Хепатитисот претставува оштетување на црниот дроб, предизвикано
од инфламаторни (воспалителни) клетки во ткивото на црниот дроб. Како причини за овој инфламаторен (воспалителен) процес најчесто се регистрираат вирусите и тоа најчести се хепатитис
вирусите: А, Б, Ц, Д, Е; потоа Herpes simplex, Cytomegalovirus, Epstein-Barr, adenoviruses.
Како втора по ред причина се регистрира злоупотребата
на алкохолот и овој тип на хепатитис се нарекува алкохолен хепатитис. Други
причини за хепатитис се некои лекови,
автоимуни заболувања, метаболни заболувања итн.
Хепатитисот се дели на акутен, хроничен и фулминантен
Акутниот трае помалку од 6 месеци. Најчесто овој тип е предизвикан од Hepatitis A,(повеќе од 95%, и оваа инфекција се појавува кај децата и често поминува незабележана и без поголеми последици). Кај возрасните најчесто е последица на алкохолот и другите вируси. Се карактеризираат со разноврстна клиничка слика, од незабележлив тек, до такво оштетување на црниот дроб за кое е потребно трансплантација. Симптомите се често неспецифични, карактеристични за сите други вирусни инфекции: малаксаност, главоболка, гадење, покачена температура. Од поспецифичните симптоми се: Губење на апетит, потемнување на бојата на урината, пожолтување (најпрво на очите па по целата кожа), болка во горниот десен дел од стомакот, исип, појава на модри шари по телото, асцит(оток во стомакот), крварење...
Кај хроничниот облик симптомите траат подолго од 6 месеци. Тука често доаѓа до големо оштетување на ткивото и текот е значително потежок. Како најчести причини се хепатитис вирусите Б, Ц, автоимуни процеси, алкохол, лекови.
Фулминантен хепатитис е форма на акутниот, каде состојбата се влошува толку многу и толку нагло, што најчесто завршува со смрт.
Компликации:
Како најтешка компликација од хепатитисот е настанување на хронична црнодробна инсуфициенција која води до цироза. Цирозата претставува состојба од која нема опоравување на црнодробното ткиво, и води до сигурна смрт доколку не се изврши трансплантација на црн дроб. Настанува и оштетување на белите дробови, бубрегот, мозокот и другите органи.
Сега нешто за видовите на хепатитис и начинот на
заразување.
Хепатитис А: предизвикува
акутен хепатитис и најчесто поминува
без последици. Се пренесува како резултат на недоволна хигиена најчесто од човек на човек со нечисти раце, прибор за јадење и пиење,
потоа преку контаминирана храна(школки),
вода, нечисти тоалети. Инокулацијата
се случува уште во детството и во нашите простори до 70% од луѓето дошле во допир со овој вирус.
Хепатитис Б: Кај околу 15% се развива хроничен облик за кој е потребен интензивен третман. Кај другите поминува без компликации како акутен, или без симптоми. Се пренесува преку: крв(преку трансфузија-1 на 2,500,000; и правење заби, при користење на исти игли, шприцеви- кај наркомани), сексуален однос(ризична група се хомосексуалците и промискуитетните), плунка(доколку дојде во контакт со крв), од мајка на дете при породување(кај помалку од 15% од инфицираните мајки). Денес има заразено повеќе од 350 милиони луѓе или кај 0,5-20%(во зависност од степенот на развој на државата) од светската популација има знаци за присутност на вирусот во крвта, а кај дел од нив постои и зголемен ризик за премин на болеста во цироза или карцином(25% од хронично болните), уште пострашен податок е што е 50-100 пати позаразен од ХИВ.
Хепатитис Ц: Порано наречен не А не Б вирус. Кај околу 85% од заразените се развива хроничен хепатитис. Карактеристично е што кај дел од пациентите инфекцијата може да не се забележува до 20 години за да на крај премине во тежок облик на болеста доведувајќи до цироза и терминална фаза. Патот на трансмисија е сличен како кај хепатитис Б вирусот, но значително поизразен преку крв и крвни продукти. Ризична група се пациентите на дијализа и на оние на кои име потребна трансплантација. Кај околу 1,6% од светската популација се забележува виремија со овој вирус, кај околу 40% од заболените преминуваат во терминална фаза за што е потребно трансплантација на црн дроб. Во САД се забележуваат повеќе од 10000 смртни случаи годишно, директно последица од Хепатитис Ц.
Алкохолен хепатитис: Настанува како резултат на долгогодишна злоупотреба на етанол. Значи не е битно кој алкохол се употребува, важна е само количината на етанолот и временскиот период. Исто така важна е и генетската предиспозиција, па затоа кај секој алкохоличар не се развива тежок облик на оваа заболување(25-30% од тешките алкохоличари заболуваат од алкохолен хепатитис; во сад има околу 2 милиони со алкохолен хепатитис). Како и другите хепатитиси доведува до истите компликации, хронично откажување на функцијата на црниот дроб и цироза. Така кај 60% со тежок степен на оваа заболување настанува смрт, а сето оваа може да се одбегне само со навремено прекинување на пиењето алкохол.
Други хепатитиси: Како што спомнавме претходно, во причините за хепатитис се и различните лекови, метаболни синдроми, други токсини, автоимуни заболувања и др.
Како да се спречи оваа заболување:
Најбитно од се е превенцијата. Највнимателни треба да бидат ризичните групи: здравствените работници да внимаваат при работењето со крв, да се стерилизираат уредно инструментите, кај болните на дијализа да се внимава со заразените апарати, наркоманите да користат различен прибор, а сексуално активните да користат соодветна заштита.
Во детските прифатилишта да се внимава со храната, водата за пиење, и односно хигиената да биде на прифатливо ниво особено во периодот на епидемии, есен и рана зима.
Третман:
Третманот е доста скап и во нашата држава енедостапен за сите, а последиците се тешки и заканувачки по живот. Затоа внимавајте како се однесувате, зашто во Македонија ризикот да се закачи хепатитис Б или Ц е многу пати поголем отколку ХИВ вирусот.
извор.жолта
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 31.10.2009 13:11:19 >