Јас не сум била во Дојран, ама другарка моја беше минатото лето. Јас сакав да одиме во август (демек кога цветале алгите) ама другаркава топло и искрено ми препорача да не се занесувам. Сместување може да се најде, не е проблем, приватно или во хотели, ама приватно вика да најдеш соба со сопствено ве-це и кујна е научна фантастика. Плажите многу нечисти, што се немало. Од дрвајта паѓале некои инсекти ако легнеш под нив, а навечер комарци напаѓаат со сите оружја. Водата ужас... Си изгубила папуча во тоа муљта (не знам како се вика на македонски). Влегла со папучи демек да се излади, и вика едната ми пропадна, барај, барај... џабе . Водата прљава, ми вика колку си ти гадлива, сигурно нема да влезеш. Жаби колку сакаш во неа, вика како во бара да си. Детето нејзино место риби жаби ловело и си играл со нив . Ама затоа вика потопла вода само дома од бојлер . Малиот и бил со саати во вода, вика нема шанси да се настине (само да фати некоја инфекција ). Е сега, евтино било, и сместувањето поевтино од Охрид и на плажа сладолед, кафе и сл. Плажите мислам дека биле под закуп, имало шанкови и сл. да купиш кафе, сладолед, сок, ама вика веројатно ги чистат на крај на сезона , многу ѓубре имало. Рече дека поевтин одмор во живот не поминала, ама и дека била-видела-и веќе никогаш таму .
Со забелешка-се ова е индивидуален впечаток, ама познавајќи ја дека не бара преку леб погача, и верувам на впечатоците.
< Поракaта ја уредил Octavia -- 4.7.2011 13:18:49 >