Секоја од нас е различна, и не е на штета да прочитаме и лоши мислења за некој лекар. Доволно сме возрасни за да одлуките кај кој лекар ќе одиме си ги носиме сами. Нормално дека како што пиша една рингерајка најдобар лекар е оној кој ќе ти го најде чарето. Ниту ние имаме ист однос со лекарот ниту лекарот има ист однос со сите пациенти. И јас сменив лекар на којшто му верував, верувајте тоа е тешка одлука, и не се базира врз постови на форуми туку од лично искуство. А тука сме да си размениме мислење, да си помогнеме, да се советуваме и да си имаме разбирање, барем јас така мислам.
Инаку за генетски ипитувања има еден млад дечко, за жал не знам како се вика, не знам ни дали е доктор или е лаборант или е стажант на институт за имунологија и хумана генетика во Ск. И ние првата средба ја имавме со него (само тој беше машко таму), дури и пред да се видиме со Петличковски, тој не седна и ни објасни све, кое испитување за што е, и колку се чека, и колку кошта. Ни напиша кои ипитувања тој мисли дека треба да ги направиме, и рече одете и видете и матичниот гин. што ќе каже. Мојот гин. се сложи во целост дека сето тоа треба да се испита. Тоа беше исто што го кажа и Ивановски. Е дури од кога ги собравме сите мислења кои се поклопија, и читавме по интернетот, одлучивме да ги направиме. Бидејќи не се ефтини. Јас баем така правам, собирам милења од неколку лекари, па одлучувам што ќе правам, 100 пати се предомислував. Ми беше страв бидејќи знам дека гените не може да ми ги сменат, тие ми се. Со резултатите бевме кај Петличковски кој како резиме кажа дека имам многу редок генотип кој во статистички има најмногу проблеми со забременување и со износување на цела беменост. Дека требад а најдам добар трансфузиолог и гиниколог кои ке ми ја одредуваат дозата на лекови. Тоа е. Друго нема. Верувајте со ова се занимавамме неколку месеци, читање, прашување, разговори. На клиника си ја најдов Апостоловска на трансфузиологија, која не секогаш е комуникативна, но за мене за сега таа е најдобра, од сите што сум ги поминала на трансфузиологија. Ме прати да испитам и уште еден куп работи, искрено се истуфка дека ќе треба да платам многу, и навитина партиципацијата беше околу 2-3000 ден. Сакам да кажа дека не само една работа е битна, како што се мутациите, туку тоа еден цел систем на нешта кои се поврзани едни со други и кои укажуваат на различни состојби. Пр. може да имаш мутации но да ја немаш болеста, кога имаш мутации шансите за добивање на болеста се поголеми, ова ми го кажа Петличковски. Е а ако ја имаш болеста, поинаку се третира (веројатно, не знам)