за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Денес на транзфузиологија не платив ништо и си пишаа ослобдена од партиципација трудница на пресметката. Снаа ми исто во ПОнеделник на ГАК ништо не платила за Приска. Така што во дрѓавните институции очигледно не се плаќа, приватните се плаќа. Тоа е тоа.
09.12.2015, 19:09
marchi
948
ИЗВОРНА ПОРАКА: Dziv_88
Site laboratoriski, mikrobioloski ispituvanja i skrininzi. Jas rabotam vo zdravstvena ustanova i vcera dobivme takvo izvestuvanje.
bidejki vie ste vrabotena vo zdravstvena ustanova go citirav vasiot komentar. imate li nekakvi in formacii za onie zeni koi nemaat zdravstveno osiguruvanje?bratuceda mi samo visi po interneti i televizii,nema zdravstveno osiguruvanje no ova i dojde ko "kec na desetka" zasto saka vtoro dete. prvoto vekje ima 6ipol god pa smeta deka sega i e sansata.
11.12.2015, 21:26
Dziv_88
10
Zasega se oslobodeni od participacija samo bremenite koi imaat zdravstveno osiguruvanje a od januari 2016 i onie koi nemaat. Poveke informacii mozete da najdete na web stranata na ministerstvoto za zdravstvo. Pozz
11.12.2015, 22:35
Melanija RR
7052
Сега е веќе јасно кој и од кога има бесплатни прегледи Фала Dziv_88
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
16.12.2015, 10:06
Bea
394
Еве и јас да потврдам, денес бев на трансфузилогија и не платив ништо.
Дали може резултатите попладне да се подигнат?
16.12.2015, 10:29
Bea
394
Да си одговорам сама на себе - се јавив, може до 19h да се подигаат резултати.
16.12.2015, 11:48
bitolcanka82
120
Bea pishi obavezno za rezultati.Jas gi napraviv analizite minata nedela hemostzata(vreme krvarenje i koagulacija) mi e na dolna granica a d dimerite 981.Gi ispitvam 3 pat vo sekoe tromesecje po ednash i se dvizat megu 950 i 990..Pozz
16.12.2015, 21:09
Bea
394
Еве ме и мене во друштвото на клексан :( Ги добив резултатите од трансфузилогија - димерите ми се покачени бајаги 1063 и актвирано парцијално време ми е ниско 21.05, а минимумот е 27.9 сек. Останатите параметри се ок. Имам терапија клексан 0,4 еднаш на ден, 10 инекции, па по 2 недели контрола со ехо наод. Се видов и со докторката, она не ми даде нешто повод за загриженост, меѓутоа јас некако целата сум во паника бидејќи не сум информирана за состојбава и последиците. Утре одам кај матичната да ми препише, да се потпишувам во некои дневници треба (веројатно после за рефундирање од фондот) и со господ напред да почнам со боцкам. Освен терапијата, можам ли нешто плус да направам за подобрување на состојбата? Треба ли на нешто да внимавам дополнително?
17.12.2015, 00:20
Kvisko
1325
Bea welcome to the club. Не без зезање тоа е што е што се мора се мора. Иам и тема клексан во бременост па таму има повеќе инфо. Како и да е д-димерите не ти се страшни во бременост се толерира до 1900 во трет триместар така што за тоа немаш гајле. Протромбинските времиња ти се ниски затоа ти дале клексан. За жал со исхрана или што и да е друго не се средува само со клексан тоа е тоа. Само треба пешачење за да се раздвижува крвта и толку и треба редовно следење на протоците. Ништо друго. Клексаните не ги орепишува матичниог лекар туку ги купуваш со извештајот од трансфузиолог и обавезно земаш сметкопотврда. Потоа откако ќе испримаш одреден број обично после прва контрол земаш извештај од матичниот за бројот на применк клексани па со сите извештау потврди фискални одиш во фонд и чекаш да ти врата пари. Не враќаат се туку само дел.
17.12.2015, 09:11
Bea
394
Имам извештај од трансфузиолог, него сестрата вчера ми рече дека и докторката требала да ми напише и рецепта, да ме заведе во некоја книга/дневник и со секое примање да се потпишам јас и сестрата што ме боцнала дека сум примила терапија. После тоа со извештајот од трансфузилогија, потврдата за примена терапија, фискална од аптеката и копија од трансакциска сметка се одело во фонд за рефундирање. Од постовите на форумов гледам дека горе-долу тоа е процедурата. Како и да е, денес одам да ја почнам процедурата и да се боцнам.
Иначе да појаснам :) Бременоста ми ја следи Черепналковска, која нема склучено договор со фондот, а матичен ми е докторката што е исто во Промедика, кај неа одам само за упати и рецепти. Вчера се видов со мојава докторка (приватнава) и не беше многу загрижена, дури и се размислуваше дали ми даде клексан. На последниот преглед бебушот си беше супер, напреднат според неделата и скоро дупло од пред 4 недели (од 880 на 1560 грама), но се видоа почетни калцификати на постелката.
И така вчера се изнаплакав (иначе сум станала лигавеш прва класа), па мм ме одмкна во City Mall и му купивме количка и транспортер на бебушко, ама за тоа ќе пишам во соодветната тема :)
17.12.2015, 10:17
Kvisko
1325
немај гајле сега ќе бидеш покриена со клексан и се ќе биде добро. Сите сме лигавици хормоните си го прават своето.
Инаку јас земам потврда од матичен лекар не од матичен гинеколог за примени клексани така ми рекоа во Фондот дека им треба. Е сега за да не одам два пати дневно ме научија како да се боцкам сама т.е да ме боцка маж ми и од кај нив одам само по извештај. Извештајот е едно ливче на кое пишува од кога до кога си примала терапија и колку вкупно клексани имаш примено. Толку. Нема секој ден потпишување и слично. Знам дека некои лекари инсистираат на тоа ама тоа е повеќе правење паметен од се друго. Јас на пример примам во 8:30 сабајле и навечер а матичните не работат толку касно па треба да примам во дежурна служба и ај како ќе им се потпишам во тој дневникот за секое примање.
Се што ти треба е да ти се поклопат бројот на инекции што ги препишал транзфузиологот со бројот на инекции што си ги купила и примила. Толку. Е сега кога ќе ти вратат од Фондот е прашање. Летоска одма ми вратија сега чекам повеќе од месец дена зашто нели Буџетот ни е огромна црна дупка.
20.12.2015, 12:30
Dziv_88
10
Za da si nemate trcanje do fondot, vamu-tamu, od transfuziologija eden upat do interno kade se prepusuvaat clexane i za 150 den pet dena terapija. Ni da gi kupuvate od apteka ni nisto. Vo Bitola taka funkcionirame, za vo drugite gradovi ne znam.
20.12.2015, 16:42
Kvisko
1325
Во Скопје не е така. Плус мене ми е полесно еднаш месечно да одам до Фонд отколку секои 5 дена да молам од Транзфузиологија да ме препраќаат на интерно. А и каква гужва е на Трансфузиологија и на закажано се чека по саат време минимум поголемо малтретирање е да одиш таму отколку кај матичниот и до Фонд. Во другите места можеби е супер решение.
< Поракaта ја уредил Kvisko -- 20.12.2015 16:44:15 >
29.12.2015, 18:01
malobebe
4
Мамички ме интересира дали некоја од вас има правено хорионбиопсија во 11 недела, на клиника како оди постапката околу документи и сл.
10.02.2016, 12:05
caculence
7
Zdravo devojki. Ova samo kaj nas go ima, zosto da bide ednostavno koga moze da bide komplicirano. Se e taka pa i so ovie cleksanive. Mene seuste mi e rano za takvi ispituvanja ama znam moja koleska istat maka ja macese i tuka vo Tetovo. Inaku sakav da ve prasam ispituvanjata a daunov sindrom vo koja nedela se pravat?? Nekoj mi spomena deka e vo 12 nedela a nekoj duri vo 18? Jas imam detence od prv bratuced so danow sindrom, znam deka toa ne e nasledno ama ete taka bi sakal da napravam. Inaku imam zakazano scrinig , prvata nedela vo Mart vo Remedika kaj dr. Petrova. Ima nekoj kaj nea odeno?? Pozdravceee
11.02.2016, 08:57
Neurotoxin RR
413
Caculence, здраво,
Првото испитување е од 12-14 недела, со скрининг на кој ја мерат нухалната транслуценција, тоа е делот од рбетот позади на вратчето, тоа е еден показател дека треба да се направат испитувања за хромозомски нарушувања. Но ако си го поминала овој термин, на следниот скрининг може да го видат тоа, а и ти на следната контрола прашај си.
11.02.2016, 13:32
scared RR
1349
Ајде и тука да прашам торч дали правевте?
11.02.2016, 13:55
mommy_angels RR
1543
prvata nedela vo Mart vo Remedika kaj dr. Petrova. Ima nekoj kaj nea odeno??
Прекрасен доктор,ќе ти каже се што треба да знаеш.
22.02.2016, 10:39
sttefi
11
preporacaj te mi lekar za 4D 20 nedela sum
22.02.2016, 13:16
Kvisko
1325
Стефи што ќе ти е 4д ехо? Обично на вториот скрининг сите лекари ќе ти пуштат 4Д да го видиш бебето и ќе ти испринтаат 3д сликк(ова во приватните на државно не знам како е). Јас имам позитивно искуство со Петрова во Ремедика и Адамова во Санте.
22.02.2016, 14:09
scared RR
1349
Јас бев денес правав ОГТТ резултатите се добри, 6.33 шеќерот после 2 часа од 8.5 максимум, уште да испитам во среда гликолизиран хемоглобин, и да видам со еднокринологот ама најверојатно нема да пијам повеке метформин. Треба да направам и на трансфузиологија д-димери, хемостаза, афа, комбсов тест и да здивнам веке После ке си ја чекам на раат контролата.
22.02.2016, 17:23
SOLE
514
Мене матичниот ми рече дека во 25та недела се испитува скриен шеќер и јас тогаш го испитував, тебе не ти е рано? која недела си?
caculence, јас бев на скрининг кај Елена Петрова во Ремедика и сум задоволна од пристапот и објаснувањето на докторката, Со срека
22.02.2016, 22:03
scared RR
1349
Кај мене мораше порано да се испита заради метформинот, дали да се продолжи или не.
29.02.2016, 06:31
*devojce*
156
Treba da odam da ispitam hemostaza i d dimeri. Dali treba da sum gladna ili ne?
29.02.2016, 20:01
SOLE
514
Devojce за хемостаза со д-димери немора да бидеш гладна и жедна и може во било кој период од денот.
< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 3.3.2016 7:48:07 >