upotreba,niti kolku cesto da se macka...
< Поракaта ја уредил betavitevit -- 23.4.2010 17:20:54 >
23.04.2010, 18:22
Еца
6692
ИЗВОРНА ПОРАКА: betavitevit
Mene me interesira sostavot na kremata-od kade da znam i koj mi garantira deka vo kremata nema staveno kortikosteroidi?
бетавитет истото го мислев и јас додека не сретнав една млада мајка на која детето и било со егзема од глава до пети, на клиника го мачкале дури и со цитостатици(зборувам за дете кое е лекувано пред 10 години) и на мајката и кажале за кремата која откако ја набавила ја дала да се испита составот бидејки и таа се плашела токму од кортикостероидите како и сите ние, нели, и докторот кој ја однел на испитување и кажал дека кремата е толку природна што може да ја мачка секојдневно колку сака. На последниот преглед на имунологија др. ја прашав и таа ми рече дека навистина кремата е ефикасна, и една од состојките наводно била лој од зајак,а ми има кажано Мила да јаде само зајачко месо. Не знам дали ја има по аптеки, јас барам број директно од таа Цвета која ја прави маста ЦВЕТ.
< Поракaта ја уредил Еца -- 23.4.2010 22:23:40 >
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
23.04.2010, 22:21
Еца
6692
Конечно ја добив жената и во текот на наредната недела ќе ми стигне кремата, па ќе ви јавам резултат, инаку ја прашав за составот чисто да видам што ќе ми каже, рече дека сите состојки се природни. Кој сака број нека ми каже да му го пуштам по пп.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
24.04.2010, 14:54
mis.
3845
еца напиши ми го бројот и мене,се надевам ќе ме спаси.
24.04.2010, 22:31
Еличка
32
Верувам дека Еца и Професорица се благодарни за бројот за кремчето Цвет. Ако некој има потреба од бројот нека ми напише ПП, веднаш ќе ви го пратам бројот. Не можам да ви кажам колку и помогна на ќерка ми, со ништо не и се намалуваше црвенилито, дури ни со афлодерм.
24.04.2010, 23:40
mama_27
15
Ве молам доколку сте во можност и мене да ми го дадете бројот за "магичното" кремче. Веќе подолго време се бориме со егземата која мислам дека зема се поголем замав! Многу сум исплашена затоа што навистина се што знаевме и слушнавме пробавме, но нема никакви резултати, само ублажувачки ефект и повторна инвазија. Имаше црвенило само на лиценцето, но сега почна и по телцето да се појавува... :(
Многу ќе ви бидам благодарна !!!
04.05.2010, 14:14
mamana
16
mojata kerka ima 1god i 8 meseci i uste od tretiot mesec se macime so atopiski dermatit, se nafrla po racinjata, kolenata, gluzdovite, liceto i mnogu ja cesa. preku alergo test doznavme deka ima alergija na mleko i mlecni proizvodi, riba, jajca, crveno meso, banani. Voedno morame da gi izbegnuvame i ostanatite alergeni citrusi, jagodi, hrana so konzervansi. primame kortiko terapija - tableti Dekortin sekoj 2 den, sirup Cetirizin, Omezol tableti da go stitat zeludnikot od losi efekti od dekortinot. na dieta sme i terapija primame i povtorno se macime so alergijata. ja banjam so sapun Eucerin, koristam krema od Neven i pak nisto. Koristevme Mustela Stelatpopija krema i kupka i od toa nemase efekt. probavme Panteksol, Hipp rozevata krema, i sto uste ne. Sum primetila deka alergijata ja fakja i na toplo i noke koga ke zaspie. Posle 2-3 saati spienje se budi od sto ja cesa, i taka se cesame 1-2 saati pa ke se smiri i zaspiva. Kolku mi e zal, neznam veke sto da pravam so alergijata na mojata kerka. Sme probale i so nadri lekari, bajacki i neznam veke sto i pak nisto Edinstveno sto i pomaga svez vozduh - togas se i pominuva, mienje so ladna voda, tecna pudra so cink. No ova ni e privremeno resenie ne lek. Alergijata e tuka sekojdnevno, se pojavuva, se gubi i taka so maki sekoj den Se plasam od dekortinot da ne i predizvika nekakvi losi efekti. Veke gubam nadez...
04.05.2010, 14:24
Medo
250
Мамана, дали пробавте да ја третирате кожата со некои од кремите од Битола што се спомнуваат тука на форумот???? Кажи ми ако ти треба бројче. Поз
04.05.2010, 14:28
mamana
16
ne sum probala, bas sega procitav za toa, ama kako sto razbrav sostavot nekako ne mi e siguren, mozebi sodrzat kortiko, koj garantira....
04.05.2010, 14:29
riba79
683
Citav na eden forum deka za atopicen dermatit se koristi kremata PROTOPIC 0.03% i taa bila imunomodulator( mozda go zgresiv imeto se izvinuvam) i go koristat deca.Za vozrasni e protopic 0,01%.E sega od kolkava vozrast moze da ja koristi tvojata malecka najdobro e da vidis na google i da se konsultiras so kozen lekar.Mislam deka nataly_13215 e dermatolog pa neka ti kaze poveke.pozdrav i se nadevam deka malku ti pomognav i da dobredojde na RR
04.05.2010, 14:39
Medo
250
Никој не гарантира, тие велат дека нема. Како и да е, ако за 3 дена и помине како на Ива, нема зошто да се грижиш.