за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Здраво девојки Јас сум нова на форумот :) Се изначитав за овие вагинални инфекции и проблемите што ги имате од нив, меѓутоа не сретнав ништо слично со мојот проблем. Бремена сум 33+ недела и на првите испитувања на брис ми излезе позитивно на кламидија за што докторот ми препиша poliginax 2 пати неделно 8 недели. Пред три недели на контрола ми рече да ги земам пак poliginax 2 пати неделно во време од 1 месец и пак ке правиме брисеви. Овој пат имав таков проблем со ствање на апчинјава, можеби звучи глупаво но буквално прст неможам да си ставам, мислам овие три недели се раскинав од бутање на сила. Конечно решив да земам огледало и да видам со ми е вака тесно, кога вагината ми е цела како рана, црвена, модра игла нема кај да протнеш, а не апче. Избезумена сум, незнам што може да ми е . Ако имате слични искуства, ве молам споделете со мене.
и како бе мами* 8 недели,а сега 1 месец терапија... се согласувам со Меланија посети си гинеколог обавезно ама овојпат некој друг,не кај тој што одиш постојано(барем еден пат дека менување на доктор на сред бременост не ми е баш ок)... и да дека Полигинаксот баш и ќе ја излечи кламидијата незнам баш ...
19.09.2013, 16:40
mamy *
9
mommy_angels RR и melanija RR неможев да издржам и бев кај гинекологот, ме испираше со некоја виолетова течност и ми кажа да престанам да носам секојдневни влошки ( кои ги носам стално, како навика ми се), наводно тоа било некоја реакција предизвикана од нив. Како и да е треба да одам уште два пати да ми става од таа течноста, па ќе ми земе брисеви наредната недела. Искрено се надевам дека ке ја нема веќе кламидијата, ако не ќе барам друго решение,терапија или друг доктор зашто како што знам може да се пренесе на бебето при пораѓај
19.09.2013, 21:04
mommy_angels RR
1543
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamy *
mommy_angels RR и melanija RR неможев да издржам и бев кај гинекологот, ме испираше со некоја виолетова течност и ми кажа да престанам да носам секојдневни влошки ( кои ги носам стално, како навика ми се), наводно тоа било некоја реакција предизвикана од нив. Како и да е треба да одам уште два пати да ми става од таа течноста, па ќе ми земе брисеви наредната недела. Искрено се надевам дека ке ја нема веќе кламидијата, ако не ќе барам друго решение,терапија или друг доктор зашто како што знам може да се пренесе на бебето при пораѓај
И одржувај хигиена само со вода,почесто ако треба од обично но без средства,само вода,а тоа течноста најверојатно е бетадине и е за да ти ја смири иритацијата. Се надевам дека кламидија нема веќе а и да има со соодветна терапија ќе се излечи
19.09.2013, 21:22
Melanija RR
7052
mamy * не се секирај ако има инфекција која не е излечена се породува царски и се избегнува пренесување, така што е важно како ќе те породат важно бебето ќе биде ок
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
20.09.2013, 12:10
mamy *
9
Melanija RR ти благодарам, ме утеши сега, значи со царски не се пренесува на бебето. Како и да е морам да се решам од инфекцијата, само почна да ме фаќа паника дека имам уште кратко до пораѓај. Ај па се надевам и на брсевите ќе излезе се ок. Поздрав
16.10.2013, 11:09
mamy *
9
Девојки, конечно после напорното лечење ги добив резултатите од брисеви и сега веќе се е во ред , нема веќе ни калмидија ни други инфекции, зашто ме испитуваа за се можно. Сега ми останува да го чекам на раат доаѓањето на Ви благодарам за советите и поддршката
16.10.2013, 13:04
tnade
304
mamicki dajte sovet za priroden lek protiv infekcija? d-rot mi preporaca vaginaletki ama izgor se, bi probala so nesto prirodno ako ne biva ke gi zewmam nema drugo care
16.10.2013, 13:42
mommy_angels RR
1543
ИЗВОРНА ПОРАКА: tnade
mamicki dajte sovet za priroden lek protiv infekcija? d-rot mi preporaca vaginaletki ama izgor se, bi probala so nesto prirodno ako ne biva ke gi zewmam nema drugo care
каква инфекција???
16.10.2013, 14:04
tnade
304
ne ja lociravme, imam sekret i se cuvstvuvam kako podmocana, zbesnav...dva-tri dena da stavam i da vidam sto ke bide, ako ne ke zimame brisevi
16.10.2013, 15:34
mamy *
9
tnade најдобро е првин брисеви, за да се знае што точно да се лекува, а после лечењето пак брисеви за да се види дали е излечено. Ти кажувам од искуство, ако сакаш побрзо да се решиш од инфекцијата, зашто речиси цела бременост ја поминав со инфекции и тешко одеше лечењето. Сепак сама одлучи си како ќе правиш, само не дозволувај да помине многу време, а подобрување да не видиш. поздрав
16.10.2013, 18:38
Bethany
4534
тнаде, можно е и да не е никаква инфекција, ако немаш никако чешање, пецкање и сл. Јас па цела бременост се чувствував така, ко подмочана и имав зголемен секрет цела бременост, од прв до последен ден. Колку што знам тоа е и нормално во текот на бременоста. Освен малку повеќе кандида од време на време, немав ништо. Дури докторот не ни обрнуваше нешто внимание многу на кандидата, освен што ми еднаш препиша некои вагиналети, кои патем беа изгор скапи, ама потоа ми кажа да си земам некои други кои со картонче мислам коштаа околу 10 ден. А ефектот ист. значи, има и поефтини, не мораш од тие поскапите, искомерцијализовани да земаш
Е сега докторот при прегледот би требало да може да процени дали треба да си земаш брис или не, ако приметува некои промени во вагиналниот дел, ама ти можеш секогаш да се одмиваш со камилица, ставаш од ладно цедено кокосово масло, и од тоа нема да имаш никаква штета. Сепак ќе видиш како се одвива ситуацијата, па да си направиш брисеви ако се сомневаш на нешто.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
16.10.2013, 20:36
tnade
304
se izmiv so kamilia i staviv na vloska, ne se somnevam vo nisto posebno...mnogu se frliv na blago verojatno sum ja razbudila kandidata, vo sekoj slucaj vi blagodaramm na sovetite
01.11.2013, 15:42
vezilka RR
4931
Ми лоцираа кандида. Боже, никогаш во животот сум немала кандида, и сега ја имам. Ставав три дена канестен вагиналети, и мислам дека симптомите ги снема. Не чувствувам чешање и нема толку секрет. Сега планирам и неколку дена да ставам јогурт на влошка, нели и тоа помагало. За некое време повторно брисвеи. Другото од брисевите е во ред мислам. Само следново не ми е јасно. Има Серум на CMV на два пати. Кај првото пишува CMV IgM негативно, а кај второто CMV IgG позитивно. Не сум сигурна што ова значи.
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 1.11.2013 15:47:45 >
02.11.2013, 09:09
pepermint
32
CMV е цитомегаловирус, IgM е дали во моментот го имаш , а IgG значи дека некогаш си го имала, и добро е што е позитивно бидејќи телото има створено антитела и ќе може да се одбрани доколку повторно се појавува
12.11.2013, 13:35
becutance
2
Zdravo na site :) Bremena sum 18 nedela i sakam da znam dali nekoj ima upotrebuvano KSORIMAKS oblozeni tableti 250 mg za urinarna infekcija posto ginikologot rece deka ne se stetni pa dali nekoj od vas gi ima koristeno? Isto mi preporaca da pijam 1l do 2 l brusnica caj vo tekot na denot i susen plod od brusnica . Pozdrav
12.11.2013, 14:02
vezilka RR
4931
За таблетите немам искуство, ама штом докторот вели така, веројатно е така, нели Инаку чајот од брусница е многу корисен за инфекции. Не знам каква инфекција ти откриле, но од чајот нема штета навистина. Јас во првата бременост го пиев.
25.12.2013, 19:19
sonc90
267
ve molam za sovet: denes mi potvrdija deka imam prisustvo na ureaplazma...spored se sto najdov na internet (gubenje na plodot,ragjanje na mrtov plod,infeciranje na plodot...) mislam deka ke pripadnam taka da ako nekoj imal ili ima iskustvo neka mi izleze vo presret i da mi kaze od licno iskustvo sto i kako navistina se slucuva zasto jas ke poludam,tek 3 mesec sum a kaj e poroduvanje dodeka da vidam so svoi oci dali ke bide se vo red do togas...zatoa ve molam kazete mi od licno iskustvo dali e ova stvarno tolku seriozno...
25.12.2013, 20:01
Anonimen
jas bi ti preporacala da si gi povtoris brisevite vo nekoja privatna laboratorija..vo ovir drzavnive mikrobiologii na 90 posto trudnici od nikade im naogaat ureaplazma ili klamidija
25.12.2013, 20:34
Felly RR
7977
Сонц90, без паника, консултирај се со твојот гинеколог и тој најдобро ќе знае да ти каже што треба да направиш, и дали треба да ти даде некаква терапија. Ако си правела микробилошки испитувања, најверојатно гинекологот ќе види на што е осетлива бактеријата па ќе ти даде соодветна терапија и ќе се среди.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
25.12.2013, 21:22
sonc90
267
vaka prvo kazete mi nekoja privatna lab. zaso ne znam kaj da odam i ako znaete kolku otprilika kosta i vtoro veke se konsultirav so ginekologot i mislam deka pola od moite stravovi mi gi zasadi toj (deka bilo mn opasno,deka mozelo sesto da se sluci) a potoa na google razbrav sto podrazbira pod toa sesto zatoa sakav i da znam sto i kolku e opasno vo realniot zivot a ne sprema toa sto go zborat doktorive (sepak neli iskustvoto pred se)...i veke mi dade terapija so eritromicin kapsuli koja ke ja pocnam vecer...lele ke poludam vaka vo neznaenje,ne znam sto da mislam,mira ne me faka a ne smeam niso za smiruvanje da pijam,gotovi mi se nervite zatoa edno golemo VE MOLAM kazete mi koj znae se razbira dali da se nerviram ili sto da pravam? fala mn...da ne e forumov ne znam sto bi pravela
25.12.2013, 21:30
мама3
2
zdravo bremena sum 14 nedeli i 5 dena pravev brizevi i denes gi dobiv rezultatite pronajdena mi e bakterija na mikoplazmata maticniot ginekolog mi prepisa eritromicin od 250 mg odnosno 2 pati na den po dve kapsuli. Prilicno sum zagrizena zosoto na upatstvoto na kapsulite pisuva deka ne se preporacuvaat za vreme na bremenost. Pa zbuneta sum dali da gi pijam ili ne ve molam za sovet...
26.12.2013, 09:08
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
sonc90, јас ја имав уреплазмата во второ тромесечие, примив терапија, и ќерка ми е жива и здрава, фала Богу . Не се грижи, нека ти препишат терапија на тебе и сопругот, завршете со нејзе, ќе направиш контролен брис и би требало да биде негативен. Не е страшна бактерија, во секој случај, ако се лечи навремено.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
26.12.2013, 09:12
sandriana RR
2924
vaka prvo kazete mi nekoja privatna lab. z
Микролаб има една приватна лабораторија, на улица Железничка, и во Адриалаб исто прават вакви анализи. Колку чини не знам - но, зошто да не правиш на Микробиологија?
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
26.12.2013, 09:13
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: мама3
zdravo bremena sum 14 nedeli i 5 dena pravev brizevi i denes gi dobiv rezultatite pronajdena mi e bakterija na mikoplazmata maticniot ginekolog mi prepisa eritromicin od 250 mg odnosno 2 pati na den po dve kapsuli. Prilicno sum zagrizena zosoto na upatstvoto na kapsulite pisuva deka ne se preporacuvaat za vreme na bremenost. Pa zbuneta sum dali da gi pijam ili ne ve molam za sovet...
Мама3, добредојде на нашиот форум, ти посакувам лесна бременост. За терапијата како што можеш да прочиташ погоре и на сонц90, и е препишана истата, и штом ти ја дал гинеколог, јас не би се двоумела. За да се излечи бактеријата потребен е антибиотик.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
26.12.2013, 10:24
мама3
2
Felly RR ti blagodaram za sovetot pocnav so terapijata pa se nadevam deka se ke bide vo red