По природа и двајцата не сме паничари. Меѓутоа, кога се работи за детето, јас сум секогаш таа која е посмирена, која размислува рационално, а тој е паничарот. Без разлика дали се работи за нешто поврзано со здравјето или пак со безбедноста, тој е паничар. Секој втор збор му е пази. Уште кога беше син ми бебе, држи го вака, не го држи така, кога го бањавме, пази како го држиш, пази да не му влезе вода во очите, кога го хранам, да не му е многу, да не му е малку, да не се задави од тоа. Кога проодуваше син ми, откако прооде (на 14 месеци) па наредните 3 месеци, не му даваше да оди самостојно да не паднел. Сега пак, не се качувај таму, не скокај така, ќе паднеш. Кога се работи за здравјето пак, првите зборови секогаш му се - (ако има покачена Т, па макар и 37.5) дај му сируп и ајде спремај се одиме на доктор. И тогаш повеќе време трошам за да му објаснам дека не треба така, отколку што му посветувам време на син ми. Многу се нервирам оти е таков, па да не речам секој Божји ден сме за нешто скарани, и тоа се од овие причини, затоа што цело време има некакви замерки. Како само тој да се грижи за доброто на детето, а мене не ми е гајле, јас и онака детето на улица го најдов
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.