А Михаил па точно изговара НЕ на почеток, кај него ме изненадува не тоа што зборува и разбира се уште од 18 месеци, туку како граматички ги кажува точно речениците, значи ниту еднаш нема згрешено да каже нешто во еднина, а тоа да е во множина или да кажи во второ лице наместо во прво, во минато, во сегашно време, машки, женски род, се точно кажува како голем и многу чисто зборува и потешки букви(освен Р) како ч,ш,л и сл. ги кажува чисто, сите се чудат, а сега дури почна и сврзници да употребува, на пример, „че одам горе“(на прилепски ) со тебе, до тебе, кај мене, кај тебе, за тебе, за мене итн. Е сега само едно никако не може да го научи или не сака и единствено тука згрешава, не вика мајка ми или татко ми, туку мајка ти, татко ти, баба ти итн
Исто многу памти, не можеш никако ништо да го излажиш
Се согласувам со Михаела 2010 дека на говорот многу влијае нашиот однос, јас уште како мало бебе му читав нон стоп и му зборував цело време и никогаш на бебешки, дури и некој ако му зборуваше на бебешки јас му велев да не му зборува така. Но се разбира тоа не е решавачки, сепак зависи и од детето
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away