Јас имам две деца ама не се помало и поголемо, исти се....И од кога почнаа да разбираат е борба за превласт кај мене, односно кој повеќе ќе го привлече моето внимание со она што ќе го направи....Разлиќни карактери скроз и различна реакција и размислување на нештата. После скоро две бурни години, испрочитани полно статии, искуства и истражувања од детска психологија и применување на разни методи можам да кажам дека конечно од кога децата ми наполнија 5 години јас 90% од времето уживам со моите деца. По однос на прво второ дете, јас сум второ дете и немам ама баш никакви „трауми“ од тоа, мислам дека и сестра ми ако ја прашата нема ни таа од фактот што била прво дете. Моето искуство се темели само на моте деца, без багаж од тоа јас како сум се соеќала како второ дете бидејќи ко што кажав некое посебно сеќавање немам - сум се осеќала како дете на мајка ми и татко ми. Еве што имам научено, па може на некој ќе му помогне:
-децата сакаат да привлечат внимание и рекација од родителите со тоа што тие не разликуваат до одредена возраст на каков начин привлекле внимание, нив им е само важно дека од мама или тато добиле реакција. Затоа е важно уште од најрана возраст на децата да не им обрнувате внимание кога прават нешто што не треба да го прават, односно да не покажете никаква за нив видлива реакција. На пример, детето оди накај штекерот и вика одма скокате и викате „не таму“...Кај детето ова е знак дека прави нешто што го привлекува вашето внимание и му клика - еј супер ова пак ќе го правам...Нему не му значи ништо - не таму, опасно е...Како станува поголемо почнува и да подразбира дал вниманието што го привлекол е зошто направил нешто добро или лошо ама тоа за него не е битно, многу поголема е желбата да се добие реакција од мама. Точно како што опиша Мартинс мам, ја удира сестра му зошто знае дека ќе реагирам...Епа следен пат не реагирај. Тоа не значи дека ќе го оставиш да ја убие, ама нема да викаш, нема да имаш бурна реакција туку без да му обрнеш било какво внимание ќе дојдеш до бебето и ќе го ставиш во безбедна позиција, без при тоа на Мартин да му опрнеш било какво внимание...Значи што е идејата - секое она однесување кое сакаш детето да го прави ќе го анградиш со бурна позитивна реакција - Браво, супер, дојди да те гушнам, многу умно дете си, итд...и секој пат кога ќе направи нешто што сакаш да продолжи да го прави ќе го пофалиш....Однесувањето кое не сакаш да го правиш ќе го инорираш 100%, ќе се однесуваш како да не постои, т.е. како да не било направено...Без разлика тој колку ќе вреска, ќе се треска од земја, ќе плаше и сл...Кога детето ќе се смири од хистеријата, или некој час подоцна кога ќе имаш мирна околина ќе го седнеш и ќе разговарате за чувствата баш како што рекла Ники. Ќе им дадет имиња на сите тие чувства, ќе му биде кажано дека се валидни и нормални, дека и мама ги има, ама дека кога ги има не го тепа, не вреска и не лупа со нозете по земја...Ќе укажеш дека таквото однесување не му помага на него да се справи со тие чувства и ќе побараш од него да предложи што би можел следен пат да направи кога ќе биде лут зошто и посветуваш внимание на Ана а не него, а тоа да не биде да ја удира неа...Ќе ти предложи нешто, ти ќе предложиш нешто ако не знае сам..Следен пат, прво игнорирај, после чекај да се смири и после повтори му што се договориле...следен пат кога ќе ги видиш првите знаци на „хистерија“ потсети го што сте се договориле и овозможи му на тој начин да ја искаже лутината....Ова функционира, проверено кај многу примери само треба секогаш да си конзистентна и ти и маж ти....кога се игнорира, игнорирате и ти и он, а не он да го земе и да го смири или пак он да му се извика и да го казни....Се надевам дека долгиов пост ќе му биде од корист на некого....