за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
на околу 3 месеци користевме babyvital ни ги пепорачаа во советувалиште една доза околу месец и пол ги пиеше малото , и матицниот се побуни дека стварале вештачки имунитет и ги прекинавме , сега со настинката зедов витамин Ц течност исто од babyvital фирма тие ги даваат изгледа во зегин околу 160 денари и ке ги пиеме зимава додека има во шишенцето мислам дека ке има за два месеци после ке видиме ако има вистина подобрување во имунитет ке продолжам да ги давам, а да и пиеме вигантол ама бев по задоволна од пливит Д3 овие две капки пола ми остануваат на лајчето а ми е страв да капнам 3 капки.
24.10.2015, 17:11
lukajana RR
1481
Летово не давав ништо ,сега почнавме со д3 капки и сируп и дражеи Марсовец . Кога се болни давам и витамин ц . Обично ги менувам витаминските сирупи сезонски , така Л до сега пиел Пиковит и Мултисаностол и сум му давала Ацерола
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
26.10.2015, 10:58
sandriana RR
2924
На малото, освен Вигантол капки, витамини прима само преку свежа храна, а големото периодов е со дополнителен вит. Ц 2 * 100 мг, и Пиковит сируп.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
27.10.2015, 18:39
marchi
948
Ние минатата зима користевме мултивитамол, имавме година ипол, сега ништо не користиме се надевам дека нема да имаме потреба но како превентива пак би го зела истио зашто содржеше железо и витамин Д3