cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Дали вреди да се напушти нашава земја?

  
clock-img

18.12.2009, 16:27

clock-img

nodi

pencil-img

21

i jas bi ja napustila zemjata da nema so sto da ziveam ovde.I voopsto ne gi okrivuvam tie sto zaminuvaat zasto ovaa nasa drzava ne nude nikakvi moznosti ne samo za mladite tuku za nikogo

clock-img

18.12.2009, 23:47

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

Ојди си, појди си, дома дојди си!
Од лично искуство, сметам дека не вреди. Ако си вреден и упорен и во Македонија можеш да си направиш Австралија. Плус дома си...


Се согласувам со анушка и со мотхер 29.Во странство едно ќе најдеш но друго ќе ти фали.Во секој случај секогаш ќе ни фали нешто но барем дома ќе си бидеш.


каде ви е патриотизмот? Дозволете да го цитирам Абрахам Линколн: „НЕ ПРАШУВАЈ СЕ ШТО МОШЕ ДРЖАВАТА ДА НАПРАВИ ЗА ТЕБЕ, ТУКУ ШТО МОЖЕШ ТИ ДА НАПРАВИШ ЗА ДРЖАВАТА!“ 

clock-img

02.01.2010, 11:23

clock-img

niki

pencil-img

4299

Вчера баш со мм на темава дискутиравме, но во обратна насока. Ние сме надвор, но не сме печалбари. Впрочем ко што рече некој печалбарството  веќе одамна не постои, ако си во странство таму живееш.

Мм е 12 години тука, јас четврта. Она што ни недостига е семејството, собиранките за празници, слави, родендени, свадби. Не уништува што детето ни расте тука и незнае што значи брат и сестра, братучед, тетка, чичко. И често од тие причини ја потегнуваме темата да се вратиме назад. Но, каде да се вратиме?
Таму каде што за да најдеме работа ќе чекаме месеци или години и ќе работиме за смешни пари, без социјално и пензиско осигурување којзнае колку долго.
А дека тука се работи 24/7 не е вистина, строго се знае кое е работно време и трае 8 часа. Да работат и не две работни места, но го прават тоа за екстра пари, а не за егзистенција, зошто човечкото око е алчно и секогаш сака и се бори за повеќе. Ние шест месеци во годината живееме со една плата и во ниеден момент не сме се почувствувале лишени од нешто, затегнати со пари, со прашалници како ќе го истуркаме месецот и од што да скратиме за да преживееме. Немаме заштеда, но имаме далеку повеќе отколку што би имале дома. Да кириите се скапи, бебиситерките исто така, трошоците за вода, струја, телефон, како и храната и облеката, но се можеме да си  дозволиме. Се што имаме сме купиле од плата, не користиме поклони од свадба, детето не го облекуваме во поклоните од роденден, не чекаме од никого ништо да ни даде, ни сметки да ни плаќа, ни куќа да ни отстапи, ништо, ништо, ама баш ништо и притоа никогаш не касниме со плаќање. А ако некој во македонија има да живее така сам во стан што сам го купил или изнајмил, кој од родителите нема ама баш никаква помош, притоа не е факултетски образован и може да се пофали дека живее лагодно, нека ми се јави и нека ме просветли  како во тоа успева.
А Линколн може да продава идеализам зошто никогаш во животот не се прашувал како ќе го истурка месецот. Инаку како одговор на неговиот патриотизам имам една српска изрека: „За идеале гину будале.“
И на крај дали вреди да се напушти земјата или да се остане во неа е прашање на личен избор и видување, не сме сите исти со исти приоритети. Но од економски аспект далеку подобро се живее надвор без оглед на тоа што сите кукаат и се жалат.
И јас со моето семејство можеби еден ден ќе се вратам назад, но тоа нема да биде чекор напред туку ќе значи одрекување од многу поволности што овде ги имам за сметка на тоа да бидам близу семејството.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

02.01.2010, 11:32

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

user posted image user posted image user posted image Ники, секоја чест за напишаното, секој збор ти е на место ... И јас сум многу носталгична и малку време да сум надвор од Мкд, нашата убава земја (иако сиромашна) ме фаќа некоја "криза" и одвај чекам да се вратам дома ... Но, од друга страна, кога ќе немаш егзистенција, а можност да отпатуваш во странство, макар и во најблиското соседство и да си овозможиш подобар живот...зошто не би отишол??? Вистина треба и љубов, услов број 1 за живот во брак, заедница, својата родна земја ... но кога немаш минимален услов за достоинствен живот што дека ќе имаш безгранична љубов од секого? Тежок е животот и мораме да се бориме како што најдобро знаеме и умееме.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

02.01.2010, 11:32

clock-img

delfinka

pencil-img

416

Jas ako moze da se kaze si ja napustiv milata mi Mk,no ne za sekogas
Soprugot mi e roden i zivee vo germanija pa poradi ljubovta kon nego se pridruziv i jas,no zatoa na sekoi 2-3meseci se vrakam vo Mk
Ubavo e i tuka,no sepak site moi vistinski prijateli se vo Mk!
Ubavo e da se iskoristi sansata za podobar zivot bilo kade,no mislam deka ako covek znae da zivee sekade moze da mu bide ubavo!

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

clock-img

02.01.2010, 11:38

clock-img

tereza

pencil-img

784

ИЗВОРНА ПОРАКА: delfinka

Ubavo e da se iskoristi sansata za podobar zivot bilo kade,no mislam deka ako covek znae da zivee sekade moze da mu bide ubavo!



потпис

clock-img

07.01.2010, 10:58

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

може да  била поинаква ситуацијата и јас би била ЗА ,но вака нема и не гледам причина зашто би!јас имам одлични примања,исто и мм ми,имаме друг приватен бизнис ,моите и неговите се одлично ситуирани....за се што сакаме имаме и можеме да си дозволиме(за еден поубав живот,нормално,без многу луксозирањаuser posted image )и сметки можеме да си плакаме,е сега неговите во животот успеале да му направат живеалиште,така да не лупаме пари за кирија и не се маткаме по туги домови...тие пари што некаде би ги давале за кирија,ние ги штедиме за нашите поколенија....за мене нема поубаво и потопло од дома,посебно се осека колку  е убаво да си на куп со фамилијата во вакви моменти,за празници....

може државата ни е зананикаде,но јас сум срекна и задоволна со мојата фамилија во мојот роден град!

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 7.1.2010 11:02:34 >

clock-img

07.01.2010, 11:01

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
печалбарството  веќе одамна не постои, ако си во странство таму живееш.



ооооооооо и те како постои....јас знам многу луге, кои ете и ден денешен одат на 3-4 месеци во лето на работа  во Грција,по лојза во Италија..печалат нешто пари за преку зима да имаат, после на пролет пак одат!

clock-img

07.01.2010, 18:29

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Македонија средно посакувана земја за живеење



Македонија се наоѓа на 76 место во табелата на најдобри места за живеење, покажува истражувањето за 2009. година на Quality of Life Index.

Македонија е зад сите земји од регионот, со исклучок на Босна и Херцеговина(БиХ), која се наоѓа на 84 место.

Збирниот резултат на Македонија изнесува 60 поени, исто како Турција, Албанија, Боливија, Француска Полинезија, Парагвај и Белизе, покажува истражувањето изготвено од списанието „International living“.

Во оценката Македонија има најмногу бодови за климата, додека економијата има слаба оценка, слична на оние на Бугарија, Романија, Гренада, Јужна Африка, Боцвана, Порто Рико, Хондурас, Самоа, Монголија, Перу, Либан, Малдиви, Киргистан...

Послаби оценки Македонија има и за инфраструктурата и здравството, додека 67 и 68 бодови има добиено за околината и слободата.

Франција четврта година по ред е најпосакуваното место за живеење, со максимален број поени по сите категории. По Франција следи Австралија, Швајцарија, Германија, Нов Зеланд, Луксембург, САД, Белгија, Канада и Италија.

На последните места се наоѓаат Авганистан, Чад, Судан, Јемен и Сомалија.


_____________________________

Love is in the air

clock-img

07.01.2010, 18:33

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

I love MK

ги воспитувам своите деца да бидат ПАТРИОТИ, достојни граѓани на својата држава. Да умрат за Македонија ако треба. Само таа ни е.
И, им благодарам на сите гурбетчии, гастрабајтери и бегалци... заради нив татковината е посилна.

clock-img

07.01.2010, 23:36

clock-img

loulou

pencil-img

28

 da imaat prilika golem broj "patrioti"bi zaminale be razmisluvanje, a jas na moive deca prva bi im gi spakuvala kuferite.

clock-img

07.01.2010, 23:38

clock-img

biljanaM

pencil-img

662

многу сакам да заминам од земјава...сакам да ја видам  Англија или да заминам за САД...за враќање не би размислувала...

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

clock-img

08.01.2010, 00:12

clock-img

Матеа

pencil-img

180

Вреди и тоа како! Да не можеш да добиеш работа, ако ја добиеш работата нема да знаеш кога ќе ти платат, ,ако ти платат нема да биде цела плата... Одиш на шалтер, те праќаат на друг, оттаму на трет, ниеден од тие службеници не си ја знае обврската на работното место и вика не сум јас за тоа, оди на друго место, и на другото место исто. Завршил Земјоделски, работи в банка, итн. За политичарите нема што да се каже, сите се исти, без разлика на партија, религија или боја на кожа, само да приграбат нешто. Министер на времето значело слуга на народот, а сега цел народ слугува на министрите. А за народот, не знам што да кажам. Има филозофија: остај, остај трај не зборувај, да не настрадаш, или ниска глава сабја не ја сечи. Тоа е патриотизам? Не за чудо турците биле 5 века тука. Да беше некој посвесен народ, со вистински патриоти, досега немаше да има ни еден од овие политичари. Ако немаш врски, нема шанси да си го уновчиш образованието.
А за односот на родителите кон децата, да не зборуваме. Прават вистински галеничиња, мрзи и неспособни личности, кои не знаат да се грижат за себе (Остај, сине, ќерко мама и тато тоа...) А бре, наполни 18, ајде оди снајди се, да видиш што е живот!!!
Не сакам детето да ми расти во средина каде главна преокупација е пиење едно кафе 3 саати, играње спортска и кукање како нема работа и како никој да ги викне да работат! Е па нема да ве викне никој, ако не си побарате! Социјализмот умре пред 20 години, ама голем дел никако да се свести за тоа, и владата е постојано крива.
Добро го цитира некој претходно ептен длабокиот мислител и големи физлозоф на денешното време од Србија (за некои братска, за некои непријателска) Бора Чорба :) За идеале гину будале...
А инаку онај првиот цитат е од ЏФ Кенеди, а не од Линколн. Она што јас имам да и го дадам на мојата земја, ќе и го дадам кога таа (народот) ќе заслужи.
Уууф, ама се расприкажав. Многу ми е боцкава темава.

< Поракaта ја уредил Матеа -- 8.1.2010 0:14:29 >

clock-img

08.01.2010, 00:26

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image Матеа да си жива и здрава, ме насмеа. Постот ти е чиста вистина, вреди да се напушти, бидејќи животот никогаш не знаеш што носи, па како си ја напуштил, така може еден ден и ќе се вратиш. Ништо не е 100% сигурно, така да вреди.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

08.01.2010, 00:41

clock-img

Боцко

pencil-img

806

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
А ако некој во македонија има да живее така сам во стан што сам го купил или изнајмил, кој од родителите нема ама баш никаква помош, притоа не е факултетски образован и може да се пофали дека живее лагодно, нека ми се јави и нека ме просветли  како во тоа успева.



чувствителен сум на темава бидејќи имав многу пропуштени шанси да заминам од мк, но не се јавував. се досега. повеќе пати сум кажал дека многу нешта (всушност се) зависи од нас самите и тоа влијае на животниот избор кој го правиме. се додека животот ми беше на stand-by и не знаев дали одам или не (а немав обврски ниту дете) имав чувство дека тапкам во место и ништо не се случува. кога пропадна последната шанса поради моите родители (магистерски студии) осстанав тука и цврст решив заминувањето да го оставам зад себе и животот да го градам тука.
не е лесно. морав да променам некои работи кај себе. ја наследив семејната фирма која беше во лоша состојба. по 4 години напорна работа, задоволен сум и одиме полека напред. за една година дојде стан, кола и дете.
да, имав помош. и да, јас и сопругата сме факултетски образовани. 12 години живеев во стан на роднина во странство кој не се враќа. не плаќав кирија. и да, татко ми ми помогна за учество за стан со позајмица која ќе ја вратам кога ќе почне да се гради семејната куќа. станот е на кредит, редовно го плаќам и среќен сум. си ја гледам својата работа и фокусиран сум на целта. не си губам време со политика и не се определувам. почитувам се и секого, но ништо не може да ме изненади.
живееме со две плати кои се малку над македонскиот просек. редовно плаќаме сметки. не барам од никого. секоја година одиме на одмор. не се одрекуваме премногу, сакаме убави јадења, вина, прошетки вон скопје. по некој шопинг викенд. за вистинска лагодност и опуштенот недостигаат парите кои одат за рата за стан, но длабоко вреувам дека оваа година и тоа ќе се среди.
за крај - таму каде што ти е убаво, таму е твојот дом. сосем неважно каде е тоа. и уште нешто, образованието не треба да биде пречка за остварување на соништата. некои од најславните брендови се изум на мајки кои ништо не работеле освен чување деца (crocs, robeez, jibbitz). во мк има многу слични примери: дадар, леонтич, к-15...

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

09.01.2010, 00:05

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

Браво user posted image Боцко, се сложувам со тебе во целост.
СЕПАК, МЕ УНИШТУВА КОГА НА НАПИШАНОТО ПОГОРЕ, ОД ОСТАНАТИТЕ РР, ЗАБЕЛЕЖУВАМ ТОЛКАВА ПРАЗНОТИЈА НА ДУХОТ.
ЗОШТО ТАКВИ ПАМЕТНИ И МЛАДИ, А СИ ДОЗВОЛУВААТ ЦИТАТ ОД ПЕСНА НА НОТОРЕН АЛКОХОЛИЧАР ДА ИМ БИДЕ ОПРАВДУВАЊЕ ЗА АПАТИЈАТА?
ЗАРЕМ МИСЛИТЕ ДЕКА ЈАС СУМ БУДАЛА ШТО ГИ ВОСПИТУВАМ ДЕЦАТА ВО ДУХОТ НА ПАТРИОТИЗМОТ, КОГА ВО ИСТАТА ТАА АМЕРИКА КАДЕ КОПНЕЕТЕ ДА ОДИТЕ АКО АМЕРИКАНСКОТО ЗНАМЕ ДОЗВОЛИТЕ САМО ДА ГО ДОПРЕ ПОДОТ, ЌЕ БИДЕТЕ ОДНЕСЕНИ ВО ЗАТВОР?
ИЛИ, ЗАРЕМ ТОЛКУ НЕ СТЕ МРДНАЛЕ НАДВОР ОД ЗЕМЈАВА ЗА ДА ВИДИТЕ ДЕКА РЕДИЦИ НА ШАЛТЕРИ ИМА СЕКАДЕ НИЗ ЕВРОПА, ДЕКА И ТАМУ АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е АПСУРДНА, НО ТАМУ ГРАЃАНИНОТ Е ПОСЛУШЕН И ЈА ПОЧИТУВА СВОЈАТА ДРЖАВА.
НЕ Е СЕ` MTV...
НЕ ЈА МЕШАЈТЕ ВЛАСТА СО ЗЕМЈАТА. ИМАМЕ ВЛАСТ КАКВА ЗАСЛУЖУВАМЕ. ДА, ВО ПРАВО СТЕ ДЕКА СЕ ВРАБОТУВВАТ САМО СО ВРСКИ ИЛИ ПАРТИСКИ КНИШКИ. НО, ДАЛИ ВИЕ ЌЕ БИДЕТЕ ДОБЛЕСНИ И ЌЕ ЈА ОДБИЕТЕ ИСТАТА ВРСКА, АКО ЗА ТОА ВИ СЕ ПРУЖИ МОЖНОСТ?
П.С.: МИСЛАТА Е ИЗВОРНО НА ЛИНКОЛН, НО КЕНЕДИ САМО МУДРО ЈА КОРИСТЕШЕ ВО ОДРЕДЕНИ ПРИЛИКИ. ВО ПРИЛИКИ КОГА МУ ТРЕБАШЕ СО МАСИВЕН МАРКЕТИНГ ДА ИМ ГО ПЕРЕ МОЗОКОТ НА СВОИТЕ СОГРАЃАНИ.
ВО ДЕМОКРАТСКА, СЛОБОДНА И ПРАВИЧНА АМЕРИКА.
П.С.С.: ИЗВАДЕТЕ СИ НОВИ ПАСОШИ И БУЈРУМ...

clock-img

09.01.2010, 00:09

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Ах Анушке, немој да се нервираш, и друг пат без големи букви, немој да се караш, не ти личи. Барем јас не можам да те замислам лутаuser posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

09.01.2010, 00:11

clock-img

dinopp

pencil-img

1

a we napustajte ja :( naprajte pari...ama sepak vratete se eden den :)

clock-img

09.01.2010, 00:20

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

леле, Ецо, sorry....
Во право си, се занесов, ама мака ми е за Македонијава наша малецка
нема веќе...user posted image

clock-img

09.01.2010, 00:22

clock-img

nadica

pencil-img

4381

Да не можеш да добиеш работа, ако ја добиеш работата нема да знаеш кога ќе ти платат, ,ако ти платат нема да биде цела плата... Одиш на шалтер, те праќаат на друг, оттаму на трет, ниеден од тие службеници не си ја знае обврската на работното место и вика не сум јас за тоа, оди на друго место, и на другото место исто. Завршил Земјоделски, работи в банка, итн. За политичарите нема што да се каже, сите се исти, без разлика на партија, религија или боја на кожа, само да приграбат нешто. Министер на времето значело слуга на народот, а сега цел народ слугува на министрите. А за народот, не знам што да кажам. Има филозофија: остај, остај трај не зборувај, да не настрадаш, или ниска глава сабја не ја сечи. Тоа е патриотизам? Не за чудо турците биле 5 века тука. Да беше некој посвесен народ, со вистински патриоти, досега немаше да има ни еден од овие политичари. Ако немаш врски, нема шанси да си го уновчиш образованието. А за односот на родителите кон децата, да не зборуваме. Прават вистински галеничиња, мрзи и неспособни личности, кои не знаат да се грижат за себе (Остај, сине, ќерко мама и тато тоа...) А бре, наполни 18, ајде оди снајди се, да видиш што е живот!!! Не сакам детето да ми расти во средина каде главна преокупација е пиење едно кафе 3 саати, играње спортска и кукање како нема работа и како никој да ги викне да работат! Е па нема да ве викне никој, ако не си побарате! Социјализмот умре пред 20 години, ама голем дел никако да се свести за тоа, и владата е постојано крива.




се согласувам со целиот пост освен тоа дека вреди да се замине
јас сум една од тие кои веруваат во подобра иднина подобро утре и мислам дека со самото тоа што сум тука ќе придонесам за подобра иднина а со моите дејствија како единка за подобро утре на моите деца

да јас сеуште немам комоција од сопствен стан, автомобил, одмори, и викенди но со труд работа и посветеност ќе биде и тоа

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

09.01.2010, 14:05

clock-img

Матеа

pencil-img

180

Анушка немав намера да те налутам и те молам немој да се нервираш. Тоа е само мој став и не мора да значи дека сум во право. Инаку да ти кажам дека јас веќе долги години сум надвор од државата наша, едноставно таква ми е професијата а и на мојот сопруг. Прво бевме Германија па Англија па Чешка и сега сме пак на друго место, меѓутоа тоа се бара од нас таква професија сме избрале. Она што сакав да го кажам е дека многу е жално кога ќе видиш како некои народи се престроиле и си ја средиле убаво државата си ја пазат, си ја градат, се залагаат, вложуваат во татковината а кај нас ако некој вреди повеќе и ако сака нешто да придонеси за татковината тогаш не е добредојден. Јас и сопругот на секој можен начин ја промовираме државата ама треба многу повеќе сами како поединци не можеме ниту ние ниту кој да е друг.Не за џабе се рекло во дружбата е силата треба единство и многу љубов.
Татковината е една и најмногу се љуби ама и најмногу боли кога ќе прошеташ во други земји, кога ќе споредиш, за да на крај заклучиш дека на Македонија и треба многу повеќе од гол патриотизам.

clock-img

09.01.2010, 14:38

clock-img

tereza

pencil-img

784

ИЗВОРНА ПОРАКА: Матеа

Татковината е една и најмногу се љуби ама и најмногу боли кога ќе прошеташ во други земји, кога ќе споредиш, за да на крај заклучиш дека на Македонија и треба многу повеќе од гол патриотизам.



ех луѓе мои,многу ми е мака кога гледам дека за млади луѓе како нас(јас и мои врсници кои сме факултетски образовани некои се и магистри) во оваа држава наидуваме на се само не на работно место за кое сме студирале 4-5години.Речиси 90%од оние што јас ги знам и аплицирале за работно место по својата струка биле одбиени или им било побарано партиска книшкаuser posted image и сите завршивме како продавачки во маркет или такси возачи и куп други работи кои ти носат приход месечно од 100евра кои за самиот себе едвај ти стигнуваат.И што да правиме понатаму муабет. немаме сите фамилијарен бизнис кој би го продолжиле или некој од фамилијата кој би не вработил...значи оставени сме сами на себе.Студенти кои завршиле факултет со просек околу 9 или над 9 сега работат како магационери мислам навистина голема штета е такви кадри да пропагаат,и потоа не вредело да се напушти земјава,според мене вреди ако таму имаш достојна работа и нормална плата за нормален живот.  

clock-img

09.01.2010, 15:00

clock-img

penelopa

pencil-img

3419

ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza


ех луѓе мои,многу ми е мака кога гледам дека за млади луѓе како нас(јас и мои врсници кои сме факултетски образовани некои се и магистри) во оваа држава наидуваме на се само не на работно место за кое сме студирале 4-5години.Речиси 90%од оние што јас ги знам и аплицирале за работно место по својата струка биле одбиени или им било побарано партиска книшкаuser posted image и сите завршивме како продавачки во маркет или такси возачи и куп други работи кои ти носат приход месечно од 100евра кои за самиот себе едвај ти стигнуваат.И што да правиме понатаму муабет. немаме сите фамилијарен бизнис кој би го продолжиле или некој од фамилијата кој би не вработил...значи оставени сме сами на себе.Студенти кои завршиле факултет со просек околу 9 или над 9 сега работат како магационери мислам навистина голема штета е такви кадри да пропагаат,и потоа не вредело да се напушти земјава,според мене вреди ако таму имаш достојна работа и нормална плата за нормален живот.  



Се сложува потполно со Тереза...јас додека живеев во Мк барав работа скоро една година...просек на факс имав 9,2....катастрофа...по струка немаше шанси освен ако немаш некој пријател...мислам дека моја напаметна одлука до сега е напуштање на државата...воопшто не жалам.


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

clock-img

09.01.2010, 15:20

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

Ма Матеа, не се лутам... само ми е жал, бескрајно жал! Сите вие сте во право!!! Ама и јас...
Само несакам да си дозволите таа апатија да не` победи. Не сакам да мислиме дека таму надвор е подобро и да бегаме. Сметам дека треба да бидеме достојни на себе си, на својата нација и земја и да се бориме. Да и` дадеме шанса на Македонија. Да не ја напуштаме, сметајќи дека не не` заслужува.
Ако некој треба да си оди, тоа сум јас:
- татко ми од една власт, иако магистар, споспобен работник, беше анатемисан, оти не се сложуваше со тие идеали... другите правеа палати и кариери со вечерни училишта, без ден работа...
- друга една власт ми го уништи животот, не прашувајте како... Се разведував, а на поранешниот сопруг му дозволи да се изживува врз мене и моите деца
- трета една власт ми „помогна“ да останам без работа...
- од оваа уште од октомври чекам пари за породилно, а родив трето дете...
ама, едно големо ама - сметам дека во сите нас се крие и Цар и Самуил, и А.Македонсаки и Војвода Аџиларски, и Пулески... само многу од нас не се свесни и мислат дека домот име е во туѓинаподобро е да бегаш отколку да се соочиш со тешкотиите. Ако не за себе, барем за своите поколенија.

clock-img

09.01.2010, 19:32

clock-img

Боцко

pencil-img

806

user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

Последни статии

article-img