за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Fala Tanja za sovetot so venis probav izleze cel flomaster.
22.05.2014, 10:55
Mila mamicka
387
Јас сама си чистам по дома. Некако немам верба дека некој друг ќе ми исчисти како што си чистам јас, и од таа причина го правам тоа самата. Искрено не ми смета. Гледам да чистам навечер, кога син ми ќе се успие, или преку викенд денски, пак кога тој спие. Не си одземам од времето со него, така што ми одговара овој начин. Е како ќе биде со две деца, ќе видиме кога ќе дојде време.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
22.05.2014, 11:01
Defne90 RR
1991
И јас си чистам сама.ПОнекогаш кога спијат децата а понекогаш пак ги оставам на некоја од бабите да ги чува додека јас чистам по дома.Е сега друг не плаѓам за да ми чисти,ама ете се случува често некој од домашните да ми помогне,кога маж ми кога баба кога мајка ми или свекрва ми.И си успеавм да си наваксам за среќа и така е во мене самата си имам највеќе доверба кога се работи за чистење.Јас како знам да си исчистам и да си префатам никој не може.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
22.05.2014, 11:16
Bethany
4534
Богами, да имам пари за фрлање, ќе платам жената него како. Јас не можам да замислам тоа како викате, ако јас не исчистам, ко да не ми е исчистено Па чистење е чистење. И овој малиот стан, па ми е тешко и многу време одзима, куќа да имам, сигурно би викала некого од време на време во помош за генералка.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
22.05.2014, 11:23
Defne90 RR
1991
добро може така велам дека ми помагаат домашните во чистењето кога се прави генералка де.А инаку секој ден човек да чисти се си има по нешто.И прашина и да се усиса и ред други работи.Може и јас кога би била сама и би немала никој околу мене би платила некому да ми подзачисти.Ама пак и кога има кој децата да ми ги пригледа не гледам зошто би трошела пари за тоа.Невработена сум и по цел ден морам да си наоѓам занимации по дома.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
22.05.2014, 11:30
bucko mal
1431
Koga ke se vrabotam sigurno ke zemam zena da mi pomogne za cistenje po doma.Zasega ne mi odgovara Inaku mm mi rece deka moze da zemam zena I sega po moznost da doajga koga jas sum na skolo a on e doma
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
22.05.2014, 11:55
Dilina
533
Последен пат викавме жена за чистење дома, пред месец дена... два дена чистеше, не дека беше мн прљаво, него неможеа муабет да се изнаправат со свекрва ми и затоа... за памет си научив, поарно сама фати си, или ако неможеш или си презафатена остај за друг ден... а друга жена дома не.. само поради тоа што тешко се наоѓа човечна жена што ке дојде и стан од 60 квадрати ќе ти го исчисти во еден ден без проблем...
22.05.2014, 12:34
bucko mal
1431
ИЗВОРНА ПОРАКА: suzeto
nemozam da najdam tema kolku e dnevnica za cistene po kuki potocno apartman.....mi treba hitno plissssssssssssssssss
ИЗВОРНА ПОРАКА: Goddess*
Zavisi od kvadraturata na apartmanot,megutoa znam prosechna dnevnica zemaat(otprilika)okolu 1000 denari za od 50m2 pa nagore
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
22.05.2014, 13:05
mommy_angels RR
1543
Јас колку што знам земаат 1000 ден за 8 часа па колку исчисти тоа време,толку.Може не звучи добро,ама ако се работи за сериозна фирма се си излегува супер професионално.Моја блиска личност од скоро имаше една жена и многу е задоволна
ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal RR
Koga ke se vrabotam sigurno ke zemam zena da mi pomogne za cistenje po doma.Zasega ne mi odgovara Inaku mm mi rece deka moze da zemam zena I sega po moznost da doajga koga jas sum na skolo a on e doma
Хихихихихи малку оф топик,ама мојов така ја виде козметичарката на една пријателка и ми рече ќе ме части целосен третман,ама под услов да дојде кога и тој е дома или кога јас не сум дома .Ова второво повеќе му одговарало
< Поракaта ја уредил mommy_angels RR -- 22.5.2014 13:09:42 >
02.12.2014, 13:21
scared RR
1349
Сама си чистам не ми е тешко еднаш два пати годишно да направам генералка, а онака еднаш неделно чистам со правосмукалка, прашина бришам, вецето два до три пати неделно го чистам, прозори еднаш месечно. Не се луксузирам да плаќам жени за чистење, искрено и немам, ама и да би имала не би фрлала пари за нешто што можам сама да го завршам.
02.12.2014, 13:25
caciana
863
Nie doma sme 2 zeni , jas i majka mi i taka da nema potreba da plakame zeni za cistenje . 3-4 pati pravime generalka niz cela kuka , a inaku sekoj den ima metenje so pravosmukalka , brisenje prasina , nekolku pati nedelno cistenje na kupatiloto, i sekoj den sekoj svojata spalna soba si ja sreduva
02.12.2014, 13:26
Malecka23
1175
Posigurno mi e sama:).Malku po malku ke se iscisti a i plus znam kade sum gi krenala stvarite.JAs sum Bog da cuva covek koga nekoj nepoznat ma i poznat mi cepka po moja sopstvenost .Ehe so 1000 ke idam frizer nokti ova ona:))
02.12.2014, 13:28
Kvisko
1325
Јас имам жена за чистење зашто не можам сама да постигнам се што треба, а сакам да ми е чисто и средено. Доаѓа еднап на две недели и чисти се убаво. Некогаш требна после неа и јас нешто да поминам ама поаро помош отколку се сама да работам зашто нема да имам време за ништо со моево работно време и обврски. Јас во тие две недели останува да средувам по малку колку да не е премногу нечисто (прашина некаде, правосмукалка, wc набрзинка). Инаку сме двајца па и не прљаме нешто многу и немам потреба секој ден да чистам.
02.12.2014, 13:35
Hopeful RR
2349
Ве читам и гледам само Bethany и јас слично размислуваме Јас па би си скратила кафе или искачање на сметка на тоа да не чистам. Ни доаѓа жена дома еднаш на 3-4 недели, и досега сме многу задоволни. Би било подобро на 2 недели да доаѓа, бидејќи сме само двајца и не валкаме многу, но ни доаѓа скапо, па затоа вака. Плаќаме 800 ден, ништо не изместува, се си е кај што сме оставиле, и кога ќе се вратам од работа, свети. Нормално, ние самите дома средуваме садови, алишта, перење и пеглање по потреба, и тоа се поделени обврски, но за други работи - не. И плус исто ми е дали јас сум исчистила или некој друг - да не моето исчистено нема да се извалка за два дена? Ич немам намера да се замарам за прашинки некои и да си го потрошам животот во чистење и рибање, подобро да се прошетам во парк за тоа време, да си работам или да читам.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
02.12.2014, 13:37
Kvisko
1325
Hopeful и мене пиши ме во таа група која време би троела на поубави работи од чистење по дома.
25.11.2015, 17:18
marchi
948
da sum na rabota i da sum zafatena so nesto drugo bi platila zena da mi iscisti no badijaldzija sum pa cistenjeto mi e rabota,plus i deteto go vklucuvam vo domasnite obvrski kako smukan jeto diplenjeto... samo imam eden problem,tesko mi e da gi otstranam ckrtanicite od penkalo od garniturata,ili ne sum iscistila so soodveteno sredstvo ? ?