за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Се расплакувам и бегам да не ме гледа никој. И ќе се соземам и ќе се вратам и ок сум. И после тоа не плачам веќе за таа работа. Ама ако го чувам во себе плачот, тогаш за некое време има да избие, да се изнаплачам, едно чудо солзи да потрошам. А инаку сентиментална сум и емотивна, па ми доаѓаат солзи на очи дали за убаво, дали за тажно нешто.
19.04.2012, 11:39
mamicki
1111
Плачам. Не мислам дека е срамота да имам емоции и немам проблем да ги покажам. И зошто никој не прашува и не се чуди што се смееме пред други луѓе?
< Поракaта ја уредил mamicki -- 19.4.2012 11:40:23 >
19.04.2012, 12:15
amateuress
253
порано ми беше прашање на чест да не се расплачам пред луѓе и тоа уште од дете, од забавиште. абе мислам дека и рака ќе си одгризев само да не покажам дека ми е тешко. ама клучниот збор е порано потоа имаше еден период кога и да сакав не можев да плачам, не ми доаѓаа солзи, не знам што ми беше. е, откако умре баба ми во 2009, кога му ја удрив на плачење, абе за сите пропуштени години се имам изнаплакано. се може да ме растажи и одма - кродилски солзи течат. мм вика дека со син ми иста фаца сме правеле за плачење
19.04.2012, 12:52
temjana
1159
Искрено да кажам мислев дека ќе бидам поголема плачка кога ќе забременам, ама не бре братче ако порано плачев на се што ќе видев дал од среќа дал од тага, сега сум камен, карпа што знам што сум станала. Значи ептен нешто ретко да ме трогне, што син ќе носев кога и јас и мм сме емотивци невидени, ова некое намќорче ќе биде осечам
12.06.2013, 18:47
sibela555
21
Pa da,sepak nemozeme da gi kontrolirame cuvstvata:)
12.06.2013, 18:57
caciana
863
Pred drugi samo koga me iznerviraat...ne mozam da se vozdrzam na nervna baza koga ne mozam da dokazam deka sum vo pravo
12.06.2013, 19:03
eleonorastrumica
196
Па да плачам кога ми е тешко не можам да се воздржам
12.06.2013, 19:24
Snowhite RR
5042
Па не секогаш можам да се контролирам
< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 12.6.2013 19:40:31 >
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
12.06.2013, 19:36
sandriana RR
2924
Многу често ми се случуваше порано, а сега успевам да се воздржам главно.
< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 12.6.2013 19:40:16 >
12.06.2013, 19:47
Bethany
4534
Зависи пред кого, ако ми е некој близок, да, си дозволувам, а овака пред непознати не.
Е последно се сеќавам дека заплакав на јавно место кога бев бремена, со стомакот до заби, во сред лето, и во матично ме мафтаа лево - десно по неколку поради некои документи, а се поради нивна грешка и неажурноста. Кога пак ми кажаа дека нешто не е во ред, мислам од очај седнав на столче во канцеларијата и почнав да плачем - од мака плус труднички хормони и околности и ете. После ми викаат, ааа не плачи, не го нервирај бебето
12.06.2013, 19:49
Martins mom
3342
Нема шанси, ќе го соберам во себе и кога ќе бидам насамо со себе
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
21.03.2014, 00:49
Defne90 RR
1991
Сентиментална и емотивна личност сум и ако ми е тешко тогаш немам проблем да плачам пред други.Јас дури се нервирам затоа што ете сум таква и едноставно не можам да ги сопрам солзите во такви ситуации,ама пак така секогаш ми олеснува и се чувствувам многу подобро.Едно време пробав да се воздржувам и да се исплачам насамо но тоа кај мене не функционира,јас сум сепак тој тип на личност што му е потребна прегратка и топол утешен збор од некој за да се чувствува подобро.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
21.03.2014, 11:05
bucko mal
1431
So tek na godinive stanuvam se pocvrsta,ladna i poretko placam.Ama ete kako i sekoj covek taka i jas nekogas nemozam da se vozdrzam. Pred mesec dena se rasplakav pred covek koj dva pati vo zivotov go imav videna,ama tolku se cuvstvuvav izigrana,povredena sto nemozev da se smiram. Iako dva sati set_av da mi pomine nervozata pa da razgovaram ama ednostavno ne pominuvase toe e cudno za mene ama ete se slucuva. Toa e nepravdi kolku sakash....
< Поракaта ја уредил bucko mal RR -- 21.3.2014 11:08:04 >
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
21.03.2014, 23:20
deluxe
2479
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90
Сентиментална и емотивна личност сум и ако ми е тешко тогаш немам проблем да плачам пред други.Јас дури се нервирам затоа што ете сум таква и едноставно не можам да ги сопрам солзите во такви ситуации,ама пак така секогаш ми олеснува и се чувствувам многу подобро.
Потпис!! дефинитивно се согласувам со Дефне. Кога сум среќна се гледа на моето лице,и кога сум тажна очите т.е солзите ме издаваат.Не можам да ги сопрам колку и да се трудам,дури и на моменти се срамам поради тоа,но тоа е моја емоционална особина.Едноставно бурата од емоции(добри или лоши )излегуваат од мене неконтролирано
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “