за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Актуелна тема за нас деновиве. Јас ја оставав А. да си цица, другарка моја ми рече дека за неа кога била мала тоа и било најубавото нешто. Цица палец кога и се спие или е вознемирена или и е досадно. Се распрашував за препарати, тука кај нас нема (има за над три години). Ме подбра одамна еден познаник - забар за последиците, ама како да не го сфатив сериозно до пред неделе дена. Го носевме големиот на забар и кога не виде забарката што прави малава, убава лекција ни даде ама не и совет како да постапиме. Пред три дена земав од аптека еден производ против грицкање на нокти, горчи, одвратен е. Првото ставање имаше ефект, се згади, до вечерта доби и нагон да поврати и толку. Се навикна ли детево на одвратниов вкус, посилна ли е желбата, незнам, ама како ја мачкам прстот пак и е во уста. Како трпи не ми е јасно. Нема ефект и ова. Почнав и да ја условувам, нема бањање, нема шетање,... некогаш има ефект, некогаш не. Не знам што да правиме, бидејќи и во градинка ја опоменувале, ама желбата е поголема од се. Не сакам да и ставам луто иако некои тоа го пробале, може да се фати за очи, нос, премногу сурово ми е. И јас барам совет, ама треба многу трпение да имам
24.04.2012, 15:39
Calypso
1386
Со сила не бива да ја одвикнете, може да има само контраефект. Секогаш кога ќе го стави палецот во уста, пробај со нешто друго да ја занимаваш, да не мисли на тоа, некоја игра во која ќе бидат вклучени рацете, играчки кои ќе мора да ги фаќа - се, само да се насочи вниманието на друга страна. Мислам дека за брзо време може да се одвикне така. Бидејќи е мала, не ги разбира негативните последици, па и да и ги објасниш, не верувам дека ќе има ефект.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
24.04.2012, 15:57
nadica
4381
N dodeka bese pomala go nemase toj problem sega vo posledno vreme cesto ja zabelezuvam so prst vo usta ama ne samo so palecot tuku i so drugite prvcinja mene toa mi e grozno i i vikam deka ne e dobro, deka so toa vnesuva bakterii od koi ke ja boli meseto ama uspehot od moeto zboruvanje go nema neznam so sto da ja ubedam da ne go pravi toa bez da ja karam i bez tie luti/gorclivi gelovi?
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
24.04.2012, 16:03
Yummy Mammy
1690
Mami2, a kolkavo e deteto? Da probas so zavoj da mu go zavitkas prsteto? Edino toa mi padna na pamet, bezbolno e.
Inace i mene sigurno ke me ceka istoto. Moevo bebe ima 6 meseci i nikako ne saka cucla, samo palceto si go cica koga i se jade ili koga i se spie (ama posle vo son ne, samo ako se razbudi za jadenje). Golemata kerka cucase cucla i iskreno spas mi bese za se, i za placenje, i za jadenje, i za spienje, i posle za odviknuvanje od doenje... i site zabari mi vikaa deka ne trebalo da se dava, ama jas gledajki me mene i sestra mi kolku pravilni vilici i nasmevki imame a do 5 god sme bile so cucli lazalki, znaev deka nisto nema ni nea da i bide. Toa iskrivuvanjeto e poveke od genetska priroda.
Ama ova so palcevo e postrasno posto cuclata ke ja skries, ke ja frlis, i ke se pomaci malku ama ke zaboravi. Ama palceto ne mozes ni da go skries, ni da go frlis, kolku i da mu obrnuvas vnimanie ono pak vo son ke si go fati.
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
27.05.2015, 13:53
vezilka RR
4931
Никола се роди со палецот во уста. како мал не цицаше прстња многу, ама кога ќе се вознемиреше, ги пикаше во уста. Сеуше и на скоро 5 години го прави истото. Кога е вознемирен, лут, или го боли нешто тој прстите му се во уста. Малово пак, нон стоп му се двата прста, показалецот и средниот, во уста. Така заспива, така покажува дека е гладен, така покажува било што, привлекува внимание. Приметив дека почна да ги пика прстињата во уста некаде на 2 месеци, и еве до годината, се уште ги пика.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
29.05.2015, 13:06
lukajana RR
1481
И Јана кога имаше два три месеца почна да го цица палецот,ама толку многу го цицаше што почна да и засирува па морав да дадам цуцла иначе цел го помодруваше.Сега веќе не го става во уста ама цуцлата уште ја бара
< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 29.5.2015 13:09:04 >
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив