Стигна количката, едно гајле помалце
Близнаците, здравје, ќе се возат во Чиполино Твикс, слика во прилог
Ја нарачав од Андреј Компани вчера, денес ја испорачаа со брза пошта, 16.250 ден., и сум презадоволна - многу е добро направена, алуминиумска, со големи тркала, соодветна за новороденчиња, лесна за склопување, супер се вози и бојата (атмосфера) е топ! Е сега малце е тешкичка, ама сите близначки се, ама барем е доволно комотна и голема и за кога ќе пораснат.
Чадорче не нарачав, тек сега видов дека рачката не се врти, ама ќе земам од тука, а плус настрешниците се огромни, може и нема да има потреба. Мрежа за комарци ќе побарам тука, се надевам ќе најдам дупла, ако не ќе импровизирам нешто сама, ќе шие мајка ми
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015