Јас имам проблем со брадавиците. Го дојам скоро три недели малиов, имам млеко, ама боли, се уште ме боли кога го ставам на града. Од почеток болката е посилна, а потоа ја снемува. Кога ќе престане со цицање, ме пече многу. Сите ми велеа дека брзо ќе ми помине, за недела-две, а кај мене уште трае. Минатата недела ми направи рагади, кои на едната града ми загноија, па морав да се измолзувам и да го фрлам тоа млеко, но среќа, со антибиотиците брзо ми се исчисти местото. Сега користам силиконски брадавици, и со нив помалку боли, но сепак - боли. А ги мачкам со што не (Mumcare, Lansinoh, пчелин восок...) и исто е, пак. Кога треба да цица, ми се темни пред очи заради болката, знаат солзи да ми потечат. Некој совет како да ми отрпнат? Немам веќе рагади, ама брадавиците ми се преосетливи, и на допир од градникот ме боли
Ми велат да не не ги фаќа правилно, ама не е до тоа, убаво си фаќа.
_____________________________
All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.