за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Токму ова ме води во животот, и ми е највредната лекција.Секое ЗОШТО си има свое ЗАТОА (или во моја варијанта - свое Ј(***) ГА).
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
21.03.2014, 10:23
Палешка РР
7505
Да не верувам безрезервно никому.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
21.03.2014, 10:41
LoveableMe RR
5035
Животот ме научил на многу работи и тоа дека повеќе е суров отколку лесен, дека треба да си упорен и многу често упорноста се исплати, но и дека работите некогаш колку и да ги усилуваш не одат кога ти сакаш, туку се случуваат кога најмалку очекуваш.... не можеш на сите луѓе да им угодиш и не можат сите да те сакаат, треба да си свесен дека има такви и што не им се допаѓаш и не те поднесуваат од разни причини......
Треба да ги правиш тоа што најмногу ти одговата и што ти е во интерес...... да правиш добри работи онолку колку можеш, но да не очекуваш нешто за возврат......да сфатиш дека ти не можеш да ги решиш сите работи на светот, треба да оставиш и некој друг да ги решава и дека не може се да биде идеално, да знаеш да се адаптираш на секакви ситуации во животот и дека еднаш можеш да бидеш Бог друг пат питач .......и уште многу други работи.......
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
21.03.2014, 14:34
niki
4299
zivotot me naucil mnogu sto, a ona sto najcesto me uci e da pocuvstvuvam na svoja koza ona sto do toj moment mi se cinelo najneverojatno
no sepak najvazna zivotna lekcija ja smetam sposobnosta sekogas da gledam napred, se osvrnuvam i pravam retrospektiva samo koga momentalnata situacija ke me turne, togas minatoto mi pomaga vo smisol da se potsetam od kade sum trgnala i da svatam kade sum stignala i bidejki linijata sekogas odi vo nagorna linija so pomali ili pogolemi povremeni stagniranja, taka uspevam da se krenam na noze i da se naoruzam so energija za da pobedam i nadminam vo predizvikot koj mi se isprecil na pat
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
04.07.2014, 15:08
Defne90 RR
1991
Дека порано или подоцна сите си го покажуваат своето вистинско лице.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
04.07.2014, 15:54
AneLav RR
1110
Да не бидам премногу искрена со луѓето ,и да не им верувам на луѓето премногу...
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
04.07.2014, 16:16
Hopeful RR
2349
Мислам дека овој список секој ден се зголемува, животот постојано ме учи нешто Но, најважните работи на кои прво ми текна се:
1. Да си ги слушам инстинктите во однос на луѓе и карактери - или од одма некој ти е ок, или воопшто не ти е. Ништо на сила 2. Да не верувам премногу и да не наседнувам на разноразни финти и муабети 3. Да не ќутам и преќутувам, туку да си кажам се што мислам 4. Да не позајмувам пари на никого 5. Да бидам фина, љубезна и културна, да помагам, разбирам и толерирам 6. Да си го терам мојот ќеиф, наместо да трчам по други луѓе, посебно некои што не знаат да ценат 7. ...
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
07.07.2014, 12:58
Martins mom
3342
Мислам дека веќе ми е смачено од лекции Од толку тешкотии и проблеми, почнав да се сомневам дека постои Бог. Знам дека правев само добрина, ни трошка зло, омраза или било какво негативно чувство немав во себе, а сепак само лоши работи ми се случуваа...Продолжив да бидам истата, никогаш не се сменив...и ете ти светлина!!!! Ти благодарам Боже, ова нека биде последна лекција!
Животот ме научи да верувам во Бога!!!
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
08.07.2014, 11:43
Felly RR
7977
Лекција што постојано ми се повторува а никако да ја научам - Колку повеќе молчиш, толку повеќе ќе те газат.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
08.07.2014, 12:36
mama_06
395
1. Потребно е дури и неопходно да се преземаат ризици во животот 2. На истите неочекувано ме следи некоја луда среќа 3. Секој човек, без исклучок, во одредена животна ситуација има цена 4. Не е добро на секого да се кажува се` во лице и ,на прва топка` 5. Одмаздата секогаш се сервира ладна 6. И во пракса кај мене се докажа дека ,,Она што не ме убива ме направи посилна``
08.07.2014, 17:53
Defne90 RR
1991
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Лекција што постојано ми се повторува а никако да ја научам - Колку повеќе молчиш, толку повеќе ќе те газат.
Потпис! и мене секогаш ми се провлекува тоа.Кога и да помислам дека сум ја научила излегува дека ништо не знам.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
08.07.2014, 21:46
niki
4299
zivoto me nauci deka za da bidam vo mir so sebe si, treba da ne bidam zavidna na tugiot uspeh ili sreka nitu da me opteretuva tugata losa sreka i maka mozebi zvuci nehumano egoisticno i sebicno, no samo taka mozam da se koncentriram na sebe si i na moite izbori, celi i potrebi
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
27.11.2014, 10:21
caciana
863
Nisto Ne idi servirano na tacna! Za Se treba DA Se potrudime!!
28.11.2014, 20:54
scared RR
1349
Дека до среќата, убавиот, мирен и спокоен живот тешко се доаѓа, а само секунда е потребна да се уништи.
29.11.2014, 01:43
caciana
863
ИЗВОРНА ПОРАКА: Матеа
Трпение спасение! Смејте се, смеењето е половина здравје! Здравјето пред се! Верувај во себе и во своите способности! Се живее само еднаш! Радувај му се на секој нов ден и пречекај го со насмевка, храбро и достоинствено!