Здраво до сите вас!
Пред нецели 9 месеци ја добив најубавата вест што може да ја чуе и посака некоја жена. Дознав дека сум бремена, носев живот во мене. Како и сите се чувствував прескреќна, мислев дека целиот свет е мој. Радосната вест му најпрво му ја соопштив на мојот тогашен свршеник, сегашен сопруг, па потоа на сите останати. Се беше како што треба, од свадбата не делеа само 2,5 месеци, нашиот нов почеток збогатен со уште еден нов член. Редовни контроли кои секогаш беа во најдобар ред. Ништо што би наговестувало, дека нешто лошо ќе се случи. Феталниот скриниг го направивме во 10тата недела од бременоста и таму се беше во најдобар ред. Бидејќи се беше во ред јас нормално функционирав, редовно одев на работа, одмарав и уживав во благодетите на бременоста. Така беше и тоа утро кога влегов на работа и почувствував болки во стомакот...за помалку од 5 минути забележав крв, неколку капки. Веднаш тргнавме кон Клиниката за гинекологија... Кога стигнавме веднаш бевме примени кај д-р. Тофовски, но веќе беше доцна :(. На ехото немаше веќе траги од нашето бебе :(. Плодот не постоеше :( Огромно крварење настана во мигот кога посакаат да ми направат вагинално ехо...Тука ми беше крајот...повеќе не ми беше нито важно, не ги слушав ни коментарите на докторите ниту пак каде ме носат и што ќе се случува понатака. Болката беше преголема. Останав во болница 3 дена, а потоа дојдов дома, без никаква волја за живот. Тоа не беше фетус, тоа не беше зрнце од грав, тоа беше мое бебе. Иако рано беше да го почувствувам неговото мрдање, сепаг јас го чувствував, тоа беше дел од мене.
Скршена од болка морав да продолжам со финишите за венчавката и истата да се реализира. За целото тоа време имав огромна подршка од свршеникот кој беше ист како мене :(
По свадбата стигнаат и резултатите од хисто-патологија за кои се надевав дека ќе ми појаснат која била причината поради кои се случи тоа, но НЕ. И таму не го добив одговорот. Едноставно така требало да биде, тоа беше одговорот кој беше прифатлив за сите, освен за мене и сопругот.
Но, како велат се што не те убива те прави уште посилен! Така е со мене. Застанав на нозе, но не заборавив што ми се случи НИКОГАШ НЕМА НИ ДА ЗАБОРАВАМ, ги направив сите потребни анализи и сега кога знам дека се е во ред со мене, подготвена сум да пробам одново. Се надевам дека ќе успеам и дека овој пат ќе ми се оствари сонот и јас да станам мајка.