cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Маслинки и печурки

  
clock-img

28.11.2009, 17:11

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Јадат ли вашите деца маслинки?
Никаде не сум сретнала од која возраст треба да им се понудат маслинки. Мила последниве 4-5 месеци ги обожава црните несолени маслинки без семка. Не сум приметила да и штети. И
ма ли некој информации, позитивни или негативни искуства со маслинките?
Кога сме кај маслинките, а печурки кога почнавте прв пат да им давате и во каква форма? Ги сакаат ли?

< Поракaта ја уредил Mila na mama -- 5.12.2009 11:20:43 >


_____________________________

love u all

clock-img

28.11.2009, 17:22

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

Марко не ги сака...сигурно му горчат,ке направи фаза и ке плукне!user posted image

clock-img

05.12.2009, 13:29

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Денес сакам прв пат да и дадам на Мила сос од печурки. Има некој совет на што треба да внимавм? Имате искуство со печурките?

_____________________________

love u all

clock-img

05.12.2009, 13:59

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Не се сеќавам каде прочитав, но знам дека печурките се вбројуватво алергени и не се препорачуваат на деца под 18 месеци. Јас на Мартина сеуште не сум и давала печурки, се некако ми е страв, а маслинки почнав да и давам кога наполни една година. Баш ќе побарам информации и за маслинките и за печурките.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

05.12.2009, 14:15

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Совет од педијатар: печурките во исхраната на детето може да се воведат во многу мала количина на 12 навршени месеци, и тоа од сортата шампињони, но да бидат добро сварени. Се вбројуваат во храна која може да предизвика алергија.

Јас пак би советувала, не давајте печурки пред 18 месеци. Сепак секој најдобро си знае што и како ќе му даде на своето дете.

< Поракaта ја уредил Еца -- 5.12.2009 14:21:51 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

09.12.2009, 09:58

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

Vo pecurkite ima mikotoksini koi se otrovni.Za vozrasnite vo taa kolicinina ne se stetni, no za decata da.so pecenjeto mikotoksinite se unustuvaat duri na temperatura od 240 do 270 stepeni.
Inaku kaj decata pecurkite se preporacuvaat da se davaat posle 12 godina poradi toa sto jetrata duri togas e sposobna da gi svari mikotoksinite od pecurkite.
Znam deka moze da izgleda glupo no ova e preporaka od nutricionista, ne sum go izvadila od rakav.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

09.12.2009, 10:03

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

На Дамјан не сум пробала да му дадам ни маслинки ни печурки а оние печурки што се во тегла ни јас ни мм не ги јадеме.Соджат лимонска киселина.Значи јадеме само свежи-свекрва ми прави многу вкусна каша.Но сеуште Дамјан не пробал.Еве има 18 месеци па можеби ќе пробаме.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

09.12.2009, 10:06

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

јас работам со печурки извоз,многу често!и да споделам нешто со вас ,што ми го има кажано сопственик на фарма за култивирани печурки -шампињони...јас такво губре во уста немам ставено и никогаш дома немам однесено(тоа се негови зборови)!па не сте свесни колку пати пред зреење се прскани!

инаку на Марко му неме дадено и немам намера..тој си ручка пица без печурки

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 9.12.2009 10:07:38 >

clock-img

09.12.2009, 10:07

clock-img

mami

pencil-img

8680

ние јадеме секакви, пржени, печени на жар, свежи...особено ги сакам со лазањи а бидејќи и Лука јаде лазањи значи пробал и некоја печурка- досега на плукнал ништо- значи му се допаѓаат, а маслинки не сме му дале, горчат па ке почекам уште малку

clock-img

09.12.2009, 10:51

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

јас работам со печурки извоз,многу често!и да споделам нешто со вас ,што ми го има кажано сопственик на фарма за култивирани печурки -шампињони...јас такво губре во уста немам ставено и никогаш дома немам однесено(тоа се негови зборови)!па не сте свесни колку пати пред зреење се прскани!

инаку на Марко му неме дадено и немам намера..тој си ручка пица без печурки



фала ти за информацијава, сега сум сигурна дека нема повеќе да ги јадам а не па на Дамјан да му давам!!!


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

31.03.2010, 11:09

clock-img

TRANSTAR

pencil-img

23

na sampinjonite im stavaat i varakina, toa gubre ni pod razno nie a kamo li nikodim, a maslinki DA, bidejki distribuirame dojranski maslinki nikodim uste pred da dobie zabi gi projade.

clock-img

31.03.2010, 11:56

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

печурки сеуште не сум му дала а по ова што прочитав не ни планирам а маслинки од скоро почнавме и му се допаднаа user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

31.03.2010, 12:06

clock-img

Еличка

pencil-img

32

Ќерка ми многи ги јадеше печурките, со пица, а дури ја правевме пицата си ги јадеше и така без ништо. Ама еднаш изгледа многу изеде па почнаа да ја чешаат очите многу и и потекоа. И поврати. Не бев сигурна дали е од печурките. После некое време пробавме пак, не и потекоа очите ама поврати и тоа само печурките, значи само тие не се свариле. Дали е некоја алергија или тешко се варат не знам, ама веќе не и давам. А маслинки кога како, порано повеќе ги јадеше.

clock-img

31.03.2010, 12:49

clock-img

nadica

pencil-img

4381

ниту јас ниту мм не јадеме маслинки ни се лоши од самиот мирис па и надица нема пробано маслинки до сега
а за печурки сеуште не сум и дала но можеби има пробано од пица и не ми јавила реакција

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

31.03.2010, 14:22

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

пааа сеуште не сме пробале. ни тоа ни тоа.

баш пред некој ден свекор ми рече дека зетко имал некој познат што продава свежи печурки- такви може да пробам да му дадам да видам длаи ќе сака а за маслинки, незнам некакоuser posted image user posted image user posted image ај може ќе пробаме деновивеuser posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

07.04.2010, 23:36

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Нина многу сака маслинки, секакви, тврди, меки, солени, несолени, црни, зелени, сите ги сака. Ако види дека некој јаде маслинка одма се стрцува накај него. Тоа обично сум јас, обожавам маслинки. Како мала не поминувал оброк кај мене без УНКУН - така сум ги викала маслинките.

А за печурки не знам дали би и дала до 2 години. Јас еднаш неделно готвам нешто со печурки, ама на нина од тоа не и давам.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

07.04.2010, 23:44

clock-img

sinolicka

pencil-img

180

matej obozava maslinki, imu kupuvame crni,bez semka i nesoleni .jade od 1god. se konsultirav so nasiot pedijatar i ni rece deka moze da jade veke se.a pecurki sum probala da mu dadam ama ne gisaka.koga ke mu gi pokazeme maslinkite, tolku e radosen i samo vika macinki,po cel den bara maslinki i meso.bez toa na smee da sme doma.user posted image

clock-img

14.05.2010, 16:08

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Борјан секој ден си конзумира по 1-2 маслинки дневно, ги обожава... уште од негови 2-3 месеци му давав да лизне се што јадам јас, и приметив дека скоро се од тоа што пробал денес многу сака... а за печурки не сум ни помислила да му давам, не дека знаев дали се штетни или не, некако и мене ми се тешки, па ретко ги имаме на мени за оброци

clock-img

29.03.2011, 17:52

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Матеа сега брзо проба маслинка, ама толку многу и се бендиса, што не ја испушташе од раце, и само по малсинките трчаше, а другото на маса што беше ич не ја интересирашеuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

30.03.2011, 13:48

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Ние почнавме и со печурки, свежи шампињони, и нешто посебно не ги сака. Првиот пат кога проба, убави и беа, после тоа кога како ги јаде.
А за маслинки - тие ни се на сите дома омилени. Мора да имаме секогаш маскинки во фрижидер.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

30.03.2011, 13:58

clock-img

mama26

pencil-img

3977

voopsto ne sum jadela maslinki,se nekako mi gorcea i taka jas izrasnav bez nivuser posted image . za mojot 4 godisensin projadov [ morav] zatoa sto sakam da jade i proba se,za da ne mu stvoram odbinost..duri i ovosjeto so sila go jadev za da i toj jade [anti fruit sum isto taka ]user posted image ..i pecurki jademe samo taka poprzeni na skarata so sol,ne gi saka mesani vo salata ili sl.


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

clock-img

05.06.2011, 16:41

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Маслинки има пробано, ги сака да ги јаде, а освен крем супа од печурки, други нема пробано

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

18.01.2013, 14:42

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Уф, ние маслинки јадеме од многу мали, од пред гонинката, и тоа во сите форми и во сите бои user posted image user posted image .

А печурки пред три дена му дадов за прв пат, значи на две години и еден месец. Ние дома често јадеме печурки и досега едвај избегнував да му дадам. Е завчера не избегнав. Му дадов шампињони, свежи, пржени со јајце и кашкавал. Ги бендиса и си изручка неколку. Немаше реакција.

clock-img

18.01.2013, 14:49

clock-img

Annet

pencil-img

2404

maslinkite ne gi sakame,a pecurki pred nekoj den i dadov,vednas se nafrla na obrazite,i taka nema da i davam do kaj 3-4 godinki izgleda

clock-img

18.01.2013, 15:15

clock-img

princessa

pencil-img

1056

i Natalija mnogu saka maslinki ama jas gi krijam i ne jademe pred nea zasto ako na masata ima maslinki koga se ruca taa samo maslinki jade i nisto drugo. Kupuvame maslinki bez semka i vnatre imaat blaga piperka. Mene mi e najveke za toa sto se navistina soleni iako za nea posebno gi stavam vo voda da se otsolat ama ne biva, tie si se soleni.
Pecurki ne gotvam mnogu, epten retko, mnogu mi se teski za digestivna obrabotkauser posted image a iance sum i dala da proba ma da ne gi obozava mnogu.

Последни статии

article-img