за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Прашај во зегин може и да го нема кај нас.Јас прв пат слушам. Kmagelot е исто на природна база го има јај нас и јас сум го давала по препорака на педијатар кај мало дете.Мартин на ногата имаше огромен оток кој педијатарот ни кажа дека е од убод на инсект и ни препорача камагел.Произвотсво на крка.
< Поракaта ја уредил mis. -- 12.10.2009 13:19:12 >
12.10.2009, 13:21
mother 29
4405
фала ногу.
др. на Марко даде зелено светло за синопенот(антихистаминик) ај отидов
12.10.2009, 14:24
Весна
771
Јас израснав со синопенот, ама не поради убод од инсекти, туку поради алергијата од јајца и конзерванси. Некако не се до толку сеќавам за ефикасноста на маста (веројатно е ОК штом толку долго ме мачкале со неа), ама па затоа на мирисот од километар се сеќавам.
12.10.2009, 20:51
mother 29
4405
добри сме , да не не мислете ххеххе ми олесна!отокот уште малку и готов е !се предаде бррррр оточиште,низаедно!
13.10.2009, 07:35
profesorica
5709
ние летово ептен мака мачевме со убоди од комарци и многу му отекуваше каснатото место на Дамјан па мачкавме со фенистил.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
08.06.2012, 15:50
majmunce
257
dali ima nekoj slucaj so ubod od bolvi sekogas koga odam kaj majka mi M postojano go kasaat bolvi edna k go kasni i posle mestoto mu otekuva i se sirat kako crvenilo i pluskavici za po nekoe vreme mu se polnat so vodicka. Go mackam so tecna pudra so anestezin od galafarm i sirup ceterezin no procesot e dolg nedela i pol dodeka da zazdravat( da mu se isusat pluskavcite i plus nedela za da mu padnat strupcinjata.
Bolvi doma nemame ama na ulica da pominis selo si e selo ima stoka ima i bolvi. Na gosti sme i se ne fati problemot so bolvi sea krenavme temperatura pa ajde efferalgan i momentalno gnjavi place go maci veke se
_____________________________
И кога ти е најтешко не покажувај слабост. Има лоши луѓе кои од рушевините на твојата среќа ќе изградат споменик на нивната победа!
08.06.2012, 23:17
Viktori
5329
Мене и Б и Ј не имаат испокасано болви. Прво мислев од комарци ми се испокасани нозете, ама немаше наоколу. Башка местото каде што бевме, во едно село, повисоко, на Плачковица, па и нема баш комарци таму, кога и во лето ти треба и џемпер и тренерки.
И јас се мачкав со бела течна пудра, а и на децата само тоа им беше, ништо друго. Поминуваат, не е страшно...
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
14.09.2012, 12:23
*Bucka*
40
Јаков пред два дена во градинка го касна оса. Негователките го извадиле осилото, го измиле и дента и вечерта дома ама баш ништо не му беше, немаше оток, не се будеше, не крена температура. Ама, следниот ден, му отече цел образ, местото беше топло и црвено. Го однесовме во Козле, му дадоа инекција урбазон, а следниот ден на матичен пак уште една инекција доби. Сега е ок, му давам еднаш дневно Лоратадин, а го мачкам и со Синопен. Тие во Колзе ми рекоа, што сте чекале досега, знаете ли колку е сериозно убод од оса, пчела кај дете? Затоа совет - носете ги веднаш на лекар штом ги касне нешто.
04.07.2013, 22:36
Felly RR
7977
Како против убоди од инсекти?
Сезоната на убаво време значи и опасност од убоди од одредени инсекти. Еве неколку совети како да се заштитите, но и како да постапите ако дојде до тоа!
Крлежи Крлежите се преносители на бактеријата Borrelia burgdorferi која предизвикува тешки невролошки заболувања познати како лајмска болест. Но, не секој крлеж е заразен па не може да пренесе лајмска болест. Убодот е без болка, па затоа советите се детален преглед по престој во природа. Важно е крлежот да биде изваден во рок од 48 часа. Не на своја рака, туку на лекар. Ако лекарот е далеку тогаш со пинцета дојдете до устата на крлежот фатете го и свртете го спротивно од стрелките на часовникот, полека извлечете го и местото дезинфицирајте го. Ако во наредните денови се појави оток во вид на прстен, морате да одите кај лекар кој ќе ви воведе антибиотик.
Оси, пчели, стршлен Реакцијата на овие убоди е индивидуална од полесни кожени дo животно-опасни алергиски одговори, велат лекарите. Постои цела палета на кожни реакции како црвенило на кожа, болка, чешање на местото на убодот. Ставете ладна облога која ќе го спречи отокот и која ќе делува како локален анестетик. По препoрака на лекар користете и локални антихистаминици кои ја намалуваат алергиската реакција. Убодот може да предизвика и гушење, а до тоа доаѓа ако инсектот убоде растресито ткиво како што се усните, јазикот и очниот капак. Во тој случај потребна е итна лекарска интервенција, без да се паничи, бидејќи гушењето не настанува моментално.
Комарци Убодот од комарец не прави поголеми проблеми, комарците кај нас не се маларични и не се преносители на инфекции. Убодот од пајак исто така ретко предизвикува реакција. Превенцијата е најважна, па треба да се избегнуваат места каде што има отпад, езеро, канали. Не користете јаки парфеми и цветни дезени, силни бои кои ги привлекуваат инсектите посебно пчелите и осите. Заштитете ја кожата со препарати кои ги одбиваат инсектите.
\Netpress
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
06.07.2013, 09:43
elenak
2004
Еве неколку природни лекови против каснувања од комарци кои секогаш ги има во нашата кујна.
Јаболков оцет Оцетот е една од оние работи кои секој го има во својата кујна. Освен за слабеење и за салата, оцетот, го намалува чешањето од каснувањето од комарци. Овој мал трик не само што ќе ви помогне да ја смирите болката и чешањето од комарецот, туку исто така нема да ве пече, така што може да се примени и кај возрасни и кај деца.
Паста за заби Тоа е одличен начин да ја смирите кожата. Најдобра е онаа со ментол, но и каква било ќе ви помогне. Само ставете малку на местото кај што ве каснал комарец и чешањето ќе исчезне за неколку секунди.
Мраз Ладното го намалува чешањето, особено од комарците. Ако немате мраз, ставете го тој дел од кожата под млаз ладна вода. Единствениот проблем е тоа што, кога кожата ќе се стопли, чешањето повторно ќе се појави.
Алое вера Алоето помага кај многу воспаленија на кожата, вклучувајќи ги и комарците. Доволно е да ставите малку на отеченото место и проблемот ќе исчезне.
Лимон Само неколку капки ставете на проблематичните места и вашата потреба за чешање ќе биде искоренета.
Сода бикарбона Направете паста од сода бикарбона и вода, ставете на местото кај што ве каснал комарец и оставете да стои 15 минути.
Лук Лукот е еден од најсмрдливите природни третмани против каснувања од комарци, но тоа е еден од најдобрите. Премачкајте го каснатото место со лук и во рок од неколку минути чешањето ќе престане!
Извор: ПРЕВЕНТУС.МК
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
06.07.2013, 09:58
rina13
1147
При убод од инсект осилото доколку останало изгребете го со нокт или тапата страна од нож, немојте со пинцета да не го вбризгате остатокот од отровот.Каснатото место измијте го со вода и сапун, ако се јават отоци и ли болка се ставаат ладни облоги а потоа лек за каснување од инсекти. Ако се јави јадеж тогаш се нанесува средство врз база на цинк оксид.
14.07.2013, 22:14
miana
6152
Здраво мамички... денес мојата поголема керка ја боцна оса во устата внатре..Осата била во чаша со сок,таа ја надигнала и кога ја боцна веднаш плукна и почна да плаче..Ја однесовме на лекар ни дадоа Урбазон инекција и лоратадил сируп од 5 мг - 5 мл и не испратија на детска клиника.Тие не испратија на ОРЛ,таму и правеа ендоскопија и констатираа дека нема опасност..Сега треба 7 дена да пиеме лорадатин..Животот ми се скрати
14.07.2013, 22:20
Bethany
4534
Ауу Миана, јадно дете, сигурно се исплашила, па кај баш во уста Туку, зошто толку прегледи, алергична ли е веќе па затоа или онака рутински ја носевте?
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
14.07.2013, 22:23
elenak
2004
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
Здраво мамички... денес мојата поголема керка ја боцна оса во устата внатре..Осата била во чаша со сок,таа ја надигнала и кога ја боцна веднаш плукна и почна да плаче..Ја однесовме на лекар ни дадоа Урбазон инекција и лоратадил сируп од 5 мг - 5 мл и не испратија на детска клиника.Тие не испратија на ОРЛ,таму и правеа ендоскопија и констатираа дека нема опасност..Сега треба 7 дена да пиеме лорадатин..Животот ми се скрати
Ах гревче, којзнае колку била и она исплашена Ајде нека е со помин, се е добро кога добро ќе се заврши. за Миа.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
14.07.2013, 23:28
miana
6152
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR
Ауу Миана, јадно дете, сигурно се исплашила, па кај баш во уста Туку, зошто толку прегледи, алергична ли е веќе па затоа или онака рутински ја носевте?
Ах Бетани,ова прв пат ни се случува,прв пат ја боцнува инсект и немаме поима како ке реагира а местото кај што е боцната не е на видик,не се гледа и неможе да се прати..Незнаев каква реакција може да има а со оглед на тоа дека се работи за усна шуплина,морав да ја однесам на лекар. На лекар ( општ лекар ) ме прашаа дали до сега била касната од нешто и на мојот одговор дека ова ни е прв пат и дека детето отежнато голта,ја боцнаа до инјекција,,ни рекоа да дадеме веднаш Лоратадин и уплашени од тоа како ке се одвива работата не прати ја на детска клиника. Тие пак таму исплашени и со фактот дека е боцната "некаде" во усната шуплина,не испратија на ОРЛ,а тие пак таму исто така со фактот дека не билоо досега боцкано детето и дека на прв поглед нема некој знак дека е боцната и за некаква сигурност мораа да и направат ендоскопија ( преку нос ) за да видат какво е грлото,односно дали почнала да се рзвива некоја алергиска реакција..На дијагносата напишаа дека има хиперемија ( зацрвенето грло ) и ни рекоа да продолжиме со лоратадин 7 дена и по потреба на преглед кај матичен лекар ( а таа пак ни е на одмор ) Исто така и ни рекоа дека вакви работи знаат да бидат и трагични Местото на која што е боцната беше иницијатор за вакви рутиснкии прегледи.. Дедето ми се шокира..Прво од инјекцијата а потоа од ОРЛ,од ендоскопијата од причина што ја врзале со каиши,мене не ми дозволија да влезат и таа цела се избезуми. И кога ме виде мене со манитл и капа како ја чекам пред операциона сала уште толку се исплаши..Ми вика- мамо,ти си облечена како докторка,ме плашиш,а на мм му викаше да се врати и да ги тепа докторките што ја боцнаа со инјекција.Фактот дека мама не е со неа ја извади од памет Инаку,Бетани Миа се напи сок во кој пливала оса и така дојде до убод во устата..веднаш плукна ( ја плукна и осата ) и почна да вришти
< Поракaта ја уредил miana -- 14.7.2013 23:30:56 >
14.07.2013, 23:42
vezilka RR
4931
Како е Миа Миана? Гушки за неа и нека се опорави што побрзо. Боже, боже, се наежив на помислата како една секунда може да ни нанесе толкави штети, па и трогателни, како ти рекле. Е, вакви работи ме.тераат да.се преиспитувам по прашањето судбина.
15.07.2013, 00:13
miana
6152
Добра е сега ( фала на прашање ) Сега ја избањкав и ја легнав да се одмори,имаше напорен ден
15.07.2013, 13:43
AnnaMolly RR
6409
Леле миана, кутро девојче! Супер што сте добри сега, ама можам да замислам само како ти било. и мене многу ми е страв од ова, зашто не се ретки алергиите на вакви убоди. Исто и јас би постапила, ВЕДНАШ би отишла на лекар зашто НЕ ДАЈ БОЖЕЕЕЕЕЕЕЕЕ да излезе дека е алергично детето, во рок од неколку минути може да настане оток и да се сопре дишењето. Според мене правилно си постапила што сте отишле веднаш на лекар.
_____________________________
Live and let live
15.07.2013, 13:51
Bethany
4534
Навистина многу претрпе девојчето Јас те прашував бидејќи навистина немам ниту искуство, ниту видено или слушнато слично, ниту пак можев да ја замислам ситуацијата и како би јас реагирала понатаму. Ајде, сега само нека помине се во најдобар ред.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
15.07.2013, 13:55
JovanaJ
911
Lele Miana dusicke, sega citam sto se ste pominale. Dobro e sto sega ste dobri. kasnata bila na mnogu loso mesto i sreka goooolema sto ne bila alergicna. Dusice malo....
_____________________________
You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!
15.07.2013, 16:53
miana
6152
Еве ме мајки,јас да ви се јавам. Пред 1 чс бев на преглед со Миа,да ја видат уште еднаш како е. докторката што не беше вчера на смена вика - ааааа ова ли е детето со убодот? леле душичка,дојди да те гушнам...Јас луѓе дури сега постепено се освествувам колку можела да биде страшна оваа работа и какви последици можеле да се случат..Па само ми се вртат филмови - шо ке беше,ако беше Ако не ја видевме осата ? Ако била алергична? уфффф само господ на помош..Сега е добра,си пие лоратадин и мислам дека нема да имаме проблеми..Ви благодарам за подршката
15.07.2013, 19:48
deluxe
2479
Ајде Миана побргу да си оздравите [sm=smiley31.gif Некои работи не можеме да ги сопреме ниту да ги контролираме,но јас секогаш велам:Господ да ги чува,ние не можеме ништо поззз
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
16.07.2013, 14:26
Felly RR
7977
за вас миана, сега прочитав што се случило. Важно поминало, и добри сте. Тоа е најбитно.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
16.07.2013, 14:33
miana
6152
Ви благодарам на сите
17.07.2013, 11:27
masa
473
miana што викаат старите "малиот ѓавол" и битно се добро се завршило. Јас од вчера сум малку збунета во врска со убоди кој се најверојатно од комарци.Пред два дена испадна вечерта до продавница со свекор ми ненамачкана со ништо и малку се задржаа,а кога се врати на неколку места беше касната и со црвенило околу каснатото на образот колку ноктот на мојот палец,а на рачето од средниот прст до малото прсте.Намачкавме со фенистил и брзо се смири,но кога стана пак исто црвенило.И на двете ножиња има убоди,но тие се помали и некако нормални.Вчера дланката од горната страна и беше отечена и како да има 2-3 убода еден до друг и на местата на убодите е тврдо а околу е подуено.Кога ќе намачкам со фенистил и се намалува црвенилото,но отокот останува.Сакав ладни облоги да и ставам,ама не ми даде.Некој совет?Незнам ако ја однесам на лекар што би ми дале?