cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Не сакам во градинка

clock-img

07.10.2013, 09:07

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ох, Везилке, супер вие што се опоравите, сега ние сме на ред user posted image user posted image user posted image . ПИшав минатат недела во темата Би советувале одбрана и одмазда или повлекување! ама морам и овде да пишам. Се беше добро викендот, до вчера вечерта, кога се сети дека викендот помина. А денес па во градинка, и мене солзи ми дојдоа од што плачеше. вака детево никогаш ми нема плачено за во градинка.user posted image Кога стигнавме во градинка одма ги пушти солзите, а воспитачката не се ни сврти да види што е работата, јас трчав по неа да ја застанам и да разговарам.
И лани кога ја будев ми велеше - не сакам да одам, ама кога ќе дојдевме во дворот, веќе почнуваше да трча за во занимална да си влезе, а сега е обратно. И кажав и на воспитачката дека 2 години оди во градинка, а се нема случено вака да плачи (патем двете воспитачки се нови, од септември е префрлена во нова група)

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

07.10.2013, 09:36

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Можеби не ги бендисува воспитачките, Felly. или пристапот не и се допаѓа. Е проблемот тука е дека тоа нема да се смени, тие се тие и толку. Можеби ќе помогне ако зборувате за нив дома, дека се добри, и слично. Да ги засака некако, или да научи да ги толерира, што е тешко за едно дете.

clock-img

07.10.2013, 09:52

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние уште од почетокот зборувавме за новите воспитувачки, зошто знам дека и тоа и е нејзе промена која може да и влијае на (не)сакањето да оди во градинка. И ја прашувавме како и е во новата група, и секогаш таа вели поубаво е тука. И нагласуваме демек сега е поголема, и нејзе и многу ќеф, да каже дека ја преместиле во друга група, оти тоа значи дека е поголема сега.
Не знам, може и е проблем и тоа што овој месец сум попладне на работа, па три дена многу малку се гледаме, и сега затоа пробува да ме убеди да не ја носам во градинка. А инаку до сега, цело време јас ја земав од градинка и цело попладне бевме заедно.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

16.10.2013, 22:15

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Женски ПОМОШ!!!

Детево во последниве два дена не сака да оди во градинка. Плаче кога го носам, хистерично и жално плаче и ме моли дома да го носам..
Ова ми е многу чудно затоа што Филип од 9 месеци оди без апсолутно никаков проблем во градинка, а сега има скоро 3,5 години.
Ја прашав воспитувачката да не се случило нешто, ми вртеше муабет дека сите деца поминувале низ такви периоди, дека нема ништо...
Ама мене не ми е верно дека ете туку така по 2,5 години одење во градинка сега од никаде едноставно не сака да оди.
Еве цеееел час пред спиење ми викаше дека не сака никогаш да оди во градинка, дека не му е убаво таму. Цеееееееееееееел час му објаснував дека е убаво, дека таму му се другарчињата... Ма што не му кажав само да се смири.
Никако не ми успеа. Заспа велејќи ми не сакам во градинка.
Знам дека утре сабајле ме чека истата песна.

Совет? Што да правам? Џабе е пак да зборувам со воспитувачката кога знам што ќе рече. Ако се исплашил со нешто ако го скарале, сигурно таа нема да ми каже. Филип кога го прашувам зошто не сака да оди вика не ми е убаво, дома ми е најубаво.
А ако го прашам дали учителките ги караат вика не, никој не не кара, само не сакам да одам.

Не знам што да правам, секое мислење ми е добредојдено.

_____________________________

Live and let live

clock-img

17.10.2013, 00:16

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Анамоли не се секирај најверојатно е период, биди упорна и зборувај му уште за градинката, јас на пример кога ми вика не сакам во градинка му велам Е ај јас да одам во градинка, колку е убаво таму, ќе си играм со играчки... ти оди на работа место мене..итн итн и на крај ќе му речам Ај прашај дали мајки примаат во градинка и така после ќе почне да се смее и ќе ми рече, Не може, не примаат мајки и почнуваме да се смееме и така. Не знам друг совет што да ти кажам

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

17.10.2013, 09:04

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

AnnaMolly истата ситуација е и кај нас, и не знам стварно што е проблемот. Сме имале и ситуација како SNowhite, кога дома ми вели не сакам во градинка, ама кога веќе стигнуваме во градника, таа трча за внатре. А сега, кога ќе стигнеме, трча накај мене, плачи, и само тоа го повторува - Не сакам во градинка!!! Зборував со двете воспитачки, едната морам да пишам, незаинтересирано некако ми делува. Внатре 5 деца плачат, ние надвор се убедуваме, таа си седи на столче, нешто си работи или стои надвор разговара со родители.
М плачеше и на почетокот, кога почнавме д аја носиме, на 1 и 8 месеци, ама воспитачката ја земаше од кај мене, и почнуваше да и пее некоја песничка, па нешто ќе почнеше да ја прашува, и одма се смируваше. А сега таа плаче, нема кој да ја земе и да ја смири.user posted image Многу ми е тешко носењето во градинка во последно време.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

17.10.2013, 09:47

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Felly јас мислам на најфин начин да ја замолиш, да и кажеш дека во последно време има проблем со одењето во градинка, па дали може малку повеќе внимание да и посветите, да бидете со неа малку повеќе време, барем во моментот кога доаѓаме да ја земите и нешто да и зборувате, кажи и дека разбираш дека не е само таа, дека има и други деца, ама барем овој период додека и помини ова и ако не може толку на сабајле, додека е сама, покасно кога ќе бидат двете учителки едната ако може да и посвети внимание. Ако повторно е така, јас мислам да се обратиш кај директорката. Сепак не е градинката место каде само треба да ги оставиме додека сме ние на работа и таму тие нека плачат, нека чекаат да помини времето да ги земиме, значи градинката е место каде треба да се занимаваат, да бидат среќни, да играат и по можност нешто да научат
Ете пробајте ако имате можност некој друг нека ја носи на сабајле

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 17.10.2013 9:49:03 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

18.10.2013, 10:27

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Eh nie sekojdnevno so ova se soocuvame...sekoe popladne ke i tekne mi vika ne sakam vo gradinka,otpisime,i na toa neli sleduva ama zosto ubavoe tamo drn drn i taa so placki uporno vika otpisime,i jas koga ke i kazam OK,odma reagira,a koj ke me cuva...i mislam smesno e vekje i ne i ni obrnuvam vnimanie,bidejki od tamo iskaca presrekjna,rabotat,crtaat i pesnicki znae,i neguvatelkata e prekrasna so nea,taka da apsolutno nema nikakvi pricini zosto ne bi sakala da ide...ama ete isprobuva zivci,testira,me maltretira narodno kazano..i resiv deka vekje nema da i obrakjam vnimanie osven ako kaze deka nesto se slucilo pa da reagiram

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

02.03.2014, 12:42

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977


ИЗВОРНА ПОРАКА: Zagrizhena mama

Ние имаме проблем со градинка скоро цела година, воопшто не сака да оди. Еден ден оди со молење, наредниот не можеме да го натераме, воопшто не му се допаѓа. Таму гледа цртани и воопшто не се игра со дечиња. Незнам веќе како да постапам да го убедам да се дружи и игра со другарчиња.




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

02.03.2014, 12:55

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Загрижена мама, добредојде на Рингераја. Се надевам дека тука ќе најдеш корисни совети за твоите дилеми, а во врска со твоето прашање - колку што те сфатив - вие понекогаш му дозволувате да не оди во градника? Ако е така, мислам дека тоа е главниот проблем. Ако му попуштате и го оставате дома бидејќи плаче/не сака да оди и сл, детето ќе сфати дека не мора да оди во градинка и постојано ќе пробува со истата финта. Затоа секој ден зборувајте му само позитивно за градинката, ама и дека мора да оди зошто мама/тато се на работа, нема кој да го чува, или некоја друга причина поради која тој мора да оди во градинка секој ден без исклучок.
А тоа за неиграњето со другите деца, зборувајте со воспитачките, тие треба да го вклучат во игрите со другите деца. Не би требало децата да ги оствааат сами цело време, туку треба да се потрудат да ги вклучат сите заедно во некоја игра.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

02.03.2014, 13:59

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

И ние дури тргнавме па после две недели на господинот му текна дека не сака да оди.И така исто постапувавме и ние,де одеше де не одеше за на крај да го испишеме.И знам дека не требаше овој пат да му попуштиме и воспитувачката ни рече дека без разлика дали сака или не даЛИ насабалје плаче или не да го носиме редовно.Е ама на маж ми му било жал да го малтретира и да го тера против негова волја па така бидна што бидна.Сега си велам ајде од септември ама знам дека и тогаш ќе биде истата песна.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

09.05.2014, 18:28

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

НИе пак со нашиот проблем. Ова се случува секогаш кога сум попладне на работа. Од понеделникот се сменив и почнаа плачки, вриштења, пиштења. Минатиот месец се беше во ред, а сега измислува причини за да не оди во градинка - ја задевале другите деца, па имала некаде црвени точки па да седела дома додека не и поминат.... Вчера цел ден и објаснував дека кога ќе ја однесам во градинка и јас за брзо време одам на работа, а кога ќе бидам на одмор во летото, цело време ќе бидеме заедно, и тогаш нема да оди во градинка зошто и јас ќе бидам дома, па двете ќе бидеме на одмор. Денес добро поминавме, ама и немаше многу време да плачи, се надевам дека се разбравме.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

Последни статии

article-img