за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Малку напреднавме со обврските. Освен собирањето на играчките, сега кога се чисти и тој добива крпа да брише. Заедно местиме маса за ручек. Додека јас мијам садови, тој брише маса, шлака со крпата по маса и столици, ама важно брише, сабајле заедно местиме кревет и слично. Многу ми е важно да научи дека во еден дом сите имаат по некои обврски.
Исто од збор до збор! Обожава да помага. Кога ќе му речам да дојде да ми помогне, без разлика за што станува збор пресреќен е. Најмногу обожава да бриже подови (со влажно марамче, нели), ептен е занесен тогаш, трие ли трие. Обожава да ми носи крпа, лажици и нешто полесно кога местиме маса за ручек... И обожава најмногу од се на свекрва ми да и помага да го мести креветот и да го собира (како фиока систем им е). Тогаш кога ќе фати да бутка и си мисли дека постигнал огромна работа :) Ама најмногу ми „помага“ кога ќе земе со влажно марамче прозорите да ги брише зашто се ниски и тамам на дофат му се. Е, тогаш, ептен ми помага
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 25.12.2012 15:42:16 >
_____________________________
Live and let live
13.05.2013, 13:01
Bethany
4534
Многу е убаво и пожелно да децата имаат своите обврски , со оглед на воздраста, и како оно расте така да му се воведуваат и нови, различити обврски, оние за кои е способно да направи. Син ми сега собира играчки, колку собере собере, како расте ќе собира повеќе. Сега почне да собира, види нешто друго, му одвлече внимание, па се заигра со тоа. Ама нема врска, битно има некоја рутина. Исто, кога раскревам маса го викам да ми помогне и тој веднаш доаѓа. Му давам работи ги става во фрижидер, и тоа убаво, внимателно, па кога направи лом со вода по маса, зема крпа па брише итн. Обавезно ми помага кога ставам алишта на жица за сушење, тој едно по едно вади од корпа и ми додава, исто и кога ги собираме. За некои работи ме имитира, зема сјај за прозори па наводно прска, па брише со крпа, смешко е. Сега вероватно тоа му е интересантно, ама мислам дека ако продолжам преку охрабрувањето и без укорување ако нешто направи погрешно, да и понатаму ќе сака да помага и извршува своите обврски.
13.05.2013, 13:34
masa
473
И ќерка ми многу сака да помага,а уствари повеќе одмага.Кога ќе рече чекај јас па ја чекам пола саат и само се врткаме и пак на крај јас треба по неа да одам.Само за играчките да ги собере ја оставам сама,за друго многу не и дозволувам зошто обавезно беља прави.Сака да помага во готвење,ама само да бледнира и дозволувам,сака со првосмукалката да чисти,а таа и мене ми е тешка,купивме детска,ама два дена ја играше не и е интересна.Јас бришам прашина,она по мене со влажни марамчиња се ќе исшлака,па пак од почеток,кога пружираме пола алишта на земја се,јас ќе ги наредам пеглани алишта,она ќе извади се да ги здиплела и џабе сум пеглала.Ова последново да си игра со чисти алишта ни е хит моментално.Стварно многу убаво дипли за 3годишно дете,тренерчињата што ги носи или пижамките ај во ред,ама чисти алишта ми влечка по сите соби само се караме.Тоа што може да ја охрабрувам,дури и ќе и речам можеш сама за нешто што може,а ова другово знам дека е збунета и не и е јасно во што треба да помагаа,што несмее и зошто,јас објаснвам,ама па одвај стасувам по еднаш домашните обврски да ги завршам,стварно неможам по двапати.
13.05.2013, 13:35
Mihaela 2010
4230
Pa jas nesto posebno ne go voveduvav detevo moe,ama taa samata gledajkji ne sekoj den primer koga se vrakja od gradinka ili ako sme izlezeni si gi zema patikite i si gi stava vo plakarceto kaj sto stojat,duri ponekogas i jas koga ke gi ostavam vo hodnik mi gi stava i moite (lele za sramota) alistata si gi dipli ( ne bas kako sto treba )ama se trudi ... koga cistam jas po doma taa zima vlazn maramce i brise prasina,plakarot u dnevna... e sega koga e navecer nekako tesko i e sreduvanjeto na igrackite na mesto,ama so fino koga i kazuvam si gi vrakja... u princip zadovolna sum so ogled na vozrasta koja ja ima
13.05.2013, 13:56
Beatris
3116
И јас сметам дека е многу важно детето да е вклучено во обврските во домот, меѓутоа исто така мислам дека тоа не може да се постигне туку така или на сила, т.е. детето треба да знае што е ред а што неред за да некои работи ги копира. Ако детето на пр. секогаш гледа расфрлени кондури во ходник, сигурно нема да се потепа само да си ги крене како што вика Михаела.
Ќерка ми само што наполни 2 години, јас сум задоволна затоа што реагира кога е растурено, знае да си ги собере играчките и се радува кога е се на свое место. Приметува ако нешто некаде капнало, знае да побара марамче да избрише... Знае дека после спиење треба да се намести креветот, е сега некад знае да праша пр - Мамо може после метиме кеветот а пво шетаме?
Ама во секој случај се вклучува и намерно и ненамерно и на тој начин мислам дека стекнува некои елементарни насоки бар за нејзина возраст
_____________________________
Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...
13.05.2013, 14:33
sandriana RR
2924
Воведувањето на децата во домашни обврски сметам и верувам дека се постигнува само и само преку давање сопствен пример и објаснување на постапките. Она што детето го гледа како секојдневна рутина/активност на родителите низ домот, истото и го применува. Зборувам за деца во најрана возраст-1-2 години. Ќерка ми има усвоено она што го имаат повеќето деца на нејзина возраст- собирање на сопствени играчки, класифицирање на гардероба-валкана во корпата за перење, чисти во гардеробер, вадење-ставање на чист прибор за јадење во фиока....Имитира бришење прав и џогирање, како и диплење алишта, а ми помага и за пружање алишта- ми подава парчиња облека и штипки. Ништо од ова не и кажувано и покажувано, едноставно од постојано повторување на истата работа, проследена со муабет-да не и досадно, па детето си створило своја рутина . Освен за собирањето играчки, тоа е прва активност што сама ја превзема и мислам дека и е од градинка научена.
14.05.2013, 13:00
vezilka RR
4931
Некои од обврските веќе ги има прифатено исклучиво како свои, на пример сам ги собира играчките пред легнување, си ја носи на пелената до канта дури и без да му спомнеме, после вечерата сам ми го носи шишето од млекото да го измијам, си ги собува кондурчињата и ги реди кај што им е местото, кога се чисти тој си ги чисти неговите работи, кутиите со играчки, некои полици со негови играчки и книги и сл.
15.05.2013, 13:17
niki
4299
vo momentot sreduvanjeto na igrackite kako i na se sto e nejzino e obvrska koja i ja imame pripisano kako isklucivo nejzina i ocekuvame da izvrsuva bez pomos a veke pocnuvame i bez nase baranje, znaci samostojno inaku se ostanato zavisi od okolnostite, ona sto me raduva e sto seuste e mnogu raspolozena da pomaga, sama se nudi a i mnogu retko odbiva ako pomos i se pobara nova aktivnost vo koja saka da ucestvuva e mestenje i razmestuvanje na dvosedot vo nejzinata soba na koj se obiduvame da ja prespie nokta sama i da se ohrabri da ne se plasi noke, sekoja vecer mi pomaga da gi trgneme jastucite da go izvleceme dusekot, da namestime postelina a nautro samo za vikend mi pomaga za mestenje inaku rabotni denovi otkako ke ja odnesam vo skolo jas go mestam, no toa ke bide taka samo sega duri se priviknuvame i dur da go zamenime dvosedot so vistinski krevet, potoa ke moze i sama isto taka imame naprednato i so prostiranje alista, bidejki skoro pa postigna visina za da gi dofati zicite veke ne mi pomaga so dodavane na stipki i alista tuku potkacena na stolce gi zakacuva na zica sama, da napomenam deka zicite mi se vo dvor na metalna konstrukcija, na visina od okolu 150 cm, sto znaci nema opasnost od paganje od terasa
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
15.05.2013, 13:36
dostickage
2181
V pravi se sto gleda deka pravime i nie. Duri tolku mnogu raboti si zema sam za obvrska sto ne mi se vruva deka se raboti za tolku malo dete. Nitu ednas ne sum mu rekla ajde da napravime zaedno nesto, tuku se toj sam saka da pravi. Igracki sam si sobira, sam si razmestuva krevet, pomaga vo mestenjeto na istiot. Nam ni pomaga koga gi vadime pernicite i prekrivkite za nasiot krevet. Nekoe vreme najaktuelno mu e da mie sadovi. Si zema edno negovo stolce do mijalnikot i mie sadovi. Ne smeeme nisto da ostavime neizmieno ni sekunda zasto toj se kacuva da mie. Pred nekoj den piev kafe i samo sto go ispiv ja ostaviv casata do mene sto se veli da spadne kafeto. Ja vide casata, ja zede i otide da ja mie. Pokraj nea gi izmi uste ednas i site vekje mieni cinii i rabota imav do gusa posle Koga gotvam toj saka da mi podava namirnici , sam mati jajce- jas samo go krsam, sam si zema voda. Sega ne ni dava da mu dademe voda tuku toj si go zema stolceto, odi na cesma , si pusta voda, zema casa , ja mie casata i ja vrakja na cedalkata. Koga jade ne sednuva bez salfetka, ako mu kapne od jadenjeto si zema nova salfetka ili krpa za da izbrise, pedanterija e nevidena.
Se na se mislam deka e mnogu ubavo decata postepeno da se voveduvaat vo domasnite obvrski, ne da im se nareduva megjutoa zaednocki da se sreduvaat rabotite mnogu mi se dopagja.
Nego jas si imam druga maka, ne mozam da go trgnam od pomaganje a seuste nema nitu 3 godini
15.05.2013, 13:50
niki
4299
za vodava me potseti dostickage nasata voda od cesma ne se pie kupuvame flasirana i tuka bara pomos ako e polna flasata, ako e otprazneta sama si tura no kaj majka mi od cesma uste pred dve godini sama si zemase voda tamu nemase stolce da se potkaci no si najde nacin deteto, ke zemese lazica i so nea ja krevase rackata od cesmata da pusti voda, ke si natoci pak so lazicata ke pritisne da se iskluci i ke ja ostavi lazicata koga ja vidov mnogu se iznenadiv na improvizacijata i tokmu toa mi e najvaznoto vo celata rabota so domasnite obvrski, sto se razviva samoinicijativna snaodlivost a tolku se malecki
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
15.05.2013, 14:05
Bethany
4534
A koga sme kaj snaodlivosta, sin mi moze da upali svetlo vo dnevnata bidejki prekidacot mu e taka na raka, ama za da go izgasi mu falat uste dva-tri centimetri visina. I toj gleda deka ne moze, se svrti levo -desno, go zema svoeto sise so voda i so nego pritisna prekidacot da go izgasi svetloto Eh kolku me samo iznasmeja, pa posle sledese edno iljada pati palenje-gasenje deka nesto novo otkril.
Treba so decata da se bide trpeliv vo obvrskite, se razbira deka jas podobro i pobrgu ke napravim nesto, ama vnimavam da ne go ispravam vo nesto da ne izgubi zelba da pravi bilo sto ponatamu. Taka majka mi moja porano koga sakav jas na primer da gotvam i koga nesto ne pravev dobro ili bev bavna, taa gubese trpenie i nemase vreme mene da me ceka bidejki ete trite deca, eden kup obvrski i mi ja prevzemase rabotata na sto se nafativ so zelba. I so tek na vreme jas ja zagubiv sekakva zelba i inicijativa za vo kujna i mi ostana i den denes toa, da kazam deka edvaj jajce znaev da isprzam koga se omaziv
Pa zatoa vnimavam da ne ja napravam istata greska so sin mi. Mislam sekoe dete projavuva nekoja zelba da bide od polza, da imitira sto pravat vozrasnite i toa treba da se ohrabruva i veruvam deka i vo idnina ke ima nekoj zdrav odnos kon domasnite obvrski. Sigurno deka ke dojde period koga ke sakat da zabusavaat ama pak so mal podsticaj ke bide dobro. E ne znam vo tinejdzerski denovi kako ke bide, toa ne znam sto me ceka. I isto se slozuvam deka ako ima nekoj red doma i bez da se nesto pokazuva toj samiot se uci spontano na takov red, si znae kade sto stoi, koga raskrevam sadovite od cedalka, mu davam na nego nesto sto mu e pri raka vo skafovite, i bez da mu kazam toj veke si znae kade sto stoi, negovite igracki znae kade koja stoi i sl. Ma mnogu e ubavo koga sakat nesto da pravat
15.05.2013, 14:46
Џесика
2036
Убави тие, сакаат да помагаат. Јас не смеам машината за алишта да ја пуштам без него, ставам прашок, омекнувач и го викам да ја пушти. Исто и во кујна, тој сака да посоли, кога правиме леб, тој сака намирниците да ги става, сака да џогира кога се чисти, подава штипки кога пружам алишта... сегде околу е тој... е сега некогаш одмага наместо да помага, ама тоа е, пола штипки ќе ги собирам по двор, затоа што нели, поинтересно е да учиме физика и гравитација, отколку да подаваме.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
15.05.2013, 21:11
Maca25
7558
Моево девојче ништо не ми помага во последно време. Дури и неколку чекори назад одиме, не сака сама ни да се облече. Еден период не смеев ни да помислам да ја облечам јас, се сама правеше, сега не сака. Денеска имавме мала караница по ова прашање, зошто не се собираат играчките, си доби и казна, па после пола саат плачење виде дека јас не попуштам и дека казна е казна па почна да собира играчки, па и ми помогна во правење на ручекот, намести чаршав на маса за да јадеме и си го врати тањирот во кујна откако изеде. Ама да не беше разговорот и казната немаше да го направи ова. Дајте некој совет, вака не иде
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
15.05.2013, 21:37
Палешка РР
7505
Што да кажам јас...Миа сама молкне столица ја пушта чешмата, зема сунѓерче, тура пола кило сјај на него и се водени од глава до петици - ова демек миење чинии е. Еднаш ми тури црн бибер во направените тулумби...Редовно го троши средството за стаклото од кеф да прска...турка алишта од регалот не биле убаво наредени...тура прашак во машина за перење во делот за омекнувач... Изгледа ја промашив темава, требаше во мали палавковци да пишам
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
15.05.2013, 21:46
Maca25
7558
не си ја утнала темата, на право место си пишала. девојчето сака да и помогне на мама. Моево озбилно ништо не прави, освен што си ги брише играчките од време на време. Ја воведувам во домашните работи, ама некако одбива да помогне.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
16.05.2013, 13:39
Bethany
4534
Маца, твоето е веќе постаро дете, немам искуство, ама овака некако ми изгледа дека може е некој период. Единствено да си трпелива и да не ја тераш да прави да не и се смачи и да не се заинати уште повеќе. Ако не и се облекува, облечи ја ти, ама успат и објаснувај дека сега можеби не и се облекува, ама нареден пат ќе мора сама, дека е голема, дека така побргу ќе завршите па ќе има време за игра, прошетка итн. Најди некој начин преку игра да ја мотивираш малку, со зборење ама пак не претерано... Не знам баш од искуство, ама ете тоа прво ми паѓа на памет. Ќе се средите вие полека, сигурно и е некој период.
21.02.2014, 10:05
princessa
1056
Obavezno mi brise prasina pa posle jas moram uste ednas da pominuvam po ogledalata i staklata . Mi pomaga koga pruzime alista i i davam krpa da si gi brise igrackite. Naleto znae i da riba podovi so mene, ma da sekogas mi otvara dupla rabota. Kako i da e toa go pravime od cista zabava, decata obozavaat voda. I da ja pofalam deka znae da diple alista kako starica
21.02.2014, 10:22
Yummy Mammy
1690
Temava mi otvara edna dilema. Neli site mali deca sakaat da pomagaat po doma, zasto ne go sfakaat toa kako rabota tuku kako zabava, gi pravi da se cuvstvuvaat golemi kako mama (ili tato). No, kako sto rastat sfakaat deka ne e mnogu zabavno da se raskrevaat igrackite, a uste pomallku zabavni se drugite domasni obvrski, pa odbivaat da napravat ona sto im se kazuva. E sega, vo nasiov slucaj, mm kolku i da si go sakam, vistinata e deka on e domasen parazit. Znaci, nisto ama bas nisto ne pravi za domot (osven sto pravi pari, a decata toa ne go gledaat, oni gledaat ona sto se slucuva pred nivni oci). Kako sto rastat moive deca gledaat deka moze nekoj drug da odi po niv i se izvlekuvaat od svoite obvrski. Nekogas voopsto ne mi e tesko jas da sredam, i pobrza ke bidam i nema da se raspravam pola saat za 5 min rabota. No, se raboti za principi i domasno vospituvanje. Kako da gi vospitam jas moive deca deka sekoj treba svoite obvrski da si gi zavrsi ako go gledaat tato deka ni masa posle jadenje ne raskreva?! Porano si gi diplea alistata, sega gi frlaat na zemja u tutki zasto tato taka im gi frlal...
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
21.02.2014, 10:30
AnnaMolly RR
6409
Јами мами, мислам дека треба со маж ти да се договориш барем некое време пред децата да помага, колку да видат дека така треба. А маж ти тешко дека ќе го смениш сега на „стари“ години. Нека земе пред нив нека раскрене некое чиниче, нека намести кревет... некоја ситница. Ако мислиш дека проблемт е до тоа што го гледаат како не помага, мислам дека вака само ќе го решите.
_____________________________
Live and let live
21.02.2014, 10:48
princessa
1056
Mislam deka kerka mi nekoi raboti podobro gi znae i od mm naprimer raboti od tipot "kade nesto se naoga". N znae se, ke i recam donesi mi toa i toa i taa znae se kade se naoga sto mi e od pomos koga sum zafatena a mi treba itno.Duri nekoi raboti jas sum zaboravila kade se a taa se pameti Edno vreme imavme problem so nea dodeka da svati deka edni isti obvrski mozat da bidat izvrsuvani od bilo koj a ne samo od mene ili samo od mm. Mm stalno usisuvase pa koga ke zemev jas toa da go rabotam se bunese i vristese. Mislese deka sekoj sto si ima nekoja opredelena obvrska da si se venca so nea . Se mora da se objasnuva a decata gledaat od vozrasnite i kopiraat. Ako doma e se rasfrleno tie toa ke go smetaat za normalno i taka ke se odnesuvaat. Ako mama samo sedi pred kompjuter i stoi pred ogledalo isto taka, ili ako tato gi frla corapite kade ke stigne i nisto ne faka po doma . Sreka sto mm e pedanten i mnogu mi pomaga pokraj toa sto toj ne izdrzuva site finasiski. No neli so toa ne zavrsuva negovata obvrska kon semejstvoto. Decata sepak koga se mali ne znaat da gi cenat parite i toa za niv ne znaci nesto posebno. No kako i da e i toa ne treba da se zapostavuva, pari trebaat no treba nekoj i dobri primeri da dava. Treba decata da znaat kako treba da se odnesuvaat kon domasnite obvrski i kako i kolku treba da gi pocituvaat.
21.02.2014, 19:54
Yummy Mammy
1690
Zaboraviv prethodno da pisam, mi se svigja americkiot nacin na voveduvanje na decata vo domasnite obvrski. Sekoj spored vozrasta si ima odredeni obvrski i za toa e nagraduvan so djeparac. Ubavo e toa sto decata se ucat deka pokraj ona sto go pravat za sebe, imaat odgovornost i kon drugite vo domakinstvoto, a i ucat da gi vrednuvaat parite koi tesko se zarabotuvaat. Na pr, ako deteto resi zadaca po matematika ne treba da dobie nagrada zasto toa go pravi za sebe, toa sekako mora da go zavrsi. No ako gi izvadi cistite sadovi od masinata, e toa e veke dopolnitelna rabota. Kerka mi ima 5 god i se dogovorivme da napravime edna tabela kade ke zapisuvame koj sto srabotil, sekoj den od nedelata, i kolku paricki zarabotil. Planiram da pocneme so pomali raboti, pa da prejdeme na praznenje na masinata, ili da pruza nekoi lesni alista kako gakicki i corapcinja. Sto drugo bi mozelo da pravi dete na taa vozrast? Isto taka imam dilema okolu mestenjeto krevet, diplenjeto alista posle presoblakanje, pravenjeto cedevita za sebe ili nekoj drug, i slicno... za ovie aktivnosti ne bi trebalo da dobie paricki ili sepak dobiva?!
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
21.02.2014, 20:31
Mihaela 2010
4230
Mene iskreno ne mi se dopadja toa da treba da plakjam za da zavrsi rabota. taka samo im se pravi losa usluga pa ako se naviknat na toa utre koga ke potporasnat koj znae sto ke baraat za da zavrsat pogolema rabota Jas ne ni mozam da ocekuvam koj znae sto od 4 god dete osven da si GI stava na mesto igrackite pred spienje sto ustvari istoto go pravat i vo gradinka pa zosto ne i doma. dovolno e i sto si se soblekyva sama , konduri na mesto toplinki si oblekuva i slicno, se vo svoe vreme. utre koga ke potporasne svojata soba ke mi bide dovolno da si ja sreduva
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
21.02.2014, 20:56
princessa
1056
i jas isto taka ne se soglasuvam da plakam. Obvrska s e obvrska, mene koj mi plaka sto po cel den rabotam doma? Sekoj si ima obvrski i si e odgovoren za niv, i vo odnos na vozrasta si ima soodvetni obvrski. Neka si gi sreduvaat igrackite, necistite alista neka si gi nosat vo korpata za necista obleka, oblekata na svoe mesto neka si ja ostavaat, toa barem bez problem moze da go pravi dete na vozrast od 3+. Ima i uste mnogu drugi ama ovie vo momentot mi teknaa. A Amerikancite sto sakaat neka pravat, ama so pari vospituvanje i odgovornost ne se kupuvaat. Samo taka decata ke ucenuvaat
21.02.2014, 22:27
Defne90 RR
1991
Ни мене не ми се допаѓа тоа да треба да му плаќам ако заврши некоја работа по дома.Ако сака нека ја заврши ако не немам намери да му нудам пари за да го предомислам.Ете на пример бидејќи старите долу така си го навикнаа да му плаќаат кога и да направи нешто,односно го водат во продавница и му купуваат што сака само затоа што бил вреден.И сега тој тоа си го знае и ако треба нешто да направи да речеме да ги собере играчките или да ги однесе алиштата во корпата за валкани прво им вели ама после во продавница ќе одиме.А со татко му и со мене знае дека тоа не му пали па не се ни труди да ни бара награда.Додуше не го ни терам ништо да работи,задоволна сум со тоа понекогаш да си седне и сам да се најаде.а јас за тоа време да завршам нешто.Инаку и тој е вреден кога се работи заљ чистење по дома ако треба нешто да се бриша или чисти.Но како што рече принцеса тогаш ми отвора дупла работа па затоа и гледам да чистам додека не е дома.А како што гледам тие сепак се момчиња и повеќе го гледаат татко им како работи некои така да кажам машки работи као на пример ако се расипе нешто по дома да се поправи или да се мотка околу автомобилот.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
21.02.2014, 22:39
Yummy Mammy
1690
Hmmmm, e da, ima logika, ima i kontra efekti. Samo jas ne go sfakam toa kako plakanje na deteto da ja zavrsi mojata rabota, i onaka zboruvame za pocket money, za nekoi 10den po zadaca, da receme. Tuku mislam deka treba da im se oobjasni kako se zarabotuvaat pari, kolku pari imas tolku mozes da potrosis vo prodavnica i kolku poveke rabotis, tolku poveke raboti mozes da si kupis. Neli za ova e najprakticno da se pocne so voveduvanjeto vo domasnite obvrski... Off topic, Ete mozebi ottuka e razlikata vo mentalitetot, amerikancite se nauceni sekoj za sebe da si zarabotuva, a nasite deca cekaat mama i tato da im dadat 500 den za iskacanjje Aj ke probam so kerka mi, da vidam kako ke go sfati, pa ke vi kazam. Zasto ne sakam da go sfati toa kako nagrada za nejzinata poslusnost, tuku naprotiv, sakam da se cuvstvuva dobro zatoa sto bila vredna i samata si zarabotila za lizavceto, a ne da me moli mene dali ke i dadam ili ne.
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!