ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_sk
E sram da im e, znaci se ke napravat samo da zastedat nekoj denar! Pa kako ne im e sram taka da pravat, do vcera strogo miruvanje a od denes odi i krsi glava na rabota pa Gospod neka te cuva!!! Mnogu sum luta... Mene boleduvanjeto mi istekuva za dve nedeli pa ke vidime sto ke recat. Inaku bolki imam seuste a i pocnaa braxton hickovi kontrakcii. Na EMG rezultatot bese ureden i ne znaat od kade se bolkite... Koja nedela si ti? Nie sme 20 polni nedeli... Kakva e procedurata za komisisko boleduvanje sega?
Pozdrav do tebe i nikako ne se nerviraj, misli samo na bebceto
Јас сум 25 - та недела(мислам)...сега од ново направиле 30 дена фирмата да ти го плаќа боледувањето па дури после се префрлаш преку ФЗО, а не стасав да видам како оди новата процедура за на комисија зошто ми беа наложени да направам ЕМГ, хемостаза и дидимери, уринокултура и микробиолошки брисеви, па со тие резутати да одам кај докторката на гинекологија, па ако има наод од резултатите да одам на трочлена комисија на гинекологија, па они ако ми дадат мислење тогаш да одам кај матичниот па он да ме претрати на оваа првостепена кај Алумина. Арно ама никој не знаеше да ми каже кога ќе биде таа тричлена комисија присутна и во можност да го изврши тој увид за да издаде наод дека ти е потребно боледување (нели на гинекологија има вишок персонал па работат и стажантите) зошто прашував секој што го видов и сретнав во болницата, само знаеа да ми кажат дека ќе ја има еднаш во неделата, ама кога како што сите креваат раменици. Јас фала му на Бога немам болки, крварењето ми престана пред повеќе од 1 месец, а и работата ми е блиску до дома, плус колегите ми се срциња и само се вртат околу мене нешто да не ми треба, ми водат дури и евиденција за апчињата дали сум ги испила
. Од газдата неможам воопшто да се пожалам, ми дозволува и од дома да работам ако неможам да седам пример 8 саати, и плус кога и да треба да одам по лекари ме носат сегде со кола кај што ми е потребно. Незнам дали некој има вакви колеги или мене ми се има насмевнато Бог за оваа работа, зашто кај сум сама, па уште и другите работи како ми се средија, ми фалеше уште на работа да ме малтретира некој. Посакувам mama_sk добро да поминеш на контролата и ти препорачувам порано да почнеш да си ги бркаш лекарите за мислење да не ти измине после рокот за јавување на комисија (мене ми беше комисиското до 06.04.2012 а резултатите што ми ги бараа ми беа готови околу 2 попладне на 06-ти и после тоа чекав 2 ипол саати да дојде доктор на гинекологија што ќе не прими, а пред мене имаше 10 жени и јас завршив на гинекологија во 5 и 40 попладнето а комисија работи до 6, а ако не се јавиш на денот што ти го пишале на мислењето автоматски ти се прекинува боледувањето).Ти посакувам исто што и ти на мене, без нервози и мисли само на бебушот зошто тоа е нашата светлина, никој нема да изнуди насмевка на твоето лице како нашите сонциња што ги носиме во мешињата