за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Михаил многу сака пуканки, секогаш кога излегуваме бара да му купиме и мислам дека се најздрави од сите грицки
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
18.11.2013, 07:21
deluxe
2479
Пред некој ден ја виде сестра му како јаде пуканки,збесна дете дури не му дадам да проба.Ама страв ми е тој е сеуште мал за нив,па морав да му кинам сини парченца од пуканката.На една пријателка детето (и тоа малечко како моево) се има задавено од пуканки.Тоа е сепак грицки за поголемки деца,но ние се си пробуваме покрај дадичка и начекува да проба некои забранети работи,демек ај од мисла...
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
18.11.2013, 10:41
sandriana RR
2924
Пуканките и нам ни се омилени грицки. Од летоска и станаа фаворит, па сега често дома правам, во тенџере. Најубаво е домашна пченка, изронета од кочан директ, ама бидејки немам таква, купувам од Макс - Струмица.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
21.02.2014, 01:29
Defne90 RR
1991
Поголемиот синко немаше ни две годинки кога почнав да му давам пуканки и оттогаш ептен ги јаде.Првиот пат му го давав тоа белото по крајот и ги чистев од луспите затоа што ми беше страв да не му залетне некоја лушпа во грло,но после кратко време почнавме да ги јадеме цели и оттогаш и нам ни се омилени.Инаку баш вчера им пукав дома се отепаа од јадење.На помалото уште му немам дадено но како и да е во скоро време и тоа ќе ги проба.А сега фаворит ни се благите пуканки дефинитивно.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
21.02.2014, 10:25
AnnaMolly RR
6409
Првпат проба пуканки пред неколку месеци, на 3,5 години од прилика. Ми беше страв дали ќе се засркнува, ама нема гајле. Ни станаа омилени грицки, секој втор -трет ден пукаме во микро.
_____________________________
Live and let live
21.02.2014, 17:42
princessa
1056
И јас и давам на малата пуканки ма да само белиот дел зашто ми е сеуште страв да не се задави . Ги сака многу а и ние ги сакаме, доста се здрави за јадење. Така и така не купуваме чипсеви и смоки, тоа само бабите во Македонија и ги прават. И добро ме потсетивте со темата, утре да си купиме и да ги пукаме
28.09.2014, 11:30
Felly RR
7977
Еве за сите родители што се двоумат дали да дадат пуканки или некои други грицки на своите деца, една убава статија. КЛИК
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
28.09.2014, 12:54
Snowhite RR
5042
Нас ни се омилени пуканките, сега и Јана многу ги сака, како се радува кога ќе види, а мама ич не се радува , зашто морам да и ги чистам бидејќи е мала и морам да и ги вадам тие на средина да не се задави, ама кога се работи за децата, поготово кога сакаат да јадат нешто здраво не ми е тешко ништо
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
29.09.2014, 12:00
Felly RR
7977
Бидејќи темава е за исхрана на деца, последните постови ги префрлив во темата Грицки и ТВ.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
19.11.2014, 13:05
Mila mamicka
387
Не знам зошто, ама долго време сметав дека пуканките не се здрави за јадење. Сигурно заради тоа што јас ги сакам со многу сол. Потоа прочитав на нет дека всушност тие се најздрави грицки, доколку се без сол, и почнав да му ги давам и на син ми. Тој просто ги обожава. Ги проба прв пат на 2 години, и оттогаш често ја тера баба му да му пука пуканички (така си ги викаме ние тука). Подобро да јаде пуканки, отколку смоки и чипсови (што секако и не му давам).
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
19.11.2014, 15:37
AneLav RR
1110
Едно време многу јадевме пуканки со сестра ми. Си ги пукавме на шпорет со сол и зејтин . Основна храна ни беше пуканки со јогурт. Отакако се омажив почнавме со мм да ги купуваме оние за во микробранова па кога прочитавме колку се штетни престанавме да ги јадеме. Овде на шпорет не сум пробала имам комбиниран плотна со плин, баш ќе пробам.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
30.11.2014, 15:04
caciana
863
Koj vi kaza deka pukankite se stetni??? hahha Pukankite se odlicni za podobruvanje na rabotata na crevata.(prva rabota) Vtora rabota ne debeleaat kako drugite gricki zatoa sto sodrzat malku kalorii. Znaci ne se stetni . No so decata treba da se vnimava najmnogu zaradi onie tankite luspi sto gi ima od zrnoto , pa so niv moze da nastane problem dokolku zastanat na krajnici .
30.11.2014, 15:55
scared RR
1349
Штетни се оние пуканки во микробранова , останатите не, а и калорични се во комбинација со газирани пијалоци вака не . Инаку јас не сум голем обожавател на пуканки..