Во која и ситуација и да се јавува Аnna Molly,штом трае месец време секако загрижува.
Еве еден текст кој мислам дека ќе ти помогне mamicka_26.Извини, јас тоа што го читав беше до тригодишна возраст,но овде вели до 5.
СПРЕЧЕТЕ ФИЗИОЛОШКОТО ЗАПНУВАЊЕ ДА ПРЕМИНЕ ВО ПЕЛТЕЧЕЊЕ
Периодот од втората до петтата година од животот на детето е многу чувствителен период во кој се стекнува флуентност на говорењето и е карактеристичен по т.н.физиолошки запнувања.Таа појава е присутна кај дури 80 % од децата.
Физиолошките запнувања и повторувања се предизвикани со интензивниот развој на мислењето кој ги надминува способностите за говор кај детето.Во тој период активниот речник на детето сеуште не е голем,изразувањето на мислите не е усовршено,а движењата на говорните органи не се прецизни.Сепак ,детето разбира многу и сака да ви каже многу работи,а уште повеќе сака да дознае,па поставува безброј прашања.
Секоја активност на детето е проследена со емотивно возбудување,а говорот изобилува со разни повторувања,запнувања и преместување на зборовите во речениците.Таквата состојба е природна на одреден развоен степен.При понатамошниот развој на мислењето и говорот,како и во искуството при комуникација,детето засекогаш се ослободува од физиолошките запнувања.Меѓутоа периодот од втората до петтата година е многу чувствителен,па токму тогаш овие појави може да најдат "поволна почва", да се вкоренат и да прераснат во пелтечење.
Како да се спречи физиолошкото запнување да прејде во пелтечење?
Најдобар начин е да на детето му пружите соодветен говорно-јазичен модел,односно,лесен,забавен и помалку комплициран говор.Тоа незначи дека на детето треба да му се зборува бавно и едноставно,туку дека своите долги и комплексни реченици,треба да ги одвојувате со паузи.Со управување на темпото на својот говор и со покажување трпение,на детето ќе му помогнете да зборува потечно.
Кај децата кај кои постои предиспозиции за пелтечење,пожелно е да се одвои посебно време во текот на денот,за кое време максимално ќе му се посветите,играјќи мирни игри,како цртање или сложување коцки.Ако решите да читате или раскажувате или да се прошетате,не поправајте го говорот на детето.Потребно е да му дадете доволно време за одговор и не треба да го брзате или прекинувате.
За среќа,сосема мал број физиолошки запнувања прераснуваат во пелтечење.Ако,сепак,дојде до таква појава,секако треба да побнарате помош од логопед.