cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Спонтан абортус

  
clock-img

23.10.2013, 14:37

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Ирена јас по киретажа крварев околу 40 дена,ама мојата беше од доцна бременост,24 недела,може и тоа има врска со тоа колку дена ќе трае крварењето,незнам.

clock-img

24.10.2013, 00:30

clock-img

ZhelbaZaSrekja

pencil-img

10

Irena dushicke zhal mi e. Te svakam za krvarenjeto i normalno e, inako e grozno i strashno normalno e. I so kiretazha i bez kiretazha (imam pveke sponatani dozhiveano) jas krvarev da ne recham isto (okolu 10 dena) i isto kako i ti obilno i partali pagjaat. Toa e dushicke drzhise...Ponekogash krvarenjeto zapirashe i pak pochnivashe kako reka, i stomakot i grbot me bolea...ke pomini...krvta ke stani kafeava poleka i ke prekini krvarenjeto. te gushkam i obidise da razmisluvash pozitivno, koga bilo ednash ke bide pak...

clock-img

24.10.2013, 19:09

clock-img

Gardenia

pencil-img

682

Драги мои рр-јки другарки,ви благодарм на подршката на сите во овој тежок момент,незнам што да напишам,но морам да си олеснам тука барем,многу,многу ми е тешко.Незнам како ќе можам да се опоравам после овој втор спонтан,таман ќе подзаборавам пак ми доаѓа мисла и ќе си заплачам скришум,се чувствувам многу празно во душатаuser posted image ,знам ова ќе ми биде лузна засекогаш...
Киретажата заврши во најдобар ред вчера, претходно вечерта ме фатија болки и почнав да крварам,па голем дел сама завршив работа,ама сепак докторот ми рече дека мора да го дочистиме остатокот.Матерјалот веднаш го пратија на испитување,па во понеделник чекам резултати,да видиме што е.За др Хаџи-Лега немам зборови,одамна барав лекар со таков пристап спрема пациенти,разговаравме и ќе треба доплнително да се видиме за да видиме за тоа кои испитувања ќе треба да ги правам,ама најверојатно он се сомнева дека е нешто во врска со крвта, мислам фактори на хемостаза,изгледа е погуста крвта и нема доволно доток до плодот па затоа застанува во 6 недела.

Инаку за крварење од вчера до денес дали имам три капки,многу слабо и само ми даде реципрокс 2x1

clock-img

24.10.2013, 19:54

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Градениа мила user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image од мене само гушки,зборовите не се важни сега,а твоите шувства се нормални,нема да заборавиш и затоа не ти викам дека ќе биде така,ама ќе научиш да живееш со ова,времето не лечи туку само ќе те направи поцврста,помудра и посилна да ги издржиш овие емоции.

clock-img

24.10.2013, 20:24

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Гарденијаиспитај си хемостазаафа и дедимери токсоплазмоза брисеви направиси

clock-img

24.10.2013, 21:52

clock-img

**IRENA

pencil-img

74

E pa vaka dusicki moi vcera otkako izlze od mene taka pogolemo parce od voobicaenite parcija prethodno kako krverejneto denes da se namali!Ne deka nemam ama ne e kako prethodnite denovi se nadevam deka za den dva I ke zapre celosno!Pa ajde so Gospod napred pred kiretazata doktorot mi rece deka ke imam genetski ispituvanja ama kako so procitav niz forumot baagi ke treba izgleda da pocekam za vtor obid user posted image za celosno da se dobijat rezultati od A do Suser posted image !Ajde sto e tuka e!Sto e nase ke si dojde koga togas!


user posted image user posted image user posted image devojki

clock-img

25.10.2013, 00:04

clock-img

kuklickaa

pencil-img

117

Irena se priklucuvam  kon tvojot post...istoto go pominav i jas vo juni imav spontan 7-8  nedela da ti kazam veke pocnuvam i da zaboravam na toa ama nekako tesko mi odi...sekogas koga ke se poglednam vo nekoja bremena mi teknuva na mene i si vikam sega koj mesec ke bev...sepak po moe toa mislam e nesto sto ne mozi lesno da se zaboravi eve sega 1 mesec pocnavme povtorno da probuvame....pa se nadevam ke bidis....site treba da imame silna verba vop boga i znam deka site ke bideme SUPER MAMICKI za brzo i ke si imameuser posted image ....toa sto bilo treba da go ostavime za nas i treba da sme hrabri(iako e tesko da se isusti ova)samo nie si znaeme sto sme proziveale....ve guskam devojki i site morame da prodolzime napred...

clock-img

25.10.2013, 13:53

clock-img

БожјиДар

pencil-img

9

Драги РР-ки, минатата година ова време бев бремена - случајно но не несакано подароче од Бога. Со сопругот мислевме дека сме на месечината качени и не можевме да се соземеме од радост. user posted image Три месеци подоцна ми пукна водењакот, и после еднонеделна борба го загубивме нашето малечко. Се уште имам моменти кога ми е претешко, си липам и ми се чини дека никогаш нема до крај да ја надминам оваа тага. Ама наидов на овој форум и сакав да ја споделам мојата приказна со некој кој може да ме разбере, па може и полесно ќе ми стане.

Забременивме истиот месец кога ми се средиле вредностите на тироидата, за кое отпосле дознавме. Често му пеев една песничка на нашето малечко што ми извираше од срце. Тоа беше нешто како приспивна за успокојување преку уверувањето дека Бог го чува и пази, и дека и јас го сакам и пазам. Имав болки зашто матката ми е во ретро и додека ми се исправувала ме болеше, ама се се поминува за радоста што се очекува. Во трети месец имав исцедок со по малку црвено и кафено понекогаш, за кое редовно и кажував на мојата матична и одев на прегледи. Ме уверуваше дека не е никаков проблем и е нормално. Ни на крај памет не и текна да ми направи брисеви. Во меѓувреме на раце ми умре маченцето што со месеци се обидувавме да го оправиме, и имаше успех се додека на некој идиот му текнало од затвореното дворче позади зграда да го шутне преку висока ограда. После нешто повеќе од 2 нед со исцедокот, и на долгоочекуваниот крај на 12та недела, отидов кај друга докторка која ми препиша прогестеронски инекции. Одма ја примив првата и следниот ден наеднаш прокрварев околу 200-300мл крв. Одма на државна и после прегледот ми рекоа - се е во ред оди си дома. Следниот ден ми пукна водењакот без никакви други симптоми и пак одма државна на преглед. Мене ми тече вода, а тие ме шетаат од една врата на друга - јас да го барам докторот, наместо да ми дадат да легнам. Докторот рече дека е истечена вода од водењакот, дека сега шансите се 50/50, тие не можат ништо да направат, може да ме примат или да си одам дома сеисто, да дојдам ако имам крварење или силни болки. Мислам дека ме лажеше за шансите. Пријателката со мене ми рече да инсистирам да ме примат за да не се шетам лево-десно, и така беше. Вечерта на друг преглед друг доктор ми рече дека целата вода е истечена. Срценцето се уште му чукаше на мојот мал борец. Одма ми рекоа дека ќе ми стават провокации за да се абортира „плодот“ зашто немало шанси за да преживее. Јас требаше да потпишам согласност. Бебенцето живо во мене, а јас да иницирам да до откинам од мене и да му го прекинам животот - немаше шанса. Плус, маж ми истражуваше на интернет дека постојат ретки, навистина ретки случаи, ама ПОСТОЈАТ, во кои мајките и на толку рана бременост со пукнат водењак со лежење успеале да ги доносат бебчињата до возраст до која можат да преживеат надвор. Течноста телото можело да продолжува да ја создава, па ако се успее делумно да се задржи, можело да се истера. Им реков на сестрите и докторите дека се додека бебчето е живо јас не се откажувам. Лежев 1 недела на ургентен оддел во ГАК, и во соба со мене ставаа и слични сострадалнички, и жени кои доаѓаа за самоиницијативен абортус, некои од нив со стомак до заби(6 месеци). Водичката постојано ми се излеваше. Беше многу стресно и страшно. Без да не преупредат, ги „пораѓаа“ во соба на креветите околу мене. Јас требаше да го гледам и слушам тоа. Немаше доктор што не ми се изнасмеа дека чекам (освен една). На 2 дена ми правеа контроли дали чука срценцето. Докторката, главната на одделот, беше многу груба и не сакаше да ми даде никаква друга информација освен само да каже дека има срцева акција. По една недела, во четврток, на американскиот ден на благодарноста, ми кажа дека нема срцева акција, а јас не можев да си ги задржам солзите. Имав тага, но и чуден мир за кој сум Му благодарна на Бог. Си замина моето бебенце во Неговите прегратки. Колку само ми фали. Следниот ден ми направија киретажа и ден потоа со празно стомаче и раце си отидов дома. Физичкото закрепнување ми беше зачудувачки брзо. За душевното, ете гледате - не сум очајна, но се уште понекогаш длабоко тажна.

Во сето ова, брисеви не ми беа направени, иако „најверојатната“ причина, ми беше кажано, е бактериска инфекција. Во ГАК не правеле брисови, а јас требаше со водењак кој ми истекува да се дигнам и да одам на друго место за да направам едни обични брисеви. Од патолошките анализи немаше некој показател зошто се случи загубата, така што до ден денешен не знаеме со сигурност. Др. Надица Героска, колку и да има добар однос кон пациентите, веќе не сакам да ја видам - од причина што после толку јавувања и иницијативи за преглед од моја страна, не и текна да ми направи брисеви. А и едно друго медицинско лице ме предупреди за нејзината нестручност, ама не ми се веруваше.

Сега сме во друга држава и со мала фактичка поддршка од роднини и пријатели. Морав да се оперирам од жолчка, да чекам 6 месеци за да заздрави раната, па еве конечно за некој ден поминува и тој период на чекање. Сега сум на строг диететски режим за слабеење, па да симнам уште некое кило ќе може пак да пробуваме. Чезнеам по бебенце во моите прегратки, иако знам дека нема никогаш да го заборавам нашето прво. Сепак се плашам пак да не доживеам нешто вакво, не знам како би го издржала. Ме крепи само вербата во Бог. Иако не разбирам зошто го дозволи тоа со првото бебенце, не Му се лутам. Тој дава, Тој зема, ама верувам дека го сака нашето најдобро и дека ќе ми/ни даде детенце и дечиња со нас.

Гушки и простете за долгава порака!

_____________________________

Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ја создал светлината.

clock-img

25.10.2013, 14:10

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Божји дар, ме расплака.
Прими силни прегратки од Рингераја семејството и знај дека тука можеш да плачеш и да пишуваш километарски постови колку ти душа сака...само да си ја олесниш душата.
Ти ја посакувам сета среќа на светот и што поскоро да се впишеш во списокот на трудници и мамички.

user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

25.10.2013, 14:15

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

БожјиДар гушки и од мене кон тебе со целото срце. Ти посакувам во најскоро време да ти се оствари желбата за едно бебче. Ние, рингераја, сме со тебе и заедно ќе го чекаме тој момент.

clock-img

25.10.2013, 14:32

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Божји дар, Гарденија и сите кои сте поминале низ тој процес, ви посакувам успешно опоравување и господ што поскоро да ве израдува.

clock-img

25.10.2013, 14:44

clock-img

bebence19

pencil-img

291

posle spontan abortus , nema utesni zborovi bidete hrabri znam kako e , da pomine i nikoj pat da ne se povtori kaj nikoj poveke user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

знам дека можеме :)

clock-img

25.10.2013, 14:45

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

БожјиДар, Господ нека ти подари наскоро здраво и живо бебенце, верувам во тоа од се срце user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

25.10.2013, 14:47

clock-img

БожјиДар

pencil-img

9

Рингерајки, ви благодарам за сочувството и поддршката, не можам ни да опишам колку ми значат! Форумов е единствено место што сум го нашла на нашки (македонски) да можам да си споделувам и да се охрабрувам со други луѓе за вакви теми - а многу е потребно!
Се надевам скоро да се читаме и на други теми!
Гледам дека многу убава ќе ми биде дружбата со вас user posted image user posted image user posted image


„Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ја создал светлината“.

clock-img

25.10.2013, 20:00

clock-img

pepermint

pencil-img

32

бидете храбри женички , ве гушкам сите , читам и солзи ми доаѓаат сами. 6 месеци поминаа од моето предвремено породување, болката се намалува, но не се заборава, уште боли. во меѓувреме направив испитувања кои ми ги кажа матичната, конечно го зедов резултатот од обдукција, но ми се чини не е целосен- пишува хистолошка анализа допрва ќе се прави. и сега во меѓувреме ми се појавија некакви цисти на десен јајник-ги третирам со diane , и едвај чекам да поминат уште неколку дена да видам дали пукнале или не, и најважното дали ќе добијам зелено светло за втора бременост

clock-img

15.11.2013, 22:18

clock-img

grejsi

pencil-img

13

Zdravo....i jas sakam da spodelam so vas edno moe loso iskustvo,,,i jas isto imah spontan abortus,,,,,,koga go napravih testot za bremebost beh presrekna so maza mi bevme na sedmo nebo razmisluvame sto ke mu kupime i red drugi raboti se dodeka ne dojde toj koben den..............presrekna cela vecer ne mozam da spijam zatoa sto utre denta ke odam na eho i ke go vidam moeto malecko i misleh ke mi bide najsreken den no za zal bese najnesreken,,,,,otidovme na eho i ne mu se slusa srceva reakcija a jas veke vo 14 nedela a spored doktorot do 12 nedela plodot rastel sto znaci i imalo e srceva reakcija i sakaa vednas da me pratat na abortus za da ne dojdelo do trovenje na krvta zato sto veke dve nedeli bilo mrtvo vo mene jas ne sakav toa da go priftam i na maz mi mu rekov nosime me doma doktorot nisto ne razbira ne sakav da ptiftam od tamu otidovme na drug doktor i toj ni go rece istoto,,od tamu i na tret i povtorno istoto i morav da odam zatoa sto mi rekoa kolku sto poveke cekam mozam da si go vlosam sopstvenoto zdravje,,,,,,,,,,,,,i go napravija abortusot,,,Inace jas ne se noagam vo MAkedonija tuku vo Italija ,,,,i posle eden mesec otidov na kontrola i doktorkata mi veli deka se evo red i deka mozam povtorno da ostanam bremena deka nema potreba da se cuvam samo mi prepisa folna kiselina i povtorno posle eden mesec od kontorlata ostanah bremena zanaci ne sakah da cekam od pregolemata zelba da imam bebce ,,,,,,,pa sega imam prekrasna 5 mesecna kerkicka,,,,,,,i presrekna SUm,,,Isto taka da se nadovrazam so temata vo Makedonija obicno doktorite velat posle abortus treba da se cuvas od 6 meseci do 1 god da ne ostanes bremena,,dodeka tuka ako se e pominalo vo najdobar red mozes odma posel dva tri meseca da ostanes bremena so pienje na folna kiselina,,,,,,,,,,napomenuvam zavisi od toa kako e izvrsena operacijata.........no pred se velam nikoj pat da ne se gubi nadez i da se ima verba vi velam od iskustvoooo,,,,,

clock-img

24.11.2013, 01:51

clock-img

nensi25

pencil-img

4

Здраво..РР пријателки ..морам да ви признам дека додека ги читав вашите приказни солзите не ми престанаа да ми течатuser posted image ..и јас поминував низ најболното искуство..го загубив моето малечкоuser posted image ..кога донзав дека сум бремена бев пресрекна, бев на преглед и се беше во ред имаше срцева акција докторката ми рече се е како што треба за нормална бременост и ми закажа преглед за 5 недели но за жал јас не го дочекав моментот да си го видам повторно моето бебенце..бев во 11 недела кога малку прокрварив и веднаш отидов на доктор, но кога ме прегледаа ми го кажаа најстрашното дека плодот е мртов и мора да се вади што поскоро ..во тој момент ми се сруши светотuser posted image заминав веднаш во болница каде ми направија киретажа.. сеуште неможам да се помирам дека ми се случи најлошото...иако по природа сум голем песимист постојано си повторувам во себе дека јас морам морам да имам дете..верувам во Бог.. тој ниедна од нас нема да зборави.. но сите ние мораме да бидиме силини за да го дочекаме денот кога ке станеме горди мамички

clock-img

24.11.2013, 10:32

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

nensi25, многу ми е жал за твојата загуба... Исплачи се, ќе си олесниш, нема да заборавиш, ама со текот на време нема толку болка да чувствуваш, посебно кога Господ ќе ти подари едно здраво и живо бебенце. А ќе дојде и тоа, верувај!

Патем, добредојде на РР. Тука ќе пронајдеш многу искуства, совети, верувам дека нешто од споделеното ќе ти помогне и тебе, да знаеш да не си сама и да не поминуваш сама кроз тоа. Дружи се со нас, па наскоро да те видиме во форумот Бременост user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

24.11.2013, 18:03

clock-img

nensi25

pencil-img

4

Драга моја Bethany ти благодарм на подршката навистина ми значи во овој момент, чуствувам преголема празнина..сите оклу мене ме тешат дека се ке биде ок но никој неможе да ме разбере како се чуствувам ,ме боли душатаuser posted image ...премногу ми е пресна болката..се турдам да не мислам но постојано се навракам на кобниот ден поминат во болницаuser posted image си поставувам безброј прашања... зошто зошто Господе, каде погрешив??? но длабоко во себе верувам дека една ден ова ке остане позади нас и сите ние ке се радуваме на нашитеuser posted image секое лошо за добро е ...навистна ми олесна кога ја прочитав твојата порка уште еднаш ти благодармuser posted image

clock-img

19.12.2013, 14:44

clock-img

saki.sk

pencil-img

18

nenski25 ONA STO NE NE UBIVA NE PRAVI POSILNI jas imav spontan koga otidov da mi go kazat polot na bebusot vo 15 nedela mene mi soopstija deka moeto malecko nema srceva akcija i deka se prestanalo okolu 12 nedela a nemav ni krvarenje mi bolki nikakvi... vo drzavna se iznagledav se i sesto tamu go proziveav najgolemiot kosmar a da ne go komentiral odnesuvanjeto na personalot i tretmanot sprema nas pacientite koi sme si gi izgubile najmilite...Sramota e ova sto ke go recam NO ova e REALNO kuceto moe koga ke go odnesam na veterinar dobiva MN PODOBAR I POHUMAN tretman od toj sto jas i ostanatite zeni vo drzavna go dobivme...Mn tesko go podnesov toj period se so sedativi za smiruvanje no dobiv nekoja sila da prodolzam ponatamu i eve fala mu na Gospod sega sum 39 nedela za nekoj den 40 nedela i sekoj moment ja ocekuvam kerkicka mi da si ja izguskam... Nemoj samo da go pravis ona sto jas go pravev da se zatvoris vo sebe i da propagas digni ja glavata otidi napravi si kontroli brisevi papa i za dva tri meseci pocni si povtorno da se obiduvas da ostanes bremena .....Veruvaj se ke si dojde na svoe mesto.. Ti posakuvam brzo da se oporavis i da ne dozvolis kako mene psihicki da propadnes...pozz

clock-img

28.12.2013, 23:54

clock-img

nensi25

pencil-img

4

Saki.sk pred se ti go cestitam majcinstvoto se nadevam deka veke go imas vo pregerkata tvoeto malecko angelce:) da ste zivi zdravi, uzivajte edna pokraj druga:) Fala ti mnogu na podrskata i sovetite koi vo ovoj moment mi se najmnogu potrebni. poleka,poleka pocnuvam da se oporavuvam ama nekako mi e se potesko koga ke pomislam na seto ona sto go doziveav ..me ubivaat mislite "sto bi bilo koga bi bilo"ama moram da bidam hrabara i da veruvam deka edna den seto ova ke ostane pozadi mene. Napraviv brisovi sega gi cekam rezultati pa se nadevam deka se ke bide vo red...sakam da te prasam dali ti ja kazaa pricinata koja dovela do missed abortus i kolku vreme posle intervencijata ostana bremena..jas uste ne sum go zemala rezultatot.
Sega ni ostsanuva da pocekame nekoj period i da se nadevame deka sledniot pat ke bide uspesen i Bog ke ne blagoslovi i ke ni go dade ona za sto vredi da se zivee :) koga mozis pisi mi kako ste mnogu pozdrav do tebe i tvoeto kerkice.

clock-img

29.12.2013, 00:09

clock-img

kapina

pencil-img

4327

ah nensi dusicke jas mozam da zamislam kako ti e boli mnogu boli dusickata jas mesto vo mart da se poragam jas ke treba togas dokumentite za invitro pak da gi spremam site okolu mene imat deca samo jas ne i ovaa godina nisto novo a toa sega invitro bog samo znae dali ke bide uspesno pak i bremenosta ke zavrse kako sto treba a najgolema steta ke bide toa sto ako uspeam pak da ostanam bremena ke nemozam da se raduvam na bremenosta non stop ke bidam pod stres da ne mi se povtore istoto

clock-img

03.01.2014, 00:28

clock-img

nensi25

pencil-img

4

Kapina duso ne gobi nadez..veruvam deka ke bide se vo najdobr red..potpolno te razbiram kako se custvuvas i kolku ti e tesko ama morame da bidime silni i jas sum kako tebe me obzemaat misli sto ako povtrono mi se sluci,, dali ke mozam da ja podnesam povtorno istata bolka a ne treba taka da razmisluvame ama nekogas toa e poslino od nas prosto nemozes da go zapres..najdobro e da go zaboravime i da mislime deka nikogas i ne se slucilo i da si pocnime se odnovo :) ajde nova godina nova sreka pozdravce i srekni praznici se najdobro ti posakuvam.

clock-img

06.02.2014, 22:15

clock-img

katufce

pencil-img

19

Imav mn loso iskustvo pred edna godina. Go izgubiv bebeto 8 mesecuser posted image . Pricini za to se antitelata vo krvta koi gi ispitav na trasfuziologija skopje i plus unfekcija mn mi e teskouser posted image . Sakam da zabremenam ama nikako da se opustam baram sovet
poz

clock-img

06.02.2014, 22:19

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: katufce

Imav mn loso iskustvo pred edna godina. Go izgubiv bebeto 8 mesecuser posted image . Pricini za to se antitelata vo krvta koi gi ispitav na trasfuziologija skopje i plus unfekcija mn mi e teskouser posted image . Sakam da zabremenam ama nikako da se opustam baram sovet
poz



катуфче, инфекцијата треба да се излечи и да се прима терапија околу 3 месеци за антителата пред повторно да се забремени. Не очајувак, само консултирај се со доктор за терапија. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

Последни статии

article-img