Добро женски, можеби малку повеќе забегав со одговорот на темата и отидов подалеку од темата, sorry... На сите некогаш ни се случува од разговор за дом, на пример, да "заминеме" до Америка.
Мојот одговор на прашањето: Имете ли некој од рр во кој имате целосна доверба и прво нему му кажувате нешто па потоа објавувате на тема???
на пр, толку сте се зближиле па можете да му кажете се !!!
e:
ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Значи се што објавувам е објавено за сите, а кој прв ќе дознае зависи од неговата ажурност и интерес за моите постови. Секако дека постојат членови кои по она што го пишуваат повеќе ги ценам од другите, но сеуште никого лично немам запознаено и со никого специјално до толку се немам врзано за прво нешто нему да му кажам па потоа да објавам на форум.
потпис
Имам контакти од РР и на фб, skype, но не сум многу вклучена таму (повеќе сум тука
последно време), така да не сум се зближила многу со некоја од оваа страна за да и пренесам било каква вест итно. Ако нешто сакам да споделам, споделувам со сите тука, јавно, како и на пријателките со кои се дружам подолго време. Секој човек има барем по еден пријател на кого може да смета во било кое време од денот, 24 часа, исто и јас. За среќа јас не 1, имам неколку такви. И кога имам радосна или тажна вест ја делам со сите нив и многу посреќна сум.
mother 29 тоа со анонимноста не мислев во секој поглед, тотален анонимус... Примерот со анкетите беше дека за да се добие повистинит, подетален одговор за било што подобро е човек да е анонимен. Колешка моја работеше труд за социјалната дискриминација на учениците. Во рамките на истиот спроведе анкета на ученици од ОУ со прашања од типот: кој со кого сака/не сака да се дружи (слично на оваа тема), притоа објаснувајќи им на учениците дека не треба да го пишуваат своето име и презиме и со тоа ги ослободува децата. Всушност и самата тема тоа го бара (анонимност), а и самиот збор-анкета значи анонимна. Да не должам, има многу да се зборува за оваа, како и за сите теми.
< Поракaта ја уредил Еца -- 26.1.2010 12:02:49 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...