Еве една табела што ја најдов на заздравје, која го отсликува развојот на говорот.
Очекувано однесување на детето:
До 3 месеци:
- Се оддалечува кога ќе чуе силен звук
- Престанува да плаче кога ќе му се обратите
- Го менува начинот на цицање во зависност од звукот кој го слуша
- Се огласува кога е задоволно
- Различно плаче во зависност од своите потреби
- Се насмевнува кога ќе Ве види
До 6 месеци:
- Ги движи очите во насоката на звукот
- Ги приметува промените во Вашиот глас и реагира на истите
- Ги приметува звучните играчки
- И обраќа внимание на музиката
- Се огласува со повторување на определени слогови (ма, ма, ма)
- Се смее
- Го вокализира одушевувањето и негодувањето
До 12 месеци:
- Ужива во игрите со криенка
- Се врти и гледа во насоката од која што доаѓа звукот
- Слуша кога му се обраќате
- Ги препознава зборовите за предметите во секојдневната употреба (сок, книга, шолја...)
- Одговара на едноставните барања (“додади ја топката“, “дојди овде“)
- Гугањето станува поинтензивно и подолго трае
- Се огласува за да привлече внимание
- Употребува гестови за да соопшти што сака (на пример, ги подигнува рацете за да го кренете)
- Имитира различни звуци (ономатопеја)
- Околу првиот роденден се појавува и првиот збор, т.е. збор со значење
1-2 години:
- Ги покажува одредените делови од телото кога ќе го прашате за нив
- Ги покажува и именува сликите во книгата
- Одговара на едноставните барања (на пример “каде е мечето?“)
- Слуша кратки приказни и песни
- Секојдневно го збогатува својот речник
- Поставува едноставни прашања (“каде е...?“, “што е...?“)
- Спојува два збора и формира проста реченица (“дај сок“, “бебето спие“)
2-3 години:
- Ги разбира разликите во значењето (големо – мало, оди – стој)
- Одговара на две барања дадени истовремено (“земи ја топката и стави ја во кутијата“)
- Слуша и ужива додека му раскажувате подолги приказни
- Знае да ги именува скоро сите работи од опкружувањето
- Речениците се состојат од 2-3 зборови
- Секојдневно го збогатува речникот и ги проширува речениците
- Говорот на детето е разбирлив за фамилијата
3-4 години:
- Одговара на прашањата кој?, што?, каде?, зошто?
- Опишува што се случило во градинката, паркот, продавницата...
- Користи реченици составени од 4 зборови
- Во говорот не ги повторува слоговите ниту зборовите
- Со навршени 3 години треба коректно да ги изговара с, з и ц, додека со навршени 4 години, ш, ж, ч и л.
- Говорот на детето е разбирлив и за пошироката социјална средина
4-5 години:
- Заинтересирано е за кратки приказни и дава одговори на едноставните прашања во врска со прочитаната приказна
- Ги разбира зборовите кои што се однесуваат на времето (вчера, денес, утре) и ги разбира односите (прв, последен, следен)
- Разбира поголем дел од содржината која што ја слуша во домот или во градинката
- Речениците стануваат се посодржински (на пример, “најголемото црвено јаболко е мое“)
- Ги раскажува приказните и се држи до темата
- Без никакви проблеми комуницира со другите деца и со возрасните
- Ги римува зборовите
- Со навршени 5 години правилно ги изговара сите гласови
- Говорот е граматички точен (не прави грешки во однос на родот, бројот, членот и времето)
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.