cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Доење на саат или по барање на бебето

  
clock-img

18.07.2015, 22:07

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

гина, за будење, немој со кубење туку со компресии, отвори на јутуб breast compression така најефикасно се буди бебе.

Исто, најнормално е да сака бебе да спие на цице кај тебе, да си мези, ужива, тоа не е свесно уште дека е засебно суштество, туку мисли дека уште е дел од тебе и му треба твојата топлина, мирисот твој, млекце и отчукувањето на срцето. Не му ускратувај, туку уживај во тие моменти.

Против потење јас користев Кристал рол он од зегин без мирис алуминиум итн, не е многу ефикасен ама ке врши работа. Или сода бикарбона со вода или кококсово масло. На бебето и да смрдиш на пот ке му ммирисаш најубаво, ти си му мајка. И навикни се на константно потење и обливање на жештина, тоа е од доењето.

Ако имаш ФБ побарај СОБА ЗА ДОЕЊЕ, има многу корисно совети, камо јас да ги знаев на почетокот.

Исто, сега е ушт премало, за неко јден ке почне да се буди и сам, супер родилна тежина има, ке си напредува, не се секирај, важно е да е среќно бебето. сто не мора секогаш долго да цица, некогаш е само жедно, некогаш сака десерт после главно цицање, па сака за 10 минути пак. Најважно е кога сака колку сака да му даваш.

Извинете за рефератите.

clock-img

18.07.2015, 23:08

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

ИЗВОРНА ПОРАКА: gina
na kolku vreme gi doite mene patronaznite mi rekoa da go budam na 2 sati ama ne se budi taka da mu davam koga sam ce se razbudi na 4 -5 sa4ti
pocnaaa pak odmor nemaa



ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla
За будење, Л го будевме на 3 часа ако затераше до 3 месеци бидејки е роден предвреме. Мислам и 4 часа не е страшно ако е 1 во денот ама мислам за новородени е 3 часа.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Да, пази на температурата, може ако му е топло и од тоа да плаче повеќе. Инаку за доењето, имаме и посебна тема, но накратко - за новородени оптимално е да цицаат на 2 часа, како што ти кажале. Ако спие, обавезно буди го, сепак е многу мал. Колкава тежина има? Колку толку, нека цицне, ионака желудничето му е мало, ама битно е да има стално млекце. До 4 часа може да го оставаш тек кога ќе биде поголем, после месец дена, сега не. И моите не се будеа, па ги будев точмно на 2 часа за да јадат, тоа е. А ако бара и почесто, давај му - во тој случај, не гледај на саат.



ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

ce probuvam na brzina da go dojam inaku koga i da bara stalno go stavam na grada a lazackata taka silno ja cuva kako so cucla da bil vo mese
no zagrizena sum dali treba da se odmolzuvam jas ja menuvam gradata pri sekoj podoj sega ne ako e na 10 min.ako e na sati
e sega mi se pomeki ama mleko ima sveh\krvami mi vika samo da ne se laze kako meki gradite da ti se da ne ne mu e dovolno ama koga se se stegnam istekuva e nekogas si tece i po mene
se rodi 3400 ne ispustija so 3140 pa za 4 dena krenavme na 3280 so moe i tri sisenca hipp pa za nekoj den pedijatarot treba da dojde da go meri



ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

гина, градите треба да се меки, не дозволувај да се стврднуваат. Филозофијата е дека во градите има сензор така кажано, колку почесто о подобро се празнат тоолку повеќе ке се полнат. НЕМОЈ никој да дозволуваш да ти се меша во цицањето, ама баш никој, тоа си е посебен момент меѓу тебе и твојот син и во никој случај немој да слушаш приказни од типот дали млекото е доволно јако, дали имаш доволно итн.... До 6 недели се регулира лактација до тогаш бебето само ке си ги нагоди градите колку да се полнат на колку време. За некој ден само ке си се буди повеќе, а ако заспива на града додека цица, пробај со компресии има видеа на јутуб. Мене ме советуваа да го голицкам, кубам, штипкам, ама тоа е безвезе, само ако му протече млекце ке мора да голтне и да биде свесен да цица.
И мајка тешко е, јас го доев навечер во дневна, намерно со пуштен тв, за да не задремувам. Или и мт нека учествува, ти дој, па потоа тој нека го држи обавезно да ждригне. и УЖИВАЈ, брзо мине времето.




ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR
Да не офтопикувам, Гина, ти најдобро си знаеш што му треба на бебето, тоа е и хормонално, и интуитивно - па до вчера бевте едно тело! Се слагам со lolla, ич не дозволувај некој друг да ти кажува за доење, си знаеш сама, или ако не, наскоро само ќе ти се каже. Синко ти има супер тежина, супер напредува, така што тоа значи дека добро правиш. Со таква тежина, мислам дека не мора да форсираш на 2 часа доење, но слушај го педијатарот, не нас. Не додавај АД ако добро напредува, и набрзо доењето ќе ти стане големо задоволство. Ќе почне да те гушка, да те гали, да те гледа... Ќе си знаеш и колку цицал, колку испразнил, и дали е најаден.

Инаку, праша за измолзувањето, не ти пишав - доколку сакаш да зголемиш количина, добро е да се измолзуваш после секое цицање додека не ја испразниш секоја града. Тоа само ќе стимулира нова количина млеко. Измолзеното чувај го за ситуации во кои можеби нема да сака или може да цица, па да му го дадеш со шишенце, чисто како резерва. И исто така, измолзувај секогаш кога ја осеќаш тврда и преполна градата, дури и ако е измеѓу цицања или ако синко спие и не му е време за јадење. Градата менувај ја како што ти одговара и како што осеќаш - која ја чувствуваш пополна, понуди ја, ако се најаде од неа, следниот подој другата, или ако не, на пола доење смени го на другата, па на следен подој обратно. Имаш какви сакаш комбинации, најди некоја што вас двајца ќе ви одговара.





< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 18.7.2015 23:16:23 >


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

19.07.2015, 17:11

clock-img

gina

pencil-img

1152

rr jas deneska sum mnogu zagrizena izleda samo se zalam od sinoka pocnav da go budam bebusko no nikako ne sakase so gadickanje so tresenje so masaza ne odvaj zina malku i cicna, prenesen vo spienje posle pak go zedov na tri sati isto odvaj cicna pak go zdov vo 12:30 sinoka pak ne sakase da se probudi jas se nerviram posle eden sat samo si stana i duri deneska vo 2 satot na pladene zaspa go stavav na grada ama mrzlivo cicase pocicaj pospi pa pak taka go drzev eden sat nagrada i pak ce pocne da place da bara koga ce stisnam mleko izleguvace pak stavam i pak isto kakp da smoka a ne da trga taka ela nok bez spienje preeska go iskapavme go staviv si lokase se custvuvase deka cica ama kratko stisni se mleko ce kapne stavigo pak kako lazaska aj rekov ce se pomolzam ama nemozev da se izmolzam samo nekolku kapki i a toa si place stavigo pak nisto i rekov ce mu dadan hipp pa sto saka nega bide mu napraviv 70ml. edna doza i skoro celo go ispi i odma si zaspa znaci cela nok mi bilo gladnouser posted image zar mozno e da mi se namali mlekoto ili nema dovolno za sinko koga ce stisnam ima ama da se izmolzam nema sto da pravam sega vo 6 treba pak da mu dadam hipp ama ne sakam da mi se odbie patronaznite me kara nikako da mu davas vestacko i sise ce prestane da cica aj sega da go crknam za jadenje mozno deka se nerviram i samo placam da mi sekne si vikam kakva majka sum jasuser posted image

Hopeful ti na tvote sinkovci kako ima davas gi cisas pa posle kolku vreme im davas vestacko

clock-img

19.07.2015, 19:19

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

gina, ах мајка смири се. Значи колку бебето ке испие од шише не е показател за тоа колку е гладно, особено додека е новороденче. Нели бебињата сакаат да шмукаат, епа на цицка знаат како да шмукаат да јадат и како да си се лажат на неа, додека од шише тоа им тече и немаат избор мора да пијат. Те молам смири се, остави мајка природа, млекце си има, никогаш нема да можеш да измолзиш колку што бебето ке извлече. Млеко се ствара во мозокот, не во градите.

За поспаноста, ке мине за некоја недела, стрпи се, смири се и верувај во себе и своето бебче. СМИРЕНО мајка и пиј многу вода, боза, јогурт и чајчиња за доилки. И гледај да одмараш тогаш има повеќе млеко.

clock-img

19.07.2015, 19:20

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

И ова, мерењето е најголем показател дали бебето цица, месечно во просек качуваат 500-1500 гр.

clock-img

19.07.2015, 19:38

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

гина, полека, смирено, се ќе се среди. За будењето, ако се разбуди - добро, ако не, пак добро, немој да го тресеш и да го кубеш, греота е. Пробај со фино, ако му се спие, остави го...

За исхраната - почнувам со доење, го ставам секое бебе на града и си цица колку сака. Едниот влече посилно и поенергично, другиот е побавен и често одмара. Ако задреме, го чешнувам под брадичката, таму му е рефлексот, како што ми кажаа во болница, се расонува и продолжува. Кога сам ќе се тргне од града, го дигам за да ждригне и нудам града пак. Обично се смируваат од ова скроз, но понекогаш продолжуваат да плачат. Како и да е, им нудам шишенце за секој случај, со тоа што сега веќе точно знам дали ќе го прифатат - ако добро цицале, ако имало доволно млеко, одбиваат. Ако им фали, почнуваат да пијат и си пијат додека не се заситат. Сега веќе одбиваат шишенце и по испиена мала количина - 10, 20, 30мл... Ова го правам двапати, со секое бебе истиот циклус.

Ако веќе си решила за АД, тогаш поинаку терај и слушај доктор, не патронажни сестри. Количината од 70мл е голема за мало бебе, тоа има желудниче колку неговата тупаница. Ти направи ја количината, ама во шишенцето со кое ќе му даваш измери помалце, почни со 30мл. Ако сака уште, додај уште 20мл, и така пак и пак. Со АД поентата е да остави малку млеко во шишето. Мој совет, биди упорна со доењето, но ако гледаш дека не му стига и дека плаче од глад, слободно дај АД, ич не се замарај. Секако си добра мајка, не е до доењето user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

19.07.2015, 21:00

clock-img

gina

pencil-img

1152

pred dva sati go razbudiv cicna malku i sega si spie sega sakam pak da go probam i jas za bradata go buckam nekogas na nocjinata i na grbceto tuka mu bile refleksite sa cicanje kako sto kaza patronaznite i pak mi ide na 4 sati da go dojam
a za 30ml. kolku turate so lazickana od mlekoto ili pravitte cela doza od 70ml.pa ja delite jas sakam tocno da mu napravam 30 za da ne odi drugoto fira ili da pravam po 70 i na dvapati da go davam kolku vreme moze da stoi mlekoto
i jas sum za doenje ama mi e zal deka e gladno
inaku pijam caj litar na den mesovina od majcina dusica.grcko seme.anason,bosilek i kim i pijam po edna solja od hipp pijam voda i sokovi a pa boza ne sum probala i neznam dali ce mozam da ja pijam

clock-img

19.07.2015, 21:28

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Аптамилот колку се сеќавам беше една рамна дозерка/лажива за 30мл вода. Хипот не знам немам користено. Л пиеше по 10-20мл првите недели.

гина, моето бебе е скоро 6 месеци и досега еднаш имам измолзено 100мл од двете гради заедно инаку секогаш по 30-40. И тоа со електрична пумпа од 8000 денари, а со рачна не успевав ништо, ама баш ништо. Л се роди 2кг, на 5 месеци беше 7кг.

и уште ова, бебе од 1-2 недели не плаче секогаш само ако е гладно. Пробај стави му прсте доустето, таму е рфлексот да ти покаже ако е гладно, исто кога го држиш во раце ако е гладно ке се врти со устето и главчето накај градата.

clock-img

19.07.2015, 22:03

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

гина, не знам како оди со Хип, ние користиме Аптамил, и не знам каква е дозерката, но пробај стави пола лажичка со 35мл, наједноставно така. Инаку, ако направиш цела доза, префрли пола за пиење во шишенце, остатокот во фрижидер за следен оброк, ќе го стоплиш под млаз вода и готово.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

21.07.2015, 14:31

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Gina postovite ke gi prefrlam tuka ,vo temata Adaptirano mleko ke najdes mnogu odgovori za ad mlekoto

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 21.7.2015 14:41:17 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

21.07.2015, 15:55

clock-img

Milicka 30

pencil-img

392

Мамички да ве прашам утре правиме еден месец, пошто сме на цицање и ад се раниме на 3-4 саати. Сестрата од болницата ме советуваше кога ќе направиме еден месец да не ја будам вечерта за јадење туку да прескокнам оброк , тоа би му дошло на 6 -7 саати. Незнам мене ми е некако жал да ја оставам без јадење а од др страна па жал ми е кога ја будам. Вие ги будите ли вашите малечки?

clock-img

21.07.2015, 16:33

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Milicka 30, мислам дека тоа зависи од тежината. Ако добро напредува, и ако не бара преку ноќ да јаде, остави ја да спие, зошто да не. Но ако е слабичка, ако мислиш дека треба да качи уште, не ја оставај повеќе од 4 часа, за да не дехидрира. Знам дека има муабет дека бебе не се буди за да јаде,

Не знам колку е репер мојот случај, но и двајцата беа многу мали и слабички, па ги форсирав на 2 часа мах додека на качија некоја нормална тежина. После тоа ги следев нив, и се уште го правам тоа, им давам кога и да посакаат. Едно време кога беа месец и пол, сами почнаа да преспиваат ноќе, но како фати топлово, пак почнаа да се будат на 2-3 часа, мислам дека е од жед.

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 21.7.2015 16:34:14 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

21.07.2015, 16:48

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

И јас се согласувам со тезата за јадење на 2 часа.Освен што му треба храна,на овие жештини треба и максимално да се внесуваат течности,а за толку мало бебенце,млекото е и храна и вода.

clock-img

21.07.2015, 17:05

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Сум пратила без да довршам...

Муабетот ми беше знам дека има муабет дека бебе не се буди да јаде, но и тоа како се буди - мајка си има инстинкт и знае дали и што му треба. Ако мислиш дека и е многу спиење, и дека е гладна/жедна, разбуди ја. Понекогаш се забораваат од спиење па после се будат прегладнети, вознемирени и не ни можат да јадат асално...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

21.07.2015, 17:42

clock-img

Milicka 30

pencil-img

392

Мене ми е некако уште мала за да ја оставсм толку време без јадење, а точно Hopeful после од што ќе биде прегладнета па нема да јаде и ќе биде расплачена.
Сестрата ми викаше од првиот месец веќе се учат за стекнување навики па така да си фатела ред за после тоа да не станувала сред вечер. Може после некој месец сега засега ќе си се будиме.

clock-img

22.07.2015, 12:50

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

јас мислам дека треба да и го пратиш однесувањето кога сама се буди. Дали плаче неконтролирано. нервозна е и не може да фати града? Ако не е така тогаш јас би ја оставила да спие...Секако сите сме различни карактери и различно ги гледаме работите, затоа води се од тоа што тебе ти одговара за да бидеш доволно одморена и смирена бидејќи само во таква состојба можеш вистински да се грижиш за детето. Јас никогаш не ги будев за јадење ниту се замарав многу околу тоа, а и моите не се родени со некоја голема тежина дека близначки...беа под 3 кг кога ги пуштија од болница. Јадеа на 3.5 до 4 часа. цицање, па АД. Прво 30 мл АД па полсе 45, па 60 мл...и после веќе не памтам колку user posted image се случувало преку ден понекогаш некоја од нив да спие континуирано 6-7 часа и не сум ја будела, но не сум ни имала проблем да ја најадам кога ќе се разбуди - нормално фаќала да цица и после шишенце. Од на 40 дена едната сама престана да се буди ноќе, знаци запиваше некаде меѓу 22 - 23:00 а се будеше сабајле кај 7:30 - 8:00. Не мислев дека нешто и фали, нормално напредуваше. Вода не сум им давала до некои 7-8 месеци. Другата ја тренирав да перстане да се буди преку ноќ и од некои 2 месеци и таа почна да пресипва цела ноќ. Мене ова ми беше најважно од се за да можам да функционирам нормално, дека од премор секакви глупости може да направам....Затоа и фикс ми беше да преспиваат навечер, а и педијатрите викаат дека реално после 2-3 месеци немаат потреба вечер да јадат, се будат повеќе инстинктивно...

clock-img

22.07.2015, 14:27

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

И јас не сум за будење бебе ноќе ,од прв ден ноќе не сум соблекувала а цицаа на три часа ноќе без да ги будам,ги земав ги доев и ги враќав заспани во кревет до два три месеци а после кога ке закенка во сон нудам вода или цице и продолжуваат.
И уште така тераме user posted image на 14 месеци со три цицања ноќе а сигурно не се дека е гладна туку навики се во прашање


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

22.07.2015, 19:51

clock-img

gina

pencil-img

1152

moeto ima dve nedeli iako se obiduvam da go budam toa ne se razbuduva ne go otvora muceto prava alarm na vecer na 2 sati ama toa samo se budi 3,5 - 4 sati si cica i prodolzuva i ako mislam ne e dovolno na cicano togas mu davam i AD
a inaku go razbuduvam koga go preslakam navecer mnogu kaka i nesakam da go ostavam takvo

clock-img

23.07.2015, 13:46

clock-img

TARA1

pencil-img

40

Gina dali bebeto napreduva? Ako napreduva ne znam zosto mislis deka nemas dovolno mleko. Jas ne bi budela bebe samo za da cica osven ako ne vrzuva preterano dolgo son

clock-img

24.07.2015, 13:05

clock-img

TARA1

pencil-img

40

Kolku vreme moze da stoi odmolzeno mleko zamrznato?

clock-img

24.07.2015, 13:54

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

На собна температура, млекото може да стои од четири до осум часа. Во фрижидер три до осум дена, а во замрзнувач до три месеци.
Одмолзеното млеко може да варира во бојата. Може да биде жолтеникаво, кафеникаво или синкаво. И за мајчиното млеко е нормално да се одвојат мастите и да се кренат нагоре. Измешајте го добро шишето и содржината на млекото ќе се изедначи.
-Текстов е превземен од Советувалиште за доење.


А еве и текст од статиите на РРаја - ТУКА.

< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 24.7.2015 13:56:08 >


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

31.07.2015, 18:46

clock-img

gina

pencil-img

1152

sega eve ne mu davam AD denes bese pedijatarot ni rece deka odlicno napreduva i nema potreba da mu davam i sega nevecer ne go budam samo se razbuduva i si bara 4-5sati i dr. mi rece da ne go razbuduvam navecer e preku den ako pretera da go budam ama pretezno samo se budi retko jas da go budam

clock-img

31.07.2015, 22:25

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

gina, супер! Штом добро напредува, не го буди, нека си спие, а бога ми, поспиј и ти user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

03.05.2017, 18:29

clock-img

marija23

pencil-img

17

Zdravo ringerajki. Sakav da ve prasam nesto. Moeto bebe ima 14 dea.Se doime pretezno t.e. prvata nedela se doevme adaptirano davav po potreba po preporaka na pedijatar. Koga bevme na kontrola pred edna nedela kerka mi imase kaceno samo 30 gr. Doktorot ni rece posle sekoe doenje da pravam 60 gr. adaptirano i kolky ke ispie tolku. Taa sekogas go pie celo mleko a plus me iscicuva ubavo.Ja budam preku den na 3h za da jade a nokno vreme koga ke stane togas.sto da pravam za da imam poveke mleko? jaa pijam caj od bilna apteka,sok od jabolko,mleko,voda po 2 kg.ve molam za sovet.pozdrav

clock-img

04.05.2017, 11:49

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Marija23 ќе си пиеш повеќе течности и ќе ја ставаш почесто на града да цица. Друго нема. Јас цело време бев со доење плус дохрана ама по препорака на педијатар давав помали количини дохрана за да нема голем размак меѓу подои. Почнавме со 30 милилитри па се префрливме на 45 па дури после месец два одевем на 60. Така почесто ќе бара да јаде. Не знам само дали ова да го примениш бидејќи мене така ми беше кажано од педијатар.

Последни статии

article-img