Јас пред некое време си ги земав резултатите од генетските испитувања, а испитавме се и сешто, и воглавном се во ред освен некои мутации хетерозигот во Х1299Р (Р2)во генот за фактор V, хетерозигот Ц677Тво МТХФР, хомозигот во В-фибриноген, ПАИ - 1 5Г/4Г
И за ММ нешто слично, но имаме поклопувања само во една мутација.
Генотип АА1 и двајцата.
ХЛАсамо 2 поклопувања (демек не е страшно) АСА негативни.
Со резултатве прво бевме кај Петличковски, и многу опширно и детално ни објасни се. И воглавно овој генотип е многу редок, и статистички има проблем со забременување и со износување на цела бременост до крај, но нагласи дека ова е многу млада наука и дека сериозни истажувања се прават само во последните 10 год, така што не може да се каже што е причината и дали има конкретен лек.
Само рече - обидувајте се што повеќе пати, се се сведува на статистики и бројки. И дека ќе треба да се консултираме со трансфузиолог и добар гин. кој се занимавал со вакви случаи.
Што значи ... ништо конкретно.
Си пијам фолна, аспирин, пентксифилин, вит Е, вит Д, и Бкомплекс.
Бев и кај Ивановски со истово, и ништо поразлично не ми кажа, освен дека има шанса, дека не е до толку лошо. :) Ми препиша некој лек или вит, од америка да го набавам, ќе пробам да го најдам, но во основа се Б витамини, тоа е најглавното.
И логично е - гените не може да ми ги сменат, се се сведува на среќа... лотарија, упорност.
:) Идеме понатаму.