cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Не сакам во градинка

  
clock-img

14.01.2010, 10:36

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Сите деца поминуваат низ тој тежок период,а и ние родителите заедно со нив...Јас кога го оставав син ми на почетокот,кога одев на работа не бев способна да работам...Цело време мислев на него...За среќа,тој имаше две многу добри воспитувачки,кои секогаш беа спремни да го прифатат со широко отворени раце,а исто така и секогаш ми кажуваа дека плачењето е само додека ме гледа мене...Во моментот кога ќе заминам,тој веднаш почнува со игра...Така да,само храбро,драга Еца...

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:16:19 >


_____________________________

Love is in the air

clock-img

14.01.2010, 11:12

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Ова мое дете целото наопачки, утрово плачеше што ја оставам, сега плачеше што сум дошла да ја земам. Ми вика оди си, мене тука ми е убаво. Ќе ја оставев уште малку ама Мила беше со мене, па ладно е, не ми се изнесува пак. И така патешествиа со мојата ќерка.Инаку воспитувачките велат вакво дете одамна не сме имале. Којзнае што муабети им врти таму, можам да ја замислам.user posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:16:02 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

14.01.2010, 11:15

clock-img

mami

pencil-img

8680

user posted image user posted image user posted image user posted image леле можам да ја замислам како ги строи сите тамуuser posted image user posted image user posted image user posted image гледаш? џабе се нервираш само, ке ти побели косата за ништоuser posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:15:43 >

clock-img

29.08.2010, 09:24

clock-img

vesna_kr

pencil-img

217

Lele mamicki dajte sovet!!!ITNO!!!user posted image user posted image user posted image user posted image
Ние имаме ужасни проблеми со градинката.Мила има 3 ипол години.Во градинка оди од 8 месеци и никогас до сега не сме имале ниаков проблем.Но претходната недела бесе лошо.Штом стигнеме во градинка пишти вришти се влече не сака да влезе.
Да речам дека бевме на одмор и јне идеше 2 недели.Но после одморот првата недела идеше во градинка без проблем.И ете втората недела не сака да чуе.Уште од вечерта ми збори не сакам во градинка не ми е убаво а не ми кажува зашто. Ми вика ќе одам кај баба да ме чува и ја испратив за Крушево.Од петокот е во Крушево да не оди во градинка си реков бар 1 недела.Сега таму плаче за емне ама не сака да си дојде во Скопје зашто не сакала в градинка.
Се разболев од мисли што може да биде што одеднаш не сака да чуе за градинка па и решена е да седи таму без мене само да не оди в грДИНКА.пОРАНО ЈА САКАШЕ МНОГУ ГРАДИНКАТА ПА И САБОТА И НЕДЕЛА МИ ВИКАШЕ АЈДЕ САКАМ ВО ГРАДИНКА.
Дајте ми совет мамички ве молам, утре планирам да одам кај директорката или кај шефицата незнам, да разговарам да видам што е зашто не сака.Ајде си викам во петокот ке бидат нејзините учителки што и беа пред летотот па нема да плаче, НЕ пак иста песна плаче.А после некое време се смирува и си игра спие јаде се најнормално.
Кога ја земам секој ден ми вика утре ќе одам нема да плачам, ама тоа после не важи.И секое утро плачки невидениuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:15:26 >

clock-img

29.08.2010, 14:17

clock-img

mama26

pencil-img

3977

VESNA KR i so moevo since imav i jas takov problem.ama posto sum doma si go zemav.dodusa i mnoguuu bese bolen koga odese vo gradinka.ama poslednata nedela isto i toj kako kerkati so vlezcenje so placenje.ama moevo neznaese da zbori i mislev moze nesto se slucuva tamu go zakacaat ili neznam sto.normalno kako majka se zagriziv,a neznaese da kaze.eve go i den denes nejke da cue za gradinka ama koga ke dojde red da odi ke mora da odi.eve i godinava ke e doma pa od 5 mora da odi za da veke od prvo nemam problemi so placenje.ednostavno ke mora da se navikne.osven toa veke zbori i taka malce pouporna ke bidam.pozzz

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:15:01 >

clock-img

30.08.2010, 08:58

clock-img

vesna_kr

pencil-img

217

Фала мама26, мегутоа сакам да знам што е причината,многу сум загрижена.Не знам што може да биде да и се роди толкава одбивнот кон градинката.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:14:28 >

clock-img

30.08.2010, 11:19

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

Vesna,

Не сум психијатар/психолог ама мене ова ми личи дека нешто се случило во градинката, а таа или е уплашена или засрамена па не сака да ти каже. Оди зборувај со наставничките (мада се сомневам и тие дека ќе ти кажат) и ако продолжи вака, јас би ја преместила во друга градинка....Кога тогаш она ќе каже што се десило, не мора да е ништо многу страшно, ама најверојатно она така си го доживеала...

Еве еден екстремен пример кој го чув вчера - на некои познати децата (две сетсри се и имаат секоја ќерка на иста возраст) ги праќаат девојчињава во градинка и супер двете одат, сакаат да одат и не прават проблем. Еден ден двете почнуваат да вриштат дека нејќат во градинка...Не кажуваат зошто - ете нејќат. Родителиве, виделе не виделе ги испишале и ги запишале во друга градинка. Децава среќни - одат, се ОК. Прошло време и мајкава на еднава зема селотејп да залепи нешто - девојчево кога го видело селотејпот почнува хистерично да вришти и и кажало на мајкава дека во првата градинка учителката на некое дете кое плачело му ја залепила устата со селотејп. Кога го прашале и другото девојче тоа ја потврдило приказнава...Ужасно, ама тоа е...Во моментот кога се слушило биле толку шокирани што не можеле да ја раскажат приказната.

Не мора на ќерка ти да и се случило ништо волку екстремно, ама сигурно има нешто - не може така одеднаш толкав отпор да покажува.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:14:10 >

clock-img

30.08.2010, 11:58

clock-img

vesna_kr

pencil-img

217

user posted image user posted image user posted image user posted image Bev denes vo gradinka i na nejzinata ucitelka se i raskazav, i sega od idniot ponedelnik ke probam pak da vidam kako ke reagira. Jas sakav i vo druga gradinka da ja odnesam ama ona mi vika nekam vo nikoja gradinka.
Ako ne biva od ponedelnik ke ja otpisam i ke ja prefrlam vo druga gradinka.
Vcera na bratmi koga si igral so nea i rekla deka ucitelkata ja tepala.I toa i go akzav na nejzinata ucitelka,ama koj znae koja ucitleka zasto nejzinite do petokot ne bea tuka pa bese so drugi sekoj den razlicni. Ednas mene mi spomna nekam Jule da me zema a taa e druga ucitelka koja sumljam deka za ena vika deka ja tepala.Ednas mi vika nekam so tie golemi deca da odam deka site izmesani.Pojma nemam veke sto da mislam.user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:13:48 >

clock-img

06.09.2010, 10:36

clock-img

vesna_kr

pencil-img

217

Кај нас не станува збор за тоа дека и се спие па не сака да оди во градинка.
Едноставно не сака воопшто во градинка.Еве претходната недела не ја носев и сега денес пак истата песна.Уште од дома плаче дека не ска во градинка а таму циркуз, бега низ врата плаче ме гушка не сака ни со нејзините другарчиња ништо.

Незнам дали кај мајками ја оставаат што сака да прави па затоа не сака во градинка.Разговарав и со учителките и незнам што да правам.

Многу ме чуди што после 2 ипол години иење во градинка одеднаш не сака да чуе како да не е тоа дете кое со радост идеше у градинка.user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:09:08 >

clock-img

20.09.2010, 10:46

clock-img

nadica

pencil-img

4381

ИЗВОРНА ПОРАКА:МАТО

Здраво,
нова сум на сајтов и гледам дека имате многу интересни теми.
Ве молам за совет за следнава ситуација: Мато има 2,5 години и веќе 3 месеци како ги имаме целосно исфрлени пелените. Од септември почна да оди во градинка, и веднаш покажа отпор, кој се уште трае. Тоа што мене ме загрижува не е плачењето кога го оставам, туку тоа што почна да мочка навечер ( дури и по 2 пати), па и дење- едноставно не кажува, а кога ќе се измочка тоа го кажува како да е радосна вест (инаку претходно задолжително се будеше ноќе ако му се мочка). Знам дека ова е еден вид „казна“ од него за нас и се обидуваме да го решиме проблемот со разговарање. Ве молам за совет, техника, метод или било што, што би било од помош.

Поздрав,



< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:08:45 >

clock-img

20.09.2010, 11:00

clock-img

mama26

pencil-img

3977

ne e cudno deka ima promeneto sredina pa kako uplaseno e deteto i zatoa mocka.ke mu pomine,ke se navikne.ne vi dava nikakva kazna jas mislam toa e do promenata vo gradinka.naednas so deca moze nekoe e pobesno a vaset__o pomirno pa e isplaseno. ne go karajte za toa sto se izmockal,samo kazete mu deka veke e golem i da vi veti deka nema da se povtori.jas taka uspeav so moetouser posted image          pc  ako pie mnogu tecnosti skrati mu gi.navecer da nepie kako sto piel user posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:08:10 >


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

clock-img

20.09.2010, 11:26

clock-img

MATO

pencil-img

10

Ви благодарам, и јас се надевам дека кратко ќе трае, со оглед дека во градинка прави „сендвич“ од: плачи - играј-плачи-јади-плачи- играј- плачи-спиј, и така до крај.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:07:47 >


_____________________________

Поздрав,
Мато

clock-img

05.05.2011, 12:48

clock-img

vesna1

pencil-img

345

Nie sega trgnavme vo gradinka, odnosno ideme veke tri dena. Marta ima 19 meseci i ja stavija vo pogolemkata grupa. Mnogu place, vristi, noke se budi vika MAMO,NE i taka cela nok. Sabajle pak bevme ama i ucitelkite ne se pretrgnuvaat, gi prasuvas jadese mi vikaat jadese. A posle i dadov da jade bese mrtva gladna znaci ne jadela. Im odnesov sok, kolaci i odma poljubezni.
Neznam imam mnogu negativno iskustvo od Aerodoromskite gradinki, taka isto i so prvata kerka. Posle koga ja prefrliv vo Koco Racin kaj tie prekrasni ucitelki placese da odime vo gradinka, mi barase i sabota da ja nosam. Ke vidam kako ke bide ako ne ionaka planirav da ja preselam vo centar vo Korcagin.
Kazete vie, kako se priviknavte na gradinkite, placevte li?

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:07:24 >

clock-img

18.07.2011, 11:31

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

Ќерка ми после цела година одење во градинка без проблем сега не сака да оди. Се почна кога ги преместија доле (они беа на горниот спрат каде уште се водеа како јасли) и сега од јуни ги симнаа доле каде ке продоложат да одат до школо. Е, пошто е лето таму е жив хаос, едни учителки, други, едни деца, други деца, не се знае кој јаде кој пие. Едново девојче нема никаков проблем со тоа иако една луда учителка и рекла дека ако не е умна мајка и нема да ја земе од градинка (тој ден беше сама во градинка пошто сестра и беше болна). Она ми кажа тоа, се разбравме убаво, ја иксаравме учителката и се си е пак ОК. Другава си одеше првиот месец нормално и после еден ден дури беше и сама во градинка (без проблем отиде - сестра и беше болна) и после беше пак заедно со сестра и..наводно тој ден кога биле заедно баба им дошла покасно (бабата вика - нема врска на време дојодв имаше уште деца), немало више деца - учителката отишла не знам кај и ги оставила сами....Оваа мојава се испаметила дека останале сами со сестра и и дека нема никој да ги земе и од тогаш нејќе да иде.....се пробав - јас ја носам во градинка, полека влегуваме заедно, сите деца доаѓаат и даваат играчки, една учителка и донесе книга за да читаат, не бре нејќе и нејќе....едино ако дојде нејзината учителка едвај некако ќе се согласи да остане...После се е ОК, си игра, ја земаме среќна, а следното утро пак иста приказна....Се пробав - и зборам дека нема од што да се плаши, дека секогаш ќе ја земеме од градинка, и кажувам ако некое дете и земе нешто да му каже дека нема да игра со него и да оди да си земе друга играчка...ништо не помага...Има ли некој идеја, нешто што му успеало...Исцрпена сум скроз од ова..а и сакам да и помогнам - не сакам да биде несреќна, а месец ипол да ги чуваат бабиве (ако не иде она у градинка нема ни сестра и да иде) стварно не можат - стари се....На работа морам да одам, немам баш некој избор зошто ми треба ептен платата...

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:07:03 >

clock-img

18.07.2011, 11:55

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Не знам што да те советувам Блу_Блу. Ние уште не одиме во градинка, па немам некоја идеја. Мислам дека треба тука малку и учителките да помогнам, пошто се нови, да се зближат повеќе со децата, за тие да се чувствуваат сигурни кога остануваат во градинка.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:06:39 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

18.07.2011, 12:31

clock-img

topce

pencil-img

523

blue_blue не сте само вие со тие маки, ние лани имавме многу голем проблем бидејќи нашата учителка не беше таму, а другата што малку од малку ја прифати се погоди да биде од 11 часот. секое утро беше плачки исто како за адаптација, а после си се заигрува и нема проблем. и ние тој дел лани тешко го поминавме. пробајте со играчка од дома или нешто што ја потсетува на сигурност на дом на тоа дека мама и тато еве ќе дојдат. може и некоја книга да земете за одење во градинка па да ја читате заедно. ова чисто предлози дава кои веројатно и јас би ги пробала.
само мислам дека, еве да не испадне дека некого навредувам јас се извинувам однапред, таа учителка што ги оставила макар и на 5 минути сами придонела за вака детето да се однесува.
инаку делот со не сакам во градинка ми се спие и кај нас се појави летово ама тоа е последица што не сака да си легне на време навечер. и еднаш ја оставив намерно и заспа во 22Ч30 и потоа сабајлето и објаснив дека сега и се спие бидејќи предходната вечер касно заспала и едно 1 недела и го зборев тоа така да од тогаш не останува навечер касно.


< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:06:21 >

clock-img

19.07.2011, 09:18

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Блу_Блу, како поминавте денес?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

19.07.2011, 10:03

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Ќерка ми без никаков проблем оди во градинка, но кога ја земам и ја носам дома имам гооолем проблем. Плаче може 1 саат и седи во ходник во количка. Цело време е муабетот сакам во градника, не сакам во градинка, ми се јаде, ми се спие, сакам нови чорапи и така до бескрај, уствари додека мм не и подвикне малце и не ја извади од количка. Враќањето дома од работа ми е ужас!!! Не сакам да ја лажам, да ја карам, не знам што да правам веќе!!!

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

19.07.2011, 11:50

clock-img

mamiko

pencil-img

37

nie odevme vo gradinka do 30.06. a sega e na raspust, jas sum na odmor od septemvri taka da Marin ke odi vo gradinka od oktomvri, zdravje, a Angela ke se cuva doma so dedo.

clock-img

19.07.2011, 11:54

clock-img

mamiko

pencil-img

37

inaku pocetokot ni bese mnogu tezok koga pocnuvase vo gradinka, duri i negovatelkata sega vika deka mislela deka marin nikoga nema da se navikne, zatoa sega pak se plasam kako ke pocneme pak vo oktomvri, dali ke bide povtorno so user posted image user posted image i tegnenje na vrata, pa mama da go odnese do zanimalna, pa mama da sedi so nego, ili, ke bide lesno, ke vidime, imame vreme do oktomvri

clock-img

20.07.2011, 08:52

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Се надевам дека нема да имате проблеми. 2 месеци се подолг период, но мислам дека ако детенцето е поголемко, нема да имате проблеми.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

11.08.2011, 00:17

clock-img

biljanaM

pencil-img

662

И ние имавме проблеми додека да се навикнеме во градинче....три месеци и повеќе плакаше, сега сме на одмор од септември здравје пак ке продолжиме да одиме....годинава не сакаше повторно да оди поради тоа што учителката го терала да спие а тој неможел таму да спие....user posted image

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

clock-img

11.08.2011, 07:52

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние од септември тргнуваме во градинка за прв пат. Се надевам нема да имаме проблеми, со оглед на тоа што Матеа многу сака деца, и кога ќе ја одмесеме некаде на гости, ако има деца, одма се стрчува накај нив, и нас воопшто не не бара.
Ќе видиме како ќе биде.user posted image


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

25.08.2011, 18:20

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Минатата недела си реков да ја припремам за во градинка, и почнав д аи кажувам, дека сега одам на работа, исто и тато, бабите и тие, ќе нема со кога да седи дома, па како е во градинка деца, играчки, учителки итн.....итн  и на крај ја прашувам:
Убаво е во градинка? - Да
Сакаш ти да одиш во градинка? - Нееееееееее
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

25.08.2011, 18:33

clock-img

Slagjana

pencil-img

463

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Минатата недела си реков да ја припремам за во градинка, и почнав д аи кажувам, дека сега одам на работа, исто и тато, бабите и тие, ќе нема со кога да седи дома, па како е во градинка деца, играчки, учителки итн.....итн  и на крај ја прашувам:
Убаво е во градинка? - Да
Сакаш ти да одиш во градинка? - Нееееееееее
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image


user posted image user posted image user posted image
И ние се спремаме за градинка. Ама кај нас одговорот е дааааа. Па ќе видиме.