cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Да зборуваме на македонски јазик

  
clock-img

13.01.2010, 16:36

clock-img

Еца

pencil-img

6692

ИЗВОРНА ПОРАКА: April

 И во самата тема за дискусија, македонски јазик се пишува со мала буква..



Благодарам Април на замерката, на место е. Мислев да и дадам тежина на темата, но сепак имаш право. Ќе преправам.user posted image

< Поракaта ја уредил Еца -- 13.1.2010 16:37:02 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

13.01.2010, 16:54

clock-img

Еца

pencil-img

6692

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

И веднаш еден предлог: Да отвориме една тема каде меѓусебно ќе си ги решаваме сите теми и дилеми во врска со јазикот,говорот, граматиката, правописот... Мислам дека тоа е еден чекор кон зачувување на јазикот и негово унапредување. Па бар толку можеме да направиме и тоа е најлесно.



Ники нема потреба од друга тема, токму тука сакам да ги решаваме дилемите поврзани со говорот, граматиката, правописот и само да нагласам темата не значи дека сега треба некој да се плаши да напише нешто во случај да не погреши, напротив и да напише онака како што мисли, ние ке го коментираме самиот збор, а не кој, каде, кога и зошто го напишал.

< Поракaта ја уредил Еца -- 13.1.2010 17:05:55 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

13.01.2010, 16:56

clock-img

niki

pencil-img

4299

Како се вика летњиковац на македонски? Знаете, онаа мала дрвена куќичка за во двор која нема ѕидови, а има кров со округла масичка и околу клупи за седење.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

13.01.2010, 16:57

clock-img

April

pencil-img

1257

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

не значи дека сега треба некој да се плаши да напише нешто во случај да не погреши, напротив и да напише онака како што мисли, ние ке го коментираме самиот збор, а не кој, каде, кога и зошто го напишал.



user posted image

< Поракaта ја уредил Еца -- 13.1.2010 17:05:20 >

clock-img

13.01.2010, 16:59

clock-img

April

pencil-img

1257

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Како се вика летњиковац на македонски? Знаете, онаа мала дрвена куќичка за во двор која нема ѕидови, а има кров со округла масичка и околу клупи за седење.



мислам дека е летниковец, но не сум сигурна user posted image

clock-img

13.01.2010, 17:34

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Се сложувам со сите. Литературниот јазик е наш македонски и жално е и глупаво на јавните медиуми и места (тв, училишта, факултети) да се зборува на дијалект + применувајќи странски изрази (фраза може, но само како таква, не да се прави целосна замена на некои наши зборови со странски). Но, како и многу работи во државата што не се правилни, така и тоа - не се води сметка кој каде е вработен, со што се занимава. Кој каде стигнал егзистира, не грижејќи се дали професионално ја извршува својата работа. И мене тоа страшно многу ме нервира. Бев во ситуација кога на испит од постдипломски/магистерски студии академски професор по македонски јазик, ме коригира за правилен, литературен македонски збор, кажувајќи дека поинаку е. Јас на тоа не изреагирав, иако бев 100% сигурна дека не е во право. Но кога има сила нема правда, нели? Само срамота е, таквите лица ни го држат местото (освен тоа и неодговорни се повеќето од нив, нечовечни...). Инаку секогаш применувам литературен јазик, дури и на интернет, skype, msn, facebook, кога праќам смс и сл. Можеби на некои тоа им е чудно, но едноставно - тоа сум јас (животна определба ми е тоа - да бидам учителка или писателка 1 ден, се надевам ќе ја реализирам таа цел, мојот "сон" од детството наскоро ќе ми се стане реалност). И додека одевме на практична настава, за време на студиите, кога држев час во училиште, секогаш се служев со литературен јазик. Имаше многу од колешките/колегите кои си зборуваа на својот дијалект. Интересен пример е кога колешка од Прилеп, на час по македонски јазик во прво одделение, при обработка на буквата Ч, изговарајќи ја, велела Ќ user posted image на што децата и се смееле и таа, засрамена го напуштила часот.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

13.01.2010, 17:41

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

ИЗВОРНА ПОРАКА: April

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Како се вика летњиковац на македонски? Знаете, онаа мала дрвена куќичка за во двор која нема ѕидови, а има кров со округла масичка и околу клупи за седење.



мислам дека е летниковец, но не сум сигурна user posted image


колку јас се разбирм, ЛЕТНИКОВЕЦ е нешто како викендичка, а тоа Ники што го опишува е ШАДРВАН. Тоа е турски збор, усвоен кај нас.

clock-img

13.01.2010, 17:43

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image  user posted image Битолчанка, ептен си во право, само така!
И потпишувам од збор до збор. Се` што пиша, го делам со тебе, дури и искуствата кои си ги имала.
На пример, првата учителка на синовите беше од Маврово и на децата им велеше: „Кажи му на Весна да дојде“
или пак, ако си зборувам на македонски, е прашуваат „Што сум изводела јас тоа“

clock-img

13.01.2010, 17:52

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Благодарам Анушка. И јас потполно се сложувам со тебе. Ме фаќа паника и страв малку што баш тој професор којшто ме коригира на испитот додека презентирав за зборот што беше неправилен според него, ми е ментор за магистерскиот труд. Можеш да замислиш каква мака ќе имам user posted image Но не се предавам воопшто. Ќе му докажам и со магистерскиот труд, а и после него, како м-р (одвај го чекам тој ден) дека не беше во право за неколкуте негови забелешки. Не можам сега, зашто сепак, зависам од него-ќе ме земе на око. Дечкото ме смирува да не се "палам" многу, но јас сум таква, борбена по природа и не можам да бидам сталожена кога некој неправедно ќе ме осуди, поправи и сл. Вреди да се бориме за тоа што го сакаме, макар тоа да е и по цена на животот. Треба да одиме до крај, само така можеме да успееме. user posted image за сите РР-ки.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

13.01.2010, 17:54

clock-img

penelopa

pencil-img

3419

Битолчанке ако не е тајна каде си запишана на магистерии, бидејки јас сум на Менаџмент во образование на Филозофски?

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

clock-img

13.01.2010, 17:57

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

Сметам дека перото е една од најјаките оружја на еден народ и држава. Ако кон него (јазикот) не се однесуваме со почит и внимание, еден ден сигурно се` ќе загубиме.
Во тој дух ги воспитувам и децата. Ми се случува да дојдат од училиште (особено кога беа помали) и да ми раскажат дека децата им се смееле кога користеле некој збор, а не е во „жаргон“. Ама, драго ми е што не попуштаат.
ИМаш од мене подршка и една голема молба - те молам, ако си во можност, повикај ме да го слушам твојот магитерски труд. Ќе ми биде особено драго.

clock-img

13.01.2010, 17:58

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

ха, ха ... грешка, милсев на поДдршка

clock-img

13.01.2010, 17:58

clock-img

tereza

pencil-img

784

ај јас ќе одговорам во име на битолчанка бидејќи знам.
таа е на магистерски студии на Педагошки Факултет Битола а кој отсек е тоа не знамuser posted image

clock-img

13.01.2010, 22:00

clock-img

April

pencil-img

1257

најчести правописни грешки на децата, а и возрасните: user posted image

не знам, не сакам, не можам...се пишуваат одделно

маж ми, мајка ми, син ми...одделно

јас не сум наставник по македонски јазик, сепак, не можам да преминам преку овие основни знаци на писменост

а ако некој од вас се' уште има од старите пасоши, сините, на втората страница од пасошот, каде требаше да се наведе деца, пишува ChildrenS, не знам дали некој го има забележано тоа? на официјален документ направена е основна и огромна грешка, исто како да сме кажале ДецИ user posted image и мене не ми се веруваше, но тоа е...

clock-img

13.01.2010, 23:34

clock-img

Боцко

pencil-img

806

се надевам дека со моето гледиште нема никого да навредам. сметам и дека имам барем малку право и познавање да пишувам на оваа тема со оглед на тоа што студирав филологија - англиски и германски.
се сложувам дека изворното во јазикот треба да се чува и негува, меѓу другото и поради фактот што јазикот и до ден денешен ни е оспоруван. точно е и тоа дека секој од нас треба да се труди да зборува и пишува литературно, особено на јавни настапи, форуми, итн. на јавните медиуми, електронски, пишани и тв тоа треба да е задолжително!
но, сметам дека дијалектите се едно наше големо богатство. во различноста е убавината. колку е интересно кога некому ќе појасните дека во една толку мала држава по територија кумановчанец и струмичанец може да не се разберат! а ги делат само 200 км. земјата ни е голема по душа.
што се однесува до сите -изми, немам ништо против (иако забележав дека никому не му пречат турцизмите). еве зошто:
- јазикот е жива материја и тој постојано се развива и еволуира. во себе го содржи нивото на општествениот развој.
- турцизмите за период од 500 години оставиле огромен белег на нашиот и другите балкански јазици до степен што зборовите ги третираме несвесно како свои и ги вбројуваме во свои, а всушност се архаизми (кондура, чевла, тула, клеш, гајтан...)
- во англискиот јазик и литература е непозната појавата на етикетирање на -изми. токму затоа тој јазик е денес богат. не патат од францизми, германизми, хиндуизми. туку позајмувале, но правилно - транскрипција и акцент. а самиот англиски е 80% француски (и тие имале период од 300 години под норманите + многу дијалекти). замислете, зборот шампо е од индиско потекло, а преку англискиот навлегол насекаде
- доминацијата на големите народи, особено во денешно глобално време постепено наметнува јазичен притисок. така англискиот јаик денес доминира и навлегува меѓу младите во скоро сите земји
- некои земји, како австрија швајцарија, австралија, сад, канада, сите од латинска америка итн, немаат ниту свој јазик
- сленгот како обележје на младата популација е одлика на едно време, генерација, бунт, потреба за различност
- во технологијата нашиот јазик побавно се развива и не ја следи брзината па затоа повеќе позајмува. друга работа е што нашите јазични дејци се бираат по клуч а не по квалитет па некако не им оди да смислат или прилагодат поими, како на пример хрватските колеги (н. пр. бенчмарк = одредница, најпосле)

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

13.01.2010, 23:39

clock-img

niki

pencil-img

4299

Боцкоuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

13.01.2010, 23:43

clock-img

April

pencil-img

1257

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Боцкоuser posted image user posted image user posted image



WELL DONE!

clock-img

13.01.2010, 23:46

clock-img

Боцко

pencil-img

806

user posted image

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

14.01.2010, 14:51

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Пенелопа, запишана сум на магистерски студии на Педагошкиот факултет во Битола, насока-Педагогија во областа на методиките. И кај нас има таква насока-Менаџмент во образобанието. Кога јас се запишував беа само овие 2 насоки, сега има и некои други. Тереза, фала за одговорот user posted image , не забележав дека имаше коментари по мене на оваа тема, се зафатив со други теми. За што служат другарките user posted image user posted image user posted image
Анушка, мило ми е што имаш желба да присуствуваш на одбраната на мојот магистерски труд, секако дека навреме ќе те известам и поканам user posted image Веќе си поканета user posted image само да дојде тој ден, ќе почекаме малку, груба проценка - околу една година можеби ќе потрае user posted image Има правила и долга процедура е - 4-5 совети пред датата за одбрана на трудот, а еден совет може да се одржи еднаш на 2 месеци (5*2=10 + време за празници, распуст - летен период)... Само мое е да го завршам, да ми биде одобрен, испечатен, па кога ќе ми закажат - тогаш, не можам да влијаам на тоа. Напорно е, ама не се предавам. Ништо не е лесно во животот. Нема убавина без мака...
Боцко се сложувам со тебе, дијалектите се наше богатство, не треба да ги отрфламе, но не да се применуваат на места кои се од приоритено значење за афирмација на литературниот јазик (медиуми-радио, тв, весници, училишта, факултети, министерства и сл.). Секако дека и тие треба да се пренесуваат на младите генерации, со убави фрази, изреки и сл. По тоа е препознатлив секој наш регион.

Голем поздрав до сите РР-ки и РР-ковци, сите имаат свој став и мислење за различни теми. Прекрасна е РР што не поврзува сите како едно семејство, можеме да ги изнесеме своит искуства, да се посоветуваме да си помогнеме едни на други колку што можеме ... посебно во вакво време со брзо темпо на живеење и низок стандард (интернет дружењето не не чини пари и време). Ммногу би сакала да ве подружам повеќе (видов убави теми), но другпат повеќе, кога ќе ми дозволи времето user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

23.01.2010, 10:39

clock-img

mami

pencil-img

8680

За да не ја полнам темата со постови кои не се за таму, еве овде ке искоментирам

Izvinete sto e na srpski mozete ako sakate da go ostavite nekolku dena pa posle izbrisete go.

Izvinete



Бебице, а зошто не го преведш па да стои подолго од неколку дена? Тоа се корисни информации кои можеби ке помогнат некому...не е фер да поставуваме сите текстови на различни јазици па после неколку дена да ги бришеме, на што би личела РР тогаш?

clock-img

23.01.2010, 17:20

clock-img

sunchips

pencil-img

183

ИЗВОРНА ПОРАКА: April


Ајде да се обидеме најпрвин на самиот портал да го користиме литературниот македонски јазик. Се надевам нема погрешно да ме сфатите, не сакам никого да навредам или критикувам. И во самата тема за дискусија, македонски јазик се пишува со мала буква..исто така се изненадив кога прочитав ГИНИКОЛОЗИ, наместо гинеколози...

Ova ginikolozi stvarno i mene mi bode oci od pocetok i smesno e, a seuste nema koj da go smeni, se prasuvam dali samo za dzabe postoi temava koga pak sekoj si prodolzuva kako sto si znae: podrska, neznam, majkami...
Sfakam deka site pravime greski od brzanje, koja go drzi bebeto vo race dodeka pisuva post, koja vnimava na maloto da ne napravi nesto po doma, no kaj nekoi clenovi evidentno se provlekuva istoto sekoj pat.
Eve i jas imav greska , pisuvav zaBce, namesto zaPce, no go proveriv praviloto  i se popravam, seuste go pamtam od osnovno ona ednacenje na soglaskite po zvucnost, osven pred -ski, -stvo, -stven i -ci, no nekako pak poveke mi idese zabce, ama ete site treba da se potrudime i da se ispravime. Ne sum sitnicar, no sepak ako ne citam drugi makedonski sajtovi (knigi na makedonski jazik ne citam za zal, ke treba da pocnam) dobivam vpecatok deka od rr ke mi se izvitoperi ona sto nekogas sum go znaela korektno :)
Bez zamerki, samo sakam da postoi napredok

clock-img

24.01.2010, 12:05

clock-img

niki

pencil-img

4299

ИЗВОРНА ПОРАКА: sunchips

dobivam vpecatok deka od rr ke mi se izvitoperi ona sto nekogas sum go znaela korektno :)




Е драга моја, на нас кои  живееме надвор од Македонија јазикот ќе ни се извитопери од еден куп други фактори, најмалку од РР.
Јас македонски зборувам само со керка ми, и на телефон кога ќе се јавам дома и пишувам на РР. Во секојдневието со мм зборувам српски, надвор од дома грчки, на работа англиски плус слушам еден куп други јазици кои не ги разбирам и ми се има создадено каша попара во главата. Така ми се случува да застанам и да се мислам дали е хаос или хаус и еден куп зборови ги мислам дека се македонски, а бог знае од каде сум ги собрала или го убедувам мм дека некој збор е српски бидејки успешно сум го ставила во право време или падеж, а всушност е македонски.
Книга на македонски не сум прочитала неколку години, не ми се достапни, ниту пак имам време. За мое успешно живеење овде морам да ги надоградувам јазиците кои овде се користат, а македонскиот си останува така на страна и да не е РР многу бргу би ми отишол во заборав.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

24.01.2010, 12:10

clock-img

Annabel

pencil-img

425

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

ИЗВОРНА ПОРАКА: April

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Како се вика летњиковац на македонски? Знаете, онаа мала дрвена куќичка за во двор која нема ѕидови, а има кров со округла масичка и околу клупи за седење.



мислам дека е летниковец, но не сум сигурна user posted image


колку јас се разбирм, ЛЕТНИКОВЕЦ е нешто како викендичка, а тоа Ники што го опишува е ШАДРВАН. Тоа е турски збор, усвоен кај нас.



Абе девојки, јас колку што знам, ШАДРВАН е фонтана на турски..user posted image

clock-img

24.01.2010, 12:23

clock-img

Еца

pencil-img

6692

ИЗВОРНА ПОРАКА: sunchips

Ova ginikolozi stvarno i mene mi bode oci od pocetok i smesno e, a seuste nema koj da go smeni, se prasuvam dali samo za dzabe postoi temava koga pak sekoj si prodolzuva kako sto si znae: podrska, neznam, majkami...
Sfakam deka site pravime greski od brzanje, koja go drzi bebeto vo race dodeka pisuva post, koja vnimava na maloto da ne napravi nesto po doma, no kaj nekoi clenovi evidentno se provlekuva istoto sekoj pat.
Eve i jas imav greska , pisuvav zaBce, namesto zaPce, no go proveriv praviloto  i se popravam, seuste go pamtam od osnovno ona ednacenje na soglaskite po zvucnost, osven pred -ski, -stvo, -stven i -ci, no nekako pak poveke mi idese zabce, ama ete site treba da se potrudime i da se ispravime. Ne sum sitnicar, no sepak ako ne citam drugi makedonski sajtovi (knigi na makedonski jazik ne citam za zal, ke treba da pocnam) dobivam vpecatok deka od rr ke mi se izvitoperi ona sto nekogas sum go znaela korektno :)
Bez zamerki, samo sakam da postoi napredok



Не гледам никаква причина некој да ти замери, напротив затоа се отвори темата за да сугерираме на грешки кои ги правиме и кои упорно ги повторуваме. Убаво е вака преку совети да се потсетиме на правописот и литературниот јазик. Сите грешиме, затоа не значи дека сега треба некој да се плаши да напише нешто во случај да не погреши, напротив и да напише онака како што мисли, ние ке го коментираме самиот збор, а не кој, каде, кога и зошто го напишал.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

24.01.2010, 12:36

clock-img

BILE.F

pencil-img

670

Браво за БОЦКО!user posted image user posted image user posted image

Го подржувам неговото мислење!
Јас на пример, на работа се трудам да зборувам литературно македонски, а не да го користам скопскиот дијалект.
Кога сум дома со мм си зборуваме на наш дијалект, само се одвикнав да ги користам нашите изрази, како на пример: Џоа - како, ѕенѕер - кајсија.....
,,Оти ако почнам да лафам или пишам така , никој нема да ме разбере!,,user posted image user posted image