cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Овошје на децата

  
clock-img

06.06.2013, 11:11

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Имам едно прашање :)

Детево мое стана зависник од цреши, секој ден јаде по едно поооолно чиниче цреши. Ама количински колку јас да се најадам :)
Не знам што толку ги бендиса. На пример, цело ПОЛНО чиниче од оние на ХИП што ги даваа гратис ако се сеќавате :)

Прашањето ми е дали е ТУ МАЧ толку овошје да јаде секој ден и дали е ТУ МАЧ што последнава недела од овошје јаде САМО цреши.

Си викам подобро едно исто овошје да јаде отколку ич :)
Денес ќе одиме заедно на пазар праски некои убави да си купиме или малинки, па да смени малку.

_____________________________

Live and let live

clock-img

06.06.2013, 11:15

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Ана Моли, мислам дека ниту е премногу се додека не му смета, да не го боли мешето или сл.
Не може да биде премногу и па што ако јаде веќе неколку дена по ред. Па сезонско овошје е. Може на пладне да му дадеш банана пример и нека си ужива детето.

И јас на син ми му давам што има сезонско. Секој ден јаде банана со нешто, првин портокали кога беа, па после киви, па сега сме на јагоди и цреши, па после нешто друго што излезе.

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 6.6.2013 11:17:33 >

clock-img

06.06.2013, 11:26

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Па јас имам само една шанса во денот да му дадам овошје зашто оди во градинка. Си доаѓаме дома околу 17 часот и тогаш јаде овошје, па после во 19 вечера. И реално само еднаш во денот му давам.
А кога сме дома преку викенд двапати јаде овошје. Еве денес баш ќе одиме заедно да си купиме овошје, па малку да смени :)

_____________________________

Live and let live

clock-img

06.06.2013, 11:32

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Davaj mu vo tanjitce iseckano povekje vidovi pa neka si bocka so viluska...jas taka i pravam na M,samo sto neli nie ne sme po jadenjetouser posted image

clock-img

06.06.2013, 11:44

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Е не сака господинов мешано :) Еден вид да му е :)

_____________________________

Live and let live

clock-img

06.06.2013, 12:44

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Е па нека му е еден вид тогаш, па ќе смените малку за некој ден. Црешите содржат сите витамини и минерали, додуша во помали количини, ако те загрижува тоа да не е једнолично.
Кога сте за викенд ќе му даваш нешто плус, тој јаде и свежи салати, немаш гајле.
Нека си ужива во црешите додека ги има:)

clock-img

13.06.2013, 15:08

clock-img

Sasha24

pencil-img

18

Е па доволно е и еднаш во денот да јаде овошје, ама гледајте тоа да биде барем пола саат пред главен оброк(ручек, вечера...)

clock-img

13.06.2013, 16:27

clock-img

cucamaca

pencil-img

33

:) И моево нема крај за овошје :) дур му давам - јаде :)
А МНОГУ може да му е само ако го били меше, или не дај Боже да добие пролив... инаку ништо не му е! Нек си јаде дете

Ние имаме 2 ужинки од овошје

_____________________________

*** cucamaca ***

clock-img

19.06.2013, 17:26

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние сме моментално во период на праски. Кајсиите не ги сака баш, периодот на цреши и помина, а јагоди може - да не ги заборавам.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

20.06.2013, 17:13

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Јас оваа година првпат му дадов јагоди на М, претходните две години баш кога беше периодот на јагоди првата година мислам некој вирус го имаше фатено, а лани имаше сипаници и не му дадов и сега прв пат, ама не ги бендиса баш. Инаку јаде скоро се од овошје, вчера изнкупивме банани, круши, праски, дома имаме кајсии и се изнајаде, пу пуuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

20.06.2013, 18:06

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Мојов јаде се од овошје, АМА ако не јаде нешто овака сам да грицка како банана и јагоди, тогаш ставам во блендер, неколку врсти овошје и тогаш не се буни. Не ми е проблем, битно ми е да јаде, многу повеќе изеде така неголи сам да јаде и да го мине волја додека се изеде. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

20.06.2013, 19:34

clock-img

rina13

pencil-img

1147

За зеленчук месо и млечни производи немаме гајле се си јаде. Овошје не обожава освен банани,вишни и дињи .Се друго маскирам со пасирање и плазма некогаш со житарици.Пробав пред некој ден да и дадам лубеница и ги вадев пред неа семките,ме виде и вика нејќам го.ца имаuser posted image И не успеав да ја убедам ќе почекам некој ден па ќе и дадам исчистена да не ме види како ги вадам семките.

clock-img

20.06.2013, 20:22

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

бебушково мој има скоро 10мес. си јаде цреши уху ху за мерак 10 цреши ги јаде како на шала и 1 кајсија тоа му е задолжително,не ги блендирам само ги чистам од семки и лушпи и си кркамеuser posted image свежо

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

06.09.2013, 23:30

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Летово главно овошје ни беше лубеница и праска, по малку диња, јаболко, цреши дури имаше и јагоди.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

07.09.2013, 13:11

clock-img

masa

pencil-img

473

И јас да си ја пофалам малата ми јаде овошје иако ретко и текнува сама да побара,но кога ќе и принесам јаде цело јаболко(тоа и е омилено исто како на мама)плус праска или круша периодов,грозје помалку зошто ги плука семките и лушпата и тоа траееее,а ако и го чистам ќе изеде повеќе.Сега чудно ми е што диња и лубеница не сакаше многу и сега смоквите не ги сака,а капини малини јаде (нели и тие имаат семчиња мали) изгледа е до вкусот.Исто и банана и портокали јаде многу,ама периодов не давам многу зошто има друго овошје.И јадеме секој ден по една ужинка овошје,а сега и варена пченка јадеме често.Неа ја јаде од 18 месеци сама си грицка по цело клавче.

clock-img

07.09.2013, 13:45

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

И М лани не сакаше лубеница, па ова лето најмногу тоа јадеше. Ете и за грозје заборавив, и тоа ни беше редовно на мени, е сега како што ќе ги нема овие овошја, мора со некое друго да ги заменуваме.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

07.09.2013, 15:34

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Уф, ние имаме проблем со овошјето. Овошје насечкано на парченца не доаѓа во обзир, само лизнува и се мршти. На неколку пати и имам пикнато во уста да види дека не е грозно и добива нагони за повраќањеuser posted image Значи само банана се јаде без проблем. А доколку е блендирано може. Така јаде и јаболко, јагода, круша, праска, диња, кајсија и вишна, се. Значи не е до вкусот, не знам што е проблемот. Пробав и пасирано со вилушка не оди. Само каша да е. И стварно ме нервира, се друго јаде неблендирано. Во што е разликата од блендирана и сецкана праска не знам?


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

07.09.2013, 19:48

clock-img

Bilence2

pencil-img

727

Моево пак лажица да не види. Со парчиња лубеница, праска банана, грозје, смоква, диња јаде се па дури и сам со вилувче ги боцка. Друго да не види. Јаде и патлиџан и маслинки исто на парченца. Сега се токмам компот од праски да направам за на зима оти што ќе јаде инаку. Пасирано, рендано ништо не сака.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

clock-img

09.09.2013, 12:50

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Za creshi merak me fati,sinmi kolku mi bara ama nema,mnogu retko I toa nikakvi user posted image

Ovoshje jadat I dvajcava sekakvo bes problem.Mene me interesira za kolicinata kolku da se dava na den,za dve nedeli pravime godinka.Nasabajle mu davam ovoshje so zitarici I dvete uzinki mu se ovoshjeuser posted image
Kolku ovoshje mu davate na vashite deca?

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

clock-img

09.09.2013, 15:20

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Морам да кажам дека не е голем љубител на овошјето. Јаде банани, јаболки, портокали и мандарини без проблем, а нешто поразлично нема шанси. Цреши се дупна јадејќи, ама нив кратка им е сезоната.
Ама си викам подобро еднолично овошје отколку никакво. Гледам да јаде по едно парче овошје на ден. Еве вчера изеде едно јаволче, денес или банана или пак јаболче.

_____________________________

Live and let live

clock-img

09.09.2013, 19:42

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931


ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal

Za creshi merak me fati,sinmi kolku mi bara ama nema,mnogu retko I toa nikakvi user posted image

Ovoshje jadat I dvajcava sekakvo bes problem.Mene me interesira za kolicinata kolku da se dava na den,za dve nedeli pravime godinka.Nasabajle mu davam ovoshje so zitarici I dvete uzinki mu se ovoshjeuser posted image
Kolku ovoshje mu davate na vashite deca?



Од овошје нема штета, колку им се јаде нека јадат. Мене би ме радувало што повеќе да јаде. Нас некако мерка ни е три овошки дневно. Викенд кога сме дома три парчиња на сабајле за доручек му ги дабам, па така и со тоа во текот на денот му се фаќа повеќе. Преку недела, пие цеден портокал веднаш кога го зимаме од градинка, и потоа уште едно парче. Инсистирам на уште едно до вечер, ама не секогаш ми успева.

clock-img

09.09.2013, 21:06

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Лубеницата некако не и беше по кеиф,ама затоа пак грозјето и модрите сливи ги обожава,банани стандард,заклучок ако и се допаѓа може да изеде многу,а ако не воопшто не јаде

clock-img

09.09.2013, 21:55

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Ќерка ми многу сака овошје. Секој ден го почнува со овошје, житарки и мед, па после се друго. И во текот на денот си јаде. Ако види на маса одма вика ам и плаче ако подзакаснамuser posted image

clock-img

19.11.2013, 13:31

clock-img

Marina I

pencil-img

30

I sin mi mnogu saka ovosje, sekoe utro jade po 200 gr, samo imam edno prasanje, neznam dali e za ovde no sepak za ovosje stanuva zbor, pedijatarot uste pred da pocnam so dohrana mi kaza deka semeto od kivata predizvikuvalo alergija, mu ja davam samo nadvoresnosta, pa me interesira koga mozam da mu davam cela kiva i semeto, ima 1 godina i 8 meseci. fala

clock-img

19.11.2013, 13:38

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Марина И, мислам дека слободно може да се обидеш.
Јас од секогаш му давав цело киви , излупено нормално, а бевме помали неголи вие сега.
И немам слушнато дека семките се узрочници на алергија, напротив син ми кога има тврда столица, после кивито, знам дека семките ќе го прочистат обавезно user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

Последни статии

article-img