cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Инклузија на децата со посебни потреби

  
clock-img

17.03.2010, 16:52

clock-img

nadica

pencil-img

4381

здраво децата прво добренидојде user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
и user posted image за упорноста се надевам дека со тек на време твојата ќеркичка ќе биде подобро социјализирана и ќе сака да си играе и со други деца освен со марија

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

17.03.2010, 22:29

clock-img

bojanas

pencil-img

187

Мојот дедо беше дефектолог оториноларинголог. Неговите ученици беа мое секојдневие и јас се навикнав на нив такви какви што се иако сигурно им беше многу тешко да зборуваат со мене читајќи ми од уста. Но некои од нив успеаа да се пробијат во животот а некои не. Ако не ги вклучиме децата со поп во нашето секојдневие ние им ја уништуваме секоја шанса за вклучување во општеството.

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

clock-img

18.03.2010, 18:16

clock-img

macamici

pencil-img

1

Ако не ги вклучиме децата со поп во нашето секојдневие ние им ја уништуваме секоја шанса за вклучување во општеството.

So ovaa recenica gore bojanas go iskazala najbitnoto.
Nemozam da se iznacudam deka seuste postojat roditeli koi mislat deka decata so pp treba da odat vo specijalni ustanovi i da se izoliraat od naseto sekojdnevno ziveenje. Naprotiv.
Ova mi e prv post na forumot. I eve da se pretstavam i jas sum majka na dete so pp. Moeto dete ima odreden fizicki hendikep. Mentalno e OK. Odi vo normalno uciliste vo redovna nastava.

clock-img

22.03.2010, 12:44

clock-img

ирина

pencil-img

4

bravouser posted image user posted image user posted image Vi posakuvam uspeh!!!!

clock-img

26.03.2010, 14:35

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Уницеф ќе даде пари (не знам само дали ќе бидат доволни), а владата ќе даде препорака секоја општина да вработи по еден дефектолог. И така ќе го спроведуваат проектот на мобилни дефектолози кои ќе треба да шетаат во сите училишта во општината ( во некои има 5 во некои 2) и да работат со децата со пп. За квалитет и континуитет не се зборува само за површно имплементирање на законската обврска.

_____________________________

love u all

clock-img

27.03.2010, 08:44

clock-img

ирина

pencil-img

4

не знам дали зборуваме за истиот проект,но мислам дека тоа што го финансира УНИЦЕФ е во план само за Тетово и Куманово.Во Куманово започна,а во Тетово треба од септември.

clock-img

27.03.2010, 10:56

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Став на МОН е дека секоја општина во Македонија мора да го има тој летечки дефектолог, колку ќе има пари за него не знам. Во секој случај дефектолозите можат и на ниво на здружение да се организираат и со проекти да аплицираат зашто има многу пари од ЕУ кои им се наменети за  училиштата за унапредување на образовниот процес, за реновирање, за опррема,  а не се искористуваат зашто директорите немаат идеја и визија а и не сакаат да даваат отчет за сработеното зашто од ЕУ нема полнење џебови. Е сега работата на проекти не е редовна буџетска плата и осигурување ама е работа за дефектолозите и огромна помош за децата.

_____________________________

love u all

clock-img

28.03.2010, 00:28

clock-img

Викторија

pencil-img

105

ПРОБЛЕМИТЕ НИ ОСТАНУВААТ НА НАС РОДИТЕЛИТЕ ИНА НАСИТЕ ДЕЦА ВО ОВАА ЛУДА ДРЗАВА.НИКАКВА ПОМОС ОД ДРЗАВАТА ЕДНАС ВИКААТ ДЕКА ЦЕ ВРАБОТУВААТ ДЕФЕКТОЛОГ ПА ПОТОА НИКАДЕ НИ Д ОД ДЕФЕКТОЛОГ ВО УЦИЛИСТАТА.ЈАС ЛИЦНО МОРАМ ДАВИ КАЗАМ ДЕКА МОЕТО ДЕТЕ НЕМА ДАГО ПУСТАМ ВО РЕДОВНА ПАРАЛЕЛКА ДОКОЛКУ ВО ИСТАТА НЕМА ДЕФЕКТОЛОГ ЗАТОА СТО ПЕДАГОГОТ СО СИГУРНОСТ НЕМА ДА МОЗИ ДАМУ ОБРНИ ВНИМАНИЕ А И НЕЗНАЕ КАКО ДА РАБОТИ СО НЕГО ЗАТОА СТО ТОА Е РАБОТА НА ДЕФЕКТОЛОГ.ДЕФЕКТОЛОГОТ ТРЕБА ДАЕ ПОСТОЈАНО СО ДЕТЕТО НЕ САМО НА НАСТАВАТА ТУКУ И НАДВОР ОД НЕА НА ОДМОР ЗА ВРЕМЕ НА РУЦЕК И СЛ.А САКАМ ДАЕ ВО РЕДОВНА ПАРАЛЕЛКА ЗОСТО МНОГУ ДОБРО ВЛИАЕ НА САМИТЕ НИВ БИДЕЈЦИ СЕГА ОДИ ВО ГРАДИНКА И ОД  ДРУГИТЕ ДЕЦА Е МНОГУ ДОБРО ПРИФАТЕНА.АЗА ХРВАТСКА ДАНЕ ЗБОРУВАМЕ ТИЕ ВО ОДРЕДЕНИ ГРАДИНКИ НЕ САМО СТО ИМААТ ДЕФЕКТОЛОГ ТУКУ ИМААТ И ЛОГОПЕД И ФИЗЕОТЕРАПЕФТ СЕ СТОМУ Е ПОТРЕБНО НА ОВИЕ ДЕЦА  ДАЛЕКУ СМЕ НИЕ ОД НИВ

clock-img

28.03.2010, 00:34

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Драга Викторија според правилата на форумот големи букви значат викање, те замолувам понатаму да не пишуваш само со големи.
Благодарам

_____________________________

love u all

clock-img

13.04.2010, 15:36

clock-img

bucko 1

pencil-img

168

zdravo na site nov sum na forumov i vo delot na inkluzijata bi rekol deka se se vrti okolu parite.zatoa bi ve zaprasal dali koga gi plakate taksite prema drzavata,ddv i dr.vi kazuvaat deka od tie pari sto vie gi davate nema pari za skolstvo,zdrastvo itn.odgovorot e ne zosto od tie pari i treba da go dobiete seto toa samo problemot e sto nikoj organizirano ne si go pobaruva toa (koga mislam organizirano mislam stvarno masovna podrska od site roditeli so deca so pp prvicno i posle toa ke se priklucat i onie koi decata im se vo normalen razvoj vo toa sum siguren)eve primer vo hrvatska za denot na autizmot vo nekolku gradovi bile organizirani manifestacii za budenje na svesta kaj nivnite sogragani,a kaj nas bas pred nekoe vreme gledav porazitelna slika vo gradskiot park kade koga dojdoa na red decata so pp da pokazat sto znaat tolpata se razbega navamu natamu(toa e makedonskata svest)samo se prasuvam i kade bea roditelite i bliznite na decata so pp koj spored mene gi ima vo ogromen broj da ja dadat svojata podrska (mislam deka ako gi imase dovolno tie sto se razbegaa ako ne od drugo od sram ne ke ja napustea manifestacijata)zatoa jas velam deka prvin samite nie roditelite treba da bideme malku pootvoreni i svesni(a ne sebicni samo za svoeto dete)za nesto vo drzavava da trgne potocno ona da ni pomogne na nas.i prasanje dali mislite deka dokoloku se sobereme 10000 luge pred bilo koja institucija vo mk taa ke ostane gluva za nasite baranja?????

clock-img

14.04.2010, 17:35

clock-img

bucko 1

pencil-img

168

gledam nema nikakov odgovor pa zatoa bi postavil uste edno prasanje da vidam dali nekoj toa ke go zagolica.znaci celo vreme komentirame kako drugite drzavi imale nie nemame kako nas drzavata ne ni pomag itn.prasanje sto mislite tamu drzavata odela kaj sekoj posebno da im gi resava problemite ili tie se organizirale i otisle kaj drzavata?

clock-img

14.04.2010, 19:51

clock-img

beki RR

pencil-img

511

Буцко добро дојде на рр.
Искрено да ти кажам потполно се служувам со твоето мислење.
И господ рекол тропај за да ти отворат.
Ако ние родителите не се потрудиме никој дома нема да ни дојде и да ни донесе на послужавник. Јас се ангажирав и на мое настојување од  белгија дојдоа луѓе кои ни покажаа еден метод кој дава прекрасни резултати.Значи може и во  македонија многу да се направи само треба ангажман и упорност.Еве сега се трудиме нешто околу законот за здравствена заштита.Мора да се организираме и да делуваме заеднички,така ќе постигнеме повеќе.

clock-img

14.04.2010, 23:32

clock-img

bucko 1

pencil-img

168

odlicno storeno sekoja cest .no mojot predlog e da bideme poveke i poglasni a ne da cekame vaka poedinci da ni gi vrsat rabotite.da ne bidam pogresno razbran tvojata zalozba vredi milion dolari nego prven virtuelno da se spoime i najdeme i posle masovno da se organizirame veruvam deka ke postigneme ogromni rezultati kako roditeli.a za koj metod se raboti?jas licno najdov pomos i soveti na eden mnogu dobar forum vo hrvatska kade da ne recam gi ima site edukaciski metodi za decata so autisticen spektar.

clock-img

24.04.2010, 00:15

clock-img

bucko 1

pencil-img

168

izgleda ne nema "POVEKE" pa ja ke probam da bidam ako ne drugo poglasen AAAAA LLLLL OOOO

clock-img

27.04.2010, 00:16

clock-img

bucko 1

pencil-img

168

dajte muzika dajte muzika pa ovde ne sme na cas

dajte defektolog dajte defektolog za da imame cas

user posted image user posted image user posted image

clock-img

15.06.2010, 00:30

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

Брат ми на 6 месеци како резултат на лекарска грешка останува речиси потполно глув. Заради возраста загубата на слухот касно се дијагностицира и тој научи да зборува дури на 5 години со помош на слушен апарат и упорноста на моите родители и дедо ми кој постојано му зборуваше.
Кога требаше да тргне на училиште сите „експерити“ препорачаа да оди во специјално училиште за глувонемиuser posted image но мајка ми не го дозволи тоа. Го запишаа во редовно учлиште и иако беше многу тешко на почетокот (децата се сурови спрема некој поразличен од нив во тие години) моите не се откажаа. На крај брат ми целосно се адаптира, научи да чита од усни, научи да ги изговара правилно зборовите, со време слушните апаратчиња се усовршија, и денес тој е горд татко на 3 месечен син и ако не го знаете неговиот недостаток нема да го забележите.
Со приказната сакам да ја потенцирам важноста на вклучувањето на децата со посебни потреби во општеството. Одењето во регуларно училиште и дружењето со останатите деца го направи брат ми прекрасен човек кој нема фрустрации заради неговиот хендикеп.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

clock-img

15.06.2010, 10:03

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Честитки за упорноста на твоите родители Тања, а и за брат ти! 

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

15.06.2010, 12:39

clock-img

bucko 1

pencil-img

168

tanja srekata na tebe i na brat ti e golema sto nivnite roditeli uspeale da se izborat so sistemot za podobro utre na svoeto dete.inace imase sega skoro na hodnici objasnuvanje sto znaci inkluzijata za ovie deca i sto znaci ako taa ne e sprovedena.a najcudno e sto bese kazana od poznat doktor vo makedonija i zakonski postoi ,samo sto nikade ne e sprovedena ,a i tamu kade sto e po prinuda od zakonskite akti na makedonija e bez uslovi za ovie deca ,potocno nema vraboteno kadar za rabota so niv.

clock-img

16.06.2010, 10:18

clock-img

beki RR

pencil-img

511

Пред некое време разговарав со една наставничка од основно.Ми кажа дека посетувале семинари за работа со деца со посебни потреби.Меѓутоа и таа ја нагласи потребата од дефектолог за помош во работата.Кај нас законите се носат само за да ги има, а спроведувањето многу тешко оди.Но, секако дека мора и родителите да малку поорганизирано да делуваат.
Сравот дека родителите си ги преценуваат своите деца па ги пракаат во редовна настава а таму не им е место не држи многу, бидејки секој родител многу јасно гледа што има пред себе.Пред 2 недели запознав еден прекрасен пар од Тетово кој има дете со ЦП.Од монтесори центарот им препорачале детето да го пуштата во редовна настава.Мајакта кажа колку нивното дете е поинакво откако почнало на училиште.Учи од другите деца.
Мене не ми е јасна потребата од изолација на децата со посебни потреби.И тие се дел од ова општество.Поинакви се , но треба да им се даде шанса.

clock-img

17.06.2010, 09:03

clock-img

beki RR

pencil-img

511

ЖРТВУВАНИ БОЛНИТЕ ОД ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА
Државата дефектна за хендикепираните

Извор Време

Дваесет и двегодишниот Милан Браздов, кој боледува од церебрална
парализа, сака да се школува, но за тоа нема можности. Завршил основно образование, а деновите наместо на училиште ги поминува дома, пред телевизор и пред компјутер. Милан нема ниту еден пријател.
- Многу сакав да продолжам со средно образование, но тоа е невозможно. Училиштата немаат пристап за деца со количка - вели Милан Браздов.
Неговиот татко е разочаран од општеството.
- Кога заврши основно училиште, сакавме да го продолжи своето образование, но пречка беше што училиштата немаат услови за него. Нема рампи за да може да се движи со количка, а и тоалетите не може да ги користи - објаснува татко му Милан.
Најголем проблем на заболените од церебрална парализа е школувањето. Ова беше истакнато на трибината што ја организираше Здружението на родители со деца заболени од церебрална парализа. Тие се револтирани што и покрај тоа што нивните деца одат на училиште со другите деца, сепак нема кој да работи со нив. Во училиштата нема дефектолог, а учителите не се специјализирани да предаваат на вакви деца затоа што немаат соодветно образование. Многу училишта дури и одбиваат да ги запишуваат овие деца.
- Моето седумгодишно дете кое боледува од церебрална парализа оди на училиште во „Јохан Хајнрих Песталоци“ каде што има четири вакви деца, но ниту еден дефектолог. По завршувањето на наставата принудена сум своето дете да го носам во центарот за церебрална парализа, за тоа што го слушал на училиште да го научи со дефектолог - вели Наѓенка Апостоловска.
Таа на работното место побарала скратено работно време за да може да го носи своето дете на дефектолог. Иако првично & било дозволено, потоа & го укинале тоа право.
- Ми го укинаа скратеното работно време бидејќи сум имала двојна добивка. Детето ми идело на школо, а ја сум седела дома. Дали се запрашале кој го носи моето дете бидејќи не е во состојба само да оди на училиште, а потоа го носам и во центарот за церебрална парализа - објаснува Апостоловска.
Родителите покрај образованието се соочуваат со проблеми и во здравството. Според претседателката на здружението, Марина Билбиловска, иако Фондот за здравство ги ослободил овие деца од плаќање партиципација, во аптеките не им ја признаваат таа можност.
- Во аптека кажуваме дека овие деца не треба да плаќаат партиципација, но тие не знаат ништо за тоа и мораме да платиме - изјави Билбиловска.
Како проблем ја посочи и категоризацијата која кај овие деца треба да се направи за да се одреди степенот на инвалидитет. Родителите ги плаќаат овие услуги.
- И покрај три владини одлуки дека категоризацијата не се плаќа и понатаму некои моќници им ја наплаќаат на родителите што имаат деца со хендикеп. Родителите се немоќни, па за да завршат работа и за да не го малтретираат своето дете, си плаќаат иако за ова се ослободени - изјави Билбиловска.

< Поракaта ја уредил beki -- 17.6.2010 9:04:47 >

clock-img

17.06.2010, 09:09

clock-img

beki RR

pencil-img

511

Образование на деца со посебни потреби Извор: Биро за развој на образованието
Некои аспекти за воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби во Република Македонија

Воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби претставува интегрален дел на едиствениот образовен систем и се планира врз идентични или многу слични определби и генерални принципи.

Врз статусот на овој вид образование влијаат општопознтите фактори, релевантни за секое образование (општествените, политичките, економските, културните), но и различните идеологии од што произлегуваат различни концепции и модели.

Демократските правци во светот, кои се се поизразени, мошне позитивно се рефлектираат и врз оваа област, што е воочливо преку бројните заложби како што се: рамноправност, интеграција, модернизација, перманентност на образованието и друго.

Без оглед на степенот на развиеноста и општественото уредување, земјите во светот се поангажирано и поорганизирано се мобилизираат  за решавањето на проблемите на децата и лицата со посебни образовни потреби и задоволување на нивните специфични потреби.

Извесно е дека воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби во Република Македонија не се потпира врз долга традиција. Во развојниот период од шеесетина години преземени се следните активности:
user posted image   нормативно е регулиран флексибилен систем на воспитание и образование;
user posted image   создадена е мрежа на установи што ги задоволува постојните  потреби;
user posted image   утврден е систем на финансирање;
user posted image   обезбеден е задолжителен тимски преглед од соодветни стручни комисии за секое дете пред упатување во соодветна институција;
user posted image   воспитно - обазовниот процес се реализира според наставни планови и програми кои содржат специфичности, со што не се доведуваат во прашање општите образовни цели.

Актуелната концепциска поставеност на воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби е регулирана и интегрирана во Законот за основно образование, Законот за средно стручно образование и, глобално, може да се презентира како:
*   крајната цел на воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби е иста или слична на оние од  ,,редовната популација”;
*   воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби организирано е во посебни установи и училишта, посебни паралелки при редовните училишта, како и во ,,редовните класови”, заедно со неговите врсници;
*  задолжителноста на основното воспитание и бразование се однесува и на децата и младинците со посебни образовни потреби, освен за оние со умерени и тешки пречки во психичкиот развој за кои, исто така, е организиран воспитно - образовен процес, програмиран и адаптиран на нивните индувидуални можности и потреби;
*  наставните планови и програми се адаптирани  (модифицари, редуцирани, растоварени), во различна мера, согласно видот и степенот на попреченоста;
* законска и стручна  заложба е што помасовно овие ученици да се образуваат во местото на живеење, што значи условите да се доближат до нив, а не тие до условите, во случаи кога тоа е можно;
*децата со посебни образовни потреби ги имаат истите права на образование како и другите, согласно своите интелектуални и други можности, амбиции и интереси.

Ваквата нормативна поставеност на воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби, е добра основа за негово понатамошно доградување и усовршување.

Ако се направи споредба со образовната политика за овие ученици, со развиените земји, може да се констатира дека, во глобала, многу нормативни решенија се идентични или многу блиски со оние кај нас.

Разликите се согледуваат во степенот и квалитетот на нормативното оживотворување, што се должи на економското и културното ниво, традицијата, предрасудите, како и низа останати фактори.

Појдовни основи за унапредување на Концепцијата за воспитание и образование на децата и младинците со посебни образовни потреби  во Република Македонија

При изготвување на насоките за унапредување на Концепцијата, како пјдовни основи се третираат, искуството на развиените земји во светот, најновите научни сознанија, како и  резолуциите на меѓународните тела и организации (УНЕСКО, ООН).1

Од анализата на споменатите извори, а врз основа на општоприфатените принципи, може да се проектираат концепциските рамки на воспитанито и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби во нашата земја, притоа имајќи ги во вид светските трендови и евроинтеграциските процеси, како:
1.      Законодавна интегрираност, односно непостоење на паралелни закони што ќе го регулираат воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби.
2.      Инеграција на децата и младинците со посебни образовни потреби во сите сфери на општественото живеење, односно надминување секаков вид сегрегација, секаде каде што е тоа можно.

Предноста на таквата интеграција се аргументира со следното:
·  децата и младинците со посебни образовни потреби не се изолирани од своите врсници, тие имаат можност да се доживеат као дел од одделението и колективот;
·  училиштето се насочува кон создавање услови за најфлексибилен однос кон сите ученици, а особено кон оние кои имаат специфични воспитно - образовни потреби.

Движењето за инклузија се заснова на принципот на индивидуализација во програмирањето, пристапот во самиот процес на реализација, со што се обезбедува најоптимален развој во сите сфери за секоја индивидуа.
Воспитно- образовната инклузија не подразбира само физичко сместување на децата и младинците со посебни образовни потреби во редовното училиште, туку и вклучување во работата и животот на училиштето, што се постигнува со обезбедување на низа претпоставки. Паралелно со процесот на инклузија, потребно е да се развиваат адекватни служби што ќе обезбедат  тимски приод при разрешувањето на проблемите во редовното училиште, вклучување дефектолог во училиштето, како и обезбедување на специфичните потреби, согласно тешкотиите со кои се соочува ученикот:
* соодветна опрема, посебно адаптиран простор, општи и посебни наставни средства;  
* наставниците во редовните училишта треба да стекнат основни неопходни знаења за препознавање на тие деца и младинци и да се оспособат да им пружат соодветна помош во рамките на училиштето во соработка со останатите стручњаци од тимот, дефектологот во училиштето, како и стручњаци од релевантни установи и институции.

Доколку не се обезбедат наведените претпоставки, може да се случи децата и младинците  со посебни образовни потреби да останат на маргините, односно таквиот статус драстично да влијаае и да доведе до нивна алиенизација и стигматизација.2
Денес во светот се среќаваат најразлични облици на надминување на сегрегационите облици на воспитание и образование на децата и младинците со посебни образовни потреби.
Во на шата земја процесот на инклузија на учениците со посебни образовни потреби се заснова на позитивните светски искуства адаптирани на нашиот национален контекст.

3.   Во прилог на оживотворување на  општата демократизација и хуманизација се погласно се потенцира општата заложба ,,образование за сите”, што значи примена на фундаменталното право на образование.

Принципот на образование за сите го признава правото на  соодветно образование согласно можностите  на децата и младинците без оглед на степенот на нивниот хендикеп или специјална потреба.

Имајќи во вид дека посебните потреби се од различен вид и степен, заложбата образование за сите не подразбира вклучување во воспитно - образовниот систем на децата со умерени и тешки пречки во развојот, кои не поседуваат способности за школско учење. Тоа, пак, не ја исклучува можноста и потребата од организирање соодветни модели на организирано специјално учење во функција на социјализацијата, напротив, тоа е општествена обврска, а нивно неприкосновено природно право.

4.   Една од темелните интенции за кои се погласно и се поаргументирано се зборува во литературата и на сите стручни собири кои ја третираат оваа тематика е опфатот на децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби со ран третман и предучилишно воспитание и образование.
Научната заснованост на раната детекција и опфатот на децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби со соодветен третман и организирани форми на предучилишно воспитание и образование е елабориран во многу научни трудови, додека практиката тоа го докажала на терен.
Целта на раната интервенција (третман) се изразува во максималното развивање и користење на биопсихосоцијалните потенцијали во функција на компензирање на изгубениот орган (способност), во период од животот кога може пресудно да се влијае. Процесите на компензација не се насочени на директно надоместување на недостатокот (што често е незаменливо), туку на премостување на тешкотиите  што се јавуваат како последица на недостатокот, односно супструктурата кај некои лица може да развие толку силен компензаторски механизам, така што станува импулс и обезбедува развој.

5.   Со развојот на научната мисла, се појасно се истакнува неопходноста од интердисциплинарен или трансдисциплинарен приод во многу научни подрачја, зошто се согледува сложеноста на определени феноменомени и ограчиноста на можноста тоа да го проучува една наука (научна дисциплина).
Трансдисциплинарниот приод во дефектологијата има не само содржинско значење, туку тој стануваи значајно методолошко начело што произлегува од единственото правилно сфаќање на човекот воопшто. Практичната примена на ваквиот приод во дефектолошката практика ја обезбедува потребната рамнотежа во одмерувањето на видот и степенот на помошта во различни етапи од животот на децата , младинците и лицата  со посебни образовни потреби, без ризик од пренагласување на некоја од нив.

Имајќи ги во вид моментните неповолни економски движења и состојби, што со сета сериозност го погодуваат развојниот свет, овој приод има поексплицитна примена во решавањето на посебните потреби на децата и младинците со посебни потреби (средства, кадар, финансии), што упатува на интерсекторска координација, што беше особено нагласена и на советувањето во Париз.
Досегашното искуство покажа дека е невозможно да се унапредува теоријата и практиката ако, пред се, не се применат научно засновани евалвации на секој сегмент на образованието и ако практичарите паралелно не се оспособуваат за трансфер на резултатите од научните истражувања во практиката. Без тоа не може да се очекува некој побитен напредок.

Видови попречености во развојот на децата и младинците за кои се организира посебно образование

Во Република Македонија во Законот за основно и во Законот за средно образование се оперира со терминот ученици со посебни потреби кои се вклучени во посебното образование, а тоа се деца и младинци со оштетен вид, оштетен слух, деца со телесен инвалидитет, пречки во психичкиот развој, проблеми во поведението, деца и младинци со аутизам, како и деца и младинци со комбинирани пречки  (мултихендикеп).

1. Деца и младинци со оштетен вид
Главна специфичност на развојот на децата и младинците со оштетен вид, особено со оние со тотално слепило е тешкото пореметување на визуелните и просторни претстави, ограниченост во движењето, до беспомошност во просторот. Сите останати способности кај слепото дете можат правилно да функционираат. Најизразената особеност на личноста на слепото дете е согледана  во противречноста што постои помеѓу релативната беспомошност во просторот и способноста вербално целосно и адекватно да комуницира. Така, говорот и врз него заснованото комуницирање претставуваат основно средство за комуникација кај слепите деца.
 
2. Деца и младинци со оштетен слух
Децата и младинците со оштетен слух во физичка смисла се многу поадаптибилни од слепите деца и младинци.
Светот во човековата свест е првенствено претставен као визуелен феномен. Инерпретирано од биолошки аспект, оштетувањето слухот претставува далеку помал недостаток од оштетувањето на видот. Но, тоа кај човекот не е така. Лишено од говорот, лицето со оштетен слух е во поголема мера изолирано од општественото живеење, од социјалното искуство, отколку слепото лице.
Обучувањето на децата со оштетен слух се заснова на читање на говор од уста, т.е. врз способноста на децата да ја забележуваат и разбираат визуелната слика на говорот.
 
3. Деца и младинци со телесен инвалидитет
Телесно инвалидните деца и младинци се оние коишто најмалку имааат потреба од некој вид на специфично образование. Тешкотиите во врска со нивното воспитание и образование претежно се од физичка природа (не можат да одат во училиште, да пишуваат, да работат). Кај нив потенцијална опасност претставува можноста да се изгуби психичката рамнотежа како последица на посебниот социјално - психолошки статус.
Затоа основна задача на воспитанието е да ги спречи појавите на таквите чувства како што е: инфериорност, самосожалување итн. што доста негативно би влијаело врз нивната социјализација.
 
4. Деца и младинци со пречки во психичкиот развој
Воспитанието и образованието на овие деца и младинци создава најмногу проблеми затоа што од етиолошки аспект тие претставуваат мошне хетерогена категорија. Кај дел од нив е оштетен централниот нервен систем, најголем дел наследуваат скромен интелектуален потенцијал (хередидатарен фактор), но заедничка им е скромната можност за компензација и крајно ограничениот когнитивен развој.
 
5. Деца и младинци со аутизам
Учениците со аутизам имаат квалитативни оштетувања на планот на вербалната и невербалната комуникација. Овие ученици имаат проблем во сферата на воспоставувањето на социјалната комуникација и соработка со потесното окружување и пошироко. Нивните активности се малубројни, додека сферите на интерес се многу ограничени.
 
6. Деца и младинци со комбинирани пречки (мултихендикеп)
Воспитанието и образованието на овие деца и младинци има многу поголеми потешкотии, што е природно, ако се има во вид повеќекратното оштетување, како на пример  (вид, слух, говор и други оштеувања). Сепак, треба да се напомене дека  и лице со повеќекратни сериозни оштетувања може да има високи постигања на едукативен план, доколку интелектуално и ментално е супериорно и доколку соодветно и рано се започне неговото воспитување, рехабилитација и образование.
Организација на воспитанието и образованието на учениците со посебни образовни потреби

Воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни потреби скоро во целост ја следи шемата на редовното образование:

* посебно предучилиншно воспитание и образование;
* посебно основно образование;
* посебно средно стручно образование.

I. Посебно предучилишно воспитание и образование

Во рамките на предучилишното образование, во рамките на посебните основни училишта и посебните паралелки при редовните училишта,  постојат подготвителни одделенија за деца со:
·         оштетен вид;
·         оштетен слух;
·         пречки во психичкиот развој;
·         телесен инвалидитет;
·         хронично болни;
·         аутизам.

II. Посебно основно образование

Во нашата земја постојат посебни основни училишта и посебни паралелки при редовните училишта во кои се едуцираат ученици со:
·         оштетен вид;
·         оштетен слух;
·         пречки во психичкиот развој;
·         аутизам;
·         нарушено социјално однесување.

III. Посебно средно стручно образование

Посебното средно стручно образование се реализира во посебните средни стручни училишта за ученици со:
·         оштетен вид;
·         оштетен слух;
·         пречки во психичкиот развој.

clock-img

02.07.2010, 02:28

clock-img

Life

pencil-img

31



Dragi roditeli!!

Redovna nastava....DA, no kakva, so koj nastavnik i so kakva strucna pomos???????????????

Vo inkluzija......DA, no koi kategorii na deca so P.O.P i koi stepeni od istite????????????????????

Dali ucilisteto vo koe ke go inkluzirate vaseto dete, ili barem opstinata vo koja pripagjate, dosega napravila evaluacija na ovoj proces?????   A, bi trebalo bidejki proektov (seuste e proekt iako indirektno e vo zakonot implementiran so toa dava preshiroka i prenerealna moznost za zapisuvanje na decata so P.O.P vo redovna nastava) trae od 1998 godina???

P.S. Pocituvani i mene kako defektolog koj sekojdnevno se srekjavam so nesrekjni storii, a i vas sigurno ve zagrizuvaat ovie prasanja, a treba da se zadrzime na niv i izgradime cvrst zaklucok!!!!!!!!!!!

user posted image

clock-img

02.07.2010, 09:48

clock-img

beki RR

pencil-img

511

Јас мислам дека целата работа со законот за инклузија  е тоа што е донесен само за да се рече дека постои таков закон.
Мене не ми е јасно длаи во осумдесеттите кога јас одев на училиште постоеше ваков закон.Со мене имаше дете со психомоторен проблем, но не се работеше за големо заостанување во менталниот развој,само што не постигнуваше колку другите деца.

Затоа за ваквите деца мислам дека треба прилагодена програма, и личен асистент, се разбира стручњак.

Во темата тука, на неколку места е нагласено дека родителите си ги преценуваат своите деца.

Не знам , како е кога се работи за друг проблем , но кога станува збор за ЦП , не знам како може да се прецени .Има деца кои во моторниот развој не успеале да стигнат до степен самостојно да ја држат главата,и нема апсолутно никаква комуникација.И се прашувам како еден родител на вакво дете ќе го прецени и ќе сака да прати во редовна настава.
Од друга страна има деца на кои им е тешко да пратат редовна настава, само заради тоа што наставниот кадар не е во состојба да работи со нив, па затоа родителите ги отпишувата од редовна настава, и ги запишуваат во специјани паралелки.Многу од овие дечиња се исклучително паметни, и покрај тоа што некои од нив не зборуваат имаат потенцијал кој може да се искористи.

Јас сум за прилагодена програма и личен асистент, како би можело да се даде шанса на тие дечиња кои имаат потенцијал.Е сега кој ќе процени дали детето има потенцијал...Си има и за тоа стручни лица.
Како ќе се одвиваат работите во иднина , не знам , се надевам на подобро.
Луѓето мора да сватат дека децата со ПОП не се на Марс, туку дека се тука и дека се една нормална работа од секојневието.
А кога тоа ќе се случи? Е тоа навистина не знам.



< Поракaта ја уредил beki -- 2.7.2010 9:51:48 >

clock-img

02.07.2010, 14:41

clock-img

Life

pencil-img

31



Pocituvani,

se slozuvam so Beki, deka "zakonot'' so koj se ovozmozuva na SEKOE dete da poset_uva redovna nastava e samo farsa, so koja se saka da se kaze deka i nasata drzava vodi smetka za ovie deca, a isto taka i od pricina sto eve nie kako drzava se stremime za vo EU, pa samo se prifati toa od tamu, NO, detalite za inkluzijata tamu se APSOLUTNO, dijametralno sprotivno postaveni otkolku tuka.

Ova sum go spomnuvav i na nekoi od ostanatite temi:

Znaci, kako Nacionalno koordinativno telo za lica so invaliditet i posebni potrebi na R.Makedonija, pomegju drugoto, donesovme zaklucok, koj vladata trebase da go prifati i implementira vo zakon, koj veli:

1.Vo inkluzijata mozat da bidat vkluceni:

-decata so precki vo psihickiot razvoj (lesna mentalna retardacija i granicni slucaevi);
-decata so precki vo fizickiot razvoj (site koi imaat fizicki ostetuvanja, no, so ocuvana inteligencija i kognitiven kapacitet);
-decata so precki vo sluhot (nagluvi i gluvi)
-decata so precki vo govorot (razlicni anomalii na govorot i nemi)
-decata so precki vo vidot (slabovidni i slepi)

I tolku! Site ostanati odat vo posebni paralelki ili posebni ucilista. Pricinite se multiaspektni.

2. Za onie koi ke bidat inkluzirani da se obezbedi:

-obucen nastavnik koj ke znae minimum da ja predade sodrzinata i koj psihosocijalno ke vlijae na ostanatite deca vo oddelenieto i nivnite roditeli za prifakjanje i adaptacija na inkluziranoto dete.
-defektolog ( brojot na defektolozi vo 1 uciliste e odreden spored broj na deca od konkretna kategorija)...(za psihicki precki 1 defektolog na 3 deca, za fizicki precki 1 defektolog na 5 deca, za decata so senzorni precki -vid, sluh i govor, 1 defektolog na 1 defektolog za 8 deca)
-defektologot sekojdnevno da drzi dopolnitelna nastava za ucenicite so posebni potrebi , spored individualni planovi za rabota , vo ramkite na redovnata nastavna programa.
-za ucenicite so senzorni precki (vid, sluh, i govor, da se obezbedat nastavni tehnicki pomagala za komunikacija i sledenje)
....................................i.t.n.


No od toa seuste nisto, nitu nekoj gi stavi ovie raboti vo zakon, nitu pak se set_il na niv.

A koj go moze toa???
Site vie roditeli zaedno so nas defektolozite koi ke ve poddrzat i isturkaat rabotata. Za toa treba jasno da se zboruva, da se cue!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

user posted image



< Поракaта ја уредил Life -- 2.7.2010 14:42:23 >

clock-img

03.07.2010, 23:49

clock-img

bucko 1

pencil-img

168

life spored mene e apsurdno da zborime za nesto koe vie kako nacionalno koordinativno telo za lica so invaliditet i posebni potrebi go turkate 12 godini i nikakov rezultat od toa.




A, bi trebalo bidejki proektov (seuste e proekt iako indirektno e vo zakonot implementiran so toa dava preshiroka i prenerealna moznost za zapisuvanje na decata so P.O.P vo redovna nastava) trae od 1998 godina???

ИЗВОРНА ПОРАКА: Life



i uste edna rabota  sto ne mi se sviga sovetot deka treba strasno da ja platime rabotata na defektologot,zatoa sto ni onie sto imale mnogu pari ne mozele da platat dovolno.me interesira dali zboruvame za luge koj gi vodi materijalnata strana ili zelbata da im pomognat na ovie lica so izvesna normalna nadoknada.mojata racunica stoi vaka ako 1 cas kosta 300 denari toj defektolog vo tekot na eden den moze da zaraboti od 4 deca 1200 denari i toa go racunam za 4 casa rabota ,a 4 casa pauza ili priprema so decata pat itn.e sega 1200 denari dnevno jas voopsto ne bi go narekol sitna suma na pari i toa 5 dena po 1200 e 6000 denari pomnozeno po 4 se 24000 denari za 20 rabotni dena.e sega vie na ova vikate deka toa bilo malku i deka za tava suma rabotele seriskite defektolozi mnogu me interesira koja e realnata suma na pari za eden defektolog i dali nekogas ke bidat dovolno pari?na ova isto bi se nadovrzal deka ja ne gledam pricina da nekoj od defektolozita bi sakal rabota pod drzavna kapa koga na ovoj nacin bi zarabotil daleku poveke.tuka bi go postavil prasanjeto dali mozda e ova isto taka edna od pricinite sto vo makedonija nema kadri po skolite i gradinkite?morav da gi postavam ovie prasanja zosto ne mi e voopsto jasno kako i posle tolku godini koi vie gi navedovte nema ama bas nisto za ovie lica.vo toj slucaj majka tereza sigurno zimala nad 2000 denari od saat.