ИЗВОРНА ПОРАКА: bambina34
...vie so imavte neuspesni invitra , pravevte li nekoi dopolnitelni ispituvanja ?
Бамбина34, потполно те разбирам што прашуваш дали треба дополнителни испитувања, еве еден мој стар пост повторно ќе го ставам заради тебе и сите рингерајки за тоа што обично даваат да се испитува, но пак ќе речам докторот обично врз основа на документацијата за двата партнера одредува што и дали ќе се испитува.
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
.....препорачуваат да се направи следното, со упат од матичен гинеколог:
- Генетска анализа за тромбофилија (за двајцата, преку крв, 1200 ден.)
- Анализа на ANA, AFA и ASA (за мене, преку крв 700 ден)
- HLA типизација за двајцата (3000 ден)
сите овие во Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Клиника - Скопје
- Микроделеција на Y хромозом (за сопругот во МАНУ, тоа било посебно испитување зошто не дошло до добра имплантација, со упат од матичен, преку крв, цената е 400-500 ден. ......
Само мора да сме објективни, јас како тебе исто реагирав и да ти кажам дека во право се докториве, не бива кај сите ИВФ од прва, мора да се обидува човек, а многу често со овие испитувања нема ништо значајно што се открива, а кај тие што има, се прима аспирин или клексан и Б-комплекс. Сега гледам на сите даваат аспирини и клексани, така што и да немаш испитано ништо од ова што наведов, со терапијава клексан или аспирин и Б-комплекс си покриена.
Ако сакаш, можеш да ги направиш овие испитувања, да знаеш за резултати се чека по неколку месеци и потоа оди на трансфер со смрзнати ако сакаш. А тоа со смрзнатите дека не мораш да се изложуваш на терапија за следните обиди и тоа е во право, но во секој случај што ќе решиш одлуката е твоја, позз
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 29.7.2015 11:01:50 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!