за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
И мене косата ми се крева кога и да се спомне темава.Еве да ви признаам дека на почеток немав доверба ни во најблиските од што слушав дека педофилија има и во најтесен круг на семејството.А сега како расте се повеќе паника ме фаќа.Моментално сум загрижена и за внуките кои се во основно и поголемата веќе станува девојче,па гледам на најдам начин да не ги исплашам,но да им укажам да внимаваат и да не подлегнуваат да не се плашат да кажат ако некој им зборува или слично,зошто педофилите најчесто ја обработуваат жртвата,ретко кога директно напаѓаат.Најмногу ме плаши одењето кај другарки дома.А за регистот,секако дека треба да постои иако сметам дека и тоа им е малку,на билборди треба во секој град да ги има оние што биле осудени.Штом посегнале по деца треба да им се скратат сите човекови права,па и ако законот кај нас нема смртна казна треба барем кастрирање да се воведе.
20.05.2013, 11:41
miana
6152
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
..Мене ме загрижи тоа што видов многу македонци ( се надевав дека повеке ке бидат од друга националност ) и што видов дека некои од нив живеат во урбанизирани општини. Имав представа дека овие луѓе се необразовани,и лица од асоцијално опкружување,ама за жал не испадна така..
Може само малку да ми појасниш зошто си имала претстава дека педофилите се од друга националност? Малку не ми влегува во глава? Демек македонците се супернација нешто?
ne sme super nacija,toa go znam ,samo sme posocijalizirani i obrazovani za razlika od drugite nacionalnosti - na toa mislev i mislev deka ova vlijae i na vakvite pojavi,no ete ispadna deka ova e "bolest" sto ne bira nacija i za koja smetam deka licata koi ja poseduvaat ne smeat slobodno da setaat.. I me raduva faktot sto se zgolemuva brojot na lica od drugote nacionalnosti koi sto prodolzuvaat so obrazovanie ili voopsto sto go zapocnuvaat istoto. Pozdrav
20.05.2013, 13:30
vezilka RR
4931
Ова образованието баш и не знам дали влијае. Повеќе би рекла социјално-психолошкото минато на личностите дека влијае. Велат дека обично педофилите во детствотои сами биле жртва на педофилија или растеле во дисфункционално семејство. Кога би се решавале систематски овој проблем би требало тука да се работи повеќе. Да се работи со децата жртви, и со нивните семејства. Да се работи со дисфункционалните семејста.
Ех, се е тоа фино, уште кога би имале нормални центри за социјална работа!
20.05.2013, 13:54
Mihaela 2010
4230
Kako dete na nekoi si 8 godini so drugarka mi si igravme pred zgrada koga eden decko(inaku komsija vo istata zgrada) nekoi 15 god postar od mene mi se doblizi i me stisna po gradata,deckovo bese taka ko mrdnat malku,nemase drustvo zatvoren doma ziveese samo so majka mu,kolku vreme pomina jas do den denes mu ja pamtam facata... na nikogo ne kazav,pocnav da go izbegnuvam,duri od strav ne se kacuvav vo lift da ne slucajno go nacekam ete moja greska sto ne kazav na moite... Ete edna moja rabota sto nikomu ne sum ja kazala,vam vi ja kazav.. Se plasam normalno za kerka mi,duri da ne gresam dusa ama komsijava do mene (koj ima 3 deca) tolku mnogu ja saka,ide kaj niv bez porblem,pred nekoj den otisla so nego do prodavnica,se plasam duri da pomislam na takvo nesto,bas na mm mu spomnav me napravi nenormalna,ama pa sve biva bre luge,nemozes da im bides vo mozocite na lugeto.. Inaku eden rodnina raboti vo Idrizovo,vika koga ke im dojdat vakvi luge samite zatvorenici gi ubivaat od kjutek pedofilive,nemozat da gi razdelat cuvarive...
20.05.2013, 13:58
rina13
1147
Со кастрација верувам ќе се реши проблемот. Бидејќи се работи за повторувачи на дејството, неможе сите во околината а и пошироко да живеат во страв дали да го пуштат детето во двор да си игра. Вака ем се безбедни децата ем родителите а и верувам дека потешко ќе се одлучи некој на ваков чекор ако знае што го чека. Кастрацијата ја гледам како втора опција прва секако би била доживотен затвор без право на помилување зашто и тој уништил трајно нечиви животи. Голем парадокс е што кај нас поголема казна ќе добиете за попречување на изборниот процес одколку за силување.
20.05.2013, 14:14
Octavia
617
Мислам дека секако треба кај нас да се подигне свеста за педофилијата, на секој начин. Благонаклоното гледање на врските на постар маж со млада девојка/девојче секако дека придонесува за изместување на перцепцијата за тоа што е педофилија. Имаше неодамна во Србија еден скандал (во кој главниот актер не беше никако санкциониран) за еден нивни примитивец турбо-фолк пејач кој јавно на ТВ се фалел како имал 3-годишна врска со девојче кога тој имал накај (најмалку) 50 години, а девојчето се уште било во основно училиште!!! И никому ништо! Па како тогаш да се развива свеста за педофилијата кога изродите кои ја практикуваат дури сметаат и дека треба да се фалат со тоа? Тој себеси, замислете, не се смета за педофил, туку за голем заводник. Некаде имам читано дека статистички децата се најчесто злоставувани од некој кој го познаваат, дел од блиското или поширокото семејство, семеен пријател, сосед и сл. и дека токму затоа е погрешен ставот на родителите дека педофил злоставувач е само некој сомнителен перверзен непознат чичко. И токму овие работи треба да им се посочуваат на децата, секако според нивната возраст. Кај нас на пример јас без запрепастена од едно литературно дело од наш познат и признат писател на дела за деца и млади. Во тоа дело, кое е дадено и како лектира за основно, се глорифицираат емоциите на НАСТАВНИК кон УЧЕНИЧКА (во основно училиште!). И тоа не само недозволени емоции, туку наставникот чувствува и еротска страст кон ученичката и тоа додека предава за "Електризирање на тела при триење и допир" и слични перверзии. При тоа, таа страст е прикажана како нормална и прифатлива. Девојчето се вљубува во наставникот, но скандалозно е што и наставникот има перверзна страст кон неа, и додека ја гледа во мислите му е (цитирам, да нема забуна) „Набујала како млада липа,раскошно бликнала, ...“ Не сакам ни да замислам наставник кој гледа 13-годишно девочје на час и кој место како дете и ги гледа раскошните облини... на дете?! И замислете, кога наставникот ќе проба да ја заведе ТАА, детето, се свестува и го прекинува тоа... И ОВА е во лектира за нашите деца. Каква порака ОВА ќе им испрати на младите, неоформени умови и емоции? Дека сите овие постапки, желби и страсти се сосема нормални? Сакам да кажам, на страна уметничката слобода и се друго, ова е дело наменето за деца. Од една страна треба да ги научиме какви се опасности ги демнеат, од друга страна им кажуваме дека е сосема ОК наставник да се „пали“ на малолетна ученичка и да фантазира додека предава за „електризирање на телата при триење...“ За мене и ова е слика и прилика на педофилија.
< Поракaта ја уредил Octavia -- 20.5.2013 14:27:24 >
20.05.2013, 14:18
miana
6152
И на нас ни се има случено низ маало да шетаат маничаци со порно списанија и се секавам дека еден не застана да не праша случајно да не знаеме каде живее некоја си Биљана мислам дека беше и вика видете како се сликала,и почна д ани листа списание ама јас и сестрами одсечно рековме - не ја знаеме и фитиљ да не нема... Еднаш ни се има случено да видиме и човек како мастурбира во парк ,а ние си го шетавме куЧЕТО ( АГРЕСИВЕН ДОБЕРМАН ) и се секавам дека сестрами му ја с'сна кучката а тој качување на точак и магла да го нема а ние па ја викнавме да не го распарчи . ( ако го стигнеше - црно му се пишуваше) Значи пораснацв во центар и вакви случки сум видела и слушнала многу..Сите биле случајни минувачи..Еднаш не застана еден будала,бевме повеке деца и не тераше со јазикот да ги допреме носевите и ке ни дадел бонбони... срека господ не чуваше па знаевме дека имаат лоша намера...Смрт за овие!!!!!!!!!
Скорпијана , добредојде назад на Рр , одамна не сум те видела тука
dobro ve najdov ke se trudam da se druzam kolku mozam poveke so vas pozdrav
_____________________________
zivej go sekoj dena kako posleden
20.05.2013, 16:32
niki
4299
za zal, osven sto pedofilijata ne poznava nacija, ne poznava ni pol, ni status, ni obrazonvanie, ni vozrast.... pred dve tri godini, ne se sekavam tocno, Grcija ja potrese vest za 25 godisna ucitelka vo osnovno uciliste koja so svoite ucenici momcinja na vozrast od 10-13 godini odrzuvala kontakti na facebook so mosne provokativna sodrzina so nekoi od niv dogovarala sredbi vo nivniot dom koga roditelite ne se doma pod opravduvanjeto deka im se potrebni dopolnitelni casovi a vsusnost gi obljubuvala tie momcinja vo i pred pubertet, noramlno i ocekuvano ne kazale na roditelite a slucajot slucajno go otkril eden tatko koj kaj svojot 11 godisen sin zabelezal cudno odnesuvanje vo vid na postojano masturbiranje koe maliot go doveduvalo i do gubenje na svesta, pa taka tatkoto vo potraga za resenie na problemot pocnal da go kontrolira i proveruva i vo profilot na facebook vo prijateli ja prepoznal ucitelkata, na nejzinite provokativni sliki, i vo privatnite poraki koi gi prakala na sinot, potoa go soocil maliot i toj priznal pa ja prijavile vo policija
ubavo e da postoi registar na prestapnici, no sepak najmnogu ke napravime ako si gi sledime decata, i ako gi zapoznavame so vakvite slucai, ako im zboruvame sto e pristojno odnesuvanje i sto nikako i nikomu ne treba da dozvoluvaat ona sto e sepak najtazno i najtragicno e koga storitel e roditel, tuka navistina ne znam sto bi mozelo da pomogne da se spreci ili predupredi takvo nedelo
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
22.05.2013, 08:34
vezilka RR
4931
Вчера прочитав дека некој педофил нападнал неколку девојчиња во Карпош 4.
22.05.2013, 08:41
Mihaela 2010
4230
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Вчера прочитав дека некој педофил нападнал неколку девојчиња во Карпош 4.
Aman bre luge sto se slucuva vekje...sto treba site da se kreneme za drzavava nesto da prevzeme so ovie luge?? ja neznam svetot do kaj otide ,od sekogas gi imalo ama pa sekoj den po nekoja odvratna desavka... da ti e strav dete da pustis samo ...
22.05.2013, 09:00
Џесика
2036
Јас од времето си имав солзавец со мене... радо би го истрошила на некој таков и после еден ќотек ко ќе му удрам...
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
22.05.2013, 09:03
miana
6152
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР
Јас од времето си имав солзавец со мене... радо би го истрошила на некој таков и после еден ќотек ко ќе му удрам...
eeej da solzavec i jas si imav vo tasna ama koga bev srednoskolka 14-15 god..mala bocicka vo dzebce
< Поракaта ја уредил miana -- 22.5.2013 9:04:08 >
22.05.2013, 09:19
Mihaela 2010
4230
Da da so solzavec u oci i posle udri mavaj po jaja
22.05.2013, 12:17
Bethany
4534
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР
Јас од времето си имав солзавец со мене... радо би го истрошила на некој таков и после еден ќотек ко ќе му удрам...
ехехе и јас си имав порано, дека татко ми војно лице па имаше еден таков мал, како спрејче дезодоранс, ама домет има на 50 метри...
22.05.2013, 13:57
miana
6152
Уште една случка со педофил - аман веке !!!!!
Семеен пријател им го силувал 8-годишното дете
Четириесет и деветгодишен штипјанец го силувал осумгодишното дете на своите пријатели, соопштува Министерството за внатрешни работи.
Мајката на детето пријавила дека семејниот пријател С.Ј. од Штип, во нивниот дом извршил полови дејствија над нејзиното осумгодишно дете.
Штипската полиција го уапсила 49-годишниот силувач, откако утврдила дека С.Ј со допирање по телото на 8-годишното дете, извршил други полови дејствија и во врска со тоа СВР Штип поднесе кривична прија за кривично дело „полов напад над малолетник кој не наполнил 14 години“ и заедно со кривичната пријава е предаден на надлежен Истражен судија.
извор - точка
22.05.2013, 14:40
deluxe
2479
ццццц... До каде ќе оди човечката глупавост и изопаченост??? Да не се знае веќе на кого да му се верува ,како што некој имаше погоре напишано ,дека педофилите стојат поблиску до нас,не се веќе сомнителни лица,туку блиски, познати...
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
22.05.2013, 14:56
Џесика
2036
Не се знае веќе на никого не верувам. Многу имам страв и се пазам од се... Роднини, пријатели, детето го следам каде се движи, можеби е болно, ама во секого имам сомнеж. Кога бевме дечко и девојка со мм, и внука ми не ја пуштав со него за што и да требало, дали до продавница или друго, нормално дека не му верував и избегнував секакви ситуации...
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
05.11.2013, 13:40
vezilka RR
4931
Денес читам ќе се отвора можност за измени во Кривичниот закон по однос на казнени дела, педофилија. Ќе се отвора можност за зголемување на казните затвор на повеќе од досегашните 6 (досега просечна казна затвор на педофилите била 6 години) и ќе се отворало можност за намалување на казните доколку осудениците се согласеле на хемиска кастрација, а таа би се вовела како задолжителна при повторено дело.
Што ќе речете на ова?
05.11.2013, 14:19
sandriana RR
2924
Која е потребата за намалување на казната, па и уште опција за бирање - сакаш или не кастрација? Вистина мислат дека ќе има ефект?? Јас - не, Бога ми. Според мое лично убедување, ако веќе прават измени - хемиска кастрација да биде единствена опција, секако, со казна затвор (за должината на казната - не знам, ама 6 години се малку).
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
05.11.2013, 14:41
rina13
1147
Станува збор за тешко кривично дело, арно ама не верувам дека помеѓу 6години и кастрација некој ќе се реши на кастрација. Како и да е најголем процент се повторувачи на делото што пак по автоматизам ќе значи кастрација, значи ли тоа дека на 2 деца животот треба да им биде уништен за проблемот да се реши. Сум за тоа дека треба веднаш да се кастрираат вршителите на ова дело без да им се даде втора можност, штом тие уништиле нечив живот нека биде истото и за нив. Друг проблем ќе се реши на овој начин е објавата на лични податоци на педофилите кои нависитна реално го засегаат и неговото семејство, така што би значело дека две муви со еден удар ќе се утепаат. Ем неможе да злоставува ем семјството ни криво ни дужно нема да страда.
05.11.2013, 14:47
vezilka RR
4931
Јас сметам дека дефинитивно треба повисоки казни. Хемиската кастрација, и да е, и да не е казната треба да е поголема. Инаку нешто друго што не го разбирам во ова е зошто казните се поголеми и демек поригорозни за напад на малолетно дете под 14 години, а на 14 и повеќе казните се поблаги. Никако не можам тоа да го сфатам. Еве читам од прееска и се трудам да најдам некое логично објаснување, ама не можам.
05.11.2013, 15:08
vezilka RR
4931
Виртуелното девојче ги откри и најскриените фантазии на педофилите
Над илјада педофили од 65 земји во светот се фатија во мрежата на 10- годишното девојче од Филипини, со прекар Свити.
- Се викам Свити, имам 10 години и живеам на Филипини...
Вака виртуелното девојче секојдневно ги почнува разговорите со потенцијалните сексуални предатори.
Им ги открива своите и се препушта на туѓите фантазии, во случајов на десетина илјади педофили кои паднале во мрежата на Холандската невладина организација "Тerre des hommes".
- Тие бараат од мене да се соблечам, па потоа тие се соблекуваат. Потоа, „си играат“ самите со себе и бараат јас да си „играм“ со нив, вели виртуелниот лик Свити.
- Тие имаат само една цел - да имаат секс со Свити. Бројките се шокантни. За 10 недели идентификувавевме илјада предатори. Ако имавме повеќе време, несомнено ќе фатевме многу повеќе, изјави Алберт Јап Ван Сантбринг, Претседател на НВО "Тerre des hommes".
Свити остварила контакт со дури 20 илјади педофили од 65 земји.
Поради ограничените средства идентификувани се само пет проценти од нив, чии адреси, телефони и фотографии се испратени до Интерпол. Велат нема разлика помеѓу виртуелните и реалните престапници.
- Откривме маж, која наоѓа девојчиња на интернет и виртуелно ги силува. Потоа заминува на работа, како ништо да не се случило.
Проценките на Обединетите нации се дека 750 илјади педофили во секој момент се активни на интернет.
Од холандската невладина организација им порачаа на владите во светот – ако можевме за два месеца да фатиме илјада, тоа значи дека вие за една година можете сто илјади.
Извор: Канал 5
06.11.2013, 19:43
blond
1268
Гледам нема коментирано никоја за струмичкиот педофил од пред две недели.
Во училишниот двор на основното училиште „Видое Подгорец“ во Струмица се случил тежок инцидент кога педофил се обидел да силува 12-годишна ученичка Настанот се случил утрото, педофилот, кој според првичните сознанија на полицијата најверојатно бил под дејство на алкохол, го пресретнал девојчето во близината на училиштето и побарал да му покаже каде е тоалетот. Тогаш од споредниот влез го извлечкал девојчето до тоалетот, каде што почнал да го допира по телото. Но ученичката почнала да вика за помош, а врсниците ги слушнале од одделението и истрчале да ѝ помогнат. Педофилот избегал. Од училиштето била повикана полиција што трага по насилникот. Од струмичката полиција велат дека едно лице веќе е осомничено. ______________________________________________________________________________ Инаку, јас случјаот го знам подобро, го познавам родителот на девојчето. Живеат на оддалеченост од 200м од училиштето. Кога излегло девојчето од дома, 100м пред училиштето педофилот ја прашал колку е часот,девојчето му одговорило и продолжило. Тој продолжил по неа, ја следел до училиштето и влегов по неа. Дежурната наставничка пиела кафе, завртена со грб кон влезот на училиштето. Тој ја завлечел во ВЦ и ја затворил и почнал да се соблекува, а неа да ја пипка. Девојчето пискало, само еден соученик што се погодил во тој момент во ВЦ ја слушнал, отворил вратата и педофилот избегал. Сето убаво се гледало на видео надзорот во училиштето.
Моите прашања се, каде била наставничката тогаш? Зошто не изреагирала на врисокот на девојчето? Ако била поставена тој ден за дежурна, зошто не си ја извршила обврската како што треба? Ако не бил соученикот што ќе се случило не сакам да помислам. И во училиште да ти е страв да го испратиш детето, не знаеш кој се може да влезе внатре.
06.11.2013, 21:59
niki
4299
epten hrabar toj, da vlezes vo uciliste kade ima ogromna frekvencija na ucenici i nastavnici i drug kadar uste i video nadzor dezurnata nastavnicka treba da bide kazneta posle vakov incident
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together