writing-img

Суво овошје

  
clock-img

12.01.2010, 11:07

clock-img

mami

pencil-img

8680


Кога ќе се спомене суво овошје, може да се помисли на ореви, лешници, бадеми, но нема да збориме за тоа, тука за сувото грозје, сувите смокви, кајсии, сливи, урми... За да се добие еден килограм, на пример суви сливи, потребни се шест килограми свежи.
Познато е дека кај сувото овошје количината на хранливите состојки како што се белковините, јагленхидратите, витамините и минералните е мултиплицирана.
Поради тоа се сметаат за хиперкалорична храна, која сепак не треба да се избегнуваат, посебно во зима, освен во одредени ситуации.
Иако не се препорачува на оние кои сакаат да ослабат, сепак најпотребно е во зима за да се обезбедите дополнителна енергија за борба против студот. Енергија која ја дава, особено бргу стигнува во крвотокот, односно брзо делува, поради што сувото овошје посебно им се препорачува на спортистите. Како и секогаш и при негова консумација треба да се биде умерен. Изгледа дека нашите стари знаеле за позитивните особини на ова овошје, бидејќи обичајот за негово јадење, особено околу Нова Година и Божик потекнува од дамнина. Денешните нутриционисти препорачуваат сувото овошје да се јаде во текот на целата година, бидејќи веќе не треба да се смета за луксуз. За луѓето со зголемен холестерол се препорачува сувото овошје да го јадат како замена на грицките богата со масти. Благодарение на тоа што е сиромашно со вода, сувото овошје може долго да се чува, поради што нема причина да се јаде само в зима.

Овошјето може да се суши на природен начин, и тоа на сонце, „печки“ посебно направени за тие цели, или во домашни услови во рерна. Со оглед на тоа што не содржи масти, а е богато со растителни јагленхидрати и шеќери, најдобро е да се јаде за појадок, за да го помогне варењето на храната или за ужина.
Вообичаеното јадење – по главниот оброк – ќе придонесе за зголемување на калориите и забавување на варењето.

clock-img

12.01.2010, 11:09

clock-img

mami

pencil-img

8680

Секогаш би требало да имаме при рака суво овошје затоа што тоа содржи три важни витални материи – минералот кој помага против стрес магнезиум, минералот калциум, витамини од групата Б и олиго-елементот железо кој помага за виталност.
Сувото овошје бргу дава енергија, но и калории. Поради недостатокот на течности олигоелементите и минералите се наоѓаат во кенцентриран облик како и јагленохидратите како овошниот шекер. Затоа е доволно да се конзумира мала количина затоа што 100 грама суво овошје има помеѓу 250 и 290 калории.
Најдобро е да го исецкате на ситнои да го додадете во јогурт или мусли за доручек затоа што ќе ку даде голема сила на организамот и мозокот.
Многу важно е да изберете несулфурирано суво овошје. Сулфурираното овошје од некои земји може да предизвика мигрена, диареа и напади на астма. Освен тоа пречи на работата на многу ензими и ги уништува Б витамините во организмот

clock-img

12.01.2010, 11:13

clock-img

mami

pencil-img

8680

Јадат ли вашите деца суво овошје? Лука од завчера јаде суво грозје и му се допадна ептен, па сега сакам да пробам и со нешто друго- ананас или манго..

clock-img

12.01.2010, 11:18

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Е баш за Бадник му дадовме да проба сува слива, и си ја изеде... друго суво овошје не сме пробале.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

12.01.2010, 11:19

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

пробал папаја ама само малку,не сум пробала друго.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

12.01.2010, 11:28

clock-img

niki

pencil-img

4299

Суви сливи, суви кајсии, суво грозје има пробано, само не јаде многу често и толку колку јас би сакала.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

15.01.2010, 10:36

clock-img

bojanas

pencil-img

187

Јас и Лука обожаваме сушен ананас, папаја и брусници.
Благодарение на нив втората бременост ја поминав со 10 кг плус кои се стопија во првата недела.
Дава чуство на заситеност и одлично ја регулира столицата.
Едно пакување од 100 гр е доволно за цел ден и кога сакам да јадам благичко си каснувам супено овошје.
Инаку од свежо овошје јадам само лубеница, грозје и цитрони.
Се останато ми создава ужасни киселини во стомакот.

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

clock-img

15.01.2010, 10:37

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

земав сува брусница и деновиве ќе му дадам на Дамјан прв пат а по еден рецепт од БЕБИЦА

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

06.02.2010, 21:59

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

суво грозје сака,а денес му дадов сува смоква...ми ја фрли со брзина на светлинатаuser posted image

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 6.2.2010 22:00:13 >

clock-img

06.02.2010, 22:12

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

Mojava jade brusnica

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

09.02.2010, 09:30

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

Продаваат суво овошје со поминат рок и со многу конзерванси

На македонскиот пазар има сушено овошје со поминат рок и со премногу конзерванси, а дел од сировото се продава во нехигиенски објекти. Ова го забележале инспекторите за храна при последната контрола на објектите за откуп, производство и промет. Поради тоа апелираат граѓаните да внимаваат што избираат на пазарите и рафтовите во продавниците  
  user posted image   - Од исконтролираните 117, во 17 објекти најдовме свежо овошје и зеленчук без декларација, осум објекти не ги исполнуваа санитарно-хигиенските услови, а на две места имаше сушено овошје со поминат рок - велат од Дирекцијата за храна.

Д-р Божин Петрески, раководител на секторот за производство и промет вели дека на пазарот има суво овошје на чија амбалажа не стои дека има конзерванси.

- Конзервансите не смеат да се забораваат на декларацијата затоа што има граѓани што се алергични на нив. Не беа назначени на суво грозје, смокви, сушена брусница, суви сливи, папаја и круша. На еден примерок имаше обележано дека има засладувач, а имаше конзерванс. Најдовме и примерок со повисока концентрација од конзервансот сорбинска киселина. Тој во големи дози е опасен за организмот - вели д-р Петрески.
 
 
user posted image user posted image затоа внимавајте  при купувањето ,купувајте проверено од продавници за здрава храна,амбалажирано и со декларација
     

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 9.2.2010 9:31:23 >

clock-img

09.02.2010, 09:39

clock-img

ananikol

pencil-img

1568

Eve vo momentov jadam suvi slivi,made in nl(koj znae od kade se uvezeni ovde samo pakovani) a za konzervansi stoi samo
E-200.

clock-img

09.02.2010, 09:46

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

во моментот со колешка ми јадеме сушен ананас од виталиа user posted image  кој е за нека повели

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

09.02.2010, 09:47

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Jas kupuvam mesavina suvo ovosje , ama nekako mi stana i toa premnogu blago user posted image user posted image

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

09.02.2010, 10:02

clock-img

mami

pencil-img

8680

порано земав сушен ананас од зелен пазар на една тезга, и манго ама последниот пат кога земав имаа вкус на нешто мувлосано, скапано и веќе не им земам од таму. Строго Виталијаuser posted image

clock-img

09.02.2010, 10:09

clock-img

jana3

pencil-img

9

jas praktikuvam, ako ne sekoj den, togas barem 3 pati nedelno, namesto cokolada, doma da se jade suvo grozje, suvi urmi i smokvi....super se za metabolizmot:)

clock-img

09.02.2010, 10:12

clock-img

mami

pencil-img

8680

ооо, па кај нас е нон стоп на маса. Лука има во едно чинивче- ананас, суво грозје, овесни снегулки и експандиран ориз- и цел ден му е на маса, кога сака поминува си зема, и ако случајно му фали нешто веднаш покажува со рачето што да му се донесеuser posted image user posted image

clock-img

09.02.2010, 10:17

clock-img

ananikol

pencil-img

1568

Srcuska user posted image user posted image user posted image

clock-img

09.02.2010, 10:19

clock-img

nadica

pencil-img

4381

и ако случајно му фали нешто веднаш покажува со рачето што да му се донесе



user posted image user posted image user posted image за лука
најчесто јадеме суво грозје, смокви а поретко се останато немаме навика многу за суво овошје

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

09.02.2010, 10:23

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

user posted image user posted image user posted image bravo za Luka . Pametno detence nesaka da mu se rasipat zapcinjata od cokoladi i drugi slatki

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

09.02.2010, 10:46

clock-img

mami

pencil-img

8680

user posted image user posted image user posted image user posted image aaa да е така, јаде тој и чоколади, ама нормално кога ке изеде толку суво овошје чоколадото е намаленоuser posted image user posted image

clock-img

23.02.2010, 19:39

clock-img

mami

pencil-img

8680

Еве од пред некој ден јаде и сушена алое вера. Му земав од Виталија, чисто да видам како ке реагира и си јаде, гајле нема, по две три парчиња без проблем...

clock-img

23.02.2010, 19:44

clock-img

Боцко

pencil-img

806

ние ретко се дружиме со суво овошје. понекогаш суво грозје. неколку пати оние бонжити ама не му беа баш по ќеф. но затоа сув еурокрем ехехе. а тоа сув му значи само еурокрем со лажиче. туку, ќе треба малку посериозно со сувото овошје да се позанимаваме.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

23.02.2010, 19:47

clock-img

mami

pencil-img

8680

Боцко а да пробаш од Виталија има едни нови како бонжита што ги извадиле ама се прелиени со чоколадо и се ужасно вкусниuser posted image user posted image user posted image user posted image ние сме дома навлечени на нив

clock-img

23.02.2010, 21:07

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

user posted image







Дали мислиме на истите?ама ако се овие зависноста во нашето пошироко семејство е 100 %.ЗАКОН

Последни статии

article-img