за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
ajde i jas da spodelam iskustvo. Od ragjanje do pred nedela dena koristevme can bebe, super se pokazaa. Minatata nedela nachekav bekutan na promocija, mi dadoa probni 4 peleni, poubavi se definitivno od can bebe. Ich ne mirisaat, ubavo stegaat na mesheto i suvi sme cela nokj.
Inache gi imam probano i pampers (pola paketche propushtija pelenite) i puffis ama tie nekako kako topche se sobiraa koga kje se izmochkashe bebush.
_____________________________
Never let a bad day make you feel like you have a bad life.
22.05.2014, 00:06
elenak
2004
Ellyllon тоа што се собира како топче е од гелот што го содржат. А Бекутанот не се ли премногу крути? Така имам слушано, инаку ние сме веќе долго време со Дајперс, супер се, и цена и квалитет. Памперс користевме на почеток ама почнаа да пропуштаат многу и ги сменивме, преминавме на Дајперс. Е сега во последно време нешто има некои проблеми, многу често се случува да нема 5-ка низ продавниците и аптеките, па еднаш моравме да земеме нешто друго и ни ги препорачаа Хелен Харпер. Не знам дали е навика ама некако мене дајперсот ми се најубави, не би менувала. Додуша јас би веќе летово без ставање било какви ама ќе видиме шефицата дали ќе ми го прифати предлогот.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
04.06.2014, 13:02
babybee
15
Девојки дали сте слушнале за пелени за на плажа и дали ги има некаде кај нас? Некаде прочитав на некој странски сајт беше дека има пелени за на плажа еднократни и за повеќе употреби, значи и за бањање во вода. Дали остои такво нешто кај нас или ќе треба да менуваме пелени на 5 мин. на море?
04.06.2014, 13:31
sandriana RR
2924
За пелените за на плажа да провериш во ДМ имаше едно време на Huggies и нa Baby Love.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
04.06.2014, 22:55
princessa
1056
Во дм има сигурно, нивната марка babylove е супер и ми е испробана неколку пати. Сум користела и на babydream швајцарски ама незнам дали во мкд ги има. На Huggies ги имам еднаш користено и ги купував некаде 6 евра 12 парчиња. А тие од дм беа ептен ефтини 12 парчиња некаде мислам за 4 евра.
_____________________________
All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!
12.06.2014, 16:42
vezilka RR
4931
Земав на Канбебе и за чудо ми се допаднаа. Му ставив синоќа и до сабајле додржа, не пропушти. Ај ќе видиме ко ќе потпорасне и поише ќе.мочка. Сега за сега арни се.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
13.06.2014, 10:43
sandriana RR
2924
Canbebe ги користиме/користевме (бидејки речиси се одвикна Т од пелени) последнава 1,5 година, и јас имам само пофални зборови за нив - и цена и квалитет.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
13.06.2014, 10:55
AnnaMolly RR
6409
Канбебе ги користев за Филип долго време, а тоа беше пред 3 години. Презадоволна бев, а тогаш уште немаа еластични лепенки. сега кумашинката ги користи и видов бајаги се сменети, скоро 90% како Памперс личат. Меки, тенки и убави. Би требало да се уште подобри од порано.
_____________________________
Live and let live
13.06.2014, 11:44
Felly RR
7977
Јас па воопшто не бев задовлна од кан бебе - може ги смениле сега Пред 3 години кога купив еднаш за М, на секое мочкање се преслекувавме, зошто буквално на секое мочкање и прокиснуваа. Ем дете водено, ем кој знае колку пелени во денот и сменував.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
13.06.2014, 14:57
Ilina87
326
Ние пред некој ден ги сменавме пелените од pampers се префрливме на daipers, финансиски не се издржуваше, и задоволна сум засега, не прокиснал. А колку пари се canbebe за над 8 кг?
14.06.2014, 11:09
sandriana RR
2924
А колку пари се canbebe за над 8 кг?
Во Стокомак се најефтини и сите бројчиња се иста цена - 560-580 негде беа, а во Зегин околу 680 со влажни марамици.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
14.06.2014, 11:34
belabela
165
Дајперс најдобри и цена и квалитет
15.06.2014, 16:21
Ilina87
326
Фала Sandriana за информацијата, биле доста поефтини. Јас не пратам толку затоа што мм ги купува
16.06.2014, 21:41
cece333
35
значи дефинитивно да пробате bello ПЕЛЕНИ ги прави истата фирма ontex како canbebe ,ги имаат направено исти како канбебе,многу се ефтини 260 ден 36 парчиња . за првото користев само памерс и потоа дајперс,а за второто канбебе и сега пробав бело . Пробајте ништо не губите ,ефтини се ги има во сите аптеки (има во продажба и стари пакување и тие не се лоши )
18.06.2014, 23:55
Melanija RR
7052
Се решив да го сменам Бекутан 4ка.Не само 1 во ден да пропуштат туку почна и по 2-3 во ден па неможе да е лошо наместена, ок некогаш неочекувано за 2 саати е преполна.Еве деновиве приметив М попладне ги преполнува пелените од сабајле полу празна ја менувам.И еве денес Пафис првата пак пропушти ама некако по голема ми делува а тие се килограмите.Навистина се тенки и меки ,ги кревам повисоко но на препони некако млитаво стои ластичето Машко е ,но не внимава да му го креват нагоре може има улога,ама по ногавица моча и плус кога ќе го подостава во дубак баш таа се истатат таа десна страна го крева нонстоп ноџето го потпира на страницата. Незнам што да мислам
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
19.06.2014, 10:36
Dilina
533
Мамички јас за почеток спремив канбебе едно мало пакетче од 14 пелени, 130 ден беа од аптека ги земав. Што ќе ми кажете, доволно ли ќе се за во болница? Или да земам уште?
19.06.2014, 12:58
Felly RR
7977
Па може уште едно пакетче да си спремиш. Обично три дена се останува во болница, па така ако сметаш за во денот дека ти требаат 7-8 пелени, нема да ти стигнат. Е сега, во болница не им ги менуваат толку често, како ние дома на 3 саати, ама ти имај си уште едно паковање дома, па ако ти затреба, да може некој да ти донесе.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
19.06.2014, 15:38
princessa
1056
Дилина ќе ти треба уште едно пакување, за секој случај имај си повеќе. По 6-7 парчиња на ден ќе ти требаат. Јас користам скоро цело време памперс и досега најубави ми се. Е сега синко ме изненадува зашто е машко и некогаш се измочкува цел, незнам како ама нагоре му оди изгледа . И тогаш ни памперс ни ништо не помага. Со ќерка ми го немав тој проблем
_____________________________
All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!
19.06.2014, 15:48
AneLav RR
1110
ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina
Мамички јас за почеток спремив канбебе едно мало пакетче од 14 пелени, 130 ден беа од аптека ги земав. Што ќе ми кажете, доволно ли ќе се за во болница? Или да земам уште?
Мој совет купи си најголемо паковање и земи си го половината со тебе, се кине баш на средина пола за дома пола за во болница и готово. Помалите пакувања секогаш се поскапи. Поздравче
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
19.06.2014, 18:08
Melanija RR
7052
Да двапати денес Пафисот пушти сега гледам Бебилов има миди од 4 до9 кг и Дајперс до 10кг.М ми има околу 8.500кг па можно е да 4 ки ( од 7 до 18кг) да му се големи ??? Како може 10кг да е разлика во еден број ми нема логика макс треба да е на 5 кг. СЕ мислам уште тие Дајперс до 10кг да ги пробаме
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
19.06.2014, 19:30
Dilina
533
Мало паковање земав за во случај да не не му одговараат. Ама ќе земам уште едно пошто како што кажувате нема да бидат доволнио.
20.06.2014, 10:58
AneLav RR
1110
ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina
Мало паковање земав за во случај да не не му одговараат. Ама ќе земам уште едно пошто како што кажувате нема да бидат доволнио.
Дилина ќе му одговараат било какви со какви ќе почнеш со такви и ќе се навикнете, не се замарај за тоа. Поздравче!!
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
20.06.2014, 16:48
Ilina87
326
Melanija, пробај дајперс, јас задоволна сум. Ги сменав памперс со дајперс и досега не прокиснал. Е сега за навечер не знам, не сум пробала дајперс, имам уште памперс и за преку ноќ од нив ставам.
23.06.2014, 19:07
Dilina
533
Ве послушав, земав канбебе уште едно паковање мало, пошто едно веќе имав земено. Прееска ги гледам и едвај се воздржувам да не ги отворам да видам какви се (инаку незнам како изгледаат пелени во животот 2 пати сум земала дете во рака па видете колку сум неука....)
14.07.2014, 20:45
anaana
1126
dali nekoj gi probal tie pelenite lino star? i kaj mozat da se kupat? vidov na fb nekoj marketi za niz skopje ama ne znam kaj se tie marketi ajde iskustva