cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Педофилија

clock-img

07.11.2013, 10:20

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

А дали дежурната наставничка е казнета? И зошто им е видеонадзор, ако никој не гледа во монитор? За отпосле да видат што се случило? Кој се ќе одговара за случајот ме интересира?

clock-img

07.11.2013, 10:40

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Треба да бидат казнети одговорните лица,под итно!! И камерите не се никаква гаранција за безбедност доколку нема некој да ги следи будно.Секое училиште треба да има служба за обезбедување,кои ќе контролираат кој влегува во училиштата,и задфолжително идентификација со лична карта.Е дури тогаш ќе речам дека сум мирна кога ќе биде ќерка ми на училиште,

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

06.02.2014, 12:36

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Еве нови измени во крвиичниот законот, подобри user posted image


Почнува хемиската кастрација на педофилите во Македонија

Maкедонските пратеници ги изгласаа измените на кривичниот законик со кои се овозможува старт на хемиската кастрација на педофилите.

Измените за кривичното дело обљуба, кај основниот облик на педофилија, предвидуваат казната затвор наместо 8 години, да се зголеми на најмалку 12 години. Кај квалификаторниот облик, за обљуба или друго полово дејствие врз дете кое не наполнило 14 години, настапила тешка телесна повреда, смрт или друга тешка последица, сега се предвидува минимална казна од 15 години затвор до доживотен затвор. Досега, за ова кривично дело беше предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Со измените се воведува медикаментната терапија позната како хемиска кастрација, односно специјални вакцини кои педофилот ги добива на секои од три до шест месеци, а кои го неутрализираат неговото либидо и нагон. Хемиската кастрација ќе биде задолжителна само за повратниците-педофили додека за останатите е предвидено намалување на казната и за половина доколку се согласат да ја земаат терапијата. За педофилите осудени на доживотен затвор е предвидено казната да се намали на 40 години доколку се подложат на хемиска кастрација. Педофилите кои се осудени на затворски казни до 20 години ќе треба да ја примаат терапијата до крајот на животот, а за возврат ќе добијат минималната казна затвор, односно 12 години. Новите измени предвидуваат судот да има право да одлучи до кога би траело лекувањето, но и да донесува одлука за присилно лекување.

Педофилите ќе ја добиваат фармаколошката терапија во специјализирани здравствени установи. По издржувањето на затворската казна, тим од Управата за извршување на санкции ќе го врши надзорот и ќе има обврска најмалку на секои шест месец да го информира судот за напредокот, односно потребата за продолжување или прекинување на терапијата.

Македонија е единствена земја во регионот која ги направи овие измени.

извор.сител

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

07.02.2014, 09:07

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Јас уште не сум на чисто со овој закон. Стварно не сум сигурна дека оваа опција за бирање, дали казна или кастрација ќе има поголеми ефекти. Не ми е јасно каде ќе се примаат овие медикамнети и дали ќе има простор за манипулација со нив. И се уште ми останува прашањето зошто повисоки казни за злоставување на деца под 14 години, а над помали..што демек овие девојчиња од 14 години сами си го барале!!!

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

06.10.2014, 10:17

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Г.С. од селото Радање, Карбинци, во понеделникот во пијана состојба ја силувал 13 годишната ќерка. Случајот бил пријавен од мајката на девојчето, а гинеколог го потврдил случајот.

I seuste se zboruva za covekovi prava ?!?!?!?!?!? Kako sto ovoj se vodel po zakonite na dzunglata,posilniot go unishtuva poslabiot ,taka treba i so nego da se postapi user posted image
Dali e bolest ili pak izopacenost na covekoviot um,ne mi e vazno voopsto,jas FIZICKI bi go kastrilala,a boga mi i racete bi mu gi otsekla na ovoj zver.Pa dali e pijanica ili pak ludak posle toa neka si bide negov problem.Nekolku godini kazna zatvor e ziva smeshka za vakvo svirepo unistuvanje na nevini zivoti .

clock-img

13.07.2016, 09:25

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

"Денеска е направена обдукција врз силуваното, а потоа брутално убиено девојче со камења и тупаница. На тригодишната Анѓела Стефановиќ од зајечарското село Вратарница, убиецот Владица Рајковиќ (28) и ја смачкал главата до непрепознатливотс.

Рајковиќ, неофицијално во текот на силувањето на Анѓелина и ја пробил стомачната ципа. Полицијата кога го пронашло телото на малечкото девојче од него испаднале внатрешните органи.

Монстозниот силувач и убиец во моментот на злосторството бил целосно пресметлив."

Се протестира за пари,власт,моќ,ослободување или затварање криминалци.КАДЕ СТЕ СЕГА ВИЕ ТАКАНАРЕЧЕНИ НВО ????????
Никаде? Никој ? Ама баш никој да превземе акција?!?

За ова би излегла и јас,би правела црвена,жолта,зелена, сива и ЦРНА револуција.За ова се организираат и протести и кампови и спиење и ден и ноќ пред законодавните органи дури не се донесе закон од кој секому би му се кренала косата при самата помисла.Затвор? Глупости,за вакви ѕверови треба смртна казна,ама не обична,онака крвничка,ѕверска никогаш повеќе никој да не помисли.Дали ова би се косело законите на цивилизацијата?
Ако,нека биде така!!! Сосема здрав и прав маж што го направил ова заслужува дивјачко однесување.Тој не е човек,не е ни животно,тој е изрод кој треба соодветно да се казни.Тој и секој друг како него.

Жално е што никој ништо не превзема,ќе помине и ова,ќе остане само мајката на Анѓелина.Трагедијата е што ќе има и друга мајка ,на некоја друга Анѓелина.Колку АНЃЕЛИНИ треба да има за да се направат промени во законските регулативи???

clock-img

13.07.2016, 14:48

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Така е мами, нема кој да протестира штом нема пари.....јас би одела уште подрастично за вакви случаи, пресуда по итна постапка за јавно стрелање на плоштад, со можност за каменување од граѓаните...

Можеби делува инквизициски, ама како тргнал светот со изопачености, мислам само така ќе им дојде паметот на сите да не прават таквио грозотии и да се размислат пред да преземат таков чекор.....

... а детето што си отиде и траумите за семејството....тоа нема враќање.....после гледање на филмот Спотлaјт многу се разочарав, вистинска приказна е за вакви работи и жалосно е што често се преќутува..после нека не се чудат ако се формираат тајни групи кои ќе ја земат правдата во свои раце и ќе ги убиваат тајно педофилите....

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 13.7.2016 14:49:39 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

14.07.2016, 15:02

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Не гледам зошто да организираме протести и револуции за вакво нешто - болни луѓе отсекогаш имало и тоа не е системски проблем, туку на поединката. За што да протестирам - да го казнат? Сигурно веќе лежи. Да нема вакви идиоти? Тоа малку потешко, за жал.

Читав за случајот, човекот е веднаш уапсен и сигурно ќе си го одлежи злосторот, ако веќе и не е осуден по скратена постапка. Е сега, друго прашање е дали затвор е доволна казна за вакви говеда.

А во однос на посебен закон - не знам на што мислите? Каков е тој закон што ќе превенира вакви случки во иднина??? Ова е страшно и ужасно, но жалниот факт е дека не е ништо ново. Отсекогаш имало вакви настани и или се приметуваат луѓето од мали па се третираат во установи или се гледаат постфестумски па тие се санкционираат со разно разни казни.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

19.07.2016, 13:18

clock-img

marchi

pencil-img

948


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

јас би одела уште подрастично за вакви случаи, пресуда по итна постапка за јавно стрелање на плоштад, со можност за каменување од граѓаните...



i jas se slozuvam,tocno deka pedofilijata e bolest ama zlostorstvoto mora da se kazni,samo so zatvori nisto ne se pravi.

clock-img

30.07.2016, 20:03

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Не гледам зошто да организираме протести и револуции за вакво нешто - болни луѓе отсекогаш имало и тоа не е системски проблем, туку на поединката. За што да протестирам - да го казнат? Сигурно веќе лежи. Да нема вакви идиоти? Тоа малку потешко, за жал.

Читав за случајот, човекот е веднаш уапсен и сигурно ќе си го одлежи злосторот, ако веќе и не е осуден по скратена постапка. Е сега, друго прашање е дали затвор е доволна казна за вакви говеда.

А во однос на посебен закон - не знам на што мислите? Каков е тој закон што ќе превенира вакви случки во иднина??? Ова е страшно и ужасно, но жалниот факт е дека не е ништо ново. Отсекогаш имало вакви настани и или се приметуваат луѓето од мали па се третираат во установи или се гледаат постфестумски па тие се санкционираат со разно разни казни.




Па на пример за да се размрдаат оние сплескани газови од седење во фотељи и да поднесат нови предлог закони за казна на психопативе . Кај нас никој не превзема ништо ,се дури не е притиснат до ѕид,посебно кога се работи за вака чувствителни теми.
Еве во последната недела имаме само два нови случаи и тоа јавно кажани.А оние непријавените од страв и срам ?
Се дури не се воведат драстични казни,па макар и да се косат со цивилизациските норми,ќе имаме се повеќе вакви случаи.Што се 4,5 или 10 години казна за педофилија ?!? Еве отворете го регистарот и ќе видите дека повеќето од нив се веќе на слобода.Едукација на деца,родители,кампањи во кои ќе има слики и снимки од еден казнет педофил(ама дебело) ,нешто од што ќе им се активира секој нерв и малце ќе размислат пред да посегнат по дете.Мене ако ме прашувате смртната казна им е малку.Јавен линч, мајката и таткото да му пресудат , може малце поблиску ќе им ја долови сликата на психопатите од овој вид.

clock-img

01.08.2016, 11:48

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Па мене не ме интересираат законите во Србија, туку нашите. А нашиве протести тука беа и за тоа, за селективната правда и за помилувањето локални затвореници и педофили, ама никој тоа не го согледа и не излезе да протестира, ама вака на нет сите се жалиме...

За нашите случаи, фала богу што Весна собра храброст и и те како дигна прашина, и човекот сигурна сум ќе добие построга казна баш затоа што таа излезе и храбро кажа што се случило. Но ние сме глупава партијархална реклаказала средина и одма се најдоа душебрижници што ја осудуваат и мислат дека за ова треба да се ќути и да се скрие под тепих... Цела недела се расправам со луѓе, што во реален живот, што на ФБ, за тоа дека треба да се збори, треба да се биде гласен и отворен, баш за да има построги казни! Но во ситуација во која истиот ден кога педофил се става во притвор, стотици други добиваат помилување, како да ви кажам...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

01.08.2016, 14:49

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Никаква казна дури ни најстрога нема да спречи педофилија за жал. Докажано и покажано зо истражувањ во земји во кои постојат такви казни (пр САД). Единствено е за случаите да се зборува јавно да не зд кријат под тепих како кај нас и единствено децата да бидат обучени правилно да реагираат. Тоа значи не контакт со непознати кога се сами, движење во група дец и ко некој проба да ги земд да врескаат или слично за да привлечат внимание. Ова е само за непознати а истражувањата исто покажуваат дека најчесто сторителот е некој што детето го знае за жал.
И аман не мешајте баби и жаби. Шарената револуција си има друга цел. Трбаше и да поттикне народ да реагира кога нешто не му е по ќејф ам некако никој за ништо не реагира. Сите чекаат ете тамј некој друг што веќе се буни да гледа на грав па да се побуни и за нивната кауза.

clock-img

01.08.2016, 15:20

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Меѓу другото, и тоа беше една од ставките кои беа проблематични, но на РР не дискутираме за политика така што нема да продолжам.

Педофилијата е за жал, човекова девијација и не може да се искорени, за тоа си во право. Но, може да се превенира, и да се намалат ризиците и опасностите колку толку. Најголемиот пресврт е токму во факторот познавање - ако порано на сите ни викаа не разговарај со непознати и сомнителни, сега нема како да го подготвиш детето, најопасните се или познати, или личат на обични, нормални луѓе. Тенка е линијата на љубезност и добрина кон другите луѓе, нешто на што сите сакаме да ги научиме децата, и ризикот од вакви настани.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

Последни статии

article-img