Ако мислиш дека е гладно и дека заради тоа плаче, давај му слободно АД. Лекарите обично советуваат да се биде упорен со доењето, има периоди кога навистина изгледа дека млекото се намалува, ама сигурно има и случаи кога млекото навистина се намалува, од некоја причина. Пиј повеќе течности, мене педијатарката ме советуваше барем 3 литри на ден, од тоа 1 литар јогурт, другото вода и сокови, по можност домашно цедени, ама ако не можеш да цедиш (што не е чудно со мало дете) земај некои поквалитетни купечки и пиј. Исто и супа би требало (домашно зготвена) секој ден. Моше да пробаш и со чај за доилки, имаш и од Хип и од Билна аптека, сама одлучи се. Има луѓе задоволни од едниот, некои се задоволни од другиот. Хип полесно се подготвува, ако немаш време веројатно подобро е Хип. И опушти се, знам дека изгледа стресно, сите сме поминале низ тоа, мислиш дека ќе му ускратиш нешто на детето ако ти снема млеко, ама ништо страшно нема ни во АД млеката, ако веќе мајката нема млеко. Полошо е ти да се нервираш вака, и за тебе и за . Давај му да цица, после додавај му АД и готово. Ако не сака да цица, давај му АД. Не мораш по многу, нека се засити, па кога нема да е нервозно, пробај пак на града ставај го. Нека е здраво и живо и најадено, деца израснале и со доење и со АД млеко.