cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Не сакам во градинка

  
clock-img

08.02.2013, 14:30

clock-img

@Mila@

pencil-img

471

Ne znam koja vozrast e no probaj so razgovor da mu ja objasnish situacijata onaka da ne se oseka ko bebe tuku poveke razgovaraj i objasnuvaj mu.Vkluci go vo aktivnostite okolu odgleduvanje na bebeto..neka ti pomaga ne znam nosi peleni krema,davaj mu nekoj zadaci da se oseka ko postar brat.razgovarajte okolu gardarobata ma da mislam deka toa mu e faza nekoja...ili neshto dr stoi zad toa ne sakam da nosam ova ili ona.A ako e oki vo gradinka pa istrpi gi tie 30 min stom tamu e dobar zoshto so dve deca doma sama mozam da pretposatavam samo kako e.

clock-img

08.02.2013, 15:00

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Михаил има 3 години и знае се разбира се, раговараме, го вклучуваме во сите активости околу бебето. Ете на пример сега разбира дека не мозам да го кревам и ако треба нешто, на пример да се качи на столче да се измија заби го вика татко му, или ако види дека сум зафастена со бебето, ќе викне некој друг да му даде нешто, што пртеходно не беше случај за се викаше со мама.
А ова за гардеробава не му е фаза зашто од мал е таков, сам бира што ќе облечи. Инаку не ми е работата за да издржам, јас ќе издржам, ама му ствараме трауми на детето, да си поблиску само да видиш какво плачење е тоа.
Сега си велам од понеделник, свекрва ми е втора смена, таа да го варди бебето, јас да го однесам во градинка, да пробам така

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

08.02.2013, 15:07

clock-img

@Mila@

pencil-img

471

Pa moze da probash...a sto se odnesuva do gardarobata pobraj isto so razgovor da ne bide stane od spienje i ajde oblakanje i iskacanje pa neka zakasni vo gradinka malce da se smiri najdete miren nacin da se sredi.Ne go ostavaj vo cel plakar da buricka tuku daj mu opcija izvadi mu alishta sto e normalno da gi nosi da ne mu tekne na 0 stepeni maica po kratki deka saka i neka si kombinira on,probarte taka...pa neka ide nekoe vreme po svoj stil.Moze deteto si ima afiniteti kon moda...nemojte da go ogranicuvate :).

clock-img

08.02.2013, 20:00

clock-img

Maria

pencil-img

533

Snowhite и моите се разлика 3 години, како јас да сум го пишувала твојот пост.user posted image Кога се роди Андреј, Илија сосема се промени колку и да се обидував да ја намалам љубомората која ја чувствуваше,секогаш беше безуспешно.user posted image Го користев максимално времето кога спиеше Андреј да му посветам внимание нему и на моменти беше се ок,но потоа пак истото.user posted image Не беше дете кое е претерано врзан за мама,но откако се роди Андреј...се се промени.И сега кога поминаа 3 години,тој има веке неполни 6,сеуште знае да се лути дека него не го сакам дека само со Андреј се мазиме...Секојдневно му објаснувам дека не е така,дека ги сакам и двајцата исто,дека и него го гушкам и свака,се додека пак не се налути и пак се од почеток.user posted image Со ова несакам да те плашам и погрешно да ме разбереш,само сакам да ти кажам дека сигурно се работи за љубомора,со која не е лесно да се справиш и треба огромно трпение.Кај нас е вака,но немора да значи дека ке биде и кај вас.user posted image

clock-img

08.02.2013, 20:21

clock-img

Maria

pencil-img

533

Ааа заборавив да напоменам дека и Илија одеше (и сеуште оди) во градинка и првите 6 месеци откако се роди Андреј секое сабајле со плачење одевме во градинка, и тоа секогаш јас го носев.user posted image

clock-img

09.02.2013, 13:20

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

6 месеци со плачење ох, ама се утешив Мариаuser posted image
Сепак јас не сум сигурна дали е љубомора, зашто како што спомнав претходно ова го прави уште пред да се породам. Можеби направив грешка со тоа што не го носев редовно во градинка, односно ако имаше кој да го чува или ако не одев на работа, не го носев во градинка и сега можеби си сфати дека не мора секој ден да оди. Затоа сега не сакам да пропушти ниту еден ден, освен се разбира ако не дај боже се разболи

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

09.02.2013, 18:33

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Сноу, штом и претходно вака правел, тогаш припиши му на карактерот... Борјан ако е станат на лева нога, ќе најде било каква р'чка да праи штрајк. Не сака со лева рака, сака со десна, не сакал јас да го бришам, он ќе се бришел, не сакал чизми, сакал патики и обратно, во зависност од тоа јас што сум му рекла, он го сака спротивното... не сака да стои во ходник додека се облекуваме, да сме стоеле во дневна, или шалот да не ја допира капата... значи причини милион... јас кога сум сама го издржувам и не дозволувам да го постигне тоа што му е бутур, ама мм нема трпение затоа што брза, и за секунда имаш ситуација, излегување со плачки и викотници, све од напетост... Решение единствено наоѓам во тоа што го станувам многу порано, за да имаме време да се натегаме user posted image најдоцна до 8.30 треба да е во градинка, ние стануваме во 7-7.15 за до 8.10 да се докажеме стрижена-бричена... пробај така. А некогаш и пробај кажи му дека брзаш за на работа, а бебето ќе остане со баба, може нема да се контра толку ако знае дека нема ти да се мазиш со Јана дома user posted image со лесно, и трпение, разбери го и потинтрај го user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

18.02.2013, 23:55

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Леле Џесика баш исто таков е М, сред зима одеше со патики во градинка, среќа што е топло зимава, тој па не сака чизмите или патиките дома да ги облекува туку в ходник, ако со шалот го допре вентијагата одма плачи го боцкало... Е сега и кај нас тоа се случува да мм го зема в раце, патиките, вентијага, ранецот и излегуваат. Финтата е тоа што ако го разбудиме порано повеќе плачки ќе има,повеќе викотници и нервози и затоа мм го разбудува 5 мин пред да треба да излезат и на крај ќе нема време и ќе се изнервира и со викање и плачење ќе заминат.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

18.09.2013, 08:40

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Мислев дека никогаш нема да имам потреба да пишувам на темава, ама ете дојде и тој момент.
Денес кога станавме од спиење прво нешто што ми рече Филип е дека не сака да оди во градинка. Почна да плаче, ама многуууу!!! Цело време викаше дека не сака да оди во градинка, дека сака дома да седи. Ова ми се нема случено цели две години да плаче за да не го носам во градинка. Не знам што му бидна? И се јавив сега на учителката, рече дека се смирил, ама многу ме чуди зошто толку плачеше? Тешко им било на родителите што им плачат децата на секое носење.
Ама не можам да ви опишам како жално плачеше, срцево ми се скрши сабајле. Ме молеше да не го носам. Буквално две години НИЕДЕН ДЕН не плачел за да не оди во градинка.
Си мислам да не го скарал некој, да не го закачало некое дете... ама мојов багабонт попрво тој ќе тепа некој отколку да го тепаат.
Се надевам утре нема да биде така...

_____________________________

Live and let live

clock-img

18.09.2013, 08:57

clock-img

Tanjat7880

pencil-img

1256

Ufff Anna Molly,mora da otkriesh shto dovelo do takvoto negovo odnesuvanje,neshto go povrediilo ili splashilo ili pa videl deka nekoj tamu taka se odnesuva koga go nosat vo gradinka I si vika cek I jas da probam da vidam kako e!Problemce koe mora da go reshish,preku istraga za toa shto se slucilo I zoshto taka nesaka.
Moeto beshe takvo dete,placeshe koga go zemam od gradinka,isto prodolzi I vo shkolo no koga go povredila nastavnickata pocna da dava otpor,za srekja mi kaza zoshto toa go pravi I ja reshivme rabotata,za takva promena jas mislam deka mora da ima pricina.

clock-img

18.09.2013, 09:05

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

Сигурно му се има нешто случено во градинка. Мислам дека до сега не си имала проблем зошто тој е тргнат мал во градинка па не ни разбирал многу, а и не можел да ти каже, ниту пак имал осет за емоции, навреда, итд...Како раснат децата градинката станува се похорор филм затоа што веќе е многу помалку важно дал се најадени и напиени, пресоблечени кога се мокри и спотени, дал научиле нова песничка ил не, а се поважна им е интеракцијата со учителките и со другите деца. За жал учителките за овие интеракции често се неспособни и нивните „поуки“ и казни не не баш соодветни за децата...За жал, исто така, има родители кои ги учат своите деца „ако те удрат ти врати со уште три удари“, па ако твоето не е учено вака ќе се најде во небрано, нема да знае како да се справи...од 4 години нагоре градинката има повеќе негативности од предности, зборувам за нашиве градинки каде се е извртено, односно каде работи несоодветно обучен кадар кој не си ја сака работата. Следен проблем ќе биде дека нема да сака да спие во 12:30 кога ќе го легнат, а они ќе викаат по него со најпогрдни зборови дека мора да спие и дека се и сешто ќе му се деси ако не спие...Мислам дека единствен лек е да се зборува многу со детето, да се научи дека дома треба се да каже за да може родителот да му помогне и да се учи како да се справува со тоа што му се случува... Јас колку и да сум за почитување авторитет и правила на крај им реков на моите деца дека негователка која ги „сили“ да спијат треба да ја игнорираат...За да си авторитет кај децата треба прво да ги сакаш и да разговараш со нив на нормален, културен начин. А човек кој ги плаши со подруми и полиции и кој им се обраќа со „ Што сакаш ма ти“ не заслужил моите деца да го почитуваат а уште помалку да леат солзи за него...

clock-img

18.09.2013, 09:14

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Блу блу и јас мислам дека проблем е спиењето, оти сабајле викаше дека не сакал да спие, ми викаше нека ме земе баба пред спиење, дома ветувам дека ќе спијам.
А инаку Филип се ми кажува дома, ми кажува и кога некој ќе го скара од учителките, кога ќе се скара со другарче... Сабајле ништо не ми кажа, вика никој не ме караше, само не сакам да одам , не ми е убаво во градинка.
А јас и реков на мајка ми денес да го земе во 12:30 пред спиење, можеби и згрешив? Да не ми се научи сега да сака цело време пред спиење да си оди?
Инаку, цело време сме со зборење, со комуницирање, дека е убаво во градинка, дека има дечиња, дека учат, си играат... Знае дека тато и мама мора на работа да одат, дека тој мора да оди во градинка зашто нема кој да го чува...
Не знам што се случило, ама мора да има нешто што го поттикнало на ова однесување .
Денес баш имаме родителска, па ќе се распрашам дали е проблемот во спиењето.

ЕДИТ: Учителките до сега секогаш ми кажувале ако некој го скара зашто не сакал да дели играчки, ако го скарале зашто првел бељи... Вака ми изгледаат на директни, а и добри во односот со децата, од лани е со нив и до сега не сум имала впечаток дека кријат нешто. Можеби и погрешно мислам... Не знам што да кажам, ама многу сум загрижена, вака целиииии две години ми нема изреагирано. Срцево ми се скрши сабајле кога ме молеше да не го носам во градинка!

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 18.9.2013 9:16:08 >


_____________________________

Live and let live

clock-img

18.09.2013, 09:24

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

AnnaMolly, они никогаш нема да ти кажат што им зборуваат кога треба да спијат, ама тешко некој ќе ме разубеди дека го гледаат интересот на децата....Нив им е важно сите деца да легнат а они да пијат кафе 2 саати...Така си ја сфаќаат работата, демек за тие пари толку. И јас кога сум ги прашувала они ми одговараат - , Да, ги караме за спиење, па знаете мора да спијат пошто има деца кои сакаат да спијат, а овие што не спијат ги буудат, па после нас родителите ни се лутат дека децата се ненаспани...Жими мајка! Моиве кажуваат со точни зборови што им викаат и имаш навистина богата палета, а исто е интересно дека они и „Затварајте очи“ го сметаат за карање пошто очигледно се кажува со некоја не баш соодветна интонација. Инаку она на што јас регирав неколку пати, па веќе се откаѓав оти видов дека џабе кинам нерви е тоа што учителките додека „спијат“ децата не се во занимална, него си пијат кафе заедно...Пошто ако се таму нема да има потреба од карање на децата, сите деца ќе седат мирни ако е учителката во занимална спиеле не спиеле, нема везе, нема да зборат и нема да стануваат од кревет...Се некако ми се чини дека и кај тебе е иста ситуација...Ако имаш можност да го земаат пред спиење тоа е најдобро - сите сречни и весели user posted image  ама ако немаш таква можност не го учи така, ќе имаш проблем...

clock-img

18.09.2013, 09:36

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Денес инцидентно се погоди да имам кој да го земе, а инаку за секој ден нема апсолутно никаква шанса. Ќе се распрашам денес на родителската, да видиме што е работава. ај често да први вака, ок, ќе разберам, ама по толку време ваква реакција не очекував.

_____________________________

Live and let live

clock-img

18.09.2013, 09:40

clock-img

miana

pencil-img

6152

Блу блу и јас мислам дека проблем е спиењето, оти сабајле викаше дека не сакал да спие, ми викаше нека ме земе баба пред спиење, дома ветувам дека ќе спијам.

Срцка ова ни беше нас вечити проблем..Можно е да не му се спиело,па да му се развикале и да му створиле некаков страв. Детево мое од првиот ден во градинка,се бунтува за спиењево. Секогаш само тоа ни беше проблем!!! И истиот муабет беше секој ден - нека ме земе баба пред спиење,дома ке спијам - ветувам!!! Сега појде на училиште,таму нема спиење,ниту еднаш не се побуни или пак да замоли да не оди..Дефинитивно не сака да спие и затоа плаче user posted image Види,зборувај со детето,најдете некое решение..Јас на керками им викав - преправај се дека спиеш и готово.. Па учителката ми кажа дека и рекла - мама ми рече да се преправам..Па се изнасмеавме и јас и реков - па и јас сум се преправала,па што? Важно мирна да е,да лежи и готово. Пробај со некоја финта user posted image

clock-img

18.09.2013, 10:37

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Ако мислиш дека е проблем спиењето тогаш кажи му дека ако не му се спие нека не спие, нека си лежи, да биде мирен, а мислам дека грешка правиш ако го земат денеска порано, може полошо да му направиш само, како и да е, најпрво мораш да откриеш што е точно проблемот

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

18.09.2013, 11:32

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ако еден ден го земат порано, не верувам дека ќе има последици. Којзнае од што е вознемирен. А ако е спиењето проблем, мене не ми е јасно како е возможно дете од 3 години да лежи во кревет 2 саати, мирно и да не зборува и да не станува. Јас тоа не можам да го замислам, барем не со моето дете. А зарем не им се исплати повеќе на сите, од сите групи, децата што не спијат да ги стават во една училница со слободни активности.

Никола на пример вика дека не сака во градинка кога не е наспан на сабајле. Ако легнал подоцна и му се спие посабајле, обавезно вика дека не сака во градинка, па финти измислува, како залепени му се очите, па било празник и не работела градинката и сл.

clock-img

18.09.2013, 12:05

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Оффф, не знам што е работата. Ќе прашам денес на родителската што прават ако некое дете не сака да спие. А исто како Никола, ни Филип нема шанси да лежи и да не мрда и да чути 2 саати, како и повеќето деца. Наместо тоа може да ги соберат и во ходник да си играат ако не во занимална.

_____________________________

Live and let live

clock-img

19.09.2013, 10:53

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

И М понекогаш не спие во градинка а е многу темпераментно дете, ама додека другите спијат ете тој лежел, во градинка не е исто како дома, дома може нема шанси да легнат, ама таму кога ќе му свикаат има да лежат и да се преправаат дека спијат ако требаuser posted image
Анамоли како поминавте денеска?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

19.09.2013, 11:03

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Леле, Филип и Никола се поврзани на некој чуден начин. Јас вчера совети ти делев, денес сабајле мене исто ме снајде. Ми вика не сакал да оди оти го истепал некое од другарчињата. Не се трескаше од земја, ама си поплака. Е јас се си мислам дека е нешто друго, оти не ми е верно да го истепале. Кога бевме на родителски, негувателката ми кажа дека детево не мочка во градинка. Сите се ределе за мочкање, тој викал јас не сакам, не ми се мочка. И тоа е вистина, да го прашаш во било кое време тој вика не ми се мочка, ама ако го седнеш, ќе се измочка. И јас така и кажав, и таа ми рече дека ќе инсистира барем еднаш во денот да се измочка. И си мислам заради тоа да не е, оти вчера ми кажа негувателката дека вчера мочкал, значи инсистирала.

clock-img

19.09.2013, 11:26

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

AnnaMolly, vezilka пробајте да им кажете дека не мора сите деца да спијат и дека може да ги соберат во една занимална и да си играат тие што не сакаат да спијат...Многу ме интересира што ќе ви кажат...Јас пробав неколку пати безуспешно. Одговорот беше - ова е колектив има ред и сите мора да го следат редот...Има деца што сакаат да спијат..Јас и реков - супер, ама очигледно има и деца што не сакаат, посебно после 4 години (значи последните 2 години во градинка)...Е да, ама ако г и соберат во една занимална они нема да може да пијат кафе, ќе треба да ги пазат децата...Тоа нема никој да ти го каже ама очигледно само тоа е причината зошто децата кои не сакаат да спијат се тероризираат...Инаку, нормално дека дете не може да лежи два саати во кревет ако не спие...И не лежат, искачаат од кревет и се шетаат низ занимална, прават муабет итд...и тогаш улетува учителката (оти таа нели не е тука, а да е тука ќе лежат и ќе затворат очи па сакале нејќеле ке задремат) и почнува „забавата“ - дерење, кажување погрдни зборови, мавање со лајсна од паркет на која има шајки по глава, влечење на децата на сила по ходници за да се однесат во јасли како казна, и да не набројувам....најстрашно е што како родител се осеќаш немоќно пошто ништо ама баш ништо не можеш да смениш...Чисто како илустрација, за тепачката по глава со лајсна на која имаше шајка ми беше речено дека ќе ја викнат на разговор, ама да не дигам многу џева пошто ова беше во мај, а она од септември ќе одела во јасли и немало да биде више кај моите деца?!?!?!?! Што понатаму да коментирам...А, да таа истата од кога директорката ја „изрибала“ дошла и на ќерка ми и рекла „Што си кажувала ма ти дома јас што правам во градинка? Од сега не смееш ништо да кажуваш дома јас што правам оти ќе си го добиеш“....И таа е сега во јасли...Господ напомош на тие родители...

clock-img

19.09.2013, 11:36

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

И таа е сега во јасли.


епа во јасли децата незнаат да кажат што прави user posted image ужас
Блу блу ајде те молам кажи во која градинка оти моето е во јасли user posted image

clock-img

19.09.2013, 11:42

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Кај нас не проблемот со спиењето, туку со мочкањето. Никола не сака да мочка во градинка. Уствари, воопшто е тежок на седнување на нокшир.

clock-img

02.10.2013, 10:05

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Ete vcera vecerta pred legnuvanje,pocna tazno da mi vika deka ne sakala da ide vo gradinka,bas me zacudi bidejki bese tolku mnogu srekjna,sto koga se vrativ od rabota odma mi raskaza sto pravele,sto boele,koja prikazna im ja citale....
I ajde pocnav zosto ne saka da ide vo gradinka,vikam neti e ubavo?? mi vika ubavo mi e ama ne sakam da idam,pa pocnav so prasanjata dali nekoj ja zakaca,dali ima nekakov drug problem,da ne ja iskarala ucitelkata,na sto sleduvase ne ne i ne...i ete sto mi rece..ne sakam da spijam,a zenava sto ja zima mi kaza deka neguvatelkata rekla deka bila super samo se voznemirila pred legnuvanja ama posle toa epten ubavo si spiela i dolgo..i i rekov ako ne ti se spie nemoj,ili lezi si ili stani,pa ne spijat site deca tamo??
Sabajle mm prasal a ucitelkava rekla deka epten urlala bidejki Mrmorecot (ima edno nejzino plisano sto ne se dvoi od nego ne i bilo tuka)pa go barala i placela...offf atie vcera pred idenje im padnalo vo dvor pa na vrakjanje zenava go nasla...i denes i dadov drugo prijatelce posto mrmorecot treba da se ispere...

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

02.10.2013, 10:58

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ние добро е се оправивме, веќе не вика не сакам во градинка. Траеше скоро еден месец. И почнал и да мочка таму, еднаш во денот откако ќе стане од спиење.

Последни статии

article-img