за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
jas koristev ( ne noseme veke 2 eseci peleni) prvo bekutan, ama bea mnogu kruti, pa preminavme na svajcarskite top se pokazaa osven broj 5, propustaa sekoja 2 vecer, pa preminavme na helen harper po preporaka na rr-jki i do kraj niv gi koristevme top cena i top kvalitet
_____________________________
24.07.2014, 17:26
Dilina
533
Во болница користевме КанБебе, но мајка ми донесе бекутан од 3 до 5кг и се покажаа супер.. оние од 2кг се крути, ни дадоа од болница некој рекл. материјал од бекутан, и не ми се допаднаа. А ни дадоа и од памперс, па имаше 2 пеленчиња премиум. НАЈДОБРИ, но и НАЈСКАПИ.... така да не ми се даваат дупло пари... но и бекутанов вршат работа, сега за сега се супер ако нешто не се ко шо треба или идеме на канбебе или памперс премиум...
За сите што имаат можност П.Премиум се најдобри, а имаат и индикатор на секоја пелена напред да немора да ја отварате да знаете дали е мочано или какано :)
08.08.2014, 11:24
Melanija RR
7052
Имам убава вести за сите кои купуваат пеленки
Сега бев во Зегин и од 1 август е почната акцијата што беше најавена за намалено ДДВ на бебешки производи. Ние си ги најдовме пелените веќе 2 месеци, биле рестриктивно но сега ги има.Даиперс 4 ка 50 парчиња сега се 499ден а беа 555ден
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
22.08.2014, 15:08
kate18
78
Ние користиме КанБебе и сме задоволни до сега, невечер не ни пропуштило до сега, а каките неколку пати од кај ноџето, е сега не знам дали дека се големи или не стегам доволно. На почетокот користевме Памперс премиум,ам дупло се поскапи и мислам дека нема потреба...Сега ми мерак да ги пробам Пафис, во тинекс се на акција,па ќе видиме. Влажни марамчиња користиме Baby care, супер се и без парабени...
22.08.2014, 15:36
Melanija RR
7052
Мене Пафисот не ми се јасни,големите пакувања се дезејнирани и 66 пелени 915 ден ,па тоа е цена ко памперс.Акциите траат кратко а после па по старо.Ок беа но потполно иста мекост имаат и Даипер предобри се да знаев од раѓање ќе ги купував тие
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
02.09.2014, 11:38
sonc90
267
moze li nekoj koj sto e informiran da kaze nesto povekje okolu ova so namalenoto DDV na bebeski proizvodi i bebeska oprema...koi se proizvodi i koja oprema ja opfakja? eve Melanija spomna za pelenite,drugo sto? bidejki imav prilika vo megjuvreme da pazaram kozmetika i vlazni maramici i cenite si se kako i prethodno pa si rekov da se informirame sto se spagja vo proizvodi so namaleno DDV...ne deka ke mi smenat nesto 10 den pomalku ama 10 od vamu,10 od tamu si se sobiraat...taka da koj znae neka kaze pa da si imame nekoi pridobivki...pozz
08.09.2014, 14:58
Dilina
533
Штом во зегин се намалени пелените (а намалени се кан бебе знам пошто ги користиме) сигурно сите др производи покрај пелените се намалени.. јас сега кај нас во маркет приметив дека се намалени памперсот 1003д така нешто беа а за 11кг ми се чини...
15.09.2014, 15:20
Melanija RR
7052
Засега само на пелени, другото се однесува на опрема.Мислев дека е и на храна но веројатно не
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
10.10.2014, 08:21
tincule
183
Ние користиме Канбебе ми се покажаа супер и плус ми се некако најблиску до памперсот само поефтини мојава ги прифати супер додека пробав и со бекутан ама газето и се направи жар црвено со пликови и ги баталив. Сега ми стојат така 80 пелени цело пакување од бекутан
10.10.2014, 09:13
Melanija RR
7052
tincule ponudi gi ako imas na nekoja bliska ili pisi ako nekoja saka tuka neka te kontaktira preku pp nemora javno ova kako ideja
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
11.10.2014, 09:00
tincule
183
Да, слободно ако има некоја мами на која и требаат имам скоро 90 бекутан пелени од 2-5 кила. Не ги користиме а немам некој близок на кого можам да ги дадам, па доколку сака некоја нека ми пише во приватна порака и нека остави телефонче. Поздрав, инаку сум од Скопје чисто да знаете
12.10.2014, 09:35
tincule
183
Мала грешка пелените биле од 3-6 кила
13.10.2014, 00:24
Dilina
533
И јас имам пола пакетче бекутан од 2-5 ако сака некој слободно пп :) Ги користев, малце ни направија осип ама преминавме на 6-9кг и поччнав со кан бебе и пафис....
02.12.2014, 14:45
caciana
863
Vnuka mi od raganje koristi Pampers Sensitiv. Ama ima osip na kozata kade sto lezi pampersot ima bruncinja.Koi peleni se dobri za cuvstvitelna koza?
02.12.2014, 14:55
Malecka23
1175
daypers provereno!
20.01.2015, 11:39
Maja Peovski
27
ЛУѓе помагајте, имамe 6 месеци, досега бевме на Кан бебе 4+ ама почнаа да ми пропиваат секое сабајле, некогас и преку ден, вчера земав од тие швајцарските и од нив пропива... имаме скоро 9 кила, незнам дали е до папмерсот или ние многу мочкаме кој би ми препорачале вие?? инаку од почеток па до сега сме на канбебе не ми пропуштиле сега откако влеговме во 6 месец почна, сум ги пробала и тие на Hugges ама ни се вцрви газто одма, дали беше од нив незнам..
< Поракaта ја уредил Maja Peovski -- 20.1.2015 11:41:10 >
20.01.2015, 13:09
lukajana RR
1481
Ние користиме бекутан и за 8 месеци ниеднаш не ни пропуштиле ама за разлика од кан бебе се покрути.Јас од раѓање ги ставам и малата ми е навикната на таква пелена а твоево на помека па пробај со дајперс тие се убави меки и добро впиваат,јас за првото ги користев и бев многу задоволна
20.01.2015, 13:14
Mihaela 2010
4230
So prvoto isklucivo pampers taka ke bide i za vtoroto.probav da gi smenam, od kan bebe mi propustaa od pufis mi se nafrla i pak na pampers si se vrativ.najdobri mi se
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
20.01.2015, 14:25
pepuska
126
Да ве прашам каде можат да се најдат швајцарските пелени ? окол у аеродромили центар особено
20.01.2015, 14:55
Melanija RR
7052
Некогаш е до видот на пелената,најчесто до конфигурацијата на бебето, и до меѓу големина.
Maja Peovski многу е важна бројката веќе со 9кг треба да е 4ка, но тие се од 7кг до 17кг.Незнам како производителите така глупаво ги осмислуват а има и од 11кг до 20кг која ли е логијата.
Мојот се мочаше од страна ,нели природно и пелената кога ја местам гледам страничните за лепење да се меѓу ноџето и кукот и тој агол да е затворен ,пробај.Ние сме на 4ка Даиперс и задоволна.Ноќе знае горе да има пуштено па пазам да се залепена погоре но тоа е тоа ,идеални мислам нема.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
20.01.2015, 15:34
Maja Peovski
27
изгледа така ке биде, мислев да не му е мал памперсот па земав 4+ од кан бебе, но пак ке пробам и некои други...Ви благодарам на сите
20.01.2015, 17:42
Ilina87
326
Maja, мој совет пробај дајперс, јас сум многу задоволна. Не се многу скапи, а убави се. Јас за навечер му ставам памперс, а преку ден користиме дајперс.
12.02.2015, 20:39
sonc90
267
lele zeni,nie sme cudo na prirodata...site deca vaka - moeto obratno...nie ne nosime peleni,isklucivo tetra...do pred nekoe vreme non stop imavme bubulici na dundeto...a pred nekoja nedela tolku stana ozbilno sto pokraj bubulici ni se pojavi i otok i aj na lekar pa se mackavme so trista cuda i koga kazavme deka sekakvi peleni imame probano i nema spas, doktorkata ni rece da gi isfrlime pelenite i da stavame tetra i osmici(svedska)...i sega sme ko u 19 vek,od milion firmi za peleni nie sme so platneni
13.02.2015, 14:31
Melanija RR
7052
sonc90 дали проба повеќе креми,баш сите пелени да не одговараат? Кога ќе дојде лето? Едно по едно пробувај и давај време мора нешто да се најде
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
14.02.2015, 01:43
sonc90
267
Od peleni bas site sto postojat...na lekar mi velea da gi nosi bar nedela dena za da se vidi rezultat i nemase podobruvanje.a od sredstva ni dadoa kanesten,kansen,jas i stavav pavlovikeva,becutan,becutan cink oksid,becutan vitaminska mast,becutan so ribino maslo,hipermangan,eozin,kamilica caj,bez vlazni maramici (i seuste ne koristime maramici) i taka...resenie?spored doktorite resenie bese tetra......toa e...sto maki vidovme uste od dva meseci...ama pred 3-4 nedeli stana ozbilno koga se vospalija brumcinjata i togas ni rekoa deka nema igracka so genitaliite i da ne stavamee peleni i da ne briseme so maramici...