за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Кај нас во Тетово скоро сите чекаат младенци, така да и ние ќе чекаме. Инаку тука кај нас не се вика и затоа мораш да се спремиш незнаеш кој ќе ти дојде. Најблиските секако. Незнам колку ќе ни се соберат ама од прилика 50-60 души. Тоа е сакаш, не сакаш, мораш. Има да биде спремање на големо. Тешко мене.
22.02.2010, 22:39
viksa
220
Ние правевме свадба во мај 2009 и сега имаме мало бебенце такашто нема да чекаме Младенци. Јас знам дека ако имаш бебе не се чекаат гости. Освен тоа јас и мм и онака не сме за означување на овој датум.
_____________________________
Насмевката е единствена крива линија која исправа многу работи.
24.02.2010, 10:22
iki82
367
Ме интересира дали некој знае овој Младенци дали морал да биде посен? Ми кажаа зошто се паѓал за време на Велигденски пости, требало да биде посно. А баш сакав да си направам некои интересни салатки
24.02.2010, 10:26
mami
8680
Ако ти се паѓа во пост, пожелно е да се посни работи, зошто сигурно ке имаш некој што ке пости...
24.02.2010, 10:31
Cacko
1127
ИЗВОРНА ПОРАКА: iki82
Ме интересира дали некој знае овој Младенци дали морал да биде посен? Ми кажаа зошто се паѓал за време на Велигденски пости, требало да биде посно. А баш сакав да си направам некои интересни салатки
imas eden kup interesni slatki i soleni posni,taka da ne smeta so e posno.jas posna svadba pravev pa ne mladenci i toa zosto bese petok i nasa slava,a ne golemi postovi,ali veruj site bea prezadovolni.ako sakas moze idei da ti dademe za posni raboti
24.02.2010, 10:55
iki82
367
Еј Цацко супер, пиши некој рецепт А бе мислам дека никој нема да пости, ни моите ни неговите не се по тие работи. ама ај да испочитуваме дека пред Велигден
24.02.2010, 11:13
Cacko
1127
nema so da ti pisuvam recepti,eve ti predlozi; posni sarmi piti gravce kompir salata pindzur riba morski plodovi pecurki makalo posna ruska salata eden kup svezi salati sitni kolaci.......
24.02.2010, 14:17
delfinka
416
koja data e mldaenci??
_____________________________
sekoj e blagosloven ako veruva vo boga
24.02.2010, 14:20
BILJANA_G
491
22 Mart.
24.02.2010, 14:28
delfinka
416
blagodarnost:)
_____________________________
sekoj e blagosloven ako veruva vo boga
24.02.2010, 15:31
iki82
367
Fala Cacko
22.03.2010, 12:55
penelopa
3419
Среќни Младенци на сите што прославуваат денес. Ви посакувам вечна љубов, почит и разбирање. Имајте убав ден!
п.с: Повелете во барот на частење
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
22.03.2010, 12:56
arh_diz
7198
Srekni Mladenci na site koi slavat vi posakuvam mnogu ljubov i dolg zivot
_____________________________
Биди тоа што си
22.03.2010, 17:55
ikipp
432
srekni mladenci na site sto go proslavuvaat.inaku i nie imame malo bebce,ama ne go cekame
22.03.2010, 18:37
***Lide***
341
SREKNI MLADENCI na site sto go slavat ovoj praznik
08.02.2011, 19:37
Pepelaska *
3820
Ние изгледа нема да правиме мм не сака да чуе а еве најдов еден интересен текст за Младенци
На овој ден е и првата рамноденица во годината. Младенци се брачните двојки што се венчале во текот на минатата година. На Младенци се оди во домовите на младите брачни двојки, а доаѓаат тие што не им биле на свадба. Домаќинките треба да покажат дека умеат да дочекаат гости и им се препорачува да замесат 40 мали тркалезни лепчиња, зашто празникот се слави во име на светите четириесет севастиски маченици, римски војници, кои настрадале поради тоа што одбиле да ги гонат христијаните. Гостите што одат на Младенци треба да им однесат подароци на младите брачни двојки што ќе може да се користат во домаќинството. На овој ден порано им се гатало на немажените девојки. Народот вели дека каков ќе биде денот на Младенци таква ќе биде целата пролет. Овој празник доаѓа по неколкуте големи зимски празници, како што се Божик, Водици, Свети Трифун и се смета за премин кон пролетните празници: Тодорова сабота, Летник, Благовештение, Цветници, Лазарева сабота, Велигден, Ѓурѓовден и други. На Младенци не се препорачува да се јаде тоа што никнало по Нова година, а се смета оти е добро да се јаде мед, варени коприви и зелје за да се прочисти крвта.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
08.02.2011, 21:44
Natuska85
3613
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###
Домаќинките треба да покажат дека умеат да дочекаат гости и им се препорачува да замесат 40 мали тркалезни лепчиња
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###
Гостите што одат на Младенци треба да им однесат подароци на младите брачни двојки што ќе може да се користат во домаќинството.
Ние ќе правиме по се изгледа,таман и прилика да ги почастиме најблиските за новото домче,2 во 1 .
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
29.10.2011, 09:56
Maca25
7558
Ние не правевме младенци. Имавме многу мало бебе дома и не правевме. Како што знам свеќите од црква (од венчавка) се носеле на младенци пак во црква и се палеле. Јас појма немав каде ни се свеќите, се додека пред некој ден не ги најдов во една ќеса во плакар збутани. Не знам што да им правам? Да ги однесеме во црква сега и да ги палиме? Појма немам што да им правам.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
02.11.2011, 09:51
JovanaJ
911
Nie gi pokanivme najbliskite na vecera vo restoran. Najsoodvetno mi bese taka...Inaku mladenci ni bese 4 meseci posle svadbata
15.05.2014, 13:02
Mila mamicka
387
Нас свадбата ни беше во октомври така што имавме цели 5 месеци до Младенци. Секако дека го прославивме. Ние сме фамилија што многу сака големи прослави, така што и Младенци ни беше повод за една таква прослава со најблиските роднини и пријатели. Се собравме дома, имавме околу 70-80 луѓе, а не ми беше воопшто напорно, затоа што имавме човек кој ни го спремаше јадењето на лице место, имавме келнери за послужување, па ние само се дружевме со гостите и немавме никакви обврски вечерта. Ептен убаво си поминавме.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
15.05.2014, 13:34
Defne90 RR
1991
Ние на младенци имавме бебе од месец ипол веќе и не правевме ништо посебно.Само најблиските ни дојдоа на ручек и така на по некоја пијачка и толку.Се на се беше убаво и прославено во кругот на најблиските. А и јас исто не сум знаела што се прави со свеќите и еве ги чувам уште.Сега поима немам дали да ги носам во црква да ги запалам или да ги палам дома за некој убав повод.Поима немам.
< Поракaта ја уредил Defne90 -- 15.5.2014 13:35:23 >
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
02.12.2014, 00:21
caciana
863
Kaj nas Vo Prilep Mladenci Ne Se slavat.Se slavi Trimir.Tretiot den posle pokladi procka.Se odi kj nevestata na sedenka.
02.12.2014, 00:27
scared RR
1349
Планираме да правиме здравје боже, дома, со најблиските
22.03.2015, 14:58
scared RR
1349
Нека ни се среќни младенците на сите што славиме денес
22.03.2015, 15:02
kapina
4327
Kaj nas vo strumica ne se slavi mladenci voopsto nemame nekoj adet za mladenci