13.01.2010, 13:15
8680
Голем хуманитарен музички спектакл на 28 февруари со почеток во 20 часот Повеќе од 35 изведувачи, спортисти и глумци.
Сите на едно место, со една цел: заедно да собереме средства за да опремиме 102 станови, наменети за ранливи групи граѓани, меѓу кои и за децата без родителска грижа во населбата Ѓорче Петров.
Концертот кој го организира здружението на деца без родителска грижа “Градиме иднина“ е под мотото „Помогни и ти“, а ќе настапат Калиопи Букле, Ламбе Алабакоски, Борис Трајанов, Елена Ристеска, Врчак, Тамара Тодевска, Јован Јованов, Адријан Гаџа, Есма, Ноне Неделковска, Дани Димитровска, „Некст тајм“, Тони Зен, Нокаут, Наум Петрески, Елвир Мекиќ, Гоце Арнаудов, Влатко Илиевски, Ристо Самарџиев, Александра Пилева, Кристина Арнаудова, Бојана Атанасовска и многу други.
Сите можеме да помогнеме и со јавување на бројот 070/075/077 143 999 од сите три оператори и да донираме по 100 денари.
Влезниците по цена од 150, 200 и 500 денари можете да ги најдете на продажните места на Југотон, Тобако Ексклузив, сала “Борис Трајковски“ и Плоштадот “Македонија“.
Уживајте во големиот хуманитарен концерт и бидете хумани.
Помагам јас, ПОМОГНИ И ТИ.
Ова е тоа што го најдов на официјалната веб страна на салата Борис Трајковски