за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
I jas Filip od koga zaladi pocnav po 2 pati vo nedela da go banjam.Neznam kako vie,ama jas seuste go banjam vo dnevnata do kaminot na toplo,i uziva se dodeka ne izladi vodata.
19.02.2010, 07:40
Mila na mama
1152
Мила има 18,5 месеци и ја бањам секоја вечер пред спиење. Може сме прескокнале 2-3 пати досега ако била преморена па ми заспала ама таа си знае дека ритуалот иде бањање, брмкање со фенот млеко па нани нани и сама си бара си ужива во водата се прска со тушот никогаш не се разболела.
_____________________________
love u all
19.02.2010, 07:58
mami
8680
Еве и Лука е ист..иако е ладно се прескокнува капењето само ако е премногу уморен. Инаку сме секогаш во када, некогаш и само на туш- зависи колку е расположен и колку му се спие
19.02.2010, 08:45
biljana16
340
Jas Mihail go banjam sekoj den. Uziva vo banjanjeto i ne sakam da mu go skratam toa zadovolstvo. Sega normalno ako ne sakase vodoa mozda nemase da go banjam sekoj den. Inaku place stom ke zavsime so banjanjeto.
19.02.2010, 10:21
Cacko
1127
ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко
никогаш не сме се бањале секој ден. западните стручњаци препорачуваат обратен пристап. имено, помало бебе поретко бањање, поради помала активност, но и поради заштитниот одбрамбен слој кој кожата го создава како заштита од надворешни влијанија. со секојдневно бањање заштитата се симнува и организмот е помалку отпорен на нив. оттукаа и честите иритации. поголемо дете кое оди и си игра надвор доаѓа во контакт со се и сешто треба почесто да се бања/мие. се држевме до ова и еве ништо не му фали. напротив, силен и отпорен.
i nie Elena do 2 meseci ja banjavme sekoj den ama posle koa zaladi esenta pocnav da ripam eden den i do sea fala bogu super sme.mislam deka muabetot na bocko drzi voda
19.02.2010, 11:08
betpet
302
По некој стари навики на возрасните и ние моравме на почетокот задолжително да ја бањаме секој ден.Јас не бев да се бања секој ден, ама кога си во заедница така ти е тоа. Понекогаш кога е многу ладно или ако не можеме од оправдани причини прескокнуваме преку еден ден.Инаку тоа го правиме на топло во соба и таа ужива да се бања и шлапка, се додека водата не се излади. ЕЕЕ после почнуваат плачките за бришење и облекување, зошто тогаш почнува да и се спие, јаде и сакаш ли плачки.
_____________________________
Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)
19.02.2010, 11:39
Весна
771
Ниту јас Јана не ја бањам секој ден. Прескокнувам ден па и два. Дури сега лека полека се трудам да фатам некаков ред околу бањањето, но во никој случај не ја будам за да ја избањам. Една комшивка кажуваше дека ќерка и` си го будела детето за бањење за потоа со маж и` на раат да гледале ТВ. А тоа плачело ли плачело. Тоа да фатиш и пет кила ќотек да им удриш! Туку, чек јас за своето да си докажам :) Јана ужива во капење. Ми се смее, прета со нозете, со рацете, уште од сега лом прави наоколу. И секако кога ќе почнам да ја облакам почнува и песната плачлива :) Потоа веднаш цица и мирно си заспива.
19.02.2010, 11:45
mis.
3845
До 1 година сум ги бањала секој ден и тоа го правев пред спиење.ќе ги избањав и поубаво си спиеја ноќе.откако наполнија годинка и за дв ајцата фати зима па го изретчив бањањето.
19.02.2010, 11:50
matushka
510
Mateja ima 1 god i 10 mes i go banjam sekoj den. Dodeka ne bese stabilen go banjavme u koritce vo dnevna, a sega go banjam vo kada i sekogas so nezno bebesko samponce...i mirisi preubavo...
06.05.2010, 23:18
sinolicka
180
porana sekoj den a sega bez pravilo koga ke ni tekne nekogas sam ke pobara da se banja otprilika 3-4 pati nedelno
20.05.2010, 15:57
Џесика
2036
И јас Борјан до 1 година го бањав секој ден, преку лето и двапати во денот, сега кога има веќе 1 година и 4 месеци, секојдневно го туширам, онака колку да се освежи, а она комплетно бањање со полнење када и триста играчки се случува 1 до 2 пати неделно... инаку во никој случај не можам сама да го бањам, многу ми мрда, плиска насекаде,а не е стабилен во стоењето... Инаку имам еден проблем во бањањето... кога му ја плакнам косичката, многу панично срипува и прета како да ќе се удави...и почнува да плаче... веќе не уживаме во бањањето толку како порано...
19.06.2010, 23:24
Maca25
7558
Ја тушираме секоа вечер пред спиење Нина. Деновиве дека беше многу топло, ја туширавме и преку ден пред спиење и спиеше по 2 саати преку ден (тоа не се случува обично). Обожава да се плиска со вода. До пред една недела ја бањавме во кадичка, но сега почнавме во туш кабина со тушот. Она си седи на едно пластично столче и фаќа се околу себе, а јас ја туширам. Летно време многу ретко ја мачкам со млеко, а инаку користиме Бубхен и Мустела.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
19.06.2010, 23:37
Anushka
1392
бравооооо за Нина! Голема мома под туш... Мора да е слатка! Мојата Мила уште нема една година и секојдневно се капеме во кадичка. Инересно за неа е што уште од 6-7 месеци обожува да нурка! Многу е смешна...
19.06.2010, 23:45
Maca25
7558
нина ми го зема тушот од рака и ја лиже водата . ептен е смешна. се однесува како голема некоја. Анушка браво за Мила. Нина не се сеќавам дека ја пикала главата во вода, може само да ја проба што вкус има (затоа никогаш не правев пена).
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
14.08.2011, 10:46
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
До која возраст ги бањате вие вашите деца? кога е време да почне то а само да се бања без ваша помош? Не се сеќавам нас мајка ми кога не остави првпат сами ...
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
мислам дека Лука е веке готов сам да се бања сам оди во купатило, сам си влегува во када, сам се тушира со тушот..уште да научи сам да излегува од када и да се облече и сам ке го пуштам сериозно, вие мамички кои имате и постари дечиња, на која возраст почнавте?
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР
Машките не се оставаат многу брзо сами да се капат, не знаат од мали да одржуваат хигиена на интимниот дел. Јас Марио го капев до петто одделение, а исто и пријателките кои имаат машки деца, некои дури и подоцна ги оставија сами да се капат.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Aleksandra
Jas Luka uste go banjam no sam si go banja kureto, ke mu dadam penja od kupkata vo racinjata i sam si go otvara kureto i go banja, mene mi ostanuva samo da go izmijam so tusot, dodeka Ana veke sama se banja jas odam i ja mijam kosata, drugoto e nejzina rabota.
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Mami mnogu mal nezavisen tvojot. Jas moeto devojce seuste go banjam. Znae taa i sama da se istrie imitira mienje kosa i se toa, ama toa nejzinoto sepak ne e dovolno dobro da ja ostavam sama da se banja. Taa stava sampon na glava i se trie samo vo predniot del, ako ne i kazes da gi istrie racete nozete nema da go napravi toa, mnogu poveke se slapka vo vodata i si igra otkolku da obrnuva vnimanie na higiena. Znam deca koi se mnogu pogolemi od nea i odat na uciliste pa ne se banjaat sami. Jas se sekavam deka pocnav sama da se banjam koga bev petto oddelenie, veke mi bese sram da se soblekuvam pred majka mi i jas bev taa koja insistirase na toa, da ne bese taka majka mi ke prodolzese uste da me banja. A Luka tolku mal se toa da pravi e prosto ne mi se veruva.
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
добро тој сам влегува во када и му го даваме тушот и повеке си игра со него, ама ете јас го мачкам со сапун а мм го држи и го учи со рачињата како да си го трие мешето и веќе сам почнува тоа да го прави, ко што тргнал на 3 години ке пуштам сам
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica RR
ќерка ми е уште мала. сака да се бања но мислам дека ќе ја бањам додека дозволува а и сега и оставам враме да си игра во водата нели сама да се бања
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
14.08.2011, 10:48
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepe
Ne sum sigurna dali na drugo mesto ima vakva tema,ako ima premestete ja.Mene mi se pojavi golem problem....Do sega,potocno 14 meseci ,nemavme nikakva poteskotija da se kapeme ..Imavme problem da izlezeme od voda...Od pred edna nedela,pocna da ne saka da vleze vo voda...I se si mislam deka se isplasi od tusot ,koga se probav da ja dotoplam vodata,zosto si igrase vo nea 20 min i pocna da se ladi..Prethodno voopsto ne go uklucuvav tusot vo negovo prisustvo,nego vo dve kofi,spremav voda za plaknenje..I sega vistinski ne znam sto da pravam...probav i so lazenje i so igranje i mislam deka mnogu tesko kje ni odi rabotava.A ne sakam kapenjeto da mu bide trauma i da place...Mamicki ve molam pomognete so nekoj sovet....
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
14.08.2011, 11:01
Felly RR
7977
Пепе, и Матеа не го сака тушот, неколку пати пробав, ама одма почнува да плачи, да се буни, и сега полнам и јас во едно легенче вода и ја потурам со чашка. Пробај кадичката стави му ја во соба, а не во купатило, па кога ќе види дека нема туш може ќе сака да се капи.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
14.08.2011, 11:10
AnnaMolly RR
6409
Исто и Филип ми се плашеше од тушот и едно време поради тоа не сакаше да се бања. Ама сега кадичката му ја полнам, па после го ставам во неа и не го пуштам воопшто тушот додека се бањаме. Пробај залажувај го со играчки, нека не го гледа тушот и ќе се опушти.
_____________________________
Live and let live
14.08.2011, 12:01
arh_diz
7198
Jas so tus go banjam od polni 2 meseca, koga ke go vidi tusot se raduva toa mu e nesto najinteresno vo kapenjeto
_____________________________
Биди тоа што си
15.08.2011, 15:00
Maca25
7558
И Нина се плаши од тушот многу. Не знам зошто. Кога беше бебе со туш ја бањав, сега не дава, одма почнува да бега. Сега имам друг проблем - миење коса...е тоа ми е ноќна мора. Не можам да и ја измијам убаво косата, не дава да и ја намокрам, ако успеам да и ја намокрам и да и ставам шампон, не дава да и ја исплакнам. Мака мачам сега со тоа.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
15.08.2011, 23:09
*miki mami*
579
sin mi bas go obozava tusot koga ke go vidi skoka od radost i ne dozvoluva da go drzi nikoj osven on
23.09.2011, 22:36
Felly RR
7977
Ние го надминавме стравот од тушот Еднаш реков ај да пробам, Матеа беше заиграна со две пластични чашки (така нон стоп додека се капи, си игра со водата од кадичката) и и го пуштив тушот, ама како беше заиграна, ич не го ни примети, и од тогаш со туш ја капам, нема гајле сега
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
11.05.2012, 14:01
Mihaela 2010
4230
Do godinka ja banjav sekoj den,pa zimava bidejki bese ladno ne ja banjav tolku cesto da ne nastine,na 3-4 dena,ama letovo planiram sekoj den ili vtor da ja banjam... Inaku seuste ja banjame vo koritceto,i toa vo dnevna,uziva da si igra samo najgolemiot problem e koga i ja polivam glavata vristi pisti sto da vi kazam,ic ne trpi koga i ide voda na lice...planiram da ja banjam vo kada i po drugo e so tus nabrzinski...
11.05.2012, 14:08
vezilka RR
4931
Леле и Никола не дава вода на главата никако. Се бањаме во корито ама коритото во када, и нема проблем со тушот, ама само не на главата. Кога тоа ќе дојде а ред, има вриштанција малку. . Инаку и ние зимава на три дена се бањавме, ама како затоплува, ќе зачестиме.
11.05.2012, 14:15
Pepelaska *
3820
Леле везилка, колкаво е твоето дете, како што гледам ама баш исто е ккако моето , изгледа тука се негде и според другиве постови твои , и М не сака ич вода на глава, сеќава кога треба да го потурам и станува сака да избега од корито
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !