за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
ribata ja racunaat za alergens i mislam deka e najdobro posle 1 god.jas od sto mi bese strav posle 18 mes. mu dadov prv pat.mamicki ne brzajte da im davate pred vreme pa cel zivot e pred niv ke jadat se samo trpenie.poubavo pokasno otkolku porano i da se zgresi nesto
08.11.2010, 15:10
Snowhite RR
5042
Прв пат слушам дека рибата е алерген
„Рибата може да ја воведете во исхраната после осмиот месец. Рибата мора да биде свежа. Се подготвува на тој начин што прво се вари, се отстрануваат многу внимателно коските и се додава пасиран зеленчук или житарици. Во семејствата оптоварени со алергија, риба му се дава на детето после првата година“.
Мамички зарем се уште не сте му дале риба, Палешка, Фели и другите врсници????
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
08.11.2010, 22:00
Палешка РР
7505
Редовно се советувам со матичната околу храната и ми нагласи риба, белка, свинско месо, мед и цитрусни овошја по првата година. Ќе почекаме за риба
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
12.11.2010, 15:43
Snowhite RR
5042
Еве и мене докторката, за риба ми рече да почекам до година
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
12.11.2010, 16:19
Felly RR
7977
И ние сеуште немаме пробано риба. Ќе почекаме уште малку
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
22.01.2011, 11:46
mama ance
14
jas mu davam riba na sin mi od 7-8 meseci i od togas redovno 1-2 pati nedelno so zelencuk. mu davam isklucivo sveza riba, losos,skusa a poretko naogam sveza tuna. ja spremav varena so maslinov zejtin i zelencuk a sega i zapecena vo folija so limon,magdonos i maslinov zejtin.
22.01.2011, 12:30
*miki mami*
579
И ние уште не сме пробале риба уште 2 недели ке полниме годинка незнам што да правам со која риба да почнам
24.03.2011, 21:40
Gorde J
192
Ние јадиме риба од 1 год и 2 мес. и тоа само пастрмка во комбинација со зеленчук (компир, морков, брокула пченка и слично) ја обожава. А инаку имаме атопичен дерматит ама не можам да забележам некои промени.
05.06.2011, 12:22
AnnaMolly RR
6409
Јас вчера првпат ослич печен му дадов со компир, ама го плукаше. Ќе пробам за некој ден пак со панга.
_____________________________
Live and let live
05.06.2011, 13:09
Pepelaska *
3820
Една моја другарка кога ја прашав за совет ми рече дека од 7 месеци му давала риба ,не и реков ништо, навистина на детето не му е ништо ама штознам, таа и џигер исто од 7 или 8 му давала, јас пред една недела за нас правевме риба ослич и сосема малку едно мало парче тенко 1 мм му ставив да се вари во зеленчукот , ама некако страв ми е а имам една книга во неа пишува дека риба од 9 месеци може да се дава.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
05.06.2011, 13:17
AnnaMolly RR
6409
И мене ми рекоа дека уште од 7-8 месеци може риба, ама јас не му давав. Еве за една недела ќе полниме една годинка, па си викам ај да проба. Ама не сакаше да јаде. До душа, деновиве ништо не јаде, па ќе пробам пак ќе му дадам за ден-два.
_____________________________
Live and let live
03.08.2011, 13:56
Octavia
617
Е не ми се верува што се прочитав на нет за панга рибата... Се одгледувала во една од најзагадените реки на светот . Следново е преземено: Рибата Панга (Pangasius),слатководна риба од групата на сомови,ја има на нашиот пазар во големи количини.Ама не требало да ја јадеме. Наводно реката Меконг во Виетнам каде се произведуваат филетите на замрзнатата риба Панга е најзагадената река на светот. Некои стручњаци тврдат дека најдобро е да се јаде риба која потекнува од студени води а да се избегнуваат рибите од топли води-Азија .
Мод: линкот е отстранет.
Е навистина веќе не знам што смееме да јадеме... Арно вика маж ми, да не читаше толку по интернет, сега веќе ќе ја имавме изедено . Ај ние, ама сакав и на децата да им дадам...
< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 3.8.2011 19:49:46 >
03.08.2011, 15:03
arh_diz
7198
Jas mu dadov nekade pred dve nedeli Telapia ima mnogu malku koski i mu se dopadna.Sega planiram list da mu dadam I jas imam citano deka ribata e alergena
_____________________________
Биди тоа што си
03.08.2011, 15:11
mamamoni
492
ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia
Е не ми се верува што се прочитав на нет за панга рибата... Се одгледувала во една од најзагадените реки на светот . Следново е преземено: Рибата Панга (Pangasius),слатководна риба од групата на сомови,ја има на нашиот пазар во големи количини.Ама не требало да ја јадеме. Наводно реката Меконг во Виетнам каде се произведуваат филетите на замрзнатата риба Панга е најзагадената река на светот. Некои стручњаци тврдат дека најдобро е да се јаде риба која потекнува од студени води а да се избегнуваат рибите од топли води-Азија . Еве и друг линк Модератор: Линкот е отстранет. Е навистина веќе не знам што смееме да јадеме... Арно вика маж ми, да не читаше толку по интернет, сега веќе ќе ја имавме изедено . Ај ние, ама сакав и на децата да им дадам...
само што ја наранив Софија панга, и сета радосна оти се си изеде и го читам ова, ми ја препорачуваа пангата ама веќе незнам што да мислам
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 3.8.2011 21:59:37 >
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
03.08.2011, 15:11
Mihaela 2010
4230
Јас од годинка почнав со риба пастрмка,имам во близина рибарница и ме знаат дека сум со мало,па ми даваат свежа..пред извесно време бев во Супер Тинекс,и имаше риба свежа ,ја заборавив како се викаше,само знам дека беше бело месо и кошташе 520 ден кило.Продавачот ми ја исчисти,ја среди и имав за две недели.По два пати неделно и давам,ја јаде..
03.08.2011, 15:26
arh_diz
7198
Na mene mi rekoa deka koga se kupuva riba treba da se kupuva so glava , bidejki od glavata pocnuvale da se rasipuvaat.So riba treba mnogu vnimatelno taa moze da syoi sveza 2-3 dena
_____________________________
Биди тоа што си
03.08.2011, 15:38
Pepelaska *
3820
а женски каква риба им давате на бебенцата мислам за прв пат и со што ја комбинирате?
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
03.08.2011, 16:17
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###
а женски каква риба им давате на бебенцата мислам за прв пат и со што ја комбинирате?
Пепелашка кога му даваш риба треба да бираш некоја која нема коски и да е свежа, да не е замрзната. Јас првиот пат му дадов амур, а можеш и крап или пастрмка. И можеш да го спремаш со оривче, компир или со било кој друг зеленчук. Јас сега понекогаш му давам Сурими ракчина, тоа е рибино месо направено во вид на ракчина и многу е вкусно и што е најважно нема коски, зошто мене многу ми е страв кога му правам од свежа риба, колку и да нема коски
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
03.08.2011, 19:21
anedespo
940
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz RR
Jas mu dadov nekade pred dve nedeli Telapia ima mnogu malku koski i mu se dopadna.Sega planiram list da mu dadam I jas imam citano deka ribata e alergena
Ribata list sodrzi teski metali, zasto samata riba zivee na dnoto. Procitaj poveke na internet za ova. Mene mi ja preporacuvaa zaedno so pangata deka nemale koski, ama ovie ribi sodrzat dosta teski metali. Pa moj sovet bi bil samo svezi recni ribi.
03.08.2011, 19:52
mila mama
1616
Прв пат пробавме риба на 8 месеци и тоа пастрмка. Не ја бендиса нешто многу многу, потоа пробав уште еднаш, пак не ја јадеше и отттогаш не сум и дала, решив да почекам.
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
03.08.2011, 22:05
Felly RR
7977
Јас риба уште и немам дадено, не знам, ми е страв дека со ковчиња. А не ми текнало да побарам некоја готова кашичка, да пробам таква да и дадам. А Snowhite, од каде ги купуваш тие ракчињата, ние немаме пробано такви, мм не е многу по рибата, и јаде само пастрмка, друго не купуваме.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
03.08.2011, 22:59
annie
187
nie jademe riba od 6 i pol meseci,dodusa ne e sveza tuku ja ima kako kasicka i polovina teglice se dodava vo zelencukot i moeto bebe ja obozava so cveklo i kompir.inaku nas ni rekoa od 6 meseci da ja jademe
_____________________________
Солзата е нејзин начин да се изрази, нејзината тага, нејзината љубов, нејзината осаменост, нејзината болка и нејзината гордост!!!
15.08.2011, 18:41
AnnaMolly RR
6409
Пред некој ден јадеше ослич, ама пржен. Варен, печен не го сака одма го плука. И му дадов пржен, се утепа од јадење со варено компирче и лепче. Која друга риба можам да му ја давам? Панга може ли? И ако ли пржена? Веќе има 14 месеци и јаде пржено јајце...
_____________________________
Live and let live
15.08.2011, 20:41
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Јас риба уште и немам дадено, не знам, ми е страв дека со ковчиња. А не ми текнало да побарам некоја готова кашичка, да пробам таква да и дадам. А Snowhite, од каде ги купуваш тие ракчињата, ние немаме пробано такви, мм не е многу по рибата, и јаде само пастрмка, друго не купуваме.
Фели извини, сега дури читам, сурими ракчина можеш да најдеш во секоја поголема, подобро снабдена продавница, обично во големите маркети, побарај во замрзнувачите обично ги чуваат зашто нели се замрзнати, во најлонче се пакувани и пишува на нив Сурими ракчина Јас му варев со зеленчук, ама потоа и мене не ми ги јадеше варени, а од пржените за нас се изнајаде, ама јас само внатрешниот дел му го вадев и од тоа му давав
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
16.08.2011, 12:52
Mihaela 2010
4230
Mamicki imam edno prasawe do vas.Vo edno bebesko spisanie,imase dadeno recepti pa procitav eden recept za dete nad edna godina so tuna konzerva.Pa bi ve prasala dali vie na vasite decinja ste im dale do sega tuna konzerva.Kupiv Rio Mare ama nekako nemam smelost da i dadam,a se mi se cini deka ke i se bendisa.