cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Сурогат - мајка !?!

  
clock-img

17.06.2009, 19:04

clock-img

tedi

pencil-img

26

ke se javam na mojot nefrolog (a ne ginekolog) se izvinuvam za greskata...user posted image user posted image user posted image

clock-img

18.06.2009, 18:59

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Теди ме интересира дали воопшто си се распрашала дали во Мак. постои можност за сурогат мајка.Бидејки сега во еден неслужбен муабет со една пријателка, зазборевме на оваа тема и таа ми кажа дека нејзина пријателка на тој начин добила дете.Нејзината кума не можела да има дете и жената има 4 деца и се нафака да роди нејзино дете.(случајот е во Скопје)Одат на нотар, прават договор и тука приказната завршува. Имало и ситуации кога се договараат две семејства мегу себе за вакава работа.Како и да е ќе се распрашам јас и во секој случај ќе направиме нештоuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

18.06.2009, 19:43

clock-img

tedi

pencil-img

26

    Elena...jas koga bev vo malabogorodica,prvoto sto im go predloziv na ginekolozite (po preporaka na moite doktori) bese dali ima sansa nekoj da rodi za mene..ginek. mi odgovori nemoze vo mk... nema takov zakon....
....denes citav na internet vo BiH i Srbija, na nivni forumi, isto taka nekoi davaat oglasi za da ragaaat za drugi, drugi pak baraat surogat majki....mi ostana vo sekavanje toa sto i tamu so zakon ne e regulirano ovaa i eden advokat uklucen na forumot pisuva,deka stom ne postoi zakon ili protiv zakon za surogat majki....t.e. ako zakonski ne e regulirano , ne moze da se prekrsi nikakov zakon so toa sto nekoj ke rodi za drug....ama  neznam za vo mk ...kako e....
  te molam rasprasaj se ubavo...kako e kaj nas, inaku znam sigurno deka vo Anglija,Rusija,Amerika..mislam i Italija i Germanija e dozvoleno.....(p.s.eve napisi nesto za Sara Desika Parker...pisuva deka ceka deca bliznaci od surogat majka,26 godisna devojka za 150 000 dolari,bidejki taa nemozela do sega da ima deca)
     me izraduva so informacijata....golem pozdrav..daj boze da e mozno....ne cekam ni 1 den ,pravo ke baram surogat majka...samo te molam prasaj pobrzo nemam strplenie...sakam dete-)))

clock-img

18.06.2009, 19:48

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Обавезно'ќе дознаам и може да бараме сурогат мајка со заеднички сили, бидејќи она друга варијанта ќе биде долготрајна а јас сакам што побрзо да го имаш своето најмило во твои рацеuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

20.06.2009, 07:50

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Откако ја отворивме темата и малку подлабоко навлеговме во оваа работа се запрашав до кој степен не засегаат прашањата од морален и емоционален карактер кога станува збор за вакво нешто?!
За оние кои се помалку информирани уште еднаш сакам да нагласам дека  Сурогат е еден метод на репродукција во која една жена се согласува да забремени со вметнат ембрион од друга двојка или едноставно кажано ја позајмува својата матка. Понекогаш сурогат-мајките се и биолошки мајки кои забремениле по пат на вештачко оплодување со сперма од другиот биолошки родител-таткото кој во овој случај е посвојувач на идното дете заедно со неговиот брачен другар/патнер.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

20.06.2009, 07:55

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Сара Џесика Паркер чека близначки од сурогат-мајка

"Во заедничка изјава парот објавил дека раѓањето на девојчињата се очекува ова лето и дека се пресреќни поради тоа.
Пријател на парот, кој е во брак 12 години, открил дека Сара Џесика и Метју со години се обидувале да го прошират семејството, уште откако им се родил синот Џејмс Вилки (6) па по многу неуспешни обиди минатата година се одлучиле дека сурогат мајка е најдобра алтернатива за проширување на семејството."
_________________________________________________________________

Рики Мартин стана татко на близнаци преку сурогат-мајка

Некогашната латиноатракција Рики Мартин (36) стана татко на близнаци преку сурогат-мајка и во наредниов период планира да направи пауза во кариерата за да ги одгледа.
________________________________________________________________

Една 50-годишна Гркинка од Крит, неодамна, како сурогат мајка, и родила близначиња за својата 27-годишна ќерка, која поради здравствени проблеми не можела да ја износи бременоста, пренесуваат грчките медиуми.
Породувањето се извршило во болницата во Ханија, на островот Крит, а двете бебиња се здрави. Ембрионите биле вештачки оплодени и поставени во матката на сурогат мајката.
Овој начин на вонтелесно зачнување, законски е дозволен во Грција, а тоа им овозможува на многу брачни двојки да добијат деца.
Во матката на сурогат мајката се всадуваат ембрионите настанати со вештачко оплодување на јајце клетки на друга жена, која не е во состојба да ја издржи бременоста.
Матката на сурогат мајката потоа девет месеци се користи како инкубатор.


< Поракaта ја уредил Elena -- 20.6.2009 8:02:01 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

20.06.2009, 08:08

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Текстот е превземен од весникот "Вест"

МАКЕДОНИЈА НЕМА РЕГУЛАТИВА ЗА СУРОГАТ МАЈЧИНСТВО
Живи инкубатори на диво
Според црната статистика, популарно нареченото износување бебе, иако не е законски дозволиво, во земјава постои, но никој не знае колку точно жени одлучиле својот ембрион да го префрлат во друго тело

Во Македонија официјално нема сурогат мајчинство, бидејќи законот не го дозволува тоа. Но црната статистика говори дека популарно нареченото износување бебе во земјава, сепак, постои. Колку точно жени одлучуваат некој друг, наместо нив, да го помине трудничкиот период од девет месеци, никој не знае, но гинеколозите се сложни дека процентот не е мал. Македонија никогаш немала ниту законска регулатива ниту каков било правилник за регулирање на сурогатството, па со години тоа се прави на диво, без контрола, со страшни последици. Токму поради тоа и сурогат мајчинството, но и секаков друг вид вештачко оплодување во земјава, кога се прави на диво е со дозвола, знаење и договор меѓу пациентите и лекарот.
Пример за тоа е последниот случај во Битола, кога две сестри се договориле една на друга да си помогнат во добивањето потомство. Откако едната, по низа прегледи, добила лекарско објаснување дека не може да забремени, ја замолила сестра си таа да го стори тоа за неа. И се случило. Другата сестра останала трудна, го поминала периодот од девет месеци и родила живо и здраво бебе. Но се би било во ред, доколку соседите на другата сестра, кои ја гледале девојката бремена и кои разбрале дека породувањето било успешно, по извесно време не ја пријавиле во полиција за чедоморство. Соседите, кажуваат битолчани, еден-два месеца не виделе бебе кај девојката и се посомневале дека таа нешто му сторила. Сомневањата ги пријавиле во полиција, по што следувале тешки компликации. Бидејќи не постои закон, тие не можеле да регулираат чие е, всушност, детето, иако се знаело дека ембрионот ставен во матката на другата сестра е всушност на првата сестра. По долги расправи, случајот бил решен, но како мајка на детето останала да се води неговата тетка, која за него била само жив инкубатор и го носела девет месеци.
"Има вакви случаи во земјава бидејќи постои не така мала група жени кои само преку сурогатство можат да добијат деца. Тоа значи дека парот ги исрцпил сите други начини за забременување, но неуспешно. Навистина, во асистираната репродуктивна технологија е направена револуција, но, за жал, има и такви случаи кога е неопходно и единствено можно до бебе да се дојде преку сурогат мајка. Тоа значи дека и мажот и жената се здрави, прави и репродуктивно способни, но жената од икс причини не може единствено да го износи детето. Се останато е во ред", објаснува проф. Јован Тофоски, поранешен директор на Клиниката за гинекологија во Скопје и првиот лекар кој во Македонија направи бебе од епрувета.
Сурогатството, кое се дефинира како префрлање ембрион во друго тело, за вакви случаи, потенцира професорот, е единствен спас. Тој додава дека во таков случај оплодувањето на јајце клетката се прави надвор и сурогат мајката служи, практично, како жив инкубатор, бидејќи бебето што ќе го роди нема никакви нејзини генетски својства.
"Но токму ваквиот момент дава простор за многу манипулации, а се отвораат и безброј морални, етички и правни прашања. Пред се, тука е плаќањето и начинот на регулирање на услугата, од каде што произлегува и дилемата дека новороденчето од субјект станува објект и, практично, се продава. Најчесто носителот на бебето бара пари за извршената услуга и тука настануваат многу проблеми. Токму поради тоа, секоја земја и во Европа и во светот на различен начин го има регулирано сурогат мајчинството. Никаде нема унифициран закон ниту ист правилник", вели проф. Тофоски.
Според податоците, некои земји сурогатството го регулираат со закон, но повеќето оваа проблематика ја третираат преку упатства што ги изработуваат одредени здруженија или министерствата за здравство. Но информациите говорат дека во многу земји, меѓу кои и во Македонија, ова прашање виси и не постои никаков документ за негово регулирање. Таков е случајот со Грција, земја која, освен за сурогат мајчинството, нема законска регулатива ниту за вештачкото оплодување ниту за бебињата од епрувета. Се се прави на диво, поради што и цената за ваквите интервенции таму е најниска.
Единствено во Велика Британија и во Израел сурогатството е регулирано со посебен закон, додека во Холандија, Словенија, Хрватска Германија, САД, Австралија и во некои други земји тоа е решено преку упатства, во кои строго е наведен начинот на кој тоа се прави, под кои услови и стои дека ваквата интервенција може да се врши само во установи кои се регистрирани и имаат дозвола за тоа.
"Постојат земји кај кои со закон е забрането сурогат мајка. Тоа е најчесто од религиозни причини или правни недоречености. Но луѓето се снаоѓаат, па ако нема во нивната, ќе заминат во соседната земја и без проблем, со пари во џеб, ќе направат и ќе добијат се што им треба", кажува проф. Тофоски.
Во Бразил и во Унгарија, во улога на сурогат мајка може да се јави исклучително член на семејството на парот, за што носителот на бебето не смее да земе пари за сторената услуга.
"Лично сметам дека во Македонија треба да постои можноста за сурогатство, бидејќи се покажа дека жените, односно брачните двојки имаат потреба од тоа. Жално е двајца млади луѓе, кои имаат можност за репродукција, да останат без поколение. И онака сурогатство се прави во земјава, барем тоа нека биде контролирано, под надзор и изведено од стручни лица. Така ќе ги заштитиме луѓето од несакани последици, од трауми и, не дај Боже, од последици за здравјето", нагласува професорот.
Но на крајот вели дека задолжително мора и кај парот и кај сурогат мајката да се прават неопходни тестирања за СИДА, за хепатит Б и Ц и за други заболувања кои може, освен нивниот, на ризик да го стави и животот на бебето.

Александра Стојановска

***

"Ќе ти го износам за 500 марки "

Вработените во едно скопско породилиште раскажуваат и се присетуваат на случај кога медицинска сестра од болницата му се понудила на брачен пар, за тогашни 500 марки, да им го износи бебето.
"Тој брачен пар долго време лекуваше стерилитет во нашата болница. Со години луѓето се обидуваа на најразлични начини да добијат дете. Одеа и во странство, но без успех. По милион обиди, се откажаа од обидите жената да забремени. Но се зборуваше дека тоа го направиле не поради песимизам туку, наводно, поради понудата на една наша вработена да биде сурогат мајка за нивното дете. Сето тоа остана на озборување, бидејќи јавно ништо не се дозна, иако беше симптоматично што медицинската сестра зеде неплатен одмор од една година", велат од скопската болница.
Медицинската сестра се уште работи на акушерскиот оддел во оваа установа и има две деца.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

20.06.2009, 08:13

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Украинки раѓаат Хрватчиња!
Сурогат мајките, во согласност со родителите, се избираат од базата на податоци, а пред процедурата жените проаѓаат психолошки и медицински тестови
Десетици брачни двојки од Хрватска кои не можат да имаат деца, секоја година одат во Украина за да најдат сурогат мајка, жена која девет месеци ќе служи како инкубатор за нивното дете. Процедурата за земање јачени станици од биолошката мајка, ин витро оплодувањето, семенското всадување, лекарското следење на бременоста и породувањето во украинските клиники чини од 20.000 до 30.000 долари.

Во Украина сето тоа е легално и правно одлично функционира, велат среќните родители кои на ваков начин донеле дете од оваа источноевропска земја. Во Центарот за заменско мајчинство во Храков - Украина потврдуваат дека секоја година имаат по стотина пациенти од Хрватска, но точниот број не сакаат да го соопштат. Сурогат-мајките, во согласност со родителите, се избираат од базата на податоци, а пред процедурата жените проаѓаат психолошки и медицински тестови. Потоа, адвокатите склопуваат дговор помеѓу двете странки и ја средуваат комплетната папирологија. Сурогат мајката од овој вносен и се поразвиен украински бизнис добиваат од пет до десет илјади долари, а остатокот до 30.000 го земаат клиниките и адвокатите.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

24.06.2009, 12:35

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/535902/index.html

_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

24.06.2009, 12:56

clock-img

mami

pencil-img

8680

Ајде нека им е со срека...коклу си се радувам на бебиња...сакам пак да бидамuser posted image

clock-img

28.06.2009, 12:45

clock-img

milijana

pencil-img

323

Zdravo na site.Nova sum na forumov, no interesen e.Jas se boram so sterilitet veke 15 godini i eve od esen se dogovorivme so mazot mi da odime na posvojuvanje,odnosno nie veke pet god cekame za roditelstvo otkako ni se dadeni dokumentite..no ovaa esen resivme da fakame vrski.Za surogat majka neznam..ne sum opredelena..mislam deka tie surogat-majki moraat da imaat GOLEMO SRCE.Tie go nosat zivotot vo sebe 9mes..a nie ovde na forumov..site bez deca..so dusa cekame da rodime..normalno e deka ke imame takvi razmisluvanja.Au..moe dete da dadam..kaj nas se razvil eden odbramben sistem..kletka propaga..ne uspealo in vitro ..nie site bolni legnuvame..a ne pa..surogat majki da bideme.Sekoja cest na onie sto rodile svoe dete, pa sakaat da pomognat na druga zena..Ako vo makedonija..ne abortiraat zenive(a gi znam so odat po akuserski kliniki..tajno..sum sretnala xxx zeni)Deca ke ima bre zeni i za izvoz.Vaka jas nemozam da posvojam..a tolku mnogu sakam deca..pa za soprugot veke..neznam..pobudaleni sme.Cao na site dobri dusiki.

clock-img

03.07.2009, 11:22

clock-img

tedi

pencil-img

26

   pozdrav do site dobri dusicki (kako sto vika Milijana-)) eve sto procitav na eden Bosanski forum,citiram:

"HABRA je surogat majka koja ce u utrobi nositi 9 meseci dete koje nije deo nje, a ipak ga hraniti i stititi svojim telom, to malo srce kucace, bez obzira na sve, u njoj samoj sve to vreme.
HRABRI su i roditelji koji vise od svega zele svoje dete, i spremni su na cinjenicu da cari (i mane) trudnoce nece preziveti, da ce se to malo stvorenje pojaviti, iako je njihovo, dato iz tudjih ruku. Ali, sva ta zrtva, sve to odricanje poklanja nekome zivot i roditelje.
Koji god da su razlozi surogat majke (makar i iskljucivo novcane prirode), ja im svima skidam kapu i dajem jedan veliki glas ZA."

clock-img

03.07.2009, 11:29

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image Откако се отвори темата и откако имав прилика да прочитам и дознаам се она што прочитав и дознав, многу поинаку почнав да гледам и на сурогат мајките и на родителите кои бараат сурогат мајки.Да се надеваме дека ке успееме да издејствуваме нешто од септември месец, па здравје секој да има бебенце и полна душаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

03.07.2009, 15:08

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

pred nekoi 10 god. na dobra drugarka i predloziv da i` bidam surogat majka. Mnogu uzivav vo sopstvenite bremenosti, a nad se altruizmot i univerzalnoto majcinstvo koe go nosam vo srce, mi daade "petlja" da i` ponudam nesto takvo. Taa bese taa koja toa go odbi. I den denesen nema deca i ja sozaluvam skrisum.
Glasam ZA majka-inkubatorce. Steta sto kaj nas toe ne e pravno regulirano, ama kaj notar, se` e vozmozno.
p.S. Normalno, treba da imas i pari...

clock-img

03.07.2009, 20:46

clock-img

tedi

pencil-img

26

 cesto razmisluvam za surogat majcisnstvo i citajki eden drug tekst me potikna da go napisam slednovo :

Vo nasata drzava i da najdes nekoj koj ke rodi za tebe,se zaveduva kako majka,po avtomatizam majka e onaa sto go raga deteto,a ne e bitno dali taa zena mu e  baba,strina,tetka i sl.i dali voopsto ima nekakvo biolosko i krvno srodstvo so deteto koe ke go rodi,iako ustvari se raboti samo za pozajmuvanje na matkata (ovozmozuvajki mu kislorod i hrana)...a voedno ima pravo,spored zakonot,ako se predomisli i da ne ti go dade deteto...

Zivotnite zenki i zenskite deca ja imaat sposobnosta da ragaat,i voedno raganjeto se smeta kako primarna zadaca na zenata,nekoi zivotinki i zeni go ubivaat svoeto potomstvo,zivotnite so toa sto ke gi napustat,ili izgazat i sl, a zenite se skloni kon ubivanje na plodot(zacetokot) so toa sto ke go abortiraat,a pateticno e sto drzavata za takvite raboti ima razbiranje t.e. pravno gi sankcionira i podrzuva na eden ili na drug nacin,(so poimot spontani abortusi),i sevo ovaa se tretira kako edna normalna rabota, a onie koi sakaat da rodat za drug,drzavata nema zakon....
 
Seto ovaa me navede da se zaprasam:sto znaci poimot MAJKA?

Poimot MAJKA ne e samo bioloski,tuku toj e i socioloski,i psiholoski,taka da so definiranje na ovoj poim(majka-zena koja raga) se degradiraat onie drugi zeni koi nesebicno i so mnogu ljubov odgleduvaat nebioloski deca i onie zeni koi nivnite bioloski deca gi raga drug, dali tie zeni se pomalku majki od drugite,dali tie zeni ne osekat ljubov vo srceto i toplina na dusata koga gi gledaat malite sustestva.... da bideme realni poimot majka ne e samo iskustvoto na pukanje na vodenjakot i vristenjeto vo porodilisteto...samiot cin na raganje ne ja pravi majkata kompletna,majka e i zenata koja ima dovolno pozrtvuvanost i ljubov da odgleda edno malo covecko sustesvo,iznesuvajki go na vistinskiot pat...

Po nivna nekoja logika,si go postavuvam prasanjeto,zosto togas i inkubatorite i vmetnatite matki (od drugi zeni)ne se zapisat kako majki,tuku se vikaat inkubatori, ima bebinja koi po 1 do 2 meseca mora da se vo inkubator,tamu im se obezbedeni hranata,toplinata i kislorodot....kako moze  togas surogat majkata avtomatski pravno se proglasuva za majka,koja sto samo ja pozajmila svojata matka i nosi tugo dete...kako sto napisa Anushka surogat majkite se majka -inkubatorce...

Nasata drzava kazuva prazni zborovi za toa deka saka da go zgolemi natalitetot, a ne prezema nisto na toa pole, a ima stotici parovi koi namesto da si go nasocat zivotot na odgleduvanje na deca i rabota,tie trosat godini za lecenje na neplodnost i na kraj koga ke se svestat pominal zivotot,ni deca, ni pari,ni nervi, ni volja za vivot,za zal seuste ziveeme vo edno drustveno nezrela zaednica,koe ocigledno si dava za pravo i se drznuva da kaze koj na kogo ke bide majka.

Se prasuvam sto e ovoj zakon za drzavata tolku neprifatliv fakt,moznosta nekoj da ja iznosi bremenosta za nekoj koj ne moze,osven toa kako sto vikaat ne e potrebno da izmisluvame sega nie topla voda ,tuku dovolno e samo da se primeni praksata prisutna vo drugite drzavi,kako na primer USA,Ruskitata federacija,Anglija,Indija, Avstralija,Danska,Ukraina,Slovacka,Belgija i dr. 

clock-img

03.07.2009, 20:53

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

04.07.2009, 14:24

clock-img

milijana

pencil-img

323

E..draga tedi..dodeka ne te pogodi problemot..ne e se taka belo.Zakonite se nosat od luge koi ne se dopreni od problemot.Mi se ide da osnovam partija na zeni i veruvaj ke soberam potpisi za da se resat problemite na site zeni sto nemaat deca.Mnogu sum harizmaticna..i me dopiraat ovie temi duri do srceto.Lekarite..neka izvinat..no, ne sekogas gi resavaat ovie problemi,a socijalnite rabotnicki..za site se znaat i samo so primeri razgovaraat. Pozz na site..zenite se silni.Jas znam ponekogas da mu kazam na maz mi ,,Jas sum ti tebe posilnata polovina,a ti si mi mene poneznata,, Ve sakam site..i samo hrabro..user posted image user posted image user posted image

clock-img

25.01.2010, 22:51

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Толку многу се распрашував, толку контакти воспоставив за да сфатам дека кај нас шансите се помлку од минимални да се донесе закон за сурогат мајки. Еве сега имаме и нови рингерајки па сакам да го слушнам мислењето. А толку многу се надевав дека на темата ќе напишам позитивен коментар и многу срца ќе израдувам.дали навистина е невозможно да да се донесе ваков закон?


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

10.04.2010, 00:52

clock-img

sinolicka

pencil-img

180

surogat majka da -ne osuduvam.nekoi zeni od zdrastveni problemi ne mozat ili ne smeat da ragaat deca, pa zar oni ne zasluzuvaat edna topla detska pregratka.treba da im se dade sansa.jas licno nikogas ne sum razmisluvala za ova bidejki 13g.lecev sterilitet,.inaku nasiotbalkanski mentalitet e takov, pa citam tuka nekoi osuduvaat donor sperma a kamoli surogat majkauser posted image no vistinito.jas davam podrska ne samo za surogat majka tuki i za site opcii za dobivanje dete.:DONOR SPEMA,ZENSKI DONOR I POSVOJUVANJE DETE

clock-img

10.04.2010, 02:03

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Ако се навратите на моите први постови на оваа тема ќе забележите осуда за сурогат мајките, бидејќи никогаш не сум размислувала претходно на оваа тема, но откако загазивме малку подлабоко, откако се зближив со една наша рингерајка која се би дала да има свое дете, а поради здравствени причини не смее, мојот став го променив. Понекогаш ми доаѓа да и кажам дека јас би се нафатила да бидам сурогат мајка и да ја видам онаа насмевка на нејзиното лице и треперење од среќа за моментот кога би го земала нејзиното дете во раце. А којзнае можеби еден ден и тоа ќе го направам. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

19.04.2010, 14:32

clock-img

Belo_Oblache

pencil-img

24

Темава е за поздрав, сега првпат се среќавам со оваа тема на форумов, и баш сум изненадена што се развила цела дискусија за ваква тема.
Се прашувам што успеа да се направи по ова прашање, знае некој дали Теди успеа во својата борба да стане мајка?

Инаку целосна поддршка и само позитивни мисли имам за сурогат мајчинството. Тоа е врв на хуманоста и несебичноста, дури и оние што се одлучуваат на ова поради пари, и тие учествуваат во нешто прекрасно. Помислата дека никогаш нема да може да имате дете може целосно да ве порази, оние што имале било какво лошо искуство со забременување, или со бременост, целосно разбираат какви чувства се овие. Затоа целосна поддршка за идејата и дискусијата на оваа тема.

clock-img

19.04.2010, 21:16

clock-img

Еца

pencil-img

6692

ИЗВОРНА ПОРАКА: Belo_Oblache


Се прашувам што успеа да се направи по ова прашање, знае некој дали Теди успеа во својата борба да стане мајка?




Теди сеуште се надева дека еден ден во својата преграткат ќе го држи најубавотот ангелче на светот, нејзиното ангелче, а јас ја подджувам во таа борба и се надевам на успехuser posted image user posted image user posted image За Теди!


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

20.04.2010, 11:26

clock-img

melody

pencil-img

743

Jas nikogas ne sum bila protiv surogat majcistvoto i koga ne bi imala familija bi se nafatila za toa i ne za pari ednostavno samo da vidam edno plus nasmeano lice.Duri i mnogu poveke bi se grizela za moeto zdravje i zdravjeto na toa bebence vo tekot na bremenosta i ne bi se zamarala ama voopsto so temata kilogrami(kako sto se zamaraat poveketo)i bi se potrudila navistina da donesam na svet za taa familija edno zdravo i debelko bebence.
Se nadevam deka Tedi vo borbata da najde edna takva humana licnost ke uspee ne e uteha ama eve  poddrska i od Antalija za vo bliska idnina toa se sluciuser posted image

clock-img

20.04.2010, 11:34

clock-img

Adrijana

pencil-img

1301

А до каде стигна процесот за легализирање во Македонија???
Од како ја имам Ева, знам што значи да си мамичка,и јас би се нафатила на тоа на некој да ми родам бебенце, без разлика на озборувањата што ќе ги има, само прво да се легализира, и се да биде регуларно.

_____________________________


clock-img

20.04.2010, 16:14

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

ИЗВОРНА ПОРАКА: emce

Jas se boram da dobijam dete, no da baram surogat majka nikogas.Poprvo ke se odlucam za posvojuvanje na dete, otkolku na vakov nacinuser posted image



potpolno se soglasuvam


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

Последни статии

article-img