за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
28.11.2010, 01:35
Maca25
7558
Јас се имам распрашувано по приватни градинки низ Скопје и цената беше од 9.000 до 15.000 денари.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
06.12.2010, 23:24
jovanka
1745
Цените во градинките скокнаа на 2.000 денари
За новиот месечен трошок родителите се известуваат со соопштенија Од овој месец новата цена во државните градинки ќе биде 2.000 денари. Градинките со соопштенија ги известуваат родителите дека наместо досегашната цена од околу 1.490 денари, отсега ќе треба да плаќаат 500 денари повеќе.
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, уште пред еден месец најави дека размислува за покачување на цените во државните градинки, за што рече дека ќе се изјаснат до крајот на годинава.
Новата цена не е за изненадување бидејќи првичните процени беа дека цената на градинките треба да скокне од 1.490 на 2.000 денари. Сепак, таа доаѓа ненајавено, бидејќи претходно никој не ги известил родителите дека од декември ќе мора да го плаќаат престојот на децата по нова цена.
„Сериозно размислуваме за зголемување на партиципацијата, со оглед на тоа што таа не е коригирана во последните седум години. За тоа дали и колку ќе се коригира ќе се знае до крајот на годинава“, изјави Бајрами пред извесно време. Тој смета дека досега градинките ги посетувале децата чии родители имаат добри примања. За семејствата со помали приходи, Бајрами најави дека ќе размислат да ги намалат цените. Тој смета дека покачувањето на цената не значи и дека автоматски ќе се намали опфатот на деца, кој сега изнесува 14 отсто. (Ж.Ѓ.)
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
06.12.2010, 23:49
Maca25
7558
А од каде знае почитуваниот министер колкави им се примањата на родителите?!?! глупости! кога се запишува детето во градинка на крајот од листата има и месечни примања на мајката и на таткото но јас не напишав ништо, нема што она да знаат колкави ми се мене примањата!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
07.12.2010, 08:37
vesna1
345
Luge, realno da zborime sto e 2000den. da ti go cuvaat deteto 9 saati i da jade dva obroka i da igra. Privatnite gradinki se nad 10000 den, zena da ti go cuva isto. Iskreno osven sto se razboluvaat edno od drugo nema nikakva prednost deteto doma da sedi. Jas plakam zena 9000 den. i zali boze za parite. Deteto ni jadeno, nejkelo da jade, dosadno i e doma. Ama epten e mala, i problem mi e od rabota sto nemozam bolovanje da zimam inace ic ne se mislam. Ja zapisav od april i ke ima 18 meseci i ke si odi. Jas isto plakam celodnevna vo uciliste 2000 den za pogolemata kerka.
07.12.2010, 10:16
Lokica1
131
Vesna1 i mojata kerka vo april ke ima 18meseci, ja zapisav vo gradinka uste vo septemvri no seuste ja nemam odneseno, no sega posle nova godina ke probame....inaku mislam deka cenata bese 1500den eventualno ako nema nekoe zgolemuvanje vo meguvreme.
07.12.2010, 23:20
Maca25
7558
весна1 2000 денари не се ништо, но кога ќе видиш дека 80% од децата одат 1 недела и после 3 се дома, и доколку одиш на работа мора да платиш некој да го чува, тогаш ќе се подразмислиш малце околу цената. Не велам дека е висока цената на градинката, но одело 3 дена или цел месец исто плаќаш. Искрено јас само плаќам, а ќерка ми е дома цело време болна. Значи доколку детето оди 5 работни дена во градинка, си плаќаш исто како и за цел месец. Ќерка ми до сега нема изодено цел месец во градинка, најмогу што одела без прекин е летоска 2 недели. А јас плаќам полна цена, а останатото време додека е болна плаќам жена или еве сега јас ја чувам. Мора да се направи нешто и со начинот на плаќање. Зошто да плаќам како за цел месец кога моето дете било таму само 3 дена?!?! Па што прават тие со тие пари?!?! Ова ме нервира многу.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
17.04.2011, 22:39
suzeto
1297
nemoze nisto da se napravi...koga jas prasav zosto da platam isto ako odi cel mesec i ako ne odi, nivniot odgovor bese pa hranata za nego e naracana uste od pocetok na mesecot............. a zosto ako go zapises pokasno ne ti vikaat ne moze nema da ima hrana za nego nego go zapisuvaat i pak plakas isto
< Поракaта ја уредил suzeto -- 17.4.2011 22:40:46 >
18.04.2011, 08:50
zapce
361
Kaj nas gradinkata ja plakame 1490 denari, so toa sto ako odi 8 dena ke platime pola 750 denari ako odi nad 8 dena ja plakame celata, a ako odi 3 dena ili voopsto ne odi toj mesec samo za cuvanje na mestoto se plaka 350 denari.
_____________________________
Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене? Ако сум само за себе - што сум јас? Ако не сега - кога?
23.09.2011, 08:48
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: zapce
Kaj nas gradinkata ja plakame 1490 denari, so toa sto ako odi 8 dena ke platime pola 750 denari ako odi nad 8 dena ja plakame celata, a ako odi 3 dena ili voopsto ne odi toj mesec samo za cuvanje na mestoto se plaka 350 denari.
Баш убаво zapce, така би требало да биде секаде. Ај некој од Прилеп нека ми пише како е кај нас.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
23.09.2011, 18:11
Snowhite RR
5042
Мене вчера ми тутнале уплатница во чантата од Михаил на 1490 ден за септември, а почна да оди на 19 септември, што значи 10 дена, а ќе платам за цел месец. Не прашав, зашто не ми ја дадоа на рака, ја видов дома, а заборавив да ја прашам свекрва ми зошто така
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
23.09.2011, 18:49
Џесика
2036
Колку и да иде, се плаќа цел износ, дали 10, 15 или 30 дена, а ако не оди цел месец се плаќа само основица за местото, околу 500 денари.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
23.09.2011, 20:04
Maca25
7558
Нина во август не одеше 2 недели во градинка, ама ни дале уплатница за цел месец. 2-3 пати кога не одела во градинка го плаќав целиот износ, ама веќе не. Ќе барам нова уплатница. Не се големи пари, ама зошто да ги плаќам.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
23.09.2011, 20:13
Snowhite RR
5042
Ама разбирам ако сте почнати, па нешто не дај боже настинало детето и не одело 10 дена или 2 недели, па мораш да платиш за цел месец зашто го држиш местото, ама ние прв пат значи го запишуваме и почнуваме од крај на месец и ми даваат уплатница за цел месец ( а сакавме да почнеме порано, ама ни рекоа да чекаме, имало гужви) Тоа не го разбирам
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
23.09.2011, 20:23
Maca25
7558
Сноувајт, јас почнав Нина да ја носам од кај 19 април и си го платив полниот износ. јас само не разбирам зошто мора да платам и за тие 2 недели неодење. Кога не одеше Нина лани 3 месеци (имаше инфекција на окото) плаќавме по 500 и нешто денари за местото.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
23.09.2011, 20:49
Snowhite RR
5042
Епа најверојатно така им се исплаќа, зашто јас се чудам како се исплаќа за 1500 ден да го чуваат и да јади(појадок, ручек, ужина) и да спие, ама изгледа на овој начин, одиш 3 дена, а плаќаш цел месец и така ги покриваат трошоците за другите деца
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
23.09.2011, 22:47
Felly RR
7977
Snowhite, и ние почнавме од 15 да одиме, и нас ни дадоа уплатница со цела сума. Не знам дали постои кај нас таква можност да се плати пола сума
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
23.09.2011, 23:54
mami2
417
Првата сметка за во градинка е секогаш на полната сума. Наредниот месец ќе ви дадат корегирана сметка за деновите кога детето не било во градинка. Моето појде на 26 ти во месецот, плативме полна сума,а одеше четири дена во месецот. Наредниот месец ни дадоа сметка намалена на 1.100-1200 денари. Се побуниме кај сметководителката во градинката, прво велеше дека тоа е по Правилникот, така се пресметувало итн., па на крајот бидејќи мм беше досаден добивме уплатница на 250 денари. п.с добивме и напомена да не кажуваме на другите за ова, како да сме учествувале во злосторство...
24.09.2011, 08:49
majmunce
257
FELI AKO STE RODENI VO PRILEP KADE IMA gradinki vo prilep i kolku jas pojma neam kade bi go nosela matej ziveam kaj panorama tuka nikade neam zabelezano koja mi e najblisku?
_____________________________
И кога ти е најтешко не покажувај слабост. Има лоши луѓе кои од рушевините на твојата среќа ќе изградат споменик на нивната победа!
24.09.2011, 08:50
majmunce
257
i kolku cini eden mesec na primer cel da se plati bez razlka dali sedelo sekoj den ili ne i sto vklucuva seto toa jadenje mu nosite ili? kako e se dvoumam so da pravam za v gradinka
_____________________________
И кога ти е најтешко не покажувај слабост. Има лоши луѓе кои од рушевините на твојата среќа ќе изградат споменик на нивната победа!
24.09.2011, 10:03
Snowhite RR
5042
majmunce тебе сите градинки ти се бааги далечку, мислам дека Бончејца или Тризла би ти биле така поблиску. Инаку градинката е 1500 ден и вклучува појадок, ручек и ужина, ти од дома можеш да носиш сок или млеко, друго се имаат таму
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
24.09.2011, 11:15
Felly RR
7977
Мајмунче, Тризла мислам ти е најблиску, ние тука одиме. Еве и Snowhite веќе ти пишала, за цена - тоа е исто во сите градинки. А за јадење можеш, ама и не мора да носиш млеко, кај МАтеа им даваат и со појадокот и со ручекот млеко.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
24.09.2011, 11:23
majmunce
257
ZADOVOLNI LI STE KAKO GI CUVAAT TOPLO LI MU E NAJADENI OD KOLKU POCNAVTE DA GI OSTAVATE OD KOLKU MESECI?
_____________________________
И кога ти е најтешко не покажувај слабост. Има лоши луѓе кои од рушевините на твојата среќа ќе изградат споменик на нивната победа!