за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Јас не јадам риба нешто многу, ама на деца давам два пати неделно обавезно. Ослич или лосос на Никола. На Јосиф не сум дала лосос, ама затоа пастрмка и крапче делака. Само многу е мачно тоа коските да ги исчистам и затоа тоа ретко давам.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
16.10.2015, 15:35
nataly86
534
Јас многу многу не обожавам риба ама заради мм (кој обожава) и децата еднаш неделно имаме обавезно застапено..ослич пастрмка најчесто..
28.10.2015, 12:14
MamaKiki
193
иако пратам некои табели од педијатри за исрана си правам мали исклучоци пример тоа што е од страна на овошје и зеленчк повеке продукти имам дадено порано од пропишанота а риба стои некаде после година некаде после 9 месеци јас еве на 14 м немам дадено риба... ние земаме најчесто пастрмка и тоа од белица кичевско има рибник и тогаш ја ловат рибата ептен е свежа се мислев да му дадам пред нецел месец ама не му дадов ја правиме на скара... ми имаше ситни ковчиња па ми беше страв иако убаво ја имав исчистено.. сакам да дадам лосос имало во веро замрзнат и ми спомна една пријателка дека имало и свеж во рибарница мислам СВЕЖ не малку чудно...? како е стигнал лосос кај нас свеж... ? мене ние страв декак рибата е лесно расиплива и е доста опасна ако не е како што треба... каква риба давате...? и кога сте започнале да ја давате
29.10.2015, 10:11
sandriana RR
2924
На темава сум за ќотек, бидејки Т многу сака риба, исто и јас, ама ретко ја имаме на мени - еднаш месечно, одприлика. Негде околу годинка Т прв пат проба, и тоа ослиќ, а И уште порано, негде на 8-9 месеци. Најчесто спремам ослиќ, печен, со лук и моркови.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
03.09.2016, 15:04
lolla RR
925
Ние јадеме риба еднаш неделно, најчесто викенд. Обожавам риба ама многу сум скептична во таа што ја носат кај нас. Сигурно е товена со којзнае што. Но во недостаток на подобра, ја јадеме и таа. Најчесто лосос, пастрмка и ципура. Порано печена пржена, сега со Л, на пареа.